You are on page 1of 2

Опис на бизнисот

Отворање и водење на нова стартап фирма за креирање десктоп апликации за магацинско


работење.

Целта е да се создаде мала фирма во која ќе бидат вработени 1 до 2 искусни програмери, и 3 до 4


почетници програмери кои ќе развиваат, тестираат и инсталираат десктоп апликации за
магацинско работење. Со подемот на фискализацијата во нашиот реон,потребата за ваков
софтвер е зголемена,а квалитетот кој сега се нуди на пазарот е незадоволителен. Со вработување
на мал број искусни програмери се намалува потребата за голем буџет за старт,а сепак се
овозможува доволно квалитетен кадар кој ќе се дооформи со почетниците кои ќе го учат процесот
на развивање на софтверот. Првичен продукт кој би можел да се понуди за продажба би можело
да се развие во најкус рок од 3 месеци,и по кратка стагнација,профитот набрзо би пораснал после
тој период. Поради тоа што е мала фирма без многу клиенти,би можело да се понуди одлична
поддршка за клиентите која би ја добиле бесплатно во првата година на купување на
софтверот,кој имено,би можел да се продава или како целосен финален продукт,или како
месечна услуга

Опис на пазарот

Целна група би биле мали претпријатија и самостојни трговци кои сакаат релативно евтин
софтвер кој би им ги задоволил потребите, но, со тек на време како што ќе расте во обем
софтверот кој цело време ќе се надградува, така ќе расте и рангот на клиентите кои би го
купувале.. Со тоа би се обезбедил прогресивен пласман на веќе постоечки креиран производ кој
не губи на вредност, туку само добива. . Иако навидум има премногу конкуренти во нашата
држава, сепак, тоа што е примамливо е што тие конкуренти не нудат примамливи цени поради
тоа што користат многу скап кадар за создавање на нивниот софтвер. Со добри конкурентни цени
може да се превземат огромен дел од клиентите кои со сигурност ќе ја ценат добрата корисничка
поддрша која би ја понудиле ние како помала фирма.
Ресурси

За почеток би бил потребен буџет од околу 10.000 евра кој би се добил со подигање на кредит со
изготвен бизнис план, да се обезбедат двајца искусни програмери и уште четири почетници, еден
вработен во човечки ресурси, еден тим лидер/организатор, и еден скаут кој би ги пронаоѓал
потенцијалните клиенти. Секако ќе мора да се овозможат работни услови и опрема за сите нив, но
секогаш да има потенцијал за вработување нови луѓе во проектите, како и по потреба аутосорсинг
за некои поекстремни случаи. Со надградба и усовршување на софтверот пазарното подрачје во
големи мерки ќе биде проширено со тоа би се зголемил на клиентите и би се подобриле
ресурсите во голема мера. Со подобрувањето на ресурсите од страна на добрата продажба на
производите, би се зголемил персоналот и со тоа фирмата би растела и би остварувала уште
поголеми добивки.

You might also like