You are on page 1of 5

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“
Факултет за информатички науки и компјутерско
инженерство - Скопје

Проектна задача на тема: Where in Macedonia

Предмет: Претприемништво

Ментор: Изработиле:
Проф. д-р Владимир Трајковиќ Кристина Петрушевска 151504
Сара Мифтар 133041
Симона Марковска 142077
Мартин Поповски 131132

Скопје, мај 2019


 Одржување – профит?
Цената за одржување би била минимална . Станува збор за мало решение со повеќе
информации кое што ќе биде ограничено за понатамошен развој .

 Време до маркет -време до профит?


Времето до маркет е кратко и би траело околу 3 до 4 месеци. Времето до профит зависи од
сите дестинации наведени во апликацијата. Во зависност од нив и од поставените реклами не
би требало да биде подолго од 1 година.

 Кој е нашиот корисник?


Нашите корисници се сите туристи (домашни или странски) кои сакаат на полесен начин да
откријат што повеќе за некоја локација, а се присутни во истата во пократок временски период
и сите сопственици на разни хотели, локали, музеи и се останато што е во домен на интерес на
еден турист.

 Што треба да знаеме за нив?


За сопствениците треба да знаеме од кој тип им се услугите, дали се спремни на соработка со
нас под наши услови, за обострано добро.

 Што можете да дознаеме за нив:


-пред да бидат наши корисници?
Дали сакаат нивните услуги да ги користат туристи или само локалното население
-откако ќе станат наши корисници?
Дали на сопствениците на разни дејности им се зголемил профитот

 Кој е нивниот проблем што ние го решаваме?


На туристите им помагаме за помал временски период да посетат повеќе места но и да
потрошат помалку пари за одредени услуги како и да им го покажеме најдоброто од таа
локација.
На сопствениците им го зголемуваме профитот

 Каков тип на вредност им даваме на нив?


На корисниците им пружаме задоволство и штедење на време и пари, а на сопствениците им
даваме можност за зголемување на профитот и посетеноста.

 Зошто токму оваа апликација?


Затоа што на едно место ќе бидат достапни за преглед сите туристички места во еден поголем
град. Многу лесно ќе има пристап до сите информации за една дестинација како и можност за
комуникација со некои од овие места .. Туристот нема да губи време за разгледување на
непотребни локации и би заштедил на време.
Анализи

 Дали е нова услугата?


Да.

 Kонкуренција
Ваков сајт конкретно за РМ нема, но бизнисите си ги рекламират дејностите преку секојдневни
сајтови за вести и слично.
Постојат неколку апликации кои што нудат услуга слична на нашата. Сите овие апликации се
многу слични и имаат за цел да му го доближат градот на туристот.

 По што се разликуваме?
Нашата апликација ќе му нуди директна помош на туристот и комуникација со нашите
клиенти.Целта е да му се овозможи на туристот да ги посети посаканите дестинации без притоа
да се грижи за термини резервации или достапност до овие места.

 Како корисниците ќе дознаат за нас?


Сопствениците на бизнисите директно преку нас, но и преку интернет маркетинг.

 Која е нашата маркетинг стратегија?


Паралелно самопромовирање преку интернет кампања на социјални медиуми и сајти и
директен контакт со добри бизниси и сопственици на услуги

 Што имаме?
-средства/тим/знаење/достапност до маркет
Како студенти на ФИНКИ, го имаме потребното знаење за креирање на ваков вебсајт. За
средства имаме доволно за да ја започнеме интернет кампањата.

 можеме ли да го покажеме?
Да, откако ќе биде изработен.

 Колку време е потребно?


За да се пушти апликацијата на маркет би биле потребни 3,4 месеци континуирана работа и
развој. Времето е распределено рамномерно затоа што покрај кодот ќе бидат потребни и
многу состаноци со потенцијалните клиенти.

 Колку време до првата заработка?


Ова е релативно прашање и зависи од нашите клиенти. Можеби некој од нив би сакал уште
веднаш да се рекламира неговиот ресторан или хотел. Идеално е 2 месеци по пуштање на
маркет.
 Колку чини?
Два работни месеци за тројца девелопери.

 Цена за одржување?
Оваа сума ќе биде релативно мала бидејќи станува збор за мало решение со ограничени
можности за понатамошен развој.

 Време до профит?
По нашата пресметка времето до профит би било една ипол година.

 Ризици
Имаме ли некакви претпоставки?
Опис на ризиците
Најлошо сценарио
Како ќе се справиме со ризиците
Во врска со ризиците имаме неколку претпоставки. Најлошо сценарио е непривлечност на
туристите да дојдат во Македонија, кое се надеваме дека нема да се случи 😊

 Кои параметри ја опишуваат вашата услуга за производи?


Сегментација - за подобрено таргетирање на целните клиенти.
Опис на услугата.
Конкурентска споредба на производите и услугите.
Планови за идни услуги.

 Зошто сте ги одбрале тие параметри?


Очигледно е дека незадоволните клиенти ја менуваат компанијата и шират негативни гласини.

 Но дали е доволно само да се задоволат барањата на клиентот?


Постојат многу параметри дека делумно задоволување на муштериите не е доволно, бидејки
истите можат да бидат преземени од конкуренцијата.
Воодушевен муштерија, од друга страна, е поизгледно дека ќе биде лојален, без разлика на
атрактивните конкурентски понуди. Задоволството на клиентот има битна улога во високо
конкутентските индустрии каде што има голема разлика меѓу делумно задоволен, комплетно
задоволен и воодушевен клиент.
За да го подобри нивото на задоволство, компанијата мора да дознае прво колку задоволни
или незадоволни се нејзините сегашни клиенти. Еден од начините на мерење на задоволството
е да се праша клиентот кои фактори се битни за нивното задоволување, и потоа да се оценува
перформансот на компанијата и на нејзините конкуренти врз база на тие фактори.

You might also like