You are on page 1of 16

Тунели

1. Во која категорија спаѓа тунел со радиус R=2.15 m


π∗D2
A= D=2*R ; D=2*2.15 = 4.3 m ; A = 3.14*4.32 / 4 = 14.51 m2
4

- спаѓа во групата на тунели со мали профили 12-27 m2

2. Која е разликата помеѓу изотропно тело и анизотропна карпа?


- Поимот изотропно тело се однесува на она тело чии физичко- механички својства се
еднакви во сите правци
-Кога карпестите маси покажуваат различни физичко механички својства во различни
правци повлечени од една точка тогаш се нарекуваат анизотропни карпи. Ако својства
притоа се менуваат од точка во точка , телото односно карпестата маса е истовремено и
анизотропна и хетерогена
3. Која е категоријата на карпа според RMR системот за добиени 39 поени?
- 21-40 поени - слаба карпеста маса
4. Да се скицира состојбата на напоните околу кружниот тунелски отвор за
еластично-пластична средина?

-
5. Да се скицира дијаграм за тек на категоријата на главни напони на притисок?

-
6. Во кој дел се манифестира бабрењето на тунелот според скицата и да се
објасни графикот?

-
7. Типови на фрикциски анкери- скица , предности , недостатоци
- Денес главно се користат два типа на фрикциски сидра:
split set сидра,
swellex сидра.

-Предности на split set сидрата:

едноставно вградување,
делуваат веднаш по вградувањето,
едноставна опрема за вградување,
лесна примена на „сноп од жици“.
- Недостатоци на split set сидрата:
релативно скапи,
дупнатината мора да има точен дијаметар,
тешкотии при вградување на подолги сидра,
без посебна антикорозивна заштита не може да се користат како трајни сидра.

Предности на swellex сидрата:

едноставно вградување,
делуваат веднаш по вградувањето,
може да се користат во различни карпести маси,
едноставна опрема за вградување,
лесна примена на „сноп од жици“.

Недостатоци на swellex сидрата


релативно скапи,
без посебна антикорозивна заштита не може да се користат како трајни,
потреба од пумпа со висок притисок.

8. Како се изведуваконсолидационо инјектирање


- Консолидациско инјектирање се изведува:

пред изградбата на тунелот, за да се подобрат својствата на карпестата маса и на тој


начин да се олеснат проблемите на стабилизирање на контурата и челото на тунелот,
по изградбата на тунелот, за да се елиминираат ефектите на минирање и
релаксација на карпата во текот на ископот.
9. Причини за загадување на тунелите
- Причина за загадувањето на воздухот во тунелите се Издувните гасови на
автомобилските мотори содржат чад и многубројни гасови како што се: CO, NO, HC, CO2 и
HCHO. Од сите гасови, како меродавен за загадување на воздухот во тунел денеска се
земаат јаглеродниот моноксид CO и чадот. Јагкеродниот моноксид CO е многу токсичен гас,
така да неговото присаство во тунелите е многу опасно и затоа не е пожелно. Чадот е втора
компонента која го загадува воздухот во тунелот, на тој начин што крупните честички ја
намалуваат видливоста во тунелот. Бензиските мотори го загадуваат воздухот во тунелот
доминантно со CO, за разлика од дизелските мотори кои емитуваат поголеми количини на
чад и на тој начин го загадуваат тунелот
10. Да се предвиди примарна подградба за хидротехнички тунел со дијаметар од 4
m од трета категорија на карпеста маса и да се скицира
-
11. Што се каналети и каква функција имаат ? Скица
-Каналетата треба да може да ја абсорбира течоста за кусо време за да се лимитира
површината на коловозот опфатена со течноста. Системот кој ги прифаќа тие води треба да
биде континуиран, зошто дисконтинуитет во апсорпција на тие течности представува ризик
за акумулирање на потенцијално опасни продукти .

12. Даден е дијаметар на ископ на тунел со кружна форма од 550 m на длабочина од 700
cm , волуменската тежина на карпестата маса изнесува 25 000 N/m2 и поасовиот
коефициент 0,23. Да се одреди модулот на еластичност на карпестата маса и
конвергенцијата на калотата . Поместувањето во дијагонална рамнина изнесува 0,55
cm
1. Што е галерија и каде се применува
- Галерија е тунел кој од едната страна е отворен и се применува најчесто за заштита на
сообраќајниците од одрони и снежни лавини.
2. Да се дефинираат термините природна конструкција и работна средина
-Терминот природна конструкција се однесува на одреден распоред на карпести маси кои
имаат различни механички својства, а во склоп на теренот во статички смисол се
однесуваат како една целина.
-Терминот работна средина во инженерски смисол се однесува на одреден волумен на
карпести маси како во склоп на теренот со своите општи физички, структурни, механички и
хидраулички својства, така и издвоени од склоп на теренот, на кои и во кои се изведуваат
одредени работни операции.
3. Кои се причини за настанување на природната напрегнатост на карпестите
маси?
- Причините за настанување на примарните напони можат да се сведат на следните четири
основни дејства:

• дејство на гравитацијата;
• дејство на тектониката;
• дејство на ерозијата на Земјината кора;
• температурни влијанија.

4. Објасни ја хипотезата на Хајм


- По ова хипотеза, вертикална компонента на нормалниот напон ( v) на одредена длабина
(Н) зависи само од тежината на надслојот на карпестите маси. За хоризонтална површина
на теренот овој напон е еднаков на:
H

v = i hi i 0

каде се: 𝛾i - волуменската тежина на карпестите маси од различни слоеви или видови, hi -
дебелина на поедините слоеви или разните видови на карпи над разгледуваната точка.
Хоризонталната компонента (𝜎h) ја усвоил со иста големина како и вертикалната
компонента :
h v
Heim природните напони во хоризонталниот правец ги разгледувал како последица
од дејството на "гиганските тектонски сили" кои предизвикале издигање на
планинските венци во мезозоик и терциер.
Според него, коефициентот на бочниот притисок (однос помеѓу хоризонталната и
вертикалната коомпонента на примарниот напон) приближно е еднакво на единица

=
h 1

V
5. Да се скицира дијаграм за тек на траекторија на главните носачи на притисок
6. Што означуваат кривите на карпестата маса за различни типови на карпи

7. Да се објасни графикот

- Овој график всушност е поместување на тунелски ѕид како функција од растојанието на


челото на тунелскиот ископ или претходно дефинираната LDP функција. Почетокот на
кривата на реакција на подградбата е тунелска конвергенција настаната на местото на
поставување на подградбата . Оваа вредност на RocSupport може да се дефинира директно
(како конвергенција или помествање на ѕидовите на тунелот); или индиректно (се дефинира
растојанието од брустот на тунелот, кое потоа се конвертира во тунелска конвергенција
користејќи го надолжниот профил за деформација на тунелот).
8. Прскан бетон
Постојат две основни техники на вградување на прсканиот бетон:
сува постапка;
влажна постапка.

1.Сува постапка
Кај сувата постапка, сувата мешавина на цемент и агрегат се доведува на прскалката со
воздушен транспорт. На прскалката кон мешавината од агрегат и цемент се додаваат вода
и адитиви. Енергијата на прскање се добива од воздухот со кој агрегатот и цементот се
транспортираат од машината за дозирање до прскалката.
2.Влажна постапка
Кај влажната постапка, смесата од агрегат, цемент и вода се прави во мешалка за бетон, по
што готовиот бетон, со гумени црева, преку воздушен транспорт или пумпи за бетон, се
носи до прскалката. Енергијата на прскање се добива од воздухот со кој готовиот бетон се
транспортира до прскалката. Кај употреба на бетонски пумпи, енергијата на прскањето ја
дава компримираниот воздух кој се додава на прскалката.

-Армирање на прсканиот бетон


Примарната подградба се активира дури по одредена деформација на тунелскиот отвор.
Поради тоа, подградбата мора да биде дуктилна (ductile). Неармираниот прскан бетон е
кршлив материјал и неговото деформирање за последица го има кртиот лом (ненадеен
губиток на јакост). За да се подобри прилагодливоста на прсканиот бетон кон
деформациите на тунелскиот отвор, тој мора да се армира.

-Прскан бетон армиран со сноп од жици или заварени челични мрежи


Прсканиот бетон обично се армира со заварени челични мрежи (weld mesh) и со сноп од
жици (chainlink mesh).
*Предности на сноп од жици:
лесно се приспособуваат кон нерамна површина на ископот, со што потрошувачката
на бетон е помала.
*Недостатоци на сноп од жици:
бетонот тешко поминува низ мрежата, така што контактот на бетонот и карпата е
слаб;
се деформираат под тежина на свежиот бетон.
*Предности на заварените мрежи:

генерално се идеални за армирање на прсканиот бетон;


бетонот без проблеми поминува низ нив, така што се остварува добар контакт со
карпата.
*Недостатоци на заварените мрежи:
тешко се приспособуваат кон нерамна површина на ископот,
така што потршувачката на бетон е поголема
9. Како се остварува стабилност на порталните косини?
-Посебно внимание треба да се посвети на проблемите до кои може да дојде поради
нестабилноста на порталните косини.

нестабилни портални косини може да ја загрозат стабилноста на тунелот во текот на


изградбата и експлоатацијата,
нестабилни портални косини ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот кај
сообраќајните тунели, додека кај другите ја загрозуваат функционалноста на објектот.
Стабилноста на порталните косини се контролира со постапки коишто се развиени
генерално за косини со кои било намени. Кај анализата на стабилноста на косината којашто
ја пробива тунелската цевка, треба да се води сметка за интеракцијата меѓу тунелот и
косината.
10. Кои матерјали се користат за инјектирање
Изборот на смеса за инјектирање зависи од целта на инјектирањето и од својствата на
почвата што се инјектира. Долго време цементот бил единственото средство за
инјектирање на почвата. Смеси што се користат за инјектирање:
густи суспензии на цементот, глината, бетонитот и песокот за намалување на
пропустливоста,
цемент песок и пластификатори за консолидација.
11. Да се предвиди примарна подградба за патен тунел од 2 категорија за карпеста
маса и да се скицира

12. Примена на штит EPB- Earth Pressure Balanced shield


Затворен штит се користи исклучиво со машини за ископ на тунели во полн профил. Тогаш
штитот е составен дел од конструкцијата на машината. На челото на штитот се наоѓа
ротирачка резна глава со која се изведува ископот. Стабилноста на челото обично се
осигурува со бентонитна суспензија, којашто го пополнува просторот на резната глава или,
во посебни случаи, ископаниот материјал ја осигурува стабилноста на челото (EPB-Earth
Pressure Balance).

13. Да се решат равенствата


1 kn/cm 2 =10 MPa
1t/m3 = ......MPa
1KPa = ..... kg/cm2
10 daN/m = ......kg/m
1.Pipe Roof
Цевен чадор се вградува во неископаниот дел од тунелот, со што пред ископот на тунелот
се обликува заштитна купола.

Во зависност од геотехничките услови и степенот на ризик во однос на дозволеното


слегнување на површината на теренот, се применуваат различни техники на формирање на
чадор:

чадорот го формираат челични цевки низ кои се инјектира карпестата маса во


околината на цевките (spiling method);

со побивање на цевки со голем дијаметар или со ископ на низа микротунели (pipe roof
method), чадорот се обликува со jet-grouting постапка.
2. Поделба - хидротехнички тунели
- водоводни , мелиорациони , канализациони , тунели во склоп на хидроцентрала
3. Подлеба според тежината на градење во однос на инженерско - геолошкот состав
на теренот
- Тунели лесни за градење – тунели во цврсти карпести маси

Овде припаѓаат тунели кои се градат низ карпести маси со голема цврстина и жилавост:
базалт, дијабаз, гранит, габро, базалт, компактни варовници, неоштетени конгломерати,
цврсти песочници и др. (неиспукани и неоштетени карпи).

Во фазата на градење на тунелите во вакви карпести маси не се појавуваат тунелски


притисоци, така да практично немаме осигурување на ископот освен на некои места поради
заштита (анкери, арматурна мрежа, прскан бетон)

- Средно тешки тунели за градење

Се изведуваат низ меки карпести материјали кои имаат мала јакост на притисок, како што
се: меки глиновити песочници, лапорци, шкрилци, цврсто врзани и добро збиени песоци,
туфови и слични материјали. Во ваквите карпести материјали се јавуваат помали
вертикални, а понекогаш и бочни притисоци.

- Тунели тешки за градење

Се изведуваат во карпести маси во распаѓање како што се здробени карпи, гипс, шкрилци,
филити и слични карпи во фаза на распаѓање. Кај овие тунели се јавуваат големи
притисоци, што условува систематско осигурување на подземниот ископ и внимателна
работа.

- Многу тешки тунели за градење


Овие тунели се градат во меки и пластични карпи како што се: анхидрит, песок заситен со
вода, распаднати графитни шкрилци со присуство на вода, глиновити наслаги и др.

При градењето на тунели во вакви средини се јавуваат подземни притисоци со голем


интензитет. Може да дојде до зарушување на ископот, отежнато е одводнувањето. Затоа е
потребна изведба на сложена и јака подградба која се поставува веднаш по тунелскиот
ископ, и многу внимателно работење при ископот и поставувањето на подградбата.

4. Поделба според длабочината на градење


-Плитко поставени тунели ( Hn <= 2.5Bt)
-Длабоко поставени тунели (Hn >-2.5 Bt)

5. Поделба на тунелите спреда големината на попречниот профил


- тунелски цевки 5м2
-тунелски поткопо 5-12 м2
-мали профили 12-27 м2
- средни профили 27-56 м2
- големи профили .>56 м2

6. Составни делови на тунелот

7.Улога на проектантот во интеракциона шема


- Проектантот во оваа шема дава неопходни податоци за предвидена локација, димензии на
подземен отвор, висина на ископ, евентуално посебни услови за изведба и др., кои се неопходни за
правилно лоцирање на местото и длабината на истражните работи. Од друга страна, истражувачот
дава неопходни податоци за сите потребни својства и состојби на средината. Врз основа на тоа,
Проектантот може да изврши прилагодувања на почетните решенија врз основа на вистинските
карактеристики на средината со новите подато7.ци од повисоките фази на истражување. Сето ова е
во координација со Инвеститорскиот тим.
8.Состојба и својстава на карпестите маси

9. Kои параметри влегуваат во класификација на карпестите маси


Како класификациони критериуми се користат следните параметри:

1. Јакост на монолитни делови од карпата која може да се изрази или преку


едноаксијалната јакост на притисок (σp), или преку т.н. индекс на јаксот (Јс);

2. Параметар кој се однесува на степен на испуканост, дефиниран преку т.н RQD


вредност;

3. Растојание меѓу пукнатините, при што под поимот пукнатина се подразбираат сите
дисконтинуитети како пукнатини, раседи, фолијација, шкрилавост, слоевитост;

4. Состојба на пукнатините, кој се однесува на отворот , видот на заполнител и неговата


дебелина, континуитет, и рапавоста;

5. Состојба на подемна вода, за која е посветено соодветно внимание, со оглед дека е


од големо значение за стабилноста на подземниот отвор. Оваа состојба може да биде
изразена описно, како доток на подземна вода во ископот или притисок од водата.
10. Ефект на армирање во дисконтинуална карпеста маса
Армирањето на дисконтинуалната карпеста маса има двоен ефект:

Подобрување на механичките и структурни својства на карпестата маса;

Спречување на големи поместувања на блоковите на карпестата маса.

Ако армирањето го спречува поместувањето на блоковите и ако дисконтинуитетите можат да


превземат значаен дел од напрегањата, тогаш армирањето ја заманува дисконтинуалната со
континуална карпеста маса.

11. Конвергенција испитна метода


13.Челни лакови - ременати
Челичните лакови (steel arches or steel sets) се користат во тешки геолошки услови, кога е потребно
да се постигне голема носивост на подградбата. Сегментите на лакот со спојници се поврзани во
целовит лак, којшто ја следи контурата на ископот. Спојниците може да се изведат како попустливи,
што како последица ќе има дуктилно однесување на лакот.

Челичните лакови се изведуваат како:

челични носачи со различни напречни пресеци (U, I, ѕвонест и сл.) (полн профил),

решеткасти челични лакови.

Полните челични профили кај поголемите тунели (патни, железнички и сл.) не може да се сметаат за
елемент на подградба којашто го потпира тунелот. Поради својата виткост, овие лакови треба да се
сметаат за еден елемент во системот којшто го сочинуваат: армираниот прскан бетон и анкерите.
Решеткастите челични лакови исполнети со бетон имаат значително поголем пресек, така што и
нивната носивост е поголема од челичните лакови со полн профил.
14.Радијално поместување

започнува на одредена далечина пред челото на ископ на тунелот (на околу 2,5 пати од
дијаметарот на тунелот),

достигнува околу една третина од неговата конечна вредност на челото на ископ на тунелот,

ја достигнува својата максимална вредност на околу 4,5 пати од тунелскиот дијаметар, позади
челото на ископ на тунелот.

Важно е да се напомене дека дури и кај неподграден тунел, челото на ископот (брустот), дава
“очигледен потпирачки притисок‟‟. Овој потпирачки притисок, одреден период обезбедува
стабилност на тунелскиот ископ и обезбедува да биде поставена планираната тунелска подградба.
15.Најчести техники за набљудување на подземните објекти

Најчести техники за набљудување кај подземните конструкции


1-мерење на поместувања на контура на ископот со дистометри
2-мерење на поместувања на контура на ископ со геодетски методи
3-мерење на поместувања во карпеста маса со екстензометри
4-мерење на напрегања по должина на анкер(meassuring anchor)
5-мерење на сила во главата на анкерот (total anchor force)
6-мерење на радијални и тангенцијални напрегања во прсканиот бетон и бетонската облога 7-
мерење на контактни напрегања помеѓу
облогата и карпестата маса
8-пиезометриски мерења
16.Заштитна дијафрагма
17. Статичко и динамичко испитување

Како статички се дефинираат методите на експерименталното испитување, каде карпестата маса се


изложува на дејство на статичко оптоварување кое не се менува во функција на време.
Како динамички се дефинираат оние методи, каде карпестата маса е под дејство на динамичко
оптоварување кое многу бргу се менува во функција на време (удар).
Експерименталните испитувања можат да се изведуваат во теренски или лабораториски услови.
Терминот теренски, се однесува на испитувања кои се изведуваат на терен ("ин ситу") во природни
услови, и всушност генерално под поимот теренски истражувања всушност се подразбираат
геотехничките истражувања.
18. Инјектирање и смеси

Под општиот поим на инјектирање се подразбира техничка постапка со која посебни инјекциони
смеси - со посредство на дупнатини - се инјектираат во цврсти карпи или неврзани почви.
Инјектираната маса во порите (почва) и дисконтинуитетите (карпа) се стврднува, при што ги
подобрува нивните механички својства и ја намалува водопропустливоста.

Смеси за инјектирање

Изборот на смеса за инјектирање зависи од целта на инјектирањето и од својствата на почвата што


се инјектира. Долго време цементот бил единственото средство за инјектирање на почвата. Смеси
што се користат за инјектирање:

 густи суспензии на цементот, глината, бетонитот и песокот за намалување на пропустливоста,



 цемент песок и пластификатори за консолидација.

Машини и уреди за инјектирање

За изведба на инјекциони дупнатини се користат:

 ротациски дупчалки со прстенасти или полни круни,



 ударни дупчалки.

19.Армирање на прскан бетон


Армирање на прсканиот бетон

Примарната подградба се активира дури по одредена деформација на тунелскиот отвор. Поради тоа,
подградбата мора да биде дуктилна (ductile). Неармираниот прскан бетон е кршлив материјал и
неговото деформирање за последица го има кртиот лом (ненадеен губиток на јакост). За да се
подобри прилагодливоста на

Предности на сноп од жици:

 лесно се приспособуваат кон нерамна површина на ископот, со што потрошувачката на бетон


е помала.
Недостатоци на сноп од жици:

 бетонот тешко поминува низ мрежата, така што контактот на бетонот и карпата е слаб;

 се деформираат под тежина на свежиот бетон.

Предности на заварените мрежи:

 генерално се идеални за армирање на прсканиот бетон;



 бетонот без проблеми поминува низ нив, така што се остварува добар контакт со карпата.

Недостатоци на заварените мрежи:

 тешко се приспособуваат кон нерамна површина на ископот, така што

20. Постапки за геотехничко истражување

You might also like