You are on page 1of 8

Општинско средно медицинско училиште “Никола Штејн” –

Тетово

Тема:

Технологии засновани на допир

Изработила: Ева Ристовска Ментор: Македонка Стефаноска

Тетово, 2019
Teхнологии засновани на допир

Содржина
1. Вовед...............................................................................................................3
2. Технологија заснована на допир..................................................................4
2.1 Тouch технологија...................................................................................4
2.2 Мulti – touch технологија........................................................................5
2.3 Тастатура чувствителна на допир..........................................................5
3. Заклучок.........................................................................................................7
4. Користена литература...................................................................................8

Тетово, 2019 Страна 2


Teхнологии засновани на допир

Вовед
Живееме во ера во која благодарение на револуционерните откритија од 18 и
19 век,животот на луѓето е олеснет. Денешниот свет не може да го замисли
животот без електрична енергија,воедно и без уредите кои секојдневно ги
користат. Денес нема човек кој нема телефон и кој не знае да управува со
компјутери. Технологијата до толку се разви што тие уреди може да
одговараат на нашите допири поради сензорите на екраните. Допирниот
екран му дозволува на корисникот директно да манипулира со тоа што се
прикажува на екранот преку допир со него, за разлика од другите екрани каде
што мора да се користи глушец или тачпад.Корисникот може да работи на
овој екран без помошни средства како перо кое мора да се држи со гола рака.
Исто така, ваквите екрани може да бидат поставени на секој сметач или да
бидат поставени во мрежа како терминали. Денес тие играат важна улога во
дизајнот и изгледот на многу електронски уреди како Ipod плеерите,
мобилните телефони и некои преносни сметачи.

Тетово, 2019 Страна 3


Teхнологии засновани на допир

Технологии засновани на допир


Технологии засновани на допир се базираат на површини под кои се поставени
сензори чувствителни на допир. Заради своите предности – интуитивно и
едноставно користење, овие технологии имаат голема примена. Со специјални
програми допири тие движењата на прстите се претвораат во соодветни наредби.

2.1 Touch технологија

Со тач технологијата се препознава дел од чувствителната површина на која се


врши допир. Екранот чувствителен на допир претставува влезна единица која ги
заменува тастатурата и глувчето. Тој овозможува внесување на податоци преку
допир на соодветно место на екранот. Со ваквиот начин на работа се овозможува
директна комуникација со компјутерот без потреба од претходно обучување на
корисниците. Од овие причини тие имаат голема примена – на јавните места каде
што е овозможен пристап на голем број луѓе, на продажните места за бирање на
услуги, во рестораните за нарачка на храна, за покажување на слики од каталог, во
банкоматите и слично. Некогаш е потребен електронски молив за внесување на
податоци.Овој молив симулира рачно пишување или цртање директно на екранот.
Постојат два вида на ваквите моливи: оптички молив и дигитални табли кои
најчесто се користат за цртање – графички табли. Тастатурата чувствителна на
допир работи на сличен начин како механичката тастатура со таа разлика што не е
потребно да се стисне копчето,туку таа реагира на допир. Оваа тастатура ги
заменува стандардните единици за внесување на податоци со што се намалува
ризикот од повреди при повторување на исти движења.

Тетово, 2019 Страна 4


Teхнологии засновани на допир

2.2 Multi - touch технологија

Мулти - тач е технологија со која се препознаваат прсти или рака на корисникот


при преоѓање преку површина покриена со сензори кои реагираат и најмал допир.
Со оваа технологија се прават екрани, тастатури, глувчиња или нивни комбинации.
Подлога за допир (touchpad) претставува замена за глувче. Ова е дел чуствителен
нa допир со кој се управува со курсорот, а најчесто се користи кај преносните
компјутери. Под подлогата се наоѓаат сензори кои реагираат на допир и движења
на прстите. На тој начинсе управува со стрелката на екранот. Со лесен удар се
симулира кликнување на копче од глувчето. На подлогата за допир има и две
копчиња кои имаат улога на лево и на десно копче од глувчето. Мултитач екраните
исто така се чуствителни на допир. Различни комбинации на движења со прсти
можат да се користат за изведување на други операции, на пр.за отворање и за
затворање на документи, за зголемување или за намалување на слики и сл. 2 На
истата површина се поместува и курсорот на екранот само што наместо еден прст
се користат два прста. Истата површина може да се користи и за пишување или за
цртање наместо графички табли.

3.2 Тастатура чувствителна на допир

Тастатурата чувствителна на допир, патентирана од страна на Apple (Eјпл) ја има


истата технологија. Oваа тастатура може да замени вистинска, хардверска
тастатура.Предностите на ваквата тастатура се големи. Прво, е многу потенка и
овозможува дизајнирање на многу потенки лаптопи.Таа е целосно рамна, што
значи дека нема да собира многу нечистотии во нејзе, што е голем проблем кај

Тетово, 2019 Страна 5


Teхнологии засновани на допир

тастатурите кај денешните лаптопи. И најважно од се, може лесно да се


персонализира по потребите на корисникот. На пример, ова ќе овозможи
користење на повеќе јазици на истата тастатура (македонски букви), односно
распоредување на секундарните копчиња како што сака корисникот.

Тетово, 2019 Страна 6


Teхнологии засновани на допир

Заклучок

Неверојатно брзиот развој на технологијата има големи предности во многу сфери


од животот. Човекот се надградува себеси и самата опрема создадена од него му
помага во остварување на неговите цели. Поради тоа иднината на човештвото е
целосно непредвидлива.

Тетово, 2019 Страна 7


Teхнологии засновани на допир

Користена литература

1. Учебник по информатика за I година во средно стручно училиште;


Ѓорѓевиќ,Данијела; Скопје 2013;
2. https://vanchokostadinov.files.wordpress.com/2015/09/05_d0b3d180d0b0d184d0b8d187
d0bad0b0-d0bad0b0d180d182d0b0-d0b8-d0bcd0bed0bdd0b8d182d0bed180-
d0b2d0bbd0b5d0b7d0bdd0b8-d0b8d0b7d0bbd0b52.pdf
3. https://www.gimprilep.edu.mk/informatika/dokumenti/sovremeni-i-najnovi-
tehnologii.pdf

Тетово, 2019 Страна 8

You might also like