You are on page 1of 25

УНИВЕРЗИТЕТ „Св КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ

СПЕЦИЈАЛНИ ВИДОВИ
БЕТОН
АУДИТОРНИ ВЕЖБИ
Определување на водонепропусливост на бетонот

Општо JUS U.M1.015 (1978)


•Водонепропусливоста е особина на бетонот да при одреден притисок од вода се
спротивстави на нејзиното продирање низ него.
•Марките на водонепропусливост на бетонот се :В-2, В-4, В-6, В-12, каде што бројките го
означуваат притисокот во бари кој мораат да го издржат телата.
•За марката В-2 не треба да се појават капки вода на горната површина на 3 пробни тела,
додека за останатите марки на 5 од 6 тела не треба да се појават капки, со тоа што на
првата помала марка задоволиле сите 6 тела.
Определување на водонепропусливост на бетонот

Тела за испитување (епрувети) JUS U.M1.015 (1978)

•Пробните тела кои се испитуваат на водонепропусливост се цилиндри со димензии


d/H=150/150 mm или плочи со димензии 200/200/150 mm.
•Tелата може да бидат направени од свеж бетон или извадени од зацврстен бетон, вграден
во објект.
•За испитување на ова својство потребни се 3 тела за марка В-2, додека за останатите марки
6 по 6 тела.
Определување на водонепропусливост на бетонот

Опрема JUS U.M1.015 (1978)


•Испитувањето на водонепропусливоста на бетонот може да се изврши на уред кој ги
исполнува следните услови:
- да овозможува доведување на вода под притисок на долната основа на телото на
површина во облик на круг со дијаметар 100 mm;
- да има можност за одржување и исклучување на дејството на вода под притисок
за секое тело посебно;
- да биде слободна горната основа на телото, заради следење за време на
испитувањето.
Определување на водонепропусливост на бетонот

Опрема JUS U.M1.015 (1978)


Приборот за испитување се состои од:
- челични омотачи изработени од челични цевки, со внатрешен дијаметар од
155mm и висина од 150mm за цилиндри, односно 205 x 205 mm и висина 150mm за плочи;
- сад за припремање, односно топлење маса за заливање;
- вага од 20 kg, со точност од 1g.
Определување на водонепропусливост на бетонот

Опрема JUS U.M1.015 (1978)


Определување на водонепропусливост на бетонот

Спремање JUS U.M1.015 (1978)


•Пред почетокот на испитувањето треба да се спремат пробните тела и да се проверат сите
уреди;
•7 дена пред почетокот на испитувањето сите тела се чуваат во просторија со температура
од 20 ± 20С и релативна влажност од 65 ±5%. Староста при испитување не треба да им е
помала од 28 дена.
•На основата на телата на која ќе дејствува притисокот се израпавува површина со
дијаметар од 100mm во облик на круг.
•Потоа телата се ставаат во челични омотачи загреани до точката на топење на масата за
залевање на просторот помеѓу телата и омотачите која може да биде колофониум и
прафин во однос 2:1 или некој друг материјал.
Определување на водонепропусливост на бетонот

Постапка JUS U.M1.015 (1978)


•Испитувањето започнува со дејство на вода под притисок од 1 bar, и на секои наредни 8
часа се зголемува притисокот за 1 bar се до потребниот притисок.
•Ако во текот на испитувањето се појават капки вода на некое од 6 тела, треба да се запише
времето и притисокот при кој се случило тоа.
•Длабочината на продор на вода се определува по испитувањето кога се кршат телата по
изводницата и се мери длабочината на продор во cm.
Определување на водонепропусливост на бетонот

Општо JUS U.M1.015 (1990)


oДлабочина на продирање на вода низ бетонските епрувети

Најголема длабочина на
Марка на
Притисок (bar) притисок на вода во
водонепропусливост
епруветата (mm)
V-2 1 150
V-4 3 150
V-6 7 150
V-8 7 100
V-10 7 50
V-12 7 30
V-14 7 15
Определување на водонепропусливост на бетонот

Постапка JUS U.M1.015 (1990)


oИспитувањето на водонепропусноста започнува со дејство на вода под притисок од 1 bar
за 48 часа, со тоа што се зголемува притисокот за 3 bar за 24 часа, а за 24 часа на притисок
од 7 bar.
oЗа марка V-2 се испитува на 1 bar, а за марка V-4 испитувањето завршува на 3 bar. За сите
останати марки испитувањето завршува на 7 bar.
oДлабочината на продорот на вода се одредува после завршеното испитување на тој начин
што епруветите се цепат по изводницата ( спрема стандард), па се мери длабочината на
продорот на вода на површината.
Определување на водонепропусливост на бетонот

Минимални услови за водонепропусност на JUS


бетон
U.M1.015 (1990)
Нормално влажна средина Агресивна средина
Tип на бетон Повремена Променлив Бетон во
Слаба Средна Јака
влага а влага вода
Обичен V-2 V-4 V-4
V-6 V-8 V-10
Хидротехнички V-6 V-6 V-6
Неармиран
бетон Изложен на
површинско V-8 V-12 V-10 V-10 V-12 V-12
разорување
Обичен V-6 V-8 V-6
V-8 V-10 V-12
Хидротехнички V-6 V-8 V-6
Армиран бетон
Изложен на
површинско V-8 V-12 V-10 V-10 V-12 V-12
разорување

Претходно напрегнат бетон


V-8 V-12 V-10 V-10 V-12 V-12
Бетонски коловози
Заштитен слој на арматура
V-12 V-12 V-12 V-12 V-12 V-12
изведен накнадно
Определување на водонепропусливост на бетонот

Испитување и оценување на постигнатиот квалитет


JUS U.M1.015 (1990)
oЗа бетоните за кои се бара одредена марка на водонепропусливост на бетон,
производителот на бетон мора да зема по една епрувета на секои 500 m3 произведен
бетон.
oЗа бетоните за кои се бара одредена марка на водонепропусливост на вграден бетон,
мора да се земат најмалку 6 епрувети рамномерно распоредени во текот на вградувањето
на бетонот за секој објект.
oОцена на постигнатата марка на водонепропусливост на бетон се врши на резултатите на
сите 6 епрувети. Најмал број за оценување на марката на водонепропусливост на бетон е
6, при што секој поединечен резултат мора да ја задоволи проектираната марка.
Определување на отпорност на бетонот на мраз

Општо JUS U.M1.016 (1977)


•Марките на отпорност на бетонот на мраз се М-50, М-100, М-150 и М-200, каде што
бројките го означуваат најголемиот број на циклуси на смрзнување и одмрзнување кој
мораат да го издржат телата, а притоа јакоста на притисок на смрзнатите тела треба да
изнесува најмалку 75% од јакоста на несмрзнувани тела со иста старост (еталони).
Определување на отпорност на бетонот на мраз

Тела за испитување (епрувети) JUS U.M1.016 (1977)


•Пробните тела кои се испитуваат на отпорност на мраз се коцки со страни 150 или 200 mm
или на цилиндри извадени од готова конструкција најрано 28 дена по вградувањето со
димензии d/H=150/150 mm.
•Бројот на тела зависи од утврдената марка на отпорност на бетонот на мраз. Пр. За М-50 се
користат 3 тела и 3 еталони, додека за останатите марки 6 тела и 9 еталони.
Определување на отпорност на бетонот на мраз

Тела за испитување (епрувети) JUS U.M1.016 (1977)

Марка бетон-отпорност на дејство на мраз


ОПИС
М-50 М-100 М-150 М-200
Број на циклуси после кој се 50 50 100 150
врши испитување на цврстината 100 150 200
на притисок
Број на тела кои се изложуваат 3 3 3 3
на смрзнување 3 3 3
Број на тела-еталони Е0 3 3 3 3
ЕI 3 3 3
ЕII 3 3 3

Вкупен број на тела во една 6 15 15 15


серија
Определување на отпорност на бетонот на мраз

Oпрема JUS U.M1.016 (1977)


•Се состои од:
- уреди за ладење на воздух со доволен капацитет да одржуваат константна
температура од - 20 ± 20С, со автоматско регистрирање – пишување на температурата на
воздухот во ладилниците во близина на бетонските тела;
- вага од 20 kg, со точност од 1g.
Определување на отпорност на бетонот на мраз

Спремање JUS U.M1.016 (1977)


•4 дена пред почетокот на испитувањето сите тела се чуваат во вода со температура од 20 ±
20С која треба да биде најмалку 2cm над горната површина на коцките. Се мери тежината
на телата пред и по потопувањето во вода.
Определување на отпорност на бетонот на мраз

Постапка JUS U.M1.016 (1977)


•Еден циклус се состои од смрзнување на постојана темпаратура од - 20 ± 20С и во траење од 4
часа и потопување во вода со температура + 20 ± 20С исто така 4 часа, при што не се дозволени
прекини во смрзнувањето.
•За марка 50 се врши испитување на јакоста на притисок на 3 тела кои издржале 50 циклуси и 3
еталони ЕI кои не се изложени на дејство на мраз. Испитувањето се врши непосредно после
вадењето на телата од водата.
•За марка 100 се врши испитување на јакоста на притисок на 3 тела после 100 циклуси и на 3
еталони ЕII кои не биле изложени на смрзнување.
•На почетокот на испитувањето мора да се испита јакоста на притисок на 3 еталони Е0.
•За марките 150 и 200 се вршат меѓу испитувања на 100, односно 150 циклуси. Доколку за време
на испитувањето се појават оштетувања на површината на страните на пробното тело, тоа треба
да се измери и запише. Ако оштетувањето на една страна е поголемо за 10% од површината на
страната, тогаш оштетеното место мора да се исполни со густа цементна каша. Во тој случај
јакоста на притисок се испитува три дена после израмнувањето.
Определување на отпорност на бетонот на мраз

Постапка JUS U.M1.016 (1977)


•За да се утврди степенот на отпорност на бетонот на дејство на мраз, јакоста на смрзнатите
тела се споредува со еталоните, испитани со еквивалентна старост. Ако јакоста на
смрзнатите тела, марка 100, 150 и 200, после одреден број на смрзнувања и при
меѓусмрзнувања намали за 25 %, во споредба со еталоните испитани со еквивалентна
старост , испитувањето се прекинува. На останатите тела се испитува јакоста на притисок.
Определување на отпорност на површината на
бетонот на дејство на мраз и соли за одмрзнување
Општо JUS U.M1.055 (1984)
•Отпорноста на дејство на мраз и соли за одмрзнување се одредува со степенот на
оштетување на површината на бетонот после 25 циклуси на смрзнување и одмрзнување.
•Примероците за испитување се изработуваат од свеж бетон во лабораторија или на
градилиште или се вадат од стврднатиот бетон директно од објектот. Нивните димезии се
согласно стандардите. Се користат 6 примероци доколку површината им е од 50 до 100 cm2
, a ако е 100 cm2 тогаш 3.
Определување на отпорност на површината на
бетонот на дејство на мраз и соли за одмрзнување
Опрема JUS U.M1.055 (1984)
•Се состои од :
- уред за ладење кој автоматски ја регистрира температурата на воздухот во
близина на бетонските примероци, кој мора да ги задоволува условите пропишани со
стандардот;
- вага со точност од 0,1 g;
- мерило со точност од 1 mm;
- фотографски апарат.
Определување на отпорност на површината на
бетонот на дејство на мраз и соли за одмрзнување
Постапка JUS U.M1.055 (1984)
•Примероците кои се испитуваат не смеат да бидат постари од 28 дена. Седум дена пред
почетокот на испитувањето примероците се ставаат и држат во просторија со темпаратура 20 ±
20С и релативна влажност на воздух 65 ± 5%.
•После ова на горната површина на примерокот се поставува оквир со висина од 15 mm. Спојот
на оквирот и површината на бетонот што се испитува мора да биде водонепропусен. Во
оквирот се истура 3% раствор, како слој со висина од 3 mm, при што се одржува на таа висина
до почетокот на испитувањето. Така припремениот примерок се чува 7 дена.
•Испитувањето се состои од 25 циклуси на смрзнување и одмрзнување во уредите за ладење на
воздух. Еден циклус се состои од смрзнување на темпаратура од - 20 ± 20С , во траење од 16 до
18 h и одмрзнување на темпаратура од +20 ± 20С во траење од 6 до 8 h.
•Уредот за ладење мора да ја постигне бараната температура за најмалку од 2 h при постојана
циркулација на воздухот.
•Доколку има прекин во испитувањето примероците мора да се чуваат на температура од - 20 ±
20С . После секои 5 циклуси се врши мерење, а потоа растворот се менува.
Определување на отпорност на површината на
бетонот на дејство на мраз и соли за одмрзнување
Мерење JUS U.M1.055 (1984)
•Материјалот кој што се одвоил на површината, заедно со растворот од соли, се собира и се филтрира на
сито со отвори од 0,09 mm, се суши до постојана маса и се мери со точност од 100 mg. Резултатот се
изразува како губиток на маса по единица испитана површина во милиграми на милиметар квадратен, со
точност од 0,01 mg/mm2.
•Mерењата се прават на три места пред почетокот на испитувањето и на три места на оштетениот дел на
испитната површина на бетонот, во текот на испитувањето после 5,10,15 и 20 циклуси и на крајот на
испитувањето.
•Длабочината на оштетувањето се пресметува спрема следната формула:
d = V2 - V1
каде: d – длабочина на оштетување во mm;
V2 – висина од горната ивица на оквирот до најдлабоката точка на оштетениот дел на
површината на бетонот, во mm;
V1 – средна вредност на висината од горната ивица на оквирот до неоштетениот дел на
површината на бетонот, добена со 3 мерења пред испитувањето, во mm.
•Освен со мерење може да се определи визуелно, каде се опишува изгледот на површината на примерокот.
Определување на отпорност на површината на
бетонот на дејство на мраз и соли за одмрзнување
Оцена на резултатите JUS U.M1.055 (1984)
•Пред првиот и после 25-иот циклус се фотографира површината на бетонот која се
испитува во влажна состојба после отстранување на растворот од примерокот. При тоа
осветлувањето треба да се постави под агол од 30 0 према површината што се испитува.
•Резултатите од испитувањето се групираат спрема степенот на оштетување.
•За процена на отпорноста меродавен е најнеповолниот резултат од губитокот на маса или
длабочината на оштетувањето.
Определување на отпорност на површината на
бетонот на дејство на мраз и соли за одмрзнување
Оцена на резултатите JUS U.M1.055 (1984)

Степен на Губиток на маса Длабочина на Визуелен опис Критериум за


оштетување Mg/mm2 оштетување, оцена
mm
0 – без лупење 0 0 Нема промена на површината отпорен

1 – слабо лупење 0.2 1 Оштетување на финиот малтер отпорен

2 – средно лупење 0.5 4 Оштетување на површината, неотпорен


видиливи зрна од агрегатот
3 – силно лупење 1.0 10 Видливи зрна од агрегатот по неотпорен
целата површина

You might also like