You are on page 1of 8

Универзитет „Гоце Делчев“- Штип

Факултет за информатика

Испит по предметот Електронска комерција


Тема: Beauty-M

Ментор: Изработил:
Проф. д-р Цвета Мартиновска-Банде Маринела Василева
102303

Јануари, 2022г
Штип
Како да се започне Интернет бизнис?

1. Идеjа за Интернет бизнис и изработка на бизнис план

Мојата идеја за интернет бизнис е изработка на веб-сајт за продавање на козметика.

Опис на бизнис: Мојот бизнис е да се продаваат производи на мој сопствен бренд. Производите кои ќе се
продаваат ќе бидат од делот на козметиката како што се:пудри, римели, кармини и слично. Производите ќе
се продаваат преку веб страна. Овој бренд ќе биде посебен и ќе си има свои различности од конкурентите.
Пример различност во производите тоа што ќе си има посебни состојќи од кој ќе бидат изработени т.е нема
да ја копираме изработка производите кои се веќе на пазарот, изгледот во кои ќе бидат пакувани призводите
ќе биде со наша идеја и специфичен.

Нашите производи ќе бидат наменети само за женскиот свет нема да имаме производи кој може да се
користат од машкиот пол. Од женскиот пол ќе бидат опфатени сите од млада возраст па се до најстара т.е
производи за помлади и постари. Ние овие купувачи ќе ги привлечеме со квалитетните производи и
уникатниот изглед кој нема ни малку да се совпаѓа со сегашните производи од овој тип.

Кога сме кај конкуренцијата можеме да кажеме дека ќе имаме доста конкуренција, како нови на пазарот
можеби ќе биде малку тешко да стигнеме кон посакуваната цел. Но сметаме дека со високо квалитетните
производи брзо ќе успееме. Денес на пазарот имаме производи кој препродаваат копија на брендовите и
многу брзо овие производи се губат од пазарот бидејќи купувачите брзо ја согледуваат вистината. Но
предноста од конкурентите кој имаат ваков бренд на оригинал козметика е тоа што ние ќе имаме цени кои
секој ќе може да си дозволи да купи по некој производ за разлика од нив кој имаат доста скапи цени. За вакви
призводи од делот на козметиката секогаш побарувачката на пазарот е голема бидејќи во денешно време
козметиката е секојдневно користена речиси кај секој 8 од 10 жени.

За производството на овие производи процесот најпрво ќе започне со начин на обработка односно како ќе
биде изработен, од што, како ќе изгледа(изгледот најмногу ѓи привлекува купувачите и затоа треба најмногу
внимание да се обрне на тоа). Откако производите ќе бидат изработени ќе бидат ставани на веб страната и
ќе можат да се порачуваат а купувачите ќе бидат известувани доколку доаѓа нов производ. Секој призвод ќе
има краток опис каков е, од што е изработен и слично. Но и како секој друг бизнис мора да бидеме спремни
и на ризици. Ризици на кој може да наиде нашиот бизнис се тоа што може на почетокот да немаме голем
профиот и да чекаме подолг период бидејќи ќе имаме цени прикладни за сите да можат да купат. Но сепак
сметаме дека може да се надмине тоа доколку имаме голем број на купувачи.

Оваа копанија ќе биде позната под името Beauty-M а производите ќе се познати под името Catrice. Веб
страната ќе биде добро организирана и лесна за употреба и секој ќе може лесно да порача производ нема
да содржи зборови непознати за купувачите и лесно ќе можете да стапите во контакт доколку не ви е јасно.

2. Регистрација на Интернет компанија

За да започнеме да функционираме и да вршиме елекронска трговија или да регистрираме интернет


компанија,ние како е-трговец најпрво треба да се регистрираме како трговско друштво во централниот
регистар. Оние друштва кои се веќе регистрирани во Централниот регистар и оперираат како „офлајн“ трговци,
но сакаат да го прошират начинот на продажба на стоки и услуги, немаат потреба од повторна регистрација
или дополнување на регистрацијата. Законот за електронска трговија забранува одреден државен или друг
орган да му бара посебна дозвола или одобрение на оној трговец кој сака да се занимава со интернет трговија.
Како и основањето на секоја друга компанија, процесот на регистрацијата на компанија која што ќе се
занимава со е-трговија не е воопшто различна. Откако ќе биде основана интернет компанијата односно откако
ќе помине низ сите чекори кои се потребни за да се основа една компанија тогаш по два до три работни дена
Централниот Регистар издава решение дека компанијата е основана.

3. Регистрација на домен и хостирање

Регистрирањето на вашата деловна активност на Интернет бара да се има име на домен и услуга за хостирање.
Пред официјално да се регистрира вашиот бизнис, треба дасе размислува за изготвување деловен план.
Откако ќе се дознае за каков бизнис ќе се работи, може да се најде име на домен од која било од веб-страниците
што продаваат имиња на домени. По купувањето на името на доменот, мора да се добие хостинг услуги за да
му дадете дом на вашиот Интернет бизнис. Иако многу веб-страници за продажба на домен нудат услуги за
хостирање, исто така, може да се бара подобри планови за хостирање и на други веб-страници.

За да се регистрираме на доменот .мк потребни ни се неколку чекори:


1.Преземи барање:

Преземете го барањето во .pdf, пополнете и сочувајте го. Или искористете ја следната форма

2. Достави документација

Сочуваниот документ испратете го на info [at] ddhost.mk или пополнете ја формата и ќе ве контактираат.

3.Валидација на податоци
Валидни податоци од лична карта или тековна состојба. Промената на податоците за контактите и именските
опслужувачи е БЕСПЛАТНА.

4.Регистрација

По извршената уплата, доменот е регистриран за што сте известени преку е-мејл и добивате клиентски
пристап за негово управување.

4. Изработка на веб сајт за електронска комерција

5. Техники на Интернет маркетинг

Што е Интернет маркетинг? Интернет маркетингот се однесува на стратегиите што се користат за пазар
на производи и услуги преку Интернет и преку други дигитални средства. Тие може да вклучуваат
различни онлајн платформи, алатки и системи за испорака на содржина.

Техники на Интернет маркетинг кај мојот веб сајт за електронска комрција:

- Е -маил маркетинг: со него користиме е-маил за испраќање директна пошта по електронски пат, наместо
преку пошта. Собираме е-маилови на клиентите или преку купување или регистрирање на веб-локации, а
потоа користиме е-маил за споделување важни информации, поттикнување на купувања и градење
односи. Е-пошта ви овозможува да допрете до клиентите индивидуално и лично.

- Социјални медјуми: Повеќето потрошувачи користат некој вид на социјални медиуми, иако типот на кој ќе
се фокисираме ќе зависи од однесувањето на нашиот целен пазар. Повеќе од 90% од 18 до 29-
годишниците користат некој вид социјални медиуми, и додека употребата се намалува со возраста, ние
сè уште можеме да користиме за да се допреме до потрошувачите во сите возрасни групи. Повеќе од 60%
од оние постари од 65 години користат некој вид социјални медиуми, а тие бројки веројатно ќе продолжат
да растат. Постарите потрошувачи имаат поголема веројатност да користат платформа како Facebook, на
пример; милениумците често користат Инстаграм; а помладите потрошувачи се повеќе заинтересирани
за видео платформи, како што се TikTok или YouTube. Па затоа ќе бидеме насочени кон оние социјални
медиуми кој ги користат и помладите и постарите бидејќи на нас нашите производи се наменети за постари
и помлади.

- Блогирање: Блогирањето ви овозможува да ја зголемите оптимизацијата на вашата веб-страница со


додавање написи и објави околу одредени насочени клучни зборови. Ова ја зголемува веројатноста
клиентите да ја најдат и посетат вашата веб-страница како резултат на онлајн пребарување. А ние веќе
го користиме овој метод како на пример: со попусти кои не се препушатаат, со производи кои имаат
специфичен изглед и ќе ги привлече купувачите да стиснат за да го погледнат поради неговиот убав
изглед и слично.

- Спонзорства и платени промоции: Овие маркетинг кампањи ви дозволуваат да платите некому чија
публика одговара на вашиот целен пазар за да разговара, користи, промовира или споделува вашите
производи и услуги со своите следбеници. Ова може и да ја зголеми свесноста за брендот и да ја поттикне
продажбата, особено ако ја поврзете кампањата со насочен промотивен код или специјална понуда.

6. Пријавување на веб сајтот кај пребарувачи


Google и Bing ги прекинаа своите алатки за поднесување URL во 2018 година. Сега единствениот начин
да ја испратите нашата веб-страница до овие пребарувачи е да ја испратиме нашата карта на сајтот. За други
пребарувачи како DuckDuckGo и Yahoo, нема потреба да ја испратиме нашата веб-страница.

www.google.com/webmasters/tools/submit-url?continue=/addurl&pli=1

7. Оптимизација на веб сајтот кон барањата на пребарувачите

Оптимизацијата на пребарување (SEO) претставува мултидисциплинарно знаење и вештина (know – how)


со чија помош , преку континуирано подобрување на интерните и екстерните фактори вреднувани од
пребарувачките алгоритми, се постигнува подобрено котирање на оптимизираната WEB страна во
резултатите на пребарувањето за бараните клучни зборови што во крајна линија придонесува за
зголемување на бројот на посети остварени преку пребарувачите. Ние сами ја зголемуваме
оптимизацијата на веб пребарувачите на нашиот веб сајт преку читливи URL линкови и со додавање на
мета клучни зборови, приспособени на содржината на нашиот веб сајт.

8. Платено рекламирање

Платено рекламирање е едно од најдобрите методи и нашата команија ќе го користи. Според заклучокот
до кој дојдовме рекламирањето најмногу ќе се одвива преку Facebook и Instagram бидејќи тие се едни од
најмоќните алатки за препознатливост на брендот и раст на еден бизнис но истовремено и тоа ни е
потребно бидејќи нашите потрошувачи ги користат тие социјални мрежи.

9. Избор и имплементација на опции за наплата


Нема да биде овозможено плаќање со картичка и плаќањето ќе се врши само при превземање на
нарачката. Но подоцна можеби и ќе се одлучиме и на плаќање со картичка и некои други методи.

10. Избор на канали за дистрибуција на продадените производи

Во системот на дистрибуцијата, која го опфаќа текот на производот од производителот до потрошувачот,


каналот на продажба ја врши функцијата на доставување на производот од производителот до
потрошувачот. Оттаму, изборот на каналите преку кои претпријатието ќе врши дистрибуција на своите
производи претставува едно од најзначајните прашања во политиката на маркетингот. Дистрибуцијата е
поврзана со најмалку четири примарни активности (внатрешна логистика, надворешна логистика,
промоција, продажба и постпродажни услуги) и со најмалку две дополнителни активности (технолошки
развој и набавка)

You might also like