You are on page 1of 52

Република Македонија

Министерство за правда
Државен управен инспекторат

ПРИРАЧНИК
за спроведување на Законот
за постапување по претставки и предлози

-1-
-2-
Ɋɟɩɭɛɥɢɤɚ Ɇɚɤɟɞɨɧɢʁɚ
ɆɂɇɂɋɌȿɊɋɌȼɈ ɁȺ ɉɊȺȼȾȺ

ɉɊɂɊȺɑɇɂɄ
ɡɚ ɫɩɪɨɜɟɞɭɜɚʃɟ ɧɚ Ɂɚɤɨɧɨɬ ɡɚ ɩɨɫɬɚɩɭɜɚʃɟ ɩɨ
ɩɪɟɬɫɬɚɜɤɢ ɢ ɩɪɟɞɥɨɡɢ

-3-
Овој документ е подготвен со финансиска помош од
Британската амбасада во Скопје преку Британскиот совет
во Македонија. Ставовите изнесени во Пирачникот се
лични гледишта на авторите, имајќи ги предвид одредбите
од Законот за постапување по претставки и предлози и
подзаконските акти за неговото спроведување и не ги
рефлектираат задолжително мислењата на Британската
амбасада.

CIP – Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“, Скопје
342.736 (497.7) (035)
ПРИРАЧНИК за спроведување на законот за постапување по претставки и предлози / [Цветан
Ангелески . . . и др.]. – Скопје : Министерство за правда, 2011. -50 стр. ; 21 см

ISBN 978-9989-2520-9-9
1. Ангелески, Цветан [автор]
а) Претставки и предлози – Македонија – Прирачници
COBISS.MK-ID 86423818

Печати: Датапонс Д.О.О.Е.Л. Скопје


Тираж: 400 ком.

-4-
СОДРЖИНА

1. Основни напомени ......................................................... 11


1.1 Цел на Прирачникот за постапување
по претставките и предлозите ................................... 11
1.2 Правен основ за постапувањето
по претставките и предлозите ................................... 12
1.3 Зошто е потребно постапувањето
по претставките и предлозите? ................................. 12
1.4 Што во суштина е постапувањето
по претставките и предлозите? ................................. 13
2. Постапување по претставките и предлозите ............ 15
2.1 Тек на постапката и начинот на постапување
по претставките и предлозите ................................... 15
2.2 Што треба да преземе органот доколку утврди дека
претставката, односно предлогот се однесува на
правна работа по која не е започната соодветна
постапка?..................................................................... 18
2.3 Што треба да преземе органот доколку утврди дека
претставката, односно предлогот се однесува на
прашање по кое е постапувано или е водена друга
постапка?..................................................................... 19
2.4 Рокови за известување на подносителот ................. 19
2.5 Постапување по предлог ........................................... 20
2.6 Соработка меѓу органите ........................................... 21
2.7 Анализа на состојбите ................................................ 21
2.7.1 Заштита на правата на граѓаните пред
Народниот правобранител......................................... 22
2.8 Водење евиденција и доставување на извештаи .... 23
2.8.1 Надзор над спроведувањето на одредбите
од Законот ................................................................... 23
2.9 Санкции за непостапување согласно
одредбите од Законот ................................................ 24
2.10 Надлежни органи и постапка за утврдување на
повредите на Законот и изрекување прекршочни
санкции – глоби........................................................... 25
3. Правилник за начинот на постапување по
претставките и предлозите .......................................... 27
3.1 Поднесување претставка, односно предлог............. 27
3.2 Постапување на органот по претставка,
односно предлог ......................................................... 29
3.3 Известување за преземените дејствија
по претставка од страна на органот .......................... 32

-5-
4. Правилник за водење евиденција за податоците кои
се однесуваат на постапувањето по претставките и
предлозите и содржината на извештаите .................. 34
4.1 Евиденција за податоците кои се однесуваат на
претставките и предлозите ........................................ 34
4.2 Изготвување и доставување на извештаите ............ 37

-6-
ɪɚɜɨɬɨ ɞɚ ɩɨɞɧɟɫɭɜɚɚɬ ɩɪɟɬɫɬɚɜɤɢ ɢ

ɉ ɩɪɟɞɥɨɡɢ ɢ ɞɚ ɞɨɛɢʁɚɬ ɨɞɝɨɜɨɪɢ ɩɨ ɧɢɜ ɟ


ɭɫɬɚɜɧɨ ɡɚɝɚɪɚɧɬɢɪɚɧɨ ɩɪɚɜɨ ɧɚ ɝɪɚɼɚɧɢɬɟ.
Ɍɨɚ ɟ ɚɥɚɬɤɚ, ɨɞɧɨɫɧɨ ɩɪɨɰɟɫɨɬ
ɩɪɢɞɨɧɟɫɭɜɚ ɡɚ ɰɟɥɨɫɧɨ ɩɨɱɢɬɭɜɚʃɟ ɧɚ ɭɫɬɚɜɧɢɬɟ ɨɞɪɟɞɛɢ
ɲɬɨ

ɢ ɧɟɩɨɫɪɟɞɧɚ ɩɪɢɦɟɧɚ ɧɚ ɦɟɼɭɧɚɪɨɞɧɢɬɟ ɫɬɚɧɞɚɪɞɢ ɡɚ


ɱɨɜɟɤɨɜɢɬɟ ɫɥɨɛɨɞɢ ɢ ɩɪɚɜɚ, ɨɞɝɨɜɨɪɧɨ, ɫɨɜɟɫɧɨ ɢ
ɧɚɜɪɟɦɟɧɨ ɩɨɫɬɚɩɭɜɚʃɟ ɢ ɨɞɥɭɱɭɜɚʃɟ ɡɚ ɩɪɚɜɚɬɚ ɧɚ
ɝɪɚɼɚɧɢɬɟ, ɬɪɚɧɫɩɚɪɟɧɬɧɨɫɬ ɧɚ ɪɚɛɨɬɟʃɟɬɨ ɧɚ
ɨɪɝɚɧɢɬɟ ɧɚ ɞɪɠɚɜɧɚɬɚ ɜɥɚɫɬ, ɨɪɝɚɧɢɬɟ ɧɚ ɟɞɢɧɢɰɢɬɟ ɧɚ
ɥɨɤɚɥɧɚɬɚ ɫɚɦɨɭɩɪɚɜɚ ɢ ʁɚɜɧɢɬɟ ɭɫɬɚɧɨɜɢ ɢ ɫɥɭɠɛɢ, ɤɚɤɨ ɢ
ɧɟɩɪɟɱɟɧɚ ɤɨɦɭɧɢɤɚɰɢʁɚ ɢ ɫɨɨɞɜɟɬɧɨ ɩɨɫɬɚɩɭɜɚʃɟ ɩɨ
ɩɪɟɬɫɬɚɜɤɢɬɟ ɢ ɩɪɟɞɥɨɡɢɬɟ ɩɨɞɧɟɫɟɧɢ ɨɞ ɮɢɡɢɱɤɢ ɢ
ɩɪɚɜɧɢ ɥɢɰɚ.

-7-
РЕЦЕНЗИЈА
на Прирачникот за спроведување на Законот за
постапување по претставки и предлози

Постапувањето по претставките и предлозите е релатив-


но нова законска материја која го оживотворува уставно зага-
рантираното право на граѓаните за поднесување претставки, у-
тврдено во членот 24 од Уставот на Република Македонија.
Во Прирачникот е сублимирана материјата за постапува-
њето по претставките и предлозите и тој ги содржи сите законс-
ки и подзаконски акти од оваа област.
Прирачникот е структуриран во пет поглавја во кои се
разработени сите фази од постапувањето по претставките и по-
плаките. Покрај текот на постапката и начинот на работа на ор-
ганите надлежни да постапуваат по претставките и предлозите,
во Прирачникот е разработена и материјата за роковите за пос-
тапување и за надзорот над спроведувањето на одредбите на
Законот. Исто така, во Прирачникот се презентирани и пропиша-
ните санкции за непостапување согласно со одредбите од Зако-
нот, како и надлежните органи и постапката за изрекување пре-
кршочни санкции – глоби.
Во Прирачникот акцентот е ставен врз коментирање на
Законот за постапување по претставки и предлози. Исто така, во
него се претставени и решенијата содржани во Правилникот за
начинот на постапување по претставките и предлозите и Пра-
вилникот за водење на евиденција за податоците што се однесу-
ваат на постапувањето по претставките и предлозите и содржи-
ната на извештаите. На овој начин авторите ни овозможуваат да
добиеме целосна претстава за материјата за постапувањето по
претставките и предлозите.
Коментарите на авторите во Прирачникот се концизни и
јасни и ќе бидат од исклучителна помош за граѓаните кои подне-
суваат претставки и предлози и за органите кои постапуваат по
нив.
Значајно е да се истакне дека времето на објавувањето
на Прирачникот сe совпаѓа со периодот од 10 февруари до 15
март 2011 година, кога е планирано да бидат организирани екс-
тензивни обуки за 450 службени лица надлежни за примена на
Законот.
Тргнувајќи од сериозноста на материјата и можните теш-
котии во спроведувањето на Законот, од исклучителна важност

-8-
се напорите на авторите да ја коментираат постапката и начинот
на работа на органите надлежни да постапуваат по претставки-
те и предлозите.
Од голема помош за граѓаните и за лицата непосредно
вклучени во спроведувањето на Законот ќе бидат презентирани-
те обрасци во Прирачникот.
Во Прирачникот се содржани и примери од практиката, со
што авторите прават напор оваа материја што е можно повеќе
да ја доближат до граѓаните.
Користењето на Прирачникот од страна на вработените
во органите на државната управа, единиците на локалната са-
моуправа и јавните установи и служби ќе придонесе за нивно
навремено, совесно и одговорно постапување и одлучување за
правата на граѓаните. Во исто време, ќе се зголеми и транспа-
рентноста во нивната работа, а тоа, пак, ќе влијае за јакнење на
довербата во нив кај граѓаните.

Рецензенти:

Зирап Лимани,
судија на Врховниот суд на Република Македонија

Загорка Тноковска,
раководител на сектор во Министерството за правда

Никола Прокопенко,
раководител на одделение во Министерството за правда

-9-
ПРЕДГОВОР

Прирачникот за спроведување на Законот за


постапување по претставки и предлози претставува дел од
Проектот за зголемување на транспарентноста и отчетноста на
државните институции, финансиран од Британската амбасада
во Република Македонија, а што го спроведува Британскиот
совет во Скопје во соработка со Министерството за правда -
Државен управен инспекторат како орган во состав на
Министерството, со цел да им помогне на овие институции за
одговорно, ажурно и ефикасно постапување по претставки и
предлози што се поднесени до нив.

Во рамките на Проектот е планирано од 10 февруари до


15 март 2011 година да бидат одржани девет обуки во кои ќе
бидат опфатени 450 службени лица овластени од државните
институции, единиците на локалната самоуправа во Република
Македонија и градот Скопје за постапување по претставките и
предлозите. Обуките, ќе бидат фокусирани на новините во
Законот, целите и вредностите што се постигнуваат со неговата
примена за подигање на степенот на доброто управување и
приближување на јавната администрација до граѓаните, но
истовремено преку обуките ќе бидат надминати и некои дилеми
што постојат во однос на реализацијата на одделни законски
одредби за кои ќе бидат понудени соодветни решенија што би
можеле да придонесат за евентуални идни измени и
дополнувања на Законот.

Овој прирачник содржи одговори на најчесто


поставуваните прашања во врска со примената на Законот за
постапување по предлози и претставки упатени до Државниот
управен инспекторат, кој согласно Законот е надлежен да врши
инспекциски надзор над примената на неговите одредби . Со
цел да се олесни практичната примена на одделни одредби од
Законот се обидовме да дадеме и едноставни одговори за кои
се надеваме дека ќе им помогнат на државните институции при
секојдневната комуникација со граѓаните заснована врз Законот
за постапување по предлози и претставки.

Прирачникот за спроведување на одредбите од Законот


за постапување по претставки и предлози сметаме дека ќе им ја

- 10 -
олесни постапката и преземањето на дејствијата на органите
при постапувањето по добиените претставки и предлози.

Автори на Прирачникот:
Цветан Ангелески
– Министерство за правда на Република Македонија,
Љубомир Младенов
– Влада на Република Македонија,
Нада Боцевска
– Министерство за правда на Република Македонија,
Анета Тошевска
– Министерство за правда на Република Македонија,
Југослав Ѓорѓиевски
– Министерство за правда на Република Македонија.

Јазична редакција:
Верка Стојкова,
лектор во Министерството за правда

- 11 -
1. ОСНОВНИ НАПОМЕНИ

1.1 Цел на Прирачникот за постапување по


претставките и предлозите

Со Прирачникот за спроведувањето на одредбите на


Законот за постапување по претставките и предлозите се има за
цел да им се помогне на државните службеници во министерст-
вата и другите органи на државната управа, на вработените во
судовите, единиците на локалната самоуправа, јавните установи
и служби и други органи и организации што вршат јавни овласту-
вања (во натамошниот текст органи коишто постапуваат по
претставките и предлозите), за поефикасно и поефективно пос-
тапување по претставките и предлозите упатени до нив од стра-
на на граѓаните, штитејќи ги притоа со Уставот и закон нивните
загарантирани права кои им се повредени со акти, дејствија и
пропуштање на дејствија од органите што постапуваат по претс-
тавките и предлозите.

Во Прирачникот за спроведувањето на одредбите на Зако-


нот за постапување по претставките и предлозите содржани се
насоки за постапувањето по претставките и предлозите, имајќи
ги притоа предвид Правилникот за начинот на постапување по
претставките и предлозите и Правилникот за содржината, фор-
мата за водење, евиденција на податоците што се однесуваат
на постапувањето по претставките и предлозите, како и содржи-
ната на извештаите (полугодишен и годишен).

Наедно во Прирачникот се дадени и практични примери и


прашања што ќе им помогнат на вработените во органите што
постапуваат по претставките и предлозите за поефикасно и пое-
фективно работење.

Прирачникот е составен од пет поглавја во кои се опишани


клучните елементи и фази во процесот на постапување по
претставките и предлозите.

- 12 -
1.2 Правен основ за постапување
по претставките и предлозите.

Уставот на Република Македонија во членот 24 пропишува


дека секој граѓанин има право да поднесува претставки, односно
предлози до државните органи и другите јавни служби и на нив
да добие одговор.

Граѓанинот не може да биде повикан на одговорност, ниту


да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставки-
те, освен ако со нив не сторил кривично дело.

Правниот основ за постапување по претставките и предло-


зите е утврден со:
x Уставот на Република Македонија (чен 24);
x Законот за постапување по претставките и предлозите;
x Правилникот за начинот на постапување по претставките и
предлозите; и
x Правилникот за содржината, начинот и формата на воде-
ње евиденција на податоците што се однесуваат на поста-
пувањето по претставките и предлозите, како и содржина-
та на извештаите.

1.3 Зошто е потребно постапувањето по


претставките и предлозите?

Правото да поднесуваат претставки и предлози и да доби-


јат одговори по нив е уставно загарантирано право на граѓаните.
Тоа е алатка, односно процесот што придонесува за целосно
почитување на уставните одредби и непосредна примена на
меѓународните стандарди за човековите слободи и права, одго-
ворно, совесно и навремено постапување и одлучување за пра-
вата на граѓаните, транспарентност на работењето на органите
на државната власт, органите на единиците на локалната са-
моуправа и јавните установи и служби, како и непречена комуни-
кација и соодветно постапување по претставките и предлозите
поднесени од физички и правни лица.

- 13 -
1.4 Што во суштина е постапување по
претставките и предлозите?

Постапката за заштита на уставните и законските права на


граѓаните и другите лица пред органите што постапуваат по
претставките и предлозите се покренува со поднесување на
претставка или предлог.

Претставка, односно предлог може да поднесе секој граѓа-


нин (лично или преку полномошник) и друго лице за остварува-
ње и заштита на одредени права и интереси, јавни интереси у-
тврдени со закон или заради покренување на други иницијативи
од јавен интерес пред Претседателот на Република Македонија,
Собранието на Република Македонија; Владата на Република
Македонија, органите на државната управа, органите на опш-
тините, Градот Скопје и општините во градот Скопје, судовите,
јавните установи и служби и други органи и организации што вр-
шат јавни овластувања.

Органите што постапуваат по претставките и предлозите


постапуваат и по претставките и предлози на здруженија на гра-
ѓани кога станува збор за заштита на уставните и законските
права на граѓаните.

Претставка, односно предлог може да се поднесе писмено,


усно или во друга форма ( по телефакс или преку електронска
пошта) до органите што постапуваат.

Постапката пред органите што постапуваат по претставки-


те и предлозите е неформална, итна и доверлива.

Подносителот на претставката, односно предлогот не смее


да биде повикан на одговорност, ниту да трпи какви било штет-
ни последици поради поднесувањето на претставката, односно
предлогот и мислењата, освен ако со тоа не е сторено кривично
дело.

За поднесената претставка или предлог не се плаќа такса.

- 14 -
Приемот, прегледувањето и распоредувањето на писмена-
та, заведувањето, доставувањето во работа, административно -
техничката обработка, испраќањето, разгледувањето, класи-
фикацијата и архивирањето се врши во согласност со Законот
за општа управна постапка и прописите за канцелариско и ар-
хивско работење.

Органите кои добиле претставки и предлози и поставуваат


по нив се должни да водат евиденција за примените претставки
и предлози согласно Правилникот за содржината, начинот и
формата на водење евиденција на податоци што се однесуваат
на постапувањето по претставките и предлозите, како и на со-
држината на извештаите.

- 15 -
2 ПОСТАПУВАЊЕ ПО ПРЕТСТАВКИТЕ И ПРЕДЛОЗИТЕ

2.1 Тек на постапката и начинот на постапување по


претставките и предлозите

Текот на постапката и начинот на работа на органот што


постапува по претставките и предлозите опфаќа:

x прием и обработка на претставките и предлозите;


x заведување на примените претставки и предлози, форми-
рање предмет и негово внесување во системот за авто-
матска обработка на податоци;
x распределување на предметите;
x постапување по предметите;
x административно - техничка обработка на предметите;
x достава на писмената; и
x архивирање, чување и користење на предметите.

За претставките и предлозите кои се примаат од надлеж-


ните органи што постапуваат по нив, покрај заведувањето во
Уписникот УПП (Уписник за претставки и предлози), органите
можат да водат и азбучник според името, презимето и називот
на подносителот како помошна евиденција. Претставките и
предлозите треба да бидат потпишани, да содржат лични пода-
тоци за подносителот, како и околности, факти и докази врз кои
се темели претставката, односно предлогот. Во претставката,
односно предлогот треба да бидат наведени: органот, организа-
цијата, установата или лицето на кое се однесува претставката,
односно предлогот, како и да се наведе дали подносителот веќе
вложил правни средства и кои правни средства ги вложил, и по
нив се образуваат предмети во соодветна група на област
(Образец 1 од Прирачникот).

Надлежниот орган што постапува по така оформениот


предмет е должен по него да постапува совесно, непристрасно,
ефикасно и одговорно.

- 16 -
По формирањето на предметот органот кој постапува по
претставките и предлозите е должен веднаш да го земе во рабо-
та, да го разгледа и по него да постапи во согласност со Законот
за постапување по претставки и предлози.

Доколку претставката, односно предлогот се со неразбир-


лива содржина или не ги содржат потребните факти и докази,
органот што постапува ќе побара од подносителот појаснување
и дополнување во рок што не може да биде пократок од 8 дена,
ниту подолг од 30 дена. По така дополнетата претставка, однос-
но предлог, органот ќе постапи согласно одредбите и роковите
од Законот за постапување по претставки и предлози.

Кога органот што постапува по претставките и предлозите


од нивната содржина ќе утврди дека се покренуваат прашања,
кои се од негова надлежност, тој постапува по нив, односно пре-
зема мерки за нивно решавање и за преземените мерки во за-
конски предвидениот рок го известува подносителот на претс-
тавката, односно на предлогот.

Доколку органот што постапува по претставките и предло-


зите од нивната содржина утврди дека се покренуваат прашања
од надлежност на друг орган,тој веднаш ја доставува до надлеж-
ниот орган и за тоа го известува подносителот. Во случај кога
претставката, односно предлогот се поднесени до повеќе ор-
гани, тогаш треба задолжително органите меѓусебно да сорабо-
туваат и согласно содржината и покренатите прашања во претс-
тавката, односно предлогот да го координираат постапувањето
по нив.

Претставката, односно предлогот со кој се иницира постап-


ката нема пропишана форма. При испитувањето на претставка-
та, односно предлогот, органот кој постапува е должен од заин-
тересираните страни да ги обезбеди сите факти и докази што се
од суштествено значење за одлучувањето.

Постапувањето по претставките и предлозите опфаќа:


- прибирање податоци;
- известување и мислења за фактите и околностите од
значење за нивно оценување;

- 17 -
- непосредно испитување;
- анализирање и евидентирање на појавите и причините
за нивно поднесување; и
- преземање потребни дејствија и мерки за остварување
на правата на подносителот или повредата на јавниот
интерес утврден со закон.

Органот штој постапува по претставките и предлозите е


должен да ја почитува приватноста и тајноста на податоците кои
се однесуваат на подносителите од членот 4 и 5 на Законот за
постапување по претставки и предлози.

Секој орган штој постапува по претставките и предлозите


согласно наведениот закон е должен да определи едно или по-
веќе овластени лица во рамките на органот што ќе постапуваат
по претставките и предлозите.

Ако постои можност, согласно со актот за внатрешна орга-


низација и систематизација, може да се формира и организаци-
она единица задолжена за постапување по претставките и пред-
лозите.

Доколку не се почитува оваа одредба (член 21) од Законот


пропишана е глоба која за сторениот прекршок ќе му се изрече
на функционерот што раководи со органот, односно на рако-
водното лице во органот до кое е поднесена претставката, од-
носно предлогот.

Органот што постапува по претставките и предлозите нема


да покрене постапка по претставка, односно предлог :

- ако е анонимна, освен ако се работи за прашања од


јавен интерес утврден со закон;
- ако се навредува органот или се злоупотребува правото
на поднесување на претставкаа или предлогот (член 8
став 2). Овој став е укинат со Одлука на Уставниот суд
на Република Македонија;

- 18 -
- ако не се комплетни и ако подносителот по претходно
укажување од органот не ја дополнил претставката.

Органот штој постапува по претставките и предлозите е


должен да му одговори на подносителот за основаноста на из-
несените наводи во содржината на претставката, односно пред-
логот и приложените докази кон нив. За резултатите од постапу-
вањето органот е должен да го извести подносителот во рок од
15 дена. За сложени прашања рокот за одговор на странката из-
несува 30 дена од денот на приемот на претставката, односно
предлогот.

2.2 Што треба да преземе органот доколку утврди де-


ка претставката, односно предлогот се однесува
на правна работа по која не е започната соодветна
постапка?

Доколку органот што постапува по претставките и предло-


зите утврди дека претставката, односно предлогот се однесува-
ат на правна работа по која не е започната постапка, во завис-
ност од нивнaта содржина ќе го подучи подносителот дека може
да поведе соодветна постапка пред надлежен суд, орган на др-
жавна управа или да го оствари своето право вонсудски, преку
нотар, извршител или по пат на медијација. Истовремено на
подносителот ќе му ги достави основните податоци за надлеж-
ниот орган.

Доколку органот кој постапува по претставките и предлози-


те утврди дека по прашањето наведено во претставката се води
судска или друга постапка, го известува подносителот. Во извес-
тувањето органот го известува подносителот со податоци од
предметот, број на предметот, судот или органот пред кој се во-
ди постапката, фаза во кој се наоѓа постапката, правните лекови
и други податоци кои се однесуваат на заштитата на неговите
слободи и права.

- 19 -
2.3 Што треба да преземе органот доколку утврди де-
ка претставката, односно предлогот се однесува
на прашање по кое е постапувано или е водена
друга постапка?

Во случаи кога претставката, односно предлогот се одне-


сува на прашање по кое веќе е постапувано или е водена друга
постапка од надлежен орган, по новоподнесената претставка се
повторува постапувањето, само ако се изнесени нови факти и
докази што не биле познати во претходното постапување.

Во практиката често се јавуваат исти подносители кои има-


ат поднесено повеќе претставки со иста содржина за кои веќе е
одлучено во судска постапка (пресудена работа) или кога над-
лежниот орган го одбил барањето како неосновано и во нив ис-
кажуваат незадоволство од нивното постапување.

Известувањето што ќе биде доставено до подносителот на


новоподнесената претставка треба да има кратка и јасна содр-
жина со конкретни податоци за тоа дека веќе е постапено по
неа.

Доколку во новоподнесената претставка подносителот из-


несува нови факти што не биле познати во претходното постапу-
вање, органот ќе постапи и ќе го извести подносителот. Притоа,
во известувањето ќе ги наведе преземените дејствија во пос-
тапувањето по новоизнесените факти.

2.4 Рокови за известување на подносителот

Органот е должен да го извести подносителот во рок од 15


дена од денот на приемот на претставката, односно предлогот.
Во известувањето органот ги наведува утврдените неправилнос-
ти и незаконитости и преземените мерки (записници со укажува-
ње, издадени наредби, забрани, донесени решенија, пресуди,
заклучоци и друг вид на одлуки) за отстранување на неправил-
ностите и незаконитостите кои придонеле за повреда на негово-
то право. Притоа, ги наведува сите податоци кои се однесуваат
на надлежниот орган, одговорното лице, службеното лице или
овластеното лице, број на актот, број на предметот, датум и сл.

- 20 -
Ако органот при постапувањето треба да постапи по претс-
тавка која содржи класифицирани информации, односно со-
држина со строго доверливи или доверливи податоци, по истата
може да постапува овластено лице кое поседува сертификат за
пристап кон овој вид на информации.

Претставките кои содржат класифицирани информации се


заведуваат во посебена евиденција за претставки и предлози со
ознака - класифицирани информации, строго доверливи пода-
тоци или доверливи податоци, државна тајна или службена тај-
на во согласност со закон.

Евиденцијата на овие претставки треба да ја води службе-


но лице со овластување од одговорното лице на органот на др-
жавната управа и истото ќе ракува со печатот и штембилите што
треба да ги содржат ознаките на класифицирани информации.

Овластеното лице кое ќе постапува по овој вид на претс-


тавки и службеното лице кое ќе биде одговорно за евиденција
на истите должно е да постапува со податоците содржани во
претставката, односно предлогот во согласнот со закон и овлас-
тувањето.

Овластувањето има форма и содржина утврдена со закон.

2.5 Постапување по предлог

Ако органите што постапуваат по претставките и предлози-


те, при постапувањето оценат дека треба да се разгледа потреба-
та и оправданоста за донесување на нов, односно за изменување
и дополнување на постоен закон или друг пропис или акт, ќе го из-
вестат за тоа овластениот орган, а ако е дадена иницијатива за
изменување, дополнување или донесување, иницијативата ќе ја
достават до надлежниот орган.
Ако во претставката, односно предлогот се покренува ини-
цијатива од јавен интерес утврден со закон или се предупре-
дува на постоење на проблеми или недостатоци кои бараат
преземање на определени мерки, надлежниот орган во соработ-
ка со други органи ќе ја разгледа оправданоста и по потреба ќе
преземе потребни мерки.
- 21 -
Ако при постапувањето по претставката, односно предло-
гот се утврди дека на подносителот со акт, дејствие или мерка
му е повредено право или му е нанесена штета, односно е пов-
реден јавниот интерес утврден со закон, органот штој постапу-
ва по претставката, односно предлогот ќе му укаже на надлеж-
ниот орган и ќе побара да се преземат потребните мерки сог-
ласно со закон за отстранување на повредата на правото, однос-
но причинетата штета.

Ако органот што ја примил претставката односно предло-


гот, не постапи односно не преземе дејствија по нив, за отстра-
нување на констатираните недостатоци ќе го извести органот
којшто врши надзор над неговата работа, односно повисокиот
орган.

2.6 Соработка меѓу органите

Во постапувањето по претставките и предлозите органите


соработуваат согласно со Законот за меѓуопштинска соработка,
Законот за организација и работа на органите на државната уп-
рава, Законот за општата управна постапка и други закони.

2.7 Анализа на состојбите

Органите што постапуваат по претставки и предлози пот-


ребно е најмалку еднаш годишно да ги разгледуваат прашањата
и проблемите кои биле причина граѓаните да го изразат своето
незадоволство од постапувањето на некој орган и да поднесат
претставки или предлози до надлежниот орган. Тоа значи дека
по приемот и заведувањето на претставката треба да се утврди
која е причината за нејзиното поднесување, а потоа и да се у-
тврди дали поголемиот број претставки поднесени до органот се
однесуваат на исти проблеми и прашања.

На овојј начин, органите што постапуваат по претставките


ќе можат да ги следат состојбите и да направат анализа на при-
чините и на прашањата на кои се укажува во поднесените претс-
тавки, односно предлози. По направената анализа и согледу-
вање на состојбите, органите се должни да ги преземат сите
расположливи мерки во рамките на своите надлежности и ов-

- 22 -
ластувања. Исто така, доколку станува збор за проблеми и пра-
шања што се поврзани со постапувањето и на некои други орга-
ни, за органот постои законска обврска да ги информираат тие
органи за состојбите и проблемите во соодветната област, зара-
ди преземање на мерки во рамките на нивната надлежност.

2.8 Заштита на правата на граѓаните


пред Народниот правобранител

Со Законот за постапувањето по претставките и предлози-


те во член 9 е утврден рокот во којшто органот е должен да
и одговори на странката. Имено, за секоја поднесена претстав-
ка мора да биде одговорено, независно од тоа дали органот е
надлежен за постапување по неа или не е надлежен. Во случаи-
те кога органот е надлежен за постапување, должен е да и од-
говори на странката во рок од 15 дена, односно 30 дена за по-
сложените претставки од денот на нејзиниот прием. Истите ро-
кови органот е должен да ги почитува и кога тој не е надлежен
да постапува по поднесената претставка или пак е надлежен да
постапува само за некои од прашањата и проблемите содржани
во претставката. И во таковј случај, органот ќе ја извести стран-
ката во истиот рок за тоа на кој орган му е отстапена поднесена-
та претставка. На ваков начин, странките се информираат за
надлежноста на органот до кој се обратиле и за тоа каде е пре-
пратена претставката, односно кој е органот од кого треба да се
чека одговор.

Доколку органот не постапи во пропишаниот рок странките


имаат право да се обратат до Народниот правобранител на Ре-
публика Македонија и да побараат заштита на своите права сог-
ласно Законот за Народниот правобранител на Република Ма-
кедонија („Службен весник на Република Македонија“, бр. 60/03
и 114/09).

2.9 Водење евиденција и доставување извештаи

Сите органи што постапуваат по претставки и предлози се


должни да водат евиденција за податоците кои се однесуваат на
нивното постапување. Евиденција се води на образец на упис-
ник УПП, чија форма и содржина се пропишани со Правилникот
за содржината и формата на водење евиденција на податоците

- 23 -
што се однесуваат на постапувањето по претставките и пред-
лозите како и содржината на извештаите („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 2/09).

Органите што постапуваат по претставки и предлози за по-


датоците кои се однесуваат на постапувањето се должни два
пати годишно, на секои шест месеци до Министерството за
правда – Државниот управен инспекторат да доставуваат из-
вештаи. И овие извештаи, односно нивната форма и содржина
се пропишани со образецот ИПП ,кој е составен дел на наведе-
ниот правилник.

2.10 Надзор над спроведувањето на одредбите од


Законот

Согласно со членот 20 од Законот за постапување по


претставки и предлози, надзор над спроведувањето на одредби-
те од овој закон врши Министерството за правда преку Државни-
от управен инспекторат. Во текот на целата година, Државниот
инспекторат во рамките на своите законски надлежности врши
редовни, вонредни и контролни надзори. При вршењето на инс-
пекциските надзори, Инспекторатот утврдува дали органот кај
кој се врши надзорот постапува согласно одредбите на Законот
за постапување по претставки и предлози.

2.11 Санкции за непостапување по одредбите од


Законот

Иако за претставките и предлозите кои граѓаните ги подне-


суваат до органите, законодавецот не пропишал строга форма и
содржина што подносителите треба да ја запазат кога се об-
раќаат до органите за заштита на некое свое право, сепак тие
како поднесоци треба да се сфатат сериозно и одговорно. Во
спротивно, законодавецот предвидел и прекршочни санкции –
глоби за непостапување на органите согласно одредбите од за-
конот, и тоа :

- доколку функционерот кој раководи со органот, односно


раководното лице до кое е поднесена претставка или
предлог не определило едно или повеќе лица кои ќе

- 24 -
постапуваат по претставките и предлозите или пак не е
формирана посебна внатрешна организациона единица
која ќе постапува по претставки, односно предлози;
- кога органот нема да достави до Министерството за
правда извештај за податоците што се однесуваат на
постапувањето по претставките и предлозите (согласно
со член 19 став 2 од Законот);
- ако службеното лице кое е задолжено да постапува по
претставките, односно предлозите не ја достави претс-
тавката до надлежен орган или не ја извести странката
дека претставката е предадена на друг орган;
- ако службеното лице не постапи во роковите пропишани
во член 9 став 1 (во рок од 15, односно 30 дена да ја
извести странката за основаноста и резултатите од
постапувањето);
- ако службеното лице нема да постапи по барање на ор-
ганот што постапува по конкретна претставка или пред-
лог на кого што треба да му ги даде потребни објас-
нувања и податоци за прашања што се однесуваат на
претставката, како и известување за преземените мерки
по одделни претставки, односно предлози (согласно
член 12 став 1);
- покрај за ова, службеното лице може да биде санкцио-
нирано и доколку се утврди дека на подносителот со
акт, дејствие или мерка му е повредено право или му е
нанесена штета, односно е повреден јавниот интерес
утврден со закон, а службеното лице кое постапува по
претставката нема да му укаже на надлежниот орган и
нема да побара од него да преземе потребни мерки
согласно со закон за отстранување на повредата на
правото, односно причинетата штета (согласно член 15
став 1).

2.12 Надлежни органи и постапка за утврдување на


повредите на Законот и изрекување на
прекршочни санкции - глоби

Надлежен орган за вршење на надзор над спроведување-


то на одредбите на Законот е Министерството за правда преку
Државниот управен инспекторат, а надлежен орган за водење
прекршочни постапки и изрекување прекршочни санкции се
судовите во Република Македонија.

- 25 -
Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор, Државни-
от управен инспекторат утврди неправилности во постапување-
то на органот при спроведувањето на одредбите од Законот за
постапување по претставки и предлози, составува записник со
наод за утврдената состојба, а за отстранување на неправил-
ностите, односно недостатоците во работењето донесува реше-
ние со кое го задолжува функционерот на органот, односно ов-
ластеното службено лице од него, во определени рокови да ги
отстрани. Така на пример:

- да води уписник за заведување на предметите по


претставките и предлозите;
- да изготви одговор, односно известување до странката
за преземените дејствија по претставката односно,
предлогот;
- да определи одговорно лице или повеќе лица за поста-
пување по претставките и предлозите, односно да фор-
мира посебна организациона единица која ќе постапува
по претставки и предлози, доколку тоа е предвидено во
правилникот за организација и работа на соодветниот
орган;
- да изготви и да достави извештај доколку не бил изгот-
вен во изминатите шест месеци од годината.

По истекот на рокот определен со решение за отстранува-


ње на неправилностите, Државниот управен инспекторат врши
контролен инспекциски надзор. Со овој надзор се утврдува дали
органот ги отстранил сите неправилности што биле констати-
рани со решението од извршениот инспекциски надзор.

Доколку органот не ги отстрани недостатоците, односно не


го изврши решението на инспекторот во определените рокови,
Државниот управен инспекторат поведува постапка за сторен
прекршок согласно одредбите од Законот за прекршоци.

- 26 -
3 ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПОСТАПУВАЊЕ
ПО ПРЕТСТАВКИТЕ И ПРЕДЛОЗИТЕ

Согласно со членот 13 од Законот за постапување по


претставки и предлози, министерот за правда донесе Правилник
за начинот на постапување по претставките и предлозите (“Сл.
весник на РМ“,бр 2/2009) во кој е пропишан начинот на постапу-
вање на органите по претставките и предлозите кои се упатени
до нив.

3.1 Поднесување на претставка, односно предлог

Претставка, односно предлог се поднесува во писмена


форма, и тоа непосредно во органот или по пошта, а може и во
електронска форма, или да се изјави усно за што службеното
лице пред кое е дадена изјавата е должно да состави записник и
да ја заведе под основен број и датум во соодветната евиденци-
ја во која тие се евидентираат.

Претставка, односно предлог може да поднесе секое фи-


зичко или правно лице, и тоа поединечно или групно. Подноси-
телот, по правило, треба да биде познат, но во Законот е пред-
видена можност претставка, односно предлог да бидат поднесе-
ни и од анонимно лице, кое поради постоење на некакви оправ-
дани причини не сака да го открие својот идентитет. Во случаите
кога органот што постапува по претставки, односно предлози
прими анонимна претставка, по правило, нема обврска да поста-
пува, бидејќи за преземените дејствија нема кого да го извести.
Меѓутоа, во случаите кога во претставката, односно предлогот,
кои се поднесени од анонимно лице се укажува дека е повреден
јавниот интерес, тогаш органот е должен да ги проучи наводите
во анонимната претставка и да постапи по неа.

Претставка, односно предлог можат да бидат поднесени и


по електронски пат при што е потребно да содржат и електрон-
ски потпис. На тоа укажуваат одредбите од Законот за измену-
вање и дополнување на Законот за општата управна постапка
(“Сл.весник на РМ“,бр 110/2008) во кои електронското комуници-
рање меѓу странките и органите се утврдува како редовен начин
на комуникација. Законот за општата управна постапка има суп-
сидијарна примена во однос на сите други закони со кои се уре-

- 27 -
дуваат постапувања на органите на јавната администрација во
управната постапка.

Во членот 2 од Законот за постапување по претставки


и предлози електронското поднесување на претставка, односно
предлог не е изрично утврдено, но тоа е регулирано во членот 2
став 2 од Правилникот за начинот на постапување по претс-
тавките и предлозите, па поради тоа во Уписникот за претставки
и предлози –УПП, кој е составен дел на Правилникот за
содржината, начинот и формата на водење евиденција на пода-
тоците што се однесуваат на постапувањето по претставките и
предлозите како и содржината на извештаите, постои посебна
рубрика за заведување на претставките и предлозите поднесени
по електронски пат.

Затоа, разбирливо е дека и електронското поднесување на


предлог или претставка се смета за легален начин на обраќање
на подносителот до органот, но согласно членот 2 став 2 од
Правилникот за начинот на постапување по претставките и
предлозите, таквиот поднесок (претставка/предлог) треба да со-
држи електронски потпис.

Органот што ја примил претставката, односно предлогот е


должен веднаш по приемот а најдоцна наредниот ден да ја заве-
де во Уписникот за претставки и предлози-УПП. Дури и кога тој
не е надлежен за постапување по примената претставка или
предлог, должноста за евидентирање не изостанува, но во овој
случај покрај евидентирањето, органот е должен претставката,
односно предлогот без одлагање да ги достави, односно пре-
прати до надлежниот орган, за што треба да го извести подноси-
телот на претставката за тоа на кој орган е препратена на над-
лежност.

Откако претставката, односно предлогот се евидентирани


во Уписникот, постапката по нив се смета за започната.

- 28 -
3.2 Постапување на органот по претставка,
односно предлог

По извршеното заведување на претставката, односно


предлогот во соодветниот уписник, функционерот кој раководи
со органот, раководното лице или овластеното службено лице
врши нивно распределување. Органот е должен претставката,
односно предлогот без одлагање да ги земе во работа, односно
да ги разгледа и по нив да постапи согласно Законот.

Во претставката, односно предлогот подносителот тре-


ба да го наведе точниот назив на органот до кој се поднесу-
ва, кратка содржина на предметот на претставката и име, на-
зив, адреса или седиште на подносителот на претставката.

Претставката, односно предлогот може да бидат подне-


сени од две или повеќе лица, за што подносителите треба да
определат заеднички претставник. Доколку тие не определат за-
еднички претставник тоа ќе го стори овластеното службено лице
задолжено за постапување.

За претставките, односно предлозите нема пропишано со-


држина, и тие можат да бидат поднесени во вид: на претставка,
на предлог, на поплака, како барање, молба, жалба, ургенција,
иницијатива и слично, но ако од содржината на поднесокот
службеното лице утврди дека станува збор за претставка, од-
носно предлог должно е да ја земе во работа.

Доколку наводите во претставката, односно предлогот


се нејасни, нецелосни или имаат некои формални недоста-
тоци поради кои службеното лице не може да постапува по
нив, потребно е најдоцна во рок од пет дена од денот на
приемот на поднесокот да го повика подносителот за да ги
појасни или дополни наводите во поднесокот.

Во случаите кога службеното лице ќе побара дополнува-


ње, допрецизирање или отстранување на некои формални не-
достатоци на претставката, односно предлогот, тогаш утврдени-
от рок почнува да тече од почеток, односно од нивното компле-
тирање.

- 29 -
Постапувањето по претставка, односно предлог подразби-
ра дека органот треба да преземе мерки за решавање на спор-
ното прашање изложено во поднесокот. Во случаите кога ор-
ганот што ја примил претставката, односно предлогот не е над-
лежен да постапува по тоа прашање, не може да ја отфрли
претставката, односно предлогот поради ненадлежност, ниту
пак да го упати подносителот да се обрати до надлежниот орган,
туку овластеното службено лице е должно да ја препрати претс-
тавката, односно предлогот до надлежниот орган без одлагање.
За ова свое дејствие задолжително треба да го извести подно-
сителот во рок од пет дена од денот на приемот.

Рокот за постапување на органот до кој е препратена


претставката, односно предлогот започнува да тече од денот на
нивниот прием.

Подносителот може истиот предлог или претставка да ги


поднесе до повеќе органи и во тие случаи органите до кои се
доставени се должни да соработуваат меѓу себе и да се догово-
рат кој од нив ќе одговори по претставката, односно предлогот,
и за тоа да го извести подносителот.

Ако од претставката, а најчесто тоа би бил случај од пред-


логот на подносителот, произлегува дека постои потреба и оп-
равданост за донесување на нов закон или измена и дополнува-
ње на постоен пропис, органот што постапува, ќе го извести за
тоа овластениот орган, односно иницијативата за донесување
нов или изменување на постоен закон ќе ја достави до надлеж-
ниот орган.

За да се дојде до целесообразен одговор по претставката,


односно предлогот, органот кој постапува е должен да ги при-
бере сите потребни податоци, известувања и мислења за фак-
тите и околностите што се значајни за нивното правилно оце-
нување, анализирање и евидентирање на сите релевантни по-
јави, да врши непосредно испитување, да ги утврди причините
за поднесување на претставката, односно предлогот и да ги пре-
земе сите потребни мерки и дејствија за остварување на права-
та на подносителот или пак за оставрување на јавниот интерес.

- 30 -
Потребно е уште еднаш да се нагласи, дека кога станува
збор за прашање од јавен интерес утврден со закон, претстав-
ката односно предлогот можат да бидат поднесени и од анони-
мен подносител (член 8 став 1). Додека одредбата од член 8
став 2 од Законот со која е регулирано дека органот нема да
постапува по претставки и предлози со навредлива содржина е
укината со Одлука на Уставниот суд на Република Македонија
У.бр.169/08 од 15 април 2009 година, објавена во „Службен вес-
ник на Република Македонија“, бр.56/2009“.

За давање одговор по претставка, односно предлог, исто


како и според Законот за општата управна постапка и во
Законот за постапување по претставки и предлози во членот 9
став 1 се утврдени рокови од 15 дена, односно од 30 дена за по-
сложени прашања.

Ако подносителот можел за спорното прашање да поведе


постапка (управна или судска), органот што постапува ќе го по-
дучи дека може тоа да го стори, но ќе продолжи со својата рабо-
та по предметот и нема да го отфрли. Доколку за тој предмет се
води судска или друга постапка, органот за тоа ќе го извести
подносителот, но тоа не значи дека е должен да ја запре постап-
ката. Напротив, самиот ќе одлучи дали ќе преземе некакви мер-
ки или дејствија во однос на прашањето или ќе го почека исхо-
дот од започнатата постапка, со донесување на заклучок за пре-
кинување на постапката поради постоење на претходно праша-
ње, сé додека тоа не биде решено пред суд или друг надлежен
орган.

Доколку претставката, односно предлогот е поднесен


до еден орган, а по нив се надлежни да постапуваат повеќе ор-
гани, овластеното службено лице од органот е должно најдоцна
во рок од пет дена од денот на приемот за постапување да ги
побара потребните податоци за прашањата што се однесуваат
на претставката, односно предлогот од надлежните органи со
определен рок за нивно доставување.

Органите кои добиле такво барање од надлежниот орган


се должни да му ги обезбедат сите потребните податоци и об-
јаснувања и да ги достават во рокот определен во барањето од
органот кој не може да биде подолг од 15 дена.

- 31 -
Ако во текот на постапката се утврди дека претставката,
односно предлогот е поднесен/а во име на друго лице, без да за
тоа биде овластено, таквата претставка, односно предлог ќе се
смета како воопшто да не е поднесен/а, за што писмено ќе се
извести подносителот.

Кога во текот на постапката службеното лице ќе утврди


дека претставката, односно предлогот се поднесени и потпиша-
ни од едно лице во име на друго лице, без да биде за тоа овлас-
тено, таквата претставка, односно предлог ќе се сметаат како
воопшто да не е поднесен/а, за што писмено ќе се извести под-
носителот и надлежното јавно обвинителство за сторена зло-
употреба.

Кога станува збор за претставка или предлог по кои веќе е


постапувано, без оглед на исходот од постапката, тие нема да
се земат во повторно разгледување од органот, освен ако со нив
се наведени нови факти или околности кои не биле познати во
претходното постапување.

3.3 Известување за преземените дејствија по


претставка од страна на органот

По претставка, односно предлог не се донесува конкретен


управен акт – решение како што завршуваат вообичаено управ-
ните постапки. Доколку органот што постапува утврди дека не-
кое право или интерес на подносителот се повредени или нару-
шени од друг орган тој му укажува на надлежниот орган за вак-
вата состојба и бара од него тој да ги преземе потребните мерки
за да се отстрани повредата на правото, односно причинетата
штета. Ако надлежниот орган не постапи согласно укажувањата
на органот што постапувал по претставката и едноставно ги
игнорира тие укажувања, органот што постапувал ќе го извести
за тоа органот што врши надзор над работата на надлежниот
орган за да се преземаат соодветни мерки согласно со закон.

Значи, најважниот заклучок околу прашањето за одлучува-


њето на органите што постапуваат по предлози и претставки е
дека по спроведената постапка за утврдување на фактичката
состојба која е многу слична со водење на класична управна
постапка во делот на докажувањето, на крајот не донесува ника-

- 32 -
ков формално-правен акт, како што е решението во управната
постапка, но само се доставува известување до подносителот за
преземените мерки.

Во случај кога правото на подносителот е навистина по-


вредено или ускратено, или пак, му е нанесена штета, органот
кој го утврдил тоа во текот на постапувањето директно му се об-
раќа на надлежниот орган (а тоа може да биде сосема друг др-
жавен орган, организација или установа кои се опфатени со За-
конот за постапување по претставки и предлози, како и вработен
службеник или лице во самиот орган што постапува по претстав-
ката/предлогот) со укажување на повредата на правото на под-
носителот и барање да се преземат мерки и дејствија за нејзино
отстранување и решавање на проблемот. На крајот, ако надлеж-
ниот орган не постапи согласно со добиеното укажување, тогаш
органот што постапувал по претставката, односно предлогот го
известува за тоа надзорниот орган на органот кој одбива да го
реализира укажувањето и од него бара да бидат преземени со-
одветни мерки согласно со член 15 од Законот за постапување
по претставки и предлози).

- 33 -
4 ПРАВИЛНИК ЗА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА
ПОДАТОЦИТЕ ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ НА
ПОСТАПУВАЊЕТО ПО ПРЕТСТАВКИТЕ И ПРЕДЛОЗИТЕ И
СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАИТЕ

Со Правилникот за водење на евиденција за податоците


што се однесуваат на постапувањето по претставките и предло-
зите и содржината на извештаите („Службен весник на Републи-
ка Македонија“, бр.2/09) кој е донесен врз основа на членот 19
од Законот за постапување по претставки и предлози се пропи-
шува содржината, начинот и формата на водење на евиденција-
та за податоците што се однесуваат на постапувањето по претс-
тавките и предлозите, како и содржината на извештајот за пос-
тапувањето по претставките и предлозите.

Водењето на посебна евиденција за податоците што се од-


несуваат на претставките и предлозите како и обврската за дос-
тавување на унифицирани извештаи до Министерството за
правда кое врши надзор над примената на Законот има за цел
да се обезбеди континуирано следење на примената на Законот
за постапување по претставки и предлози, воспоставување на
база на податоци за поднесените претставки и предлози и запа-
зување на роковите за постапување по нив.

4.1 Евиденција за податоците што се однесуваат на


претставките и предлозите

Составен дел на Правилникот за водење на евиденција за


податоците што се однесуваат на постапувањето по претставки-
те и предлозите и содржината на извештаите се и Образецот
УПП (Образец на Уписникот за предметите по претставки и
предлози) и Образецот ИПП (Образец на извештајот за подато-
ците коишто се однесуваат на постапувањето по претставките и
предлозите).

Уписникот за предметите по претставки и предлози (Обра-


зец УПП) ги содржи следните рубрики:
x Реден број – се пополнува со заведување на редниот број
на претставката (напомена: претставките се заведуваат со
основни броеви без подброеви);

- 34 -
x Датум на приемот на претставката, односно, предлогот
– се заведува датумот на кој претставката е примена во
органот кој постапува по неа;
x Подносител1:
а) ако подносителот на претставката, односно предлогот е
физичко лице во подрубриката “физичко лице’ се запи-
шува неговото име и презиме и адреса на живеење;
б) ако подносителот е правно лице во подрубриката „прав-
но лице’ се запишува називот и седиштето на правното
лице;
в) ако поднесената претставка не содржи податоци за под-
носителот, во подрубриката „анонимна“ се запишува
зборот „анонимна“;
г) и доколку е поднесена групна претставка, тогаш во под-
рубриката „други’ се запишува името и презимето на за-
едничкиот претставник кој подносителите ќе го опреде-
лат, а доколку тие не го сторат тоа органот сам ќе опре-
дели кој ќе биде заеднички претставник, а тоа обично е
првотпотпишаниот на претставката.
x Форма на претставката :
а) ако претставката е поднесена усно на записник, во под-
рубриката „усно“ се запишува зборот „да“;
б) ако претставката е поднесена во писмена форма, во
подрубриката „писмено“ се запишува зборот „да“;
в) ако претставката е поднесена во електронска форма, во
подрубриката „електронски“ се запишува зборот „да“.
x Предмет- се запишува кратка содржина на претставката.
x Област - се назначува областа на претставката, односно
предлогот (правосудство, урбанизам, образование и сл.).
x Начин на решавање:
а) доколку е постапено по претставката, односно предло-
гот во подрубриката „постапено“ се наведува датумот на
известување на странката;
б) доколку претставката, односно предлогот е препратена
на надлежност, во подрубриката „препратена на над-
лежност“ се запишува датумот кога подносителот е из-

1
Во рубриката „начин на решавање“ се пополнува само една подрубрика

- 35 -
вестен дека претставката е препратена на надлежниот
орган;
в) доколку по претставката, односно предлогот е поста-
пено по интервенција на Министерството за правда, во
подрубриката “постапено по интервенција на Минис-
терството за правда“ се запишува датумот кога е извес-
тен подносителот;
г) кога по претставката, односно предлогот е постапено по
интервенција на Народниот правобранител, во подруб-
риката „постапено по интервенција на Народниот право-
бранител“ се запишува датумот на известување на под-
носителот“;
д) рубриката „постапено на друг начин“ се пополнува во
следните случаи:
- кога подносителот се откажал од претставката, од-
носно предлогот со наведување на датумот на отка-
жување;
- кога е запрена постапката по претставката, односно
предлогот поради решавање на претходно прашање,
со запишување на датумот кога е известена странка-
та дека постапката е запрена;
- кога претстваката, онднсно предлогот е претходно
решен, со запишување на датумот на известување на
странката дека претставката е решена;
- кога претставката, односно предлогот е доставен до
повеќе органи, а тие се договорат еден од нив да пос-
тапува по нив со наведување на датумот на известу-
вање на подносителот дека по неговата претставка
ќе постапува опредлениот орган;

x Постапено :
а) доколку по претставката, односно предлогот е поста-
пено во законскиот рок, во подрубриката „ во законски
рок“ се запишува датумот на известувањето на подноси-
телот;
б) доколку по претставката, односно предлогот е поста-
пено по истекот на законскиот рок, во подрубриката „по
рок“ се запишува датумот на известувањето на странка-
та.

- 36 -
x Организациона единица – се запишува бројот на
организационата единица;
x Разведување со подрубрики за “датум“ и “ознака“ – се
запишува датумот на разведување и четвороцифрен
архивски занак ; и
x Забелешка – се запишуваат сите забелешки во однос на
предметот што не може да бидат заведени во Уписникот.

Правилникот предвидува Уписникот за предметите по


претставки и предлози (Образец УПП) да се води на отпечатен
образец или во електронска форма. Сите предмети по претстав-
ките и предлозите кои се заведуваат во Уписникот УПП не се за-
ведуваат во Деловодникот. Во однос на заведувањето на пред-
метите по претставките и предлозите во другите помошни книги
се применуваат Уредба за канцелариско и архивско работење.
(„Службен весник на Република Македонија“, бр. 58/96) и Упатст-
во за начинот и техниката на постапување со документарниот
материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското
работење („Службен весник на Република Македонија“ бр.
60/97).

4.2 Изготвување и доставување на извештаите

Врз основа на податоците кои се заведуваат во Уписникот


за предметите по претставки и предлози, органите што постапу-
ваат по претставки и предлози се должни да изготват извештај
за податоците кои се однесуваат на постапувањето по претстав-
ки и предлози.
Со цел да се добијат унифицирани извештаи, кои потоа
може да бидат предмет на обработка и анализа, и од кои ќе мо-
же да се извлечат финални заклучоци за спроведување на Зако-
нот за постапување по претставки и предлози, составен дел од
Правилникот е и Образецот (ИПП) на кој се доставува Извешто-
јот за податоците кои се однесуваат на постапувањето по претс-
тавките и предлозите.
Образецот ИПП ги содржи следните рубрики:
x Број на примени претставки и предлози :
a) во подрубриката „примени“ се запишува бројот на прет-
ставки и предлози приемни во текот на извештајниот пе-
риод;

- 37 -
б) во подрубриката „пренесени“ се запишува бројот на
претставки и предлози пренесени од претходните из-
вештајни периоди поради тоа што не биле решени;
в) во подрубриката „вкупно“ се запишува вкупниот број на
претставки и предлози во органот. Овој број се добива
како збир на претходните две подрбурики (подрубрика
1 + подрубрика 2 = подрубрика 3).
x Област – се запишуваат областите на кои се однесуваат
претставките и предлозите.
x Форма :
a) во подрубриката „усно“ се запишува бројот на претстав-
ки и предлози поднесени усно на записник;
б) во подрубриката „писмено“ се запишува бројот на
претставки и предлози поднесени во писмена форма;
в) во подрубриката “електронски“ се запишува бројот на
претставки и предлози поднесени во електронска фор-
ма.

Збирот на подрубриките “усно“, “писмено“ и “електорнски“


треба да го даде бројот на вкупно поднесени претставки (под-
рубрика 5 + подрубрика 6 + подрубрика 7 = подрубрика 3).

x Подносител:
а) во подрубриката „Физичко лице“ се запишува бројот на
претставки и предлози поднесени од физички лица;
б) во подрубриката „правно лице“ се запишува бројот на
претставки и предлози поднесени од правни лица;
в) во подрубриката „други“ се запишува бројот на претс-
тавки и предлози поднесени од група на граѓани“
г) во подрубриката „анонимни“ се запишува бројот на ано-
нимните претставки и предлози;

Збирот на подрубриките “Физичко лице“, “правно лице“,


“други“ и “ананомни“ треба да го даде вкупниот број на примени
претставки и предлози (подрубрика 8 + подрубрика 9 + под-
рубрика 10 + подрубрика 11=подрубрика 3).

- 38 -
x Начин на постапување:
a) во подрубриката „постапено“ се запишува бројот на
претставки и предлози по кои е постапено;
б) во подрубриката „непостапено“ се запишува бројот на
претставки и предлози по кои не е постапено, а рокот за
постапување изминал“;
в) во подрубриката „постапката е во тек“ се запишува
бројот на претставки и предлози за кои постапувањето
е во тек;
г) во подрубриката „препратени на надлежност“ се запи-
шува бројот на претставки и предлози кои се препрате-
ни на надлежност на друг орган;
д) во подрубриката „постапено по интервенција на МП“ се
запишува бројот на претставки и предлози по кои е пос-
тапено по интервенција на Министерството за правда;
ѓ) во подрубриката „постапено по интервенција на НП“ се
запишува бројот на претставки и предлози по кои е пос-
тапено по интервенција на Народниот правобранител;
е) во подрубриката „на друг начин“ се запишува бројот на
претставки и предлози по кои е запрена постапката по-
ради решавање на претходно прашање, подносителот
се откажал од претставката, односно предлогот, претс-
тавките кои веќе се решени, и претставките.

Збирот на подрубриките “постапено“, “непостапено“, “пос-


тапката е во тек“, “препратени на надлежност“, “постапено по ин-
тервенција на МП“, “постапено по интервенција на НП“ и “на друг
начин“ треба да одговара на бројот на вкупно поднесени претс-
тавки (подрубрика 12 + подрубрика 13 + подрубрика 14 +
подрубрика 15 + подрубрика 16 + подрубрика 17 + подрубри-
ка 18 = подрубрика 3).

x Број на претставки и предлози по кои е постапено:


a) во подрубриката „во законски пропишаниот рок“ се
запишува бројот на претставки и предлози по кои е
постапено по законски пропишаниот рок;
б) во подрубриката „по истекот на рокот“ се запишува
бројот на претставки и предлози по кои е постапено по
истекот на законски пропишаниот рок.

- 39 -
Збирот на подрубриките „во законски пропишаниот рок“ и п
„по истекот на рокот“ треба да одговара на збирот на подрубри-
ките „постапено“, „препратено на надлежност“, „постапено по ин-
тервенција на МП“, „постапено по интервенција на НП“ и „на друг
начин“ (подрубрика 18 + подрубрика 19 = подрубрика 12 +
подрубрика 15 + подрубрика 16 + подрубрика 17 + подрубри-
ка 18).

x Број на претставки и предлози по кои не е постапено :


а) во подрубриката „рокот за постапување изминал“ се
запишува бројот на претставки и предлози за чие
постапување изминал законскиот рок;
б) во подрубриката „рокот за постапување тече“ се
запишува бројот на претставките и предлозите по кои
не е постапено, а рокот за постапување тече.

Збирот на подрубриките „рокот за постапување тече“ и


„рокот за постапување изминал“ треба да одговара на бро-
јот од подрубриката „непостапено“ (подрубрика 21 + под-
рубрика 22 = подрубрика 13).

x Забелешка – во оваа рубрика се запишуваат забeлешките


што не може да бидат наведени во останатите рубрики.

Извештајот се доставува на секои шест месеци до Минис-


терството за правда во следните рокови: за периодот од 1 јануа-
ри до 30 јуни најдоцна до 31 јули во тековната година и за пери-
одот од 1 јули до 31 декември најдоцна до 31 јануари следната
година

- 40 -
До Образец бр.1
______________________
______________________
______________________
(назив на органот)

ПРЕТСТАВКА

Податоци за подносителот:
1. Име и презиме ___________________________, место на
живеење _____________, адреса ______________________,
телефон ___________________________.
2. За правни лица: законски застапник или полномишник
_________________________________________________ со
седиште ул._________________________бр.___ град _________,
телефон _________________.
3. Органи на државна власт или правни лица со јавни
овластувања на кој се однесува претставката:
_______________________________________________________
________________________________________________.
4. Име, презиме и функција на службено лице кое го
повредило правото на подносителот:
________________________________
______________________________________________________.
5. Во продолжение наведете ги податоците за актот, број на
предмет и датум (решение, заклучок и сл.) со кој ви е повредено
правото или опишете го дејствието со кое ви е нанесена
неправдата:
_______________________________________________________
_______________________________________________________
_______________________________________________________
_______________________________________________________
_______________________________________________________

- 41 -
_______________________________________________________
_______________________________________________________
_______________________________________________________
_______________________________________________.
6. Наведете кои правни средства сте ги вложиле
до кој орган и кога):
_______________________________________________________
_______________________________________________________
_______________________________________________________
_______________________________________________________
_______________________________________________________
____________________________________.
7. Прилог (докази):
_______________________________________________________
_______________________________________________________
_______________________________________________________
_______________________________________________________
_______________________________________________________
____________________________________.

___________________ ___________________
Датум на поднесување Потпис на подносителот

- 42 -
Образец бр.2

Република Македонија
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
Бр._________________
__________________2010 година
Скопје

ЗАПИСНИК
______________________________________________________
(назив на дејствието)
составено во ___________________________________________
(место на вршење на дејствието)
на ден ____________ 201___ година во __________ часот, во
предметот _____________________________________________
(предмет во кој се врши дејствието)

Присутни:
______________________________________________________
______________________________________________________
(име и презиме: на службените лица, на странките и
на нивните застапници – полномошници)

Тек и содржина на извршените дејствија и дадените изјави


______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________

- 43 -
______________________________________________________
_____________________________________________________ .

Забелешка на лицата што учествувале во вршење на


дејствијата по читањето на записникот:
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________

____________________ _________________
(лице кое учествувало (службено лице)
во (записничар)
вршење на дејствието)

- 44 -
Образец бр.3

Република Македонија
НАЗИВ НА ОРГАНОТ
бр. _____________
_____________

ДО
__(Име и презиме на физичкото лици или назив на правното
лице),
(а д р е с а)____________

ПРЕДМЕТ: Известување по претставка

Почитуван/а,

Постапувајќи по Вашата претставка доставена во (назив


на органот кој постапува) на _____________ година, а во врска
со постапувањето на (назив на орган, суд или друга институција
од чие постапување странката не е задоволна и бројот на
предметот, доколку странката го навела), Ве известуваме за
следното:
____ (да се наведе надлежнста на органот до кој се обратила
странката) _____________________________________________

Надлежен орган за постапување по претставки и


предлози кои се однесуваат на _______ (опис на барањето од
претставката) ____ е (назив на органот кој е надлежен).
Затоа, Вашата претставка ја доставивме до (назив на
органот до каде што ќе биде доставена претставката), на негова
надлежности и постапување.

Со почит,
Име, презиме и потпис на
Функционерот или одговорното лице

- 45 -
Образец бр.4

Република Македонија
НАЗИВ НА ОРГАНОТ
бр. ______________
_____________
ДО
___Име и презиме на физичко лици или назив на правното
лице),_
а д р е с а____________

ПРЕДМЕТ: Одговор на претставка

Почитувани/а,

Постапувајќи по Вашата претставка доставена во (назив


на органот кој постапува) на _____________ година, а во врска
со предметот (број на предмет), кој се води пред (назив на
орган, суд или друга институција), (назив на органот кој
постапува по претставката) согласно со своите надлежности
определени во член ______ од Законот за _______________
(„Службен весник на РМ“ бр._______), и според одговорот од
(назив на органот од каде што се барани податоци, информации
и слично), Ве известува за следното:
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
______________________________________________________
(опис за преземените дејствија и исход од истите)

Со почит,

Име и презиме и потпис на


Функционерот или одговорното лице

- 46 -
Образец УПП

УПИСНИК
за предметите по претставки и предлози

Форма на
претставката,
Подносител Начин на решавање Постапено Разведување
односно
предлогот

Датум на
приемот на
претставка Предмет Област
та односно
Забелешка

предлогот

Реден број
физичко лице
правно лице
анонимни
други
усно
писмено
електронски
постапено
непостапено
препратени на
надлежност
постапено по
интервенција на МП
постапено по
интервенција на НП
на друг начин
во законски рок
по рокот
Организациона единица
број
дата

- 47 -
(1) (2) (3) (4) (5) (6) (7) (8) (9) (10) (11) (12) (13) (14) (15) (16) (17) (18) (19) (20) (21) (22) (23)
Образец ИПП

ИЗВЕШТАЈ2
за податоците што се однесуваат на посатпувањето по претставки и предлози3

Број на Број на
претставки и претставки и
Број на примени Подносител Начин на решавање предлози по предлози по
претставки и Форма кои е кои не е
предлози постапено постапено

Област

- 48 -
примени
пренесени
вкупно
усно
писмено
електронски
Физички лица
правно лице
други
анонимни
постапено
непостапено
постапката е во тек
препратени на
надлежност
постапено по
интервенција на МП
постапено по
интервенција на НП
на друг начин
во законски
пропишаниот рок
по истекот на рокот
рокот за
постапување
изминал
рокот за
постапување тече
Забелешка

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23

2
Извештајот се доставува до Министерството за правда до 31 јули (за период од 1 јануари до 30 јуни) и 31 јануари (за период од 1 јули до 31
декември)
ИЗВЕШТАЈ
за податоците што се однесуваат на постапувањето по претставки и предлози
Образец ИПП

Број на Број на
Број на
претставки претставки
примени
Форма Подносител Начин на постапување и предлози и предлози
претставки и
по кои е по кои не е
предлози
постапено постапувано

Област Забелешка

- 49 -
примени
пренесени
вкупно
усно
писмено
електронски
физички лица
правни лица
други
анонимно
постапено
непостапено
постапката е во тек
препратени на
надлежност
постапено по
интервенција на МП
постапено по
интервенција на НП
на друг начин
во законски
превидениот рок
по истекот на рокот
рокот за постапување
изминал
рокот за постапување
тече

1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10 11 12 13 14 15. 16. 17. 18 19. 20. 21. 22. 23.

Збирот на колоните 1 и 2 треба да биде еднаков со колона 3;


Збирот на колоните 5, 6 и 7 треба да биде еднаков со колона 3;
Збирот на колоните 8, 9, 10 и 11 треба да биде еднаков со колона 3;
Збирот на колоните 12, 13, 14, 15, 16, 17 и 18 треба да биде еднаков со колона 3;
Збирот на колоните 12, 15, 16, 17 и 18 треба да биде еднаков со збирот на колоните 19 и 20;
Збирот на колоните 20 и 21 треба да биде еднаков со колона 13;
УПИСНИК
за предметите по претставки и предлози
Образец УПП

Форма на
претставката,
Подносител Начин на решавање Постапено Развод
односно
предлогот
Датум на
прием на
претставката, Предмет Областа Забелешка
односно
предлогот

Реден број
физичко лице
преавно лице
анонимно
други
усно
писмено
електронски
постапено
непостапено
препратено на
надлежност
постапено по
интервенција на МП
постапено по
интервенција на НП
на друг начин
во законски рок
по рокот
Организациона единица
датум
ознака

- 50 -
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. 16. 17. 18. 19. 20. 21. 22. 23.

„анонимно“ Кратка содржина Датум на


на претставката известување на Датум на известување на
Назив и
Реден број на подносителот подносителот
седиште
предметот Групна претставка, ако постапката е запрена поради решавање на
име и презиме на претходно прашање;
заеднички доколку подносителот се откажал од
претставник претставката;
ако претходно е решена поднессената
Име, презиме и
претставка;
адреса
ако претставката е доставена до повеќе органи и
се договорат еден да постапува.
- 51 -
Република Македонија
Министерство за правда
Државен управен инспекторат

- 52 -

You might also like