You are on page 1of 9

Упатство за добивање пристап до системот на Регистарот за вистински

сопственици

бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, 1000 Скопје

Телефон: + 389 2 3288-602

Факс: + 389 2 3123-169

www.crm.com.mk

Стр. 1 од 9
Предуслови
Потребно е да имате дигитален сертификат за електронски потпис за кој се задоволени следните предуслови:
• Сертификатот е валиден (е издаден од Издавач на сертификати кој е акредитиран и надгледуван
од страна на надзорно тело назначено од државата и со валиден рок на важност);
• Сертификатот/USB сигурносниот уред (PKI Token) на кој е сертификатот да е претходно инсталиран
на вашиот компјутер;
• Приклучете го USB сигурносниот уред (PKI Token) на вашиот компјутерот доколку сертификатот е
на PKI Token;
• На вашиот компјутер да е инсталирана соодветна екстензија за дигитално потпишување. Начинот
на инсталација на екстензијата е опишан во Упатството за дигитално потпишување на пријава.
Доколку сте подносител на пријави за упис и годишни сметки во регистрите кои ги води ЦР,
екстензијата за дигитално потпишување ви е инсталирана.
Следете ги чекорите во следната табела.

1 Вклучете еден од прелистувачите:


Google Chrome,
Opera,
Mozilla,
Microsoft Edge.

Пристапете на страната на Централен


Регистар и продолжете кон заштитениот дел
(кликнете на „Најави се“).

Внесете го вашето корисничко име и


лозинка. Доколку немате креирано
кориснички налог, кликнете на линкот за
регистрација („Регистрирај се“) и креирајте
нов корисник.

Стр. 2 од 9
2 За да добиете пристап до Регистарот на
вистински сопственици потребно е да
имате прикачено дигитален сертификат на
самиот кориснички налог.
За да го додадете сертификатот со кој
подоцна ќе можете да потпишувате пријави
пристапете на страната за управување со
кориснички сертификати.

3 Изберете за извор на сертификатот


„Инсталиран сертификат“ како на сликата.

Потоа се внесува име на сертификатот и се


избира сертификатот од неговата локација
со помош на контролата „Избери“.

Зачувајте го сертификатот со кликање на


копчето „Прикачи“.
По успешно зачувување, сертификатот ќе
биде додаден во листата за преглед на
сертификати.
Во системот се чува само јавниот клуч на
сертификатот.

Стр. 3 од 9
4 По додавањето на сертификатот вратете се
на страницата за преглед на достапни
системи преку менито: „Прегледај >
Достапни системи“.
Кликнете на полето „Побарај пристап“.

5 Изберете ја апликацијата за која сакате да


добиете пристап („Регистар на вистински
сопственици“).
Изберете (кликнете) на улогата
„Подносител“ и кликнете на „Зачувај“.

Стр. 4 од 9
6 По изборот на улогата се отвора Преглед на
дополнителни податоци кои треба да ги
внесете за да добиете пристап до
апликацијата на Регистарот на вистински
сопственици.

Кликнете на стрелката пред „Дигитален


сертификат“ за да се селектира полето и
кликнете на копчето „Ажурирај вредности“.

Стр. 5 од 9
7 Во полето кое се отвора кликнете на линкот
„Додади“.

Стр. 6 од 9
8 Направете избор на сертификатот од
листата која се појавува при што истиот ќе
се појави во полето Нови вредности.
Кликнете на копчето „Зачувај“, а потоа на
копчето „Зачувај Вредности“.

Стр. 7 од 9
9 Во прегледот на дополнителни податоци
треба да се појават внесените вредности со
назнака дека вредностите кои се внесени се
валидни (Колона „Валидно“).
За целосно завршување на процесот на
зачувување на внесените вредности во
рамките на корисничкиот налог кликнете на
кликнете на копчето „Зачувај“.

Стр. 8 од 9
Како потврда за успешното зачувување на
10 барањето за доделување пристап до
Регистарот на вистински сопственици се
појавува соодветна нотификација со
известување за автоматски одобрениот
пристап и дека дополнително ќе биде
испратена соодветна маил порака.
Кликнете на копчето „OK“.

Ќе бидете насочени кон страната за


11 Преглед на апликации каде имате пристап.
Во табелата ќе се појави и Регистарот на
вистински сопственици. Кликнете на линкот
„Отвори“ за да пристапите до системот на
Регистарот на вистински сопственици.

Стр. 9 од 9

You might also like