You are on page 1of 5

ПОРТАЛ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И ИСПЛАТА

- КОРИСНИЧКО УПАТСТВО -
Барање за финансиска поддршка и исплата - Корисничко упатство

1. Регистрација на нов корисник

Екран 1.Регистрирај се

За да се најавите на порталот за јавни повици, најпрво мора да се регистрирате како нов


корисник. За таа цел потребно е да кликнете на копчето Регистрирај се, обележано на Екран 1, кое
ќе ве однесе до формата за внес на вашиот ИДБР број со кој е потребно да се регистрирате.

Екран 2.Регистрација со ИДБР

2
Барање за финансиска поддршка и исплата - Корисничко упатство

Внесете го вашиот ИДБР број со кој сте регистрирани во ЕРЗС на МЗШВ во полето кое е
обележано на Екран 2 и кликнете на копчето Регистрација кое ќе ве однесе до формата за
регистрација на нов корисник.

Екран 3.Пребарај ИДБР

Доколку не го знаете вашиот ИДБР број можете да го пребарате со помош на вашиот ЕМБГ
број, доколку сте физичко лице или пак со вашиот ЕДБР/ЕМБС број доколку сте правно лице.
Внесете го ЕМБГ/ЕДБР/ЕМБС бројот во полето обележано на Екран 3 и кликнете на копчето
Пребарај.
Доколку сте регистрирани во ЕРЗС, системот ќе го најде вашиот ИДБР број и ќе го пополни во
полето ИДБР и потоа е потребно само да кликнете на копчето Регистрација кое ќе ве однесе до
формата за регистрација на нов корисник.

3
Барање за финансиска поддршка и исплата - Корисничко упатство

Екран 4.Регистрација

На страната за регистрација ќе ви се прикажат сите ваши лични податоци со кои сте


регистрирани во ЕРЗС на МЗШВ. Потоа е потребно да го кликнете копчето Регистрирај се.
Со притискање на копчето Регистрирај се системот врши валидација на внесените податоци и
врз основа на нив креира профил на нов корисник. Потоа, системот генерира корисничко име и
системска лозинка за новокреираниот корисник кои ви ги испраќа на вашата Емаил адреса, со која
сте регистрирани во ЕРЗС на МЗШВ за потоа да можете со нив да се најавите на порталот.
Напомена: Доколку забележите дека некој податок не е точен, пријавете во вашата подрачна
единица на МЗШВ за корекција на истиот.

4
Барање за финансиска поддршка и исплата - Корисничко упатство

2. Најава во систем
Страната за најавување служи за автентикација на корисниците на апликацијата. Секој
корисник со единствена комбинација од корисничко име и лозинка се најавува на апликацијата.

Најавната страна е поделена во пет региони: “Најавна форма”, “Регистрирај се”, “Промени
лозинка”, “Заборавена лозинка” и “Рекреирај профил”:
- “Најавна форма” претставува форма за најава на корисниците.
- “Регистрирај се” претставува копче за пренасочување кон формата од Екран 3.
- “Промени лозинка” пак, е форма за промена на корисничката лозинка.
- “Заборавена лозинка” е форма за барање на нова корисничка лозинка, која се испраќа на
вашата регистрирана Емаил адреса во ЕРЗС.
- “Рекреирај профил” претставува копче со кое доколку сте ги заборавиле вашето
корисничко име и вашата регистрирана Емаил адреса, по регистрација на нова Емаил
адреса во ЕРЗС и со клик на копчето Рекреирај профил, на новорегистрираната Емаил
адреса ќе ви бидат пратени корисничкото име кое сте го заборавиле и новокреирана
системска лозинка со кои ќе можете да се најавите на порталот.

2.1. Опис на полиња

Тип на поле Поле Опис

Корисничко име Поле за внес на корисничкото име на корисникот


(регион:Најавна форма) што се најавува на апликацијата.

Лозинка Поле за внес на лозинката на корисникот што се


(регион: Најавна форма) најавува на апликацијата.

Поле за внес на тековното корисничко име на


Корисничко име
корисникот што сака да ја промени тековната
(регион:Промени лозинка)
лозинка.

Внесете стара лозинка Поле за внес на тековната лозинка на корисникот


(регион: Промени лозинка) што сака да ја промени лозинката.

Внесете нова лозинка Поле за внес на новата лозинка на корисникот што


(регион: Промени лозинка) сака да ја промени тековната лозинка.

Поле за повторен внес на новата лозинка на


Повторете нова лозинка
корисникот што сака да ја промени тековната
(регион: Промени лозинка)
лозинката.

Корисничко име Поле за внес на корисничкото име на корисникот


(регион:Заборавена лозинка) што се најавува на апликацијата.

ИДБР Поле за внес на ИДБР бројот со кој сте


(регион:Рекреирај профил) регистрирани во ЕРЗС.

You might also like