You are on page 1of 11

СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски-Корчагин” - Скопје

Бизнис модел

Проект по предметот: Бизнис и претприемништво

ТЕМА: Електронско пенкало на иднината

Изработено од: Ментор:

Ангела Здравковска Лидија Стојчева


Антонио Аврамовиќ
Филип Здравески
Филип Трајковски

април 2017
Што е бизнис модел?

Пред да започнеме со опис на нашиот бизнис модел, треба да дадеме една општа
дефиниција за тоа што тој всушност претставува. Бизнис моделот опишува како
една организација креира, испорачува и стекнува вредност. Воедно, ги дефинира
причините за постоење на конкретното претпријатие, односно конкретниот бизнис,
и дава неопходни информации за тоа како бизнисот се развива со цел идните
претприемачи, инвеститори и другите партнери да разберат како тој се
прилагодува за да создаде и испорача една вредност. Се состои од 9 елементи:
вредност, сегменти на купувачи, канали на дистрибуција, односи со
купувачи, приходи, клучни ресурси, клучни активности, клучни партнерства
и трошочна структура.
Вредност

Ова пенкало има за цел да го олесни секојдневниот процес на пишување и


пренесување информации. Особено кај учениците ќе ги замени книгите со една
електронска табла со големина на лаптоп, таблет или телефон. Пенкалото ќе
содржи голема меморија на која ќе можете да зачувате секакви фајлови и ќе може
да служи и како USB. Потоа пенкалото ќе работи на батерија која може да се
полни, ќе има скенер за да можеме да скенираме што било напишано за да
можеме да го прочитаме подоцна. Ќе создадеме апликации за електронските
уреди кои ќе можат да се поврзат со пенкалото. Ова ќе овозможи преглед на
напишаното и скенираното со леснотија. Со време пенкалото ќе може да доаѓа со
додатоци како: футрола, звучник, приклучок за слушалки, блутут, GPS, апарат кој
ќе испушта звучен сигнал ако го изгубите пенкалото, привезок итн.
Сегменти на купувачи

Пред да ги откриеме нашите купувачи ние направивме една проверка на


вредноста, односно дали би имало потреба од ваков производ на пазарот. За да
утврдиме дали постои проблемот којшто нашиот производ го решава, започнавме
со истражување на конкуренцијата. На пазарот веќе постојат скенирачки пенкала
кои истовремено имаат и можност за преведување на скенираниот текст на повеќе
јазици. Исто така и електронските ,,пиши – бриши” табли не се новина во
технологијата. Но, нашиот производ е иновативен бидејќи претставува уникатна
комбинација на веќе постоечки производи, а со тоа и повеќенаменски во
решавањето на проблемите. Потоа пристапивме кон истражување на социјалните
медиуми и дискусии на интернет форумите. Забележавме дека постои интерес за
нови технологии и желба за промена на традиционалниот начин на пишување со
пенкало на хартија. Сѐ поголемо е барањето за нови, современи, ефикасни и
еколошки методи и решенија.
За да откриеме кои ќе бидат нашите купувачи, односно за да ја најдеме
целната група, ние спроведовме анкета на целната страна, а воедно и на
социјалните медиуми со следната претпоставка: За нашиот производ најмногу ќе
бидат заинтересирани младите до 25 години. Денешната потреба од технологија е
прилично голема, па дојдовме до следниве резултати:

12-16 17-30 31-60 60+


Дали сакате да го
Да Да Да Не
поседувате?
Дали би платиле? Не Да Да Не
Дали би ја промениле
Да Не Да Да
цената?
Дали би промениле нешто
Не Не Не Да
кај производот?
Дали ви се допаѓа? Да Да Да Не
Добиените резултати, како и размената на мислење со некои од
анкетираните ни ја потврдија претпоставката така што за целна група попрецизно
добивме дека се луѓе од 14-25 години.
Бидејќи оние на возраст 60+ не сакаат ни да го поседуваат ни да плаќаат за
производот ги отстрануваме од понатамошни испитувања.
Како ќе знаеме дека тие ни се вистински купувачи?
Би направиле прототип кој би бил бесплатен да се проба на пр. на некој
штанд во некој голем трговски центар и притоа би им го презентирале на
заинтересираните. Исто така би имало и различни пакети од производот, согласно
со паричните средства, така што оние кои веќе сме ги стекнале како купувачи би
ги задржале нудејќи им различни варијанти соодветни на нивните можности.
Од спроведената анкета утврдивме дека постои проблем и интерес за
решавање на проблемот кај потенцијалните купувачи. Исто така, забележавме
дека кај дел од анкетираните иако постои желба за решавање на проблемот,
сепак тие не се спремни да издвојат толкави средства за да го добијат нашиот
производ. Затоа одлучивме да креираме повеќе производи со различни
карактеристики и перформанси, а со тоа тие би имале и различна цена. На овој
начин сметаме дека ќе овозможиме поголема достапност и побарувачка на
пазарот за нашиот производ.

Канали на дистрибуција

Затоа што ние имаме физички производ и веб апликација наменета за користење
заедно со тој производ мораме да ги употребиме и физичките и веб каналите за
дистрибуција. За веб дистрибуција ќе имаме апликација за телефон на Play Store
за Андроид и IOS, и апликација за десктоп компјутери. Додека за физичка
продажба ние одбравме директна и онлајн продажба, т.е каналите за
дистрибуција опфаќаат два начина на продажба. Затоа што на Ликертовата скала
овие два канали на дистрибуција ни дадоа сосема точно, ние веднаш ги
имплементиравме во бизнис моделот.
Односи со купувачи

1.Стекнување
-промоција во училишта:
 Кои сме ние и кој е нашиот производ
 Која е целта и кои се придобивките од користење на производот
 Како можат да дојдат до нашиот производ (флаер со информации:
адреса на продажен салон, купување онлајн, facebook страна)
 Информирање за промотивен настан и отворање на продажен салон:
 јавен промотивен настан
 настан на facebook
 места: Плоштад Македонија, Skopje City Mall
 време: меѓусмена (од 12:30 до 13:30)
 целта на настанот е идните купувачи да добијат можност да го
пробаат производот
2.Одржување накупувачи
 Instagram account на кој ќе бидат поставувани видеа за тоа како да се
користи производот но и информации за нови понуди
 1-годишна гаранција за производот
 сервисирање (поправки) во нашиот салон –воведување на додатоци
за производот
 одржување на постојан контакт со купувачите на социјалните
медиуми (анализирање на поплаки, коментари)
 ажурирање на производ
3.Зголемување на број на купувачи
 попусти
 воведување на нови производи
Трошочна структура и стекнати приходи

Со цел да дојдеме до успешно остварување на нашата идеја, решивме да


направиме табеларни пресметки за тоа како нашите трошоци ќе се движат, какви
човечки ресурси ќе искористиме(работници, менаџери), капитални ресурси(во
однос на канцелариски материјал и средина за работење), самите финансиски
ресурси(трошоците), како и стекнатите приходи според наши пресметки и
предвидувања.

 Ресурси
 Физички ресурси
Објекти:
-работилница во која ќе се произведува електронското пенкало
-простории за продажен салон, магацин и канцеларија за административните
работници
Производ:
-репроматеријал за производство
-опрема за производство
-канцелариска опрема
 Финансиски ресурси
-Обезбедување финансиски средства за бизнисот со позајмување на пари од
банка
-Изнајмување на простории за остварување на бизнисот
-Купување опрема на лизинг
 Човечки ресурси
Со оглед на тоа дека бизнисот се реализира од тим квалификуван да ги врши
административните обврски на компанијата, потребните човечки ресурси се
состојат од:
-тројца хонорарни работници-софтверски инженери (изработка на софтверот за
пенкалото пред да започне производството)
-двајца работници во погон (производство на производите)
-двајца работници во продажниот салон (различни смени)
 Интелектуална сопственост
Во план е патентирање на електронското пенкало по првата година од неговото
пласирање на пазарот.

 Директни трошоци

 Материјали за изработка

Алуминиумска обвивка 100


Батерија што се полни 300
HDD 500
скенер 3000
LED екран 100
USB приклучок 150
Чип 300
Ќертриџ со мастило 700
Пенкало на допир 100
жици 50
пластика 200
диспензер 200
Вкупно 5700

 5700 денари = 95€


Се создаваат по 10 производи во една 8-часовна смена
22 работни дена во месецот → 220 производи месечно → 2640 производи
годишно → 13 200 производи за 5 години
*При овие пресметки користиме долгорочно предвидување, односно сите
трошоци и приходи се пресметани за наредните 5 години
 Амортизација(машина за составување) →100 000€

 Производствени работници
4 работници по 400€ месечна плата → 1600€ месечно за сите 4 →
19 200€ годишно → 96 000€ плата за 4 работници

 Креатори на софтвер
3 софтверски инжинери(хонорарно) → 5000€
1 кој ќе ги составува деловите → 500€ месечно → 30 000€ плата
Вкупно плата за креаторите → 35 000€

95€ *13 200 производи → 1 254 000€ за материјал за 13 200 производи


1 254 000+100 000+96 000+35 000 = 1 485 000€ → директни трошоци

 Индиректни трошоци
 Кирија
-простор за изработка → 200 000€
-магацин за залиха → 6000€ → 206 000€

 Логистика(рекламирање на производ) → 100 000€

 Дистрибуција(најмена компанија) → 6000€

 Административни работници
сметководител и менаџер, работат од дома и во фабриката(без
канцеларии) → 60 000€

 Сметки(струја, вода) → 78 000€


 Режиски трошоци(осигурување, изнајмени тоалети, столови)
→ 10 000€

206 000+100 000+6000+60 000+78 000+10 000 = 460 000€→ индиректни

трошоци
1 485 000+460 000 = 1 945 000€→ вкупни трошоци
По направените пресметки ја одредивме цената на нашиот производ која би
изнесувала околу 9000 денари, но при додавање на профит и ДДВ добиваме дека
конечната цена за еден производ ќе биде 12 744 денари.
Со цел да имаме поголема заработка, како и секој претприемач нашите амбиции
ги насочивме кон остварување на што поголем приход, но и истовремено
одржување на подемот на нашиот бизнис. За таа цел, како технолошка иновација,
ако ја употребиме техниката „собирање на шлаг“, ставајќи ја цената 25 000
денари, во првите 6-12 месеци можеме да го зголемиме профитот. По истекот на
овој период, кога конкуренцијата ќе не пристигне, ќе ја вратиме цената на 12 999
денари.
Доколку сликовито го прикажеме растот на нашите приходи, според наши
претпоставки, тоа би изгледало вака:

Раст на приходот
3000000

2500000

2000000

1500000
Приход(во денари)

1000000

500000

0
1 година 2 година 3 година 4 година 5 година

Со примена на таа техника првата година би оствариле повеќе приходи, притоа со


појава на конкуренција на пазарот нашиот приход ќе се намали, но со
поставување на една прифатлива цена, подобрување на квалитетот на
производот и негово дистрибуирање, приходот ќе почне да се накачува,
издигнувајќи го нашиот производ на пазарот.
Клучни партнерства

На почетокот, нашиот стартап би се соочил со недостиг на финансиски ресурси,


па така, покрај земање на кредит, добро би било да најдеме и инвеститори или
партнери кои ќе ни помогнат во реализацијата на нашиот бизнис модел.
Партнерство би понудиле на некоја од компаниите која ги произведува деловите
потребни за производство на нашето е-пенкало. Друг начин за обезбедување на
неопходните финансиски ресурси, поддршка и стабилност е пронаоѓањето на
инвеститор кој верува дека за ваквиот иновативен производ има голема
побарувачка на пазарот и постои можност за негово успешно пласирање. Затоа ќе
договориме состаноци со нашите потенцијални инвеститори на кои ќе го
презентираме нашиот бизнис модел. Исто така, ќе побараме помош од бизнис
инкубаторите коишто можат да пронајдат потенцијални инвеститори. Во денешно
време стануваат се поактуелни crowdfunding вебстраните. На овој начин би
добиле финансиска помош од луѓе заинтересирани за модерната технологија од
целиот свет.

You might also like