You are on page 1of 9

Универзитет „Свети Кирил и Методиј“

Машински Факултет Скопје

Семинарска работа по предметот

Производни Технологии

Тема:

Обработки со пробивање

Содржина
Вовед----------------------------------------------------------------3
Намалување на отпорите при пробивање-------------------4
Навлекување на материјалот после пробивање------------5
Алати за пробивање----------------------------------------------5
Примери за раздвојување----------------------------------------6
Заклучок------------------------------------------------------------8
Користена литература-------------------------------------------9
Вовед

Пробивањето претставува таква операција кај која раздвојувањето на материјалот се


извршува по затворена контура. За таа цел, неопходно е алатот за сечење да биде изведен
во вид на патрица и матрица, чиишто резни рабови обично се изведуваат во паралелни
рамнини.Кога е исполнет последниот услов, раздвојувањето се извршува едновремено по
целата затворена контура.

Процесот на раздвојувањето се засновува врз веќе опишани законитости, маѓутоа


изобличувањето на материјалот, како и работата на самоиот алат се разликува од другите
процеси поради затвореноста на контурата.

Поради постоењето на позитивен зјај помеѓу резачките елементи, се појавува момент кој
тежи да го сврти материјалот околу околу резните рабови.

Намалување на отпорите при пробивање


Често пати, со цел да се намалат отпорите на деформација, особени при пробивање на
делови со голема дебелина, се применуваат резачки елементи чиишто работни рабови не
се праеалелни.Закосувањето обично се изведува само на едниот работен елемент, затоа во
зависност од извршениот избор , ќе дојде до изобличување или на материјалот што
останува над алатот или на тој што излегува под него.Најчесто при пробивањето,
закосувањето на резното сечило се изведува на пробивачот.Пробиениот дел претставува
отпадок и тој се искривува, а лентата односно работниот предмет останува рамен.

Смалувањето на отпорите на деформација зависи од големината на закосувањето.При


големи закосувања максималната сила на сечењето може да се намалии за 70% во однос
на силата при сечење со паралелни резачки елементи.
Навлекување на материјалот после пробивање
По извршеното пробивање, еден дел од материјалот(лентата или делот) останува навлечен
на патрицата, а другиот дел(отпадот)- вовлечен во отворот на матрицата.Во таа фаза на
процесот и двата раздвоени дела на материјалот, поради затвореноста на контурата,
добиваат еластични деформации што предизвикуваат напони на притисок по ѕидовите на
резните еленти.Поради тоа, за нивно ослободување од материјалот е неопходна примена
на дополнителни сили за симнување од патрицата и исфрлање од матрицата.

Алати за пробивање

Алатите за пробивање спаѓаат во прпрецизните алати за обработка со деформација.


Поради постоењет на релативно мал зјај помеѓу резачките елемнти на алатот, а со цел да
се осигура долг работен век на работните елементи, неопходно е нивно постојано
насочување и водење.
Во завизност од предвидениот работен век на алатот, односно од вкупната негова
продукција, насочувањето на работните елементи на алатите за пробивање може да се
врши на следниве начини:

1) Без особен систем за водење и насочување.Тоа се алати со ниска точност и најмал


работен век.

2) Со директно водење на патрицата преку водилна плоча.Тие алати спаѓаат во редот на


попрецизните и подолговечните.

3) Со индиректно водење преку водилни столбови.Во зависност од квалитетот на


водилниот систем, тие алалти можат да овозможат највисока прецизност во водењето,
како и најдолг работен век.

Врз големината на работниот век, односно издржливоста на алатот, покрај прецизното


водење на насочување, суштествено влијание има и квалитетот на применетите
материјали, како и нивната термичка и друга обработка.

При пробивање, поради затвореноста на контурата, пробиениот материјал навлегува во


отворот на резната плоча(матрица), а другиот материјал се задржува на патрицата.За да се
овозможи нормално одвивање на процесот, неопходно е да се осигури нормално
отстранување како на просечените делови така и на задржаниот материјал. Кога тоа е
возможно, пробиените парчиња се пуштаат да паднат под пресата.Ако тоа е невозможно,
се предвидува исфрлувач кој има за задача да го отстрани материјалот од отворот на
матрицата.

Примери за раздвојување

Пробивање-типична пробивачка операција во која типична цилиндрична патрица пробива


отвор низ лимот.

Засекување-пробивање на краевите на лимот, формирајќи засеци во различни форми.

Продупчување-пробивање на голем број на отвори во една операција.


Раздвојување-разделување на дел од лимот, со пробивање на материјалот помеѓу лимот.

Отсекување-разделување на дел од лимот без да се загуби материјал.Патрицата прави


засекувачка линија која може да биде права, под агол или крива.
Заклучок

Од ова може да изнесеме заклучок дека пробивањето е многу корисен метод на обработка
бидејќи со него се изработуваат многу корисни делови кои можеме да ги сретнеме
насекаден околу нас и тоа е метод при кој раздвојувањето на материјалот се извршува по
затворена контура.
Користена литература

-Обработка со деформација од Др. Васил Стрезов


-Презентации по производни технологии

You might also like