You are on page 1of 13

Бизнис План

(пример за изработка на Бизнис план)


Општи податоци за компанијата

Име на компанијата: козметичко студио ,,ЛИЗА,,


Адреса на компанијата: ул.Партизанска бр.50
Контакт-тел.: 078 694 087
Лице законтакт: Билјана Димитриевска
Даночен број на фирма: 6271
ЕМБ на фирмата: 01458362937
Жиро сметка: 0014827499
Деловна сметка: Стопанска банка АД Скопје
Структура на сопственост: приватна
Број на вработени: 5
ЦЕЛИ

Една од поважните целие да отворам козметичко студио во кое ќе


сенудат различни услуги од козметиката меѓу кои:

- увоз на едни од нај квалитетните препарати за убавина


- попуст за редовните клиенти
- наградување за вештините и знаењата на вработените

После регистрација на фирмата ќе се стремиме да ја подигнеме


организацијата на работењето на повисоко ниво и да ја усовршиме
работата. Со континуирано усовршување на дејноста ќе ги намалиме
трошоците во тековното работење, ќего подобриме квалитетот на
услугите, а со ова и цените на услугите постепено ќе се намалуваат.
Воедно ќе правиме напори навремено да се исплаќаат обврските
спрема вработените и државата.

Уште од почетокот на работењето на претпријатието ќе се спремиме


да создадеме една успешна организација и координација меѓу
корисниците на услугата и работниците.

Намера ми е да направам модерен и функционален објект кој ќе


фукнционира повеќе години и ќе биде препознатлив посвојот стил и
начинот на услугата да биде на повисоко ниво.

Долгорочна перспектива ми е постигнување на максимални ефекти,


ефикасност во работењето, воведување на нови видови услуги,
континуирано проширување на бизнисот, зголемување на работниот
кадар и навремено исвршување на задачите.

Доколку ми се остваратамбициите овој бизнис да го доведам на


посакуваното ниво, со остварените сопствени средства и со помош на
кредит од некоја банка во подалечна иднина би го надополнила
работењето.
ОПИС НА АКТИВНОСТИТ Е

Една од основните причини поради која започнувам со овој бизнис е


самовработувањето и остварување на сопствен капитал и профит.
Втора причина што почнувам со овој бизнис е да им овозможам на
козметичарите работно место и нови искуства и знаења од областа на
козметиката. Бидејки како дипломиран козметичар за убавина се
стекнав со знаења дека дел од оние што ги користат препаратите за
убавина не се доволно запознаени со употребата и функцијата на
самите.

Активности кои ќе ги превземам се посети по средните козметички


училишта и информирање на секој оној кој што бара козметичка услуга
за предностите и погодностите.

Набавување на нови апарати и препарати кои се од природно потекло


и технички проверени, со цел овозможување подобра и квалитетна
услуга на корисниците на истата.

Изнаоѓање на локација, достапна за сите, со цел олеснување во


пронаоѓањето и запозавање со услугите кои ги нудиме.

Одобрување на кредит за остварување на бизнисот.


МЕНАЏМЕНТ И КАДАР

Општ менаџер на претпријатието ќе бидам јас, Билјана Димитриевска,


имам завршено Козметички техничар за убавина во Скопје, а воедно
имам 3годишно работно искуство.

Освен мене како главен менаџер планирам да вработам уште 4


работници од соодветна струка и образование за да може салонот да
функционира преофесионално и одговорно да ги заврашува
обврските.

Ги наведувам потребните кадри за кои мисламдека се потребни за


услугата да биде комплетна:

- 2 козметичари за комплетна шминка


- 1 козметичар за одбирање на соодветните производи
- 1 чистач
- 1 козметичар во делот на апаратите
АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ И КОНКУРЕНЦИЈАТА

По истражувањето на пазарот заклучив дека и на пазарот може да се


отвори уште еден салон и да дава козметички услуги, бидејки нема
голема конкуренција и има потреба од таков вид услуга.

Во моментов во Кратово постојат 2 други козметички салона но само


со неколку сличности со овој.

Една од услугите (производите) е квалитетност од страна на


препаратите, брза услуга, и работење по желба на клиентот.

Корисниците на оваа услуга сметам ке бидат сите оние кои се грижат


за своето лице-убавина, оние кои што имаат потреба од квалитетна
козметика за посебни момменти и свечености.

Предности на претпријатието ќе бидат услугите што ги нудам бидејки


на едно место се спојуваат квалитетот и економичноста, дури и
реткоста на вршењето на вакви усуги.

Како слабост на претпријатието сметам дека ке биде изворот на


финансиските средста па затоа решив да подигнам кредит од банка.

Конкуренцијата нема да ми претставува проблембидејки во мојот


салон се нудат уникат услуги на едно место, а воедно тоа и ми
претставува предизвик за успешно работење.
МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА

Една од стратегиите што претпријатието ќе ја води за освојување на


пазарот е намаување на цените на услугите и добивање на гратис
услуга за разлика од другите конкурентни претпријатија.

Исто така ако претпријатието успешно работи, можност е


проширување на бизнисот во други градови.

Пчеста реклама и промоција за подобро запознавање на корисниците


на овие услуги и поволностите за избирање на овој салон.

Со текот на работењето за постојаните клиенти се овозможува гратис


купон за да повика пријател.

Закажување и контакт пред време, и во текот на чекањето да можат


клиентите да се опуштат во кафетеријата што планирам исто така да
се отвори во склоп на салонот.
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Како што и веќе набројав во претходните неколку страници една од


главните услуги на овој салон е пред се запознавање на корисниците
кои користат козметички услуги за убавина со квалитетот и
предностите на препаратите кои ќе бидат увезени од странство а пред
се задоволување на нивната желба да изгледаат по нивна замисла.

Можност за попусти и купони за поканување на пријател.


ПРОИЗВОДСТВО

За реализирање на овој бизнис план и анализа на пазарот за


остварување потребни ми се:

локација со погодно место


простор за хигиена и простор за кафетерија

Од средства за работа потребни ми се разни апарати и препарати за


нанесување на шминка и одржување хигиена.

Трошоците кои ќе бидат створени се:

- трошоци за енергија

- трошоци за инвентар и апарати

- трошоци за козметички средства

- трошоци за хигиена

- плата на вработените

Покрај овие трошоци кои се однесуваат на непосредно производство


настануваат и други трошоци како што се:

- магационирање

- организација на бизнисот

- пропаганда и реклама

- осигурување
РИЗИК И ПРОБЛЕМИ

При почнување на било каков бизнис постои одреден риззик за тоа


дали вложениот капитал и труд кке се исплатат за да не дојде до
банкротирање и неуспешно реализирање на зацртаниот план и
залудно трошење на вложените средства.

Единствен проблем ке се јави на почетокот на започнувањето на


бизнисот додека работите не се усогласат и кординираат.
ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА

За да можам да ја остварам целта која ја имам испланирано и да


можам да нудам услуга со ппоголлем степен на точност на
исвршување, неопходно ми е да набавам современа опрема за
потребите на опремување на салонот која опрема планирам да ја
набавам со финансиска поткрепа од ваучер програмата за
невработени лица преку Министерството за труд и социјална политика
и кредит од банка.

Моментално со што располагам е следново:


- Локација со вкупна површина од 24 000 м2 кој функционира,

Потреба опрема за салонот е:

- вртливи столчиња 5 ком. ( 7.000 )

- столчиња за кафетерија 5 ком. ( 3.000 )

- кафемат ( 5.000 )

- маси опремени со подвижни фиоки 5 ком. ( 10.000 )

- 1 компјутер ( 13.00 )

- 1 ласерски апарат ( 8.500 )

- 10 рекламни материјали за видовите на козметичките услуги ( 2.000 )


Вкупно ( 51.500 ден )
Оваа опрема ке се набави од домашен пазар. За таа намена постојат
повеќе фирми и затоа ќе следи една анализа мна понудените од
ситеовие претпријатија.

Во табелите за финансиска прогноза внесени се трошоци за бруто


плати на вработените и тоа во висина од 25. 000 За еден работник,
трошоци за банкарска провизија ке изнесуваат 300ден. Трошоци зса
осигурување на салонот се 500ден месечно. Давачки за струја и вода
во просек од 3.000ден. Месечно трожоци за маркетинг и реклама
просечно од 100ден.

Планираните приходи од услугата во првата година ке изнесуваат


110.500ден . Со направени калкулации оперативната добивка за
првата година од новата инвестиција се планира да изнесува 100.000

На расходна страна иамаме расходи во висина 30.000

Сето ова пресметано се добива добивка пред оданочување во висина


од 80.500 ден.

Со одземање на даноците во висина од 10.000 доаѓаме до


неподредена добивка во првата година од 70.500ден.
ОЦЕНКА НА БИЗНИСОТ

Анализата на направениот план, јасно укажува на вербата на


основачот на неговиот сопствен бизнис и неговото натамошно
развивање. Оваа пак од друга страна е основа за успешен бинис и
оправданост на планираната инвстиција.

You might also like