You are on page 1of 9

Есеј на тема:

Влечење на жица

Студент: Теодора Ристовска 2182

Скопје 2020
Процес на влечење на жица

Содржина

1. Воведен дел.............................................................................................................3
1.1. Што претставува процесот на влечење на жица?.......................................
2. Главен дел................................................................................................................4
2.1. Разлики меѓу процесите на влечење на жица и на шипка.........................
2.2. Разлики меѓу процесите на влечење на жица и на цевка..........................
2.3. Типови на процеси на влечење.....................................................................
2.4. Степен на намалување на напречниот пресек............................................
2.5. Карактеристики на процесот на влечење на жица....................................5
2.6. Главни параметри на процесот...................................................................6
2.7. Принцип на одвивање на процесот............................................................7
2.8. Потребна опрема за одвивање на процесот.................................................
3. Заклучок...................................................................................................................8
4. Користена литература............................................................................................9

2
Процес на влечење на жица

1. Воведен дел

Влечење на жица e процес на пластична деформација во кој работното парче кое е во


форма на цилиндрична шипка или прачка е вовлечена низ конвергирана матрица.
Maтеријалот подлежува на компресивно напрегање во рамките на матрицата при што
доаѓа до негова пластична деформација.Работното парче резултира со помала површина
на напречен пресек.

Извор: Презентација Влечење на жица – Огнен Тутески

Влечењето на жица е континуиран процес кој се одвива во повеќе делови користејќи


од 4 до 12 матрици поради должината на жицата – неколку метри. Максималното
намалување на напречниот пресек по еден премин е ограничено до 45%. Ако се премине,
напрегањето на истегнување може да се зголеми и обработената површина може да има
слаб квалитет. Поради големото напрегање присутно во процесот жицата се стврднува и
пред следната фаза на влечење потребно е меѓувремено жарење.Овој процес се одвива и
на топло, но повеќе се практикува влечење на жица на ладно.

Извор: http://gcreurodraw.com/dry-drawing-machines

3
Процес на влечење на жица

2. Главен дел

2.1. Разлика меѓу процесите на влечење на шипка и влечење на жица

Основната разлика меѓу процесите на влечење на шипка и влечење на жица е


големината на процесиранaта залиха. Процесот на влечење на шипка наоѓа примена кај
големи дијаметри, додека пак кај жиците станува збор за обработка на помал дијаметар
(големина до 0,03mm).

2.2. Разлика меѓу процесите на влечење на жица и цевки

Основната разлика меѓу процесите на влечење на жица и цевки е тоа што процесот на
изработка на цевките е процес на истиснување на топло, додека пак влечењето на жица е
процес кој се одвива при истиснување на ладно, при што во двете операции се употребува
истиот принцип на работа.

2.3. Типови на влечење.

1) Хидростатски. Во овој тип на извлекување на жица појдовното парче не е потребно


да биде прав или цилиндричен и не мора да има рамномерен напречен пресек низ
целата должина.
2) Влечење на сноп жица. Иако тенка жица може да се произведе со влечење, цената
на процесот е висока. Продуктивноста во овој метод се состои во тоа да се извлечат
во исто време. Преку овој начин на производство на жици, се добиваат повеќе
полигонални отколку жици со кружен напречен пресек.
3) Процес со тандем жици. Процесот на влечење на тенка жица вклучува премин низ
неколку матрици во серија, особено за бакарна жица што е многу еластично. Ова се
нарекува повеќестепено или континуирано влечење на жица.

2.4. Степен на намалување на напречниот пресек.

Степенот на намалување на напречниот пресек на жицата всушност претставува


намалување на областа што е дефинирано како односот меѓу различните напречни
пресеци пред и после влечењето како и до финалниот напречен пресек на добиеното
парче:

4
Процес на влечење на жица

А0 −А 1
ψ=
А0

Извор: https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S0924013698000454

2.5. Карактеристики на процесот на влечење на жица.

Повлекувањето на жицата низ матриците доведува до намалување на нејзиниот


дијаметар. Процесот се одвива така што појдовното парче минува низ мал кружен отвор
наречен матрица, при што резултира во издолжување и истегнување на материјалот и
воедно намалување на неговиот напречен пресек.Должината на жицата се зголемува затоа
што нејзиниот дијаметар се намалува. Ако е потребно поголемо намалување (од 20 до
40%) на напречниот пресек, процесот треба да се одвива низ серија матрици и тоа секоја
следна да биде помала од претходната.

Својствата на материјалот се подобруваат доколку истиот минува низ процес на обработка


на ладно. Материјалот се подмачкува пред да мине низ матриците со цел подобар
квалитет на излезната површина како и подолг живот на матриците. Изведувањето на овој
процес на топло се практикува доколку е потребно да се подобри еластичноста на
материјалот.

Температурата на жицата може да се контролира преку процесите на жарење, влечење и


сл. Температурата на жицата се зголемува поради високата стапка на влечење на жицата.

5
Процес на влечење на жица

2.6. Главни параметри на процесот

1. Матрицата. Матрицата се состои од 5 региони: влез, коничен дел за рамномерно


нанесување на средството за подмачкување, главна зона на
деформацијата,калибрибран отвор и излезниот сектор.
Влезниот дел служи за инкавирање на лубрикантот во матрицата и да спречи
оштетување на површините. Главната зона на деформацијата е во форма на конуссо
агол (половина агол) кој се движи од 6 до 20 степени – варира во зависност од
видот на работниот материјал. Калибрираниот отвор ја одредува формата и
големината на излезното парче.

Извор: Презентација Влечење на жица – О.Тутески

2. Аголот на матрицата е еден од суштинските фактори кој ја одредува успешноста на


процесот. Поради тоа што триењето се зголемува со намалување на аголот,
потребно е да постои оптимален агол на пристап кој што ја минимизира и
фрикционата и вишокот работа, воедно и силата на влечење.

A1

α opt =
√ μln

C
A0

6
Процес на влечење на жица

3. Температурата. Процесот на влечење на жицата претежно е процес на ладно


истиснување. Пред да започне овој процес доаѓа до сушење на материјалот над
100°С.

2.7. Принцип на одвивање на процесот.

Матрицата користена во оваа операција е во вид на конус. Крајот на жицата кој треба
да биде вметнат во матрицата е редуциран во конусовидна форма и внесен во истата (во
матрицата). Жицата пред да биде влечена треба целосно да биде подготвена за процесот -
сиот материјал. Материјалот треба да биде доволно густ со цел да може да биде повлечен
со силата на затегнување. Во некои случаи, жицата треба да биде загреана за да се
обезбеди потребната еластичност. Натака, жицата минува низ коничниот дел и се
извлекува преку затегнувачот низ излезот. Во овој процес не се применува сила за
притиснување на жицата од влезот до излезната страна.

Жицата подлегнува на чистење и подмачкување пред да мине низ матрицата, се со цел да


се отстранат сите површински несовршености за да не дојде до оштетување на матриците.

2.8. Потребна опрема за процесот:

Влечењето на жица се одвива на машина наречена клупа за влечење? која се состои од


влезна табела, вагон и излезна решетка.

Вагонот се користи за да се повлечат залихите на жицата преку матриците.

Напојување со хидраулични цилиндри или ланци управувани од мотори.

Штандот за матриците е дизајниран така што повеќе матрици да поставени на него со цел
да може повеќе шипки истовремено да поминат низ истите калапи, соодветно.

7
Процес на влечење на жица

3. Заклучок

Процесот на влечење на жица наоѓа широка употреба во производството, но во


денешно време многу производители бакарните жици ги заменуваат со
алумуниумски.Затоа се воведени машини за високи перформанси,т.е. широко
производство на жици истовремено.Познато е дека нумеричките симулации добро
одговараат со експерименталните резултати за произволно производство на жица. Со цел
подобро разбирање на овој процес и начинот на добивање на жиците,цевките и шипките,
разработени се најважните параметри,принципот на работа и дефектите на операциите за
влечење.

Продукти на процесот со влечење на жица се електрични жици, кабли, електроди за


заварување и сл.

8
Процес на влечење на жица

4. Користена литература

1. https://www.slideshare.net/AshutoshSatpathy3/wire-drawing-91867603
2. https://mechatronicsly.com/learn/manufacturing/wire-drawing-and-extrusion/
3. http://www.idc-
online.com/technical_references/pdfs/mechanical_engineering/Wire_and_bar_drawing.pdf
4. https://contenti.com/resources/library/wire-drawing-process

You might also like