You are on page 1of 108

ГРАДЕЖНИ МАШИНИ

1. ВОВЕД

Градежните машини се механизирани средства кои се


употребуваат за реализација на градењето.

Градежните машини се делат според различни критериуми:

 Според подвижноста:
- неподвижни (фиксни),
- самоодни,
- преносни (рачно или со средство),
- монтажно - демонтажни (се преместуваат само во делови) и др.
 Според погонот со:
- електричен погон,
- мотори со внатрешно согорување,
- експлозивен погон.
 Според тежината со:
- мала,
- средна,
- голема и
- многу голема тежина.
 Според начинот на управување со:
- механичко,
- хидрауличко,
- пневматско,
- електрично,
- далечинско управување,
- комбинирано управување.

2
 Според начинот на работа:
- со континуирана и
- со циклична работа;
 Според намената:
- За земјани работи,
- За бетонски работи ,
- За транспорт (надворешен и внатрешен),
- За асфалтерски работи,
- За армирачки работи и др.

2. ОСНОВНИ ПОКАЗАТЕЛИ ЗА ПРИМЕНА НА МЕХАНИЗАЦИЈАТА ВО


ГРАДЕЖНИШТВОТО
- Степен на зафат на механизираните работи,
- Степен на механизираност,
- Степен на енергија,
- Степен на искористување на механизација и др.

3. УЧИНОК НА ГРАДЕЖНИТЕ МАШИНИ

______________________________________________________________________
Под учинок на градежна машина се подразбира производството на машината
во единица време изразено волуменски, тежински или по парче во зависност
од видот на производството.
______________________________________________________________________

Се разликуваат:
- теоретски (Ut),
- практичен (плански) (Up) и
- остварен (Uо) учинок.

3
______________________________________________________________________
Теоретски учинок (Ut) на градежната машина е работата која машините можат
да ја завршат во единица време (најчесто за еден час) во оптимални услови за
работа.

Практичен учинок (Up) на градежната машина е работата која машините можат


да ја завршат во единица време во конкретните услови за работа.
Се добива кога теоретскиот учинок ќе се помножи со коефициенти со кои се
земаат во предвид сите фактори кои влијаат на промената на теоретскиот учинок
во реалните услови на работа.
Остварен учинок (Uo): се определува со мерење при работата на машината.
______________________________________________________________________

Теоретскиот и практичниот учинок на градежните машини најчесто се изразуваат


во м³/час. Можат да се изразат и во тони/час, парчиња/час и слично.

Теоретскиот учинок се изразува во зависност од начинот на работа на


градежната машина:

Uт = Т*q (за континуирана работа)

Uт = (Т/Тc) * qc (за циклична работа), Т/Тc = n, Uт = n * qc

Кaде:
Uт - теоретски учинок
Т – траење од еден час изразено во терминските единици во кои е
изразено Тc :
- за Тc изразено во часови Т=1
- за Тc изразено во минути Т=60
- за Тc изразено во секунди Т=3600
Тc – времетраење на работен циклус (изразено во часови, во минути или
во секунди)
q – волумен на работен орган
qc - количина произведена во еден работен циклус
n - број циклуси во единица време

Практичниот (планскиот учинок) се добива кога теоретскиот учинок ќе се


помножи со корекциони коефициенти. Со коефициентите се опфаќаат сите
фактори кои влијаат на корегирањето на теоретскиот учинок.

4
Up = Uт * Кv * Кr * Кр * Кvr * Ко * Кs* Кn*...

Каде:
Up –практичен (плански) учинок
Uт -теорeтски учинок

Кv - коефициент на користење на работно време


Кr - коефициент на растреситост
Кр - коефициент на полнење
Кvr - коефициент на вртење
Ко - коефициент на организација на градилиште
Кs - коефициент на старост на машината
Кn - коефициент на наклон на терен
Вредноста на коефициентите зависи од конкретните услови на работа на
машината и се усвојуваат од литература или се пресметуваат.

Напомена 1: За пресметување на практичниот учинок на градежните машини, не


постојат општо прифатени формули, т.е. во литература можат да се стретнат
најразлични формули за негово пресметување.

Напомена 2: Голем дел од сликите во предавањата се преземени од


литературата на проф. Здравко Линариќ, проф на Градежниот факултет во Загреб
и од веб страната на Грамак http://gramak.com/

5
МАШИНИ ЗА ЗЕМЈАНИ РАБОТИ

6
4. МАШИНИ ЗА ЗЕМЈАНИ РАБОТИ

Работите кои во градежништвото се изведуваат со машините за земјени работи се


најбројни, најразновидни и со најголем обем. Заради тоа, постојат разновидни
машини со различни големини кои се применуваат за нивното извршување (сл.4-
1).

Машини за земјани работи се:

 багери,
 дозери,
 скрепери,
 грејдери,
 утоварувачи
 машини за набивање на почватa и др.

Сл.4-1: Примена на механизација за земјани работи при изградба на браната


Кнежево

7
4.1. Багери

Багерите се составени од:

 основна машина (долен строј, стабилизатори и багерска куќичка со


против товар) и
 катарка со приклучни орудија (сл.4-2).

Сл.4-2: Багер со длабинска лажица

1. долен строј, 2. багерска куќичка, 3. катарка (стрела, рака), 4. приклучно орудие (во
случајот багерска лажица)

Има различни типови багери. Тие меѓусебно се разликуваат според:

 начинот на решавањето на долниот строј (пр.: на гасеници кои најчесто


се применуваат кај слабо носиви почви, на пневматици кои најчесто се
користат при работа во населени места, пловни багери, багери кои се
движат по колосек...),
 врската на долниот строј со багерската куќичка,

8
 конструкцијата на багерската машина и преносниот уред: универзални,
телескопски, ведричари, ротациони, тунелски ...
 работата: циклични и континуирани,
 големината и тежината (сл.4-3),
 командите (пр.: со механички, хидраулички команди, комбинирани и др.)
 уредите за копање,
 начинот на ископ: хоризонтални, висински, длабински, комбинирани...
 начинот на работа: со ископ од чело, длабински ископ и сл.,
 погонот - најчесто се употребуваат мотори со внатрешно согорување
(дизел), а примената на електромотори е воглавно кај багери со големи
димензии (кои претежно се применуваат во рударството) и др.

Намената на багерите како градежни машини е ископ и утовар на материјал.


Некои типови багери можат да се приспособат за вршење и на други видви
работи, т.е.можат да се користат:

- како дигалки,
- за набивање на почва или колови,
- за кршење на камен (сл.4-4) и др.

Сл.4-3: Минибагер Сл. 4-4: Кршење камен со багер со


ударен чекан како приклучно орудие

Иако постојат различни типови багери и нивни различни класификации, најчеста


поделба на багерите е на багери со:

 челна (висинска) лажица,


 длабинска лажица,
 зафатна лажица,

9
 повлечна лажица,
 телескопска рака.

Постојат и сродни типови машини на багерите: кабел багер, кабел скрепер,


ротациони копачи (сл.4-5) и др.

Сл. 4-5: Ротационен копач

Багер со челна (висинска) лажица

Багерот со челна лажица е претставен на (сл.4-6 и сл.4-7) На почетокот на


копањето лажицата се наоѓа на најниското место, близу до долниот строј. Со
подигнување на лажицата се врши полнење на лажицата со материјал кој е
над котата на која е поставен багерот. Потоа багерската куќичка се завртува
заедно со лажицата. Истоварот на материјалот се врши или со отворање на дното
на лажицата или со истресување на лажицата.

Сл.4-6: Багер со челна лажица

10
Багерите со челна лажица се применуваат во градежништвото и рударството,
пред сè, за голем обем на работа и тоа:

 ископ на усек од чело,


 откоп од страна,
 утовар на почвен материјал и др.

Доколку одвозот на материјалот се врши со транспортно средство, транспортните


средства може да стојат на исто ниво на кое стои и багерот или на
различни нивоа.

Сл.4-7: Багер со челна лажица

Багер со длабинска лажица (мотикар)

Багерот со длабинската лажица може да врши ископ на материјал на кота


повисока или пониска од котата на која е поставен багерот (сл.4-8).

Сл.4-8. Хидраулички багер со длабинска лажица

11
Лажицата на багерот може да се заменува, т.е. во зависност од видот на работата
која се изведува може да се постави лажица со различен волумен и различна
конструкција. Наместо лажица може да се постави и друго приклучно орудие (на
пр. уред за набивање на почва, чекан и сл. (сл.4-9)). Длабочината на копање кај
различните типови на багери со длабинска лажица е различен и се достигнуваат
длабочини и повеќе од 12 м.

Сл.4-9: Хидраулички багер со длабинска лажица и разни приклучни орудија

Специјална примена на длабинската лажица е за ископ на темелни јами (и


во случај на присуство на вода) кај објекти од областа на нискоградбата,
високоградбата и хидроградбата (сл.4-10).

Сл.4-10: Багер со длабинска лажица при работа

12
Поволни се и за ископ на канали за поставување на цевки за водовод и
канализација, ископи за електрични кабли и слично (сл. 4-11). Во тој случај се
применуваат багери со мала ширина на лажицата.

Сл.4-11: Багер со длабинска лажица

Предност на багерот со длабинска лажица во однос на багерот со челна лажица е


во тоа што овај багер може да врши ископ и над и под котата на која е поставен,
додека, пак багерот со челна лажица се применува, пред сè, за ископи изнад
котата на која е поставен.

Недостаток на багерот со длабинска лажица е во тоа што по завршениот ископ


остава стрмна косина на ископот (сл.4-12).

Сл.4-12: Ископ со длабинска лажица

Постојат и мини багери со длабинска лажица, но тие најчесто се применуваат за


мал обем на работи, или во случаите кога багерот треба да работи на мал простор
(сл.4-13).

13
Сл.4-13: Мини багер при работа на градилиштето на браната Света Петка

Багер со зафатна лажица (грајфер)

Багерот со зафатна лажица служи за зафаќање и утовар на растресит материјал


(сл.4-14) и материјал во парчиња (сл.4-15).

Сл.4-14: Багер со зафатна лажица - ископ и утовар на растресит материјал

14
Сл.4-15: Багер со зафатна лажица - зафаќање и утовар на материјал во парчиња

Работниот орган на овој тип на багер е составен од делови кои во зависност од


намената на багерот можат да имаат различен облик и да бидат различни на број:
два, три, четири, пет...(сл. 4-16)

При спуштање работниот орган е отворен, а по зафаќањето на материјалот


деловите се спојуваат со што работниот орган се затвора (доколку се врши ископ
на растресит материјал, деловите од работниот орган се вкопуваат во теренот
под дејството на сопствената тежина и при издигнувањето со забите ја засекуваат
почвата). Потоа работниот орган се подига, се завртува и се истовара (најчесто
во транспортно средство).

Сл.4-16: Различни типови зафатни лажици на багер

Багерот со зафатна лажица кај земјани работи се користи за: ископ темелни јами,
помали ископи под вода, продлабочување речни корита, утврдување брегови,
ископ чакал и слично.

15
Багер со повлечна (скреперска) лажица

Лажицата на багерот со повлечната лажица се влече по површината на ископот.


Наполнетата лажица се подига и завртува до местото на иствар (4-17). Со овој
багер е можен ископ и во присуство на вода, но под услов при повлекувањето на
лажицата низ водата материјалот да не се извлекува од лажицата.

Овој тип на багер е погоден за ископи на растресит материјал кај канали, при
регулација на речни корита, при експлоатација на чакал и слично (сл.4-18). Можат
да се применуваат и кај фабрики за производство на бетон.

а) б)

Сл.4-17: а) Багер со скреперска лажица при работа во присуство на вода; б) Скреперска


лажица

Сл.4-18: Багер со скреперска лажица

16
Телескопски багер

Телескопскиот багер има стрела со променлива должина (4-19). Составена е од


сегменти кои можат да се извлекуваат и да се вовлекуваат еден во друг.
Вртењето на стрелата е речиси во сите насоки. На стрелата можат да се
приклучат разни работни органи.

Сл.4-19: Телескопски багери

Долниот строј на багерот е на гасеници или на пневматици. Постои и комбинација


од гасеници и пневматици, кај кои пневматиците служат само за транспорт
на багерот од едно работно место на друго, додека пак, гасениците овозможуваат
поголема стабилност при работа отколку пневматиците.

Предност на овој вид на багер е


што кај нив е можно прецизно
водење на лажицата за време
на работата. Тоа ги прави
погодни за фини земјани
работи, како што се фини
планирања на косини на ископ
и на насип (сл.4-20).

Нивни недостаток е што се скапи


машини.

Сл. 4-20: Телескопски багер при работа

17
Пресметување на учинокот на багер

Учинокот кај багерите може да биде пресметан со формулата:

Up = Uт × Kv × Kr × Kp × Kvr [ м3/час]

каде е: Uт- теоретски учинок (м3/ч)

Kv - коефициент на искористеност на работното време


Kp - коефициент на полнење на лажицата
Kr - коефициент на растреситост на почва
Kvr - коефициент на вртење на куќичката на багерот

За багерите како и за сите други машини вредноста на Uт се пресметува или се


зема од литература, а вредностите на коефициентите се отчитуваат од таблици од
литература во зависност од конкретните услови на работа или се пресметуваат.

4.2. ДОЗЕРИ

Основната машина на дозерот е трактор на гасеници или на пневматици (сл.4-


21), на кој е монтиран работниот орган - нож чија задача е да ја копа и да ја
турка земјата (сл. 4-22).

На задната страна дозерите можат да имаат запци кои имаат задача да


раскопуваат цврста почва (сл.4-23).

Сл.4-21: а) Дозери при работа

18
Сл.4-22: Дозери

а) б)

Сл.4-23: а) Дозер со запци; б) Запци како приклучно орудие

Дозери има неколку видови во зависност од тоа каква положба може да


заземе ножот:

 булдозер - ножот е поставен паралелно со челото од тракторот,


 енглдозер - ножот може да се врти во коса положба во однос на
челото од тракторот (на лева или на десна страна),
 тилтдозер - ножот може да се завртува на лева или на десна страна
во однос на челото на тракторот и на горе и доле во однос на хоризонтална
рамнина (Сл.4-24).
Кај сите видови дозери ножот може да се поместува за одредено растојание на
напред (кое се мери во см и се дава од страна на производителот на машината),
горе – доле и да се завртува под мал агол на напред во однос на челото на
тракторот.
Дозерите се многу силни и ефикасни машини. Се користат при изградба на
објекти од областа на високоградбата, нискоградбата и хидроградбата.

19
Сл.4-24: Тилтдозер
Се применуваат за:

 расчистување на терен (корнат дрва, вадат грмушки и туркаат крупни


камења),
 ископ почвен материјал,
 изработка усек и насип,
 насипување почвен материјал во слоеви со одредена дебелина,
 изработка усек и насип,
 изработка привремени сообраќајници на градилиште,
 туркање скрепер при ископ (сл.4-25) и др.

За булдозери гасеничари оптималната далечина за движење е од 30 до 60 m,


и не се препорачува туркање на материјал подалеку од 100 m.

Сл.4-25:. Дозер (1) турка скрепер (2) при ископ

20
Пресметка на учинок на дозер

Учинокот се пресметува по следниот образец:

Up = Ut × Kv × Ko × Kr (м3/ч)

 Ut – теоретски учинок
 Kv - коефициент на искористеност на работното време
 Ko - коефициент на организација
 Kr - коефициент на растреситост на почва

4.3. СКРЕПЕРИ

Скреперите (сл.4-26) се составени од трактор гасеничар или трактор со гуми


(сл.4-27). Работниот орган им е кош (сл.4-28).
Кошот на долниот преден дел има нож и капак (сл.4-29).
Се произведуваат како:
 посебни машини кои самите се движат - мотоскрепер (сл.4-29) или како
 влечени скрепери од трактор (сл.4-30).

Сл.4-26: Скрепери

21
а) б)
Сл.4-27: Скрепери: а) со гуми, б) на гасеници

Сл. 4-28: Работен орган на скрепер - кош

Сл. 4-29: Мотоскрепер

22
Сл. 4-30: Влечен скрепер

Начин на работа на скрепер

 При ископ се издигнува капакот од корпата кој се наоѓа на предната страна


од корпата. Корпата се спушта толку за да ножот ја засекува земјата (20 –
40 см). Тоа спуштање треба да биде такво за да може корпата да се
наполни при брзина на движење од 2 до 3 кm/h на должина од патот
од 30 до 60m. Најчесто времето на полнење на корпата е од 60 до
120 секунди.
 По завршениот ископ капакот се спушта, а корпата се подига. Се врши
транспорт на материјалот до далечина од 300 - 500 м за влечени скрепери и
далечина од 500 до околу 1,5 км за мотоскрепери.
 При истовар, т.е. насипување на материјалот капакот е подигнат. Исто така
и кошот е подигнат над површината на теренот за онолку см за колку што ќе
изнесува дебелината на слојот што се насипува.

Значи скреперот ги врши следните операции:

- ископ,
- утовар на материјал во сопствениот кош,
- транспорт со истовар,
- распостилање на материјалот во слој со одредена дебелина и
- делумно набивање на материјалот.

Скреперот се применува за лесно, средно тврдо и компактно земјиште.

Пресметка на практичниот учинок на скрепер се врши со помош на


формулата:

23
Up = Ut × Kv × Kp × Kr (м3/ч)

 Kv - коефициент на искористеност на работното време


 Kp - коефициент на полнење на корпата на скреперот
 Kr - коефициент на растреситост на почва

4.4. ГРЕЈДЕРИ

Грејдерите се градежни машини чија основна машина е продолжен трактор на


гасеници. Работниот орган на грејдерот е нож со должината од 2,5 - 4,5 м (сл.4-31).

нож

Сл.4-31: Грејдер

Ножот се наоѓа помеѓу предните и задните тркала (сл.4-32. и сл.4-33). Прицврстен


е на назабен прстен со голем пречник со чија помош може да се врти речиси
во сите насоки. Ножот може да ги врши следните движења:

 издигање на ножот над тлото, односно спуштање;


 менување на аголот на ножот према хоризонтала во двете насоки;
 промена на аголот во однос на правецот на движење на грејдерот, на
лево или на десно (слично како кај енглдозерот);
 истурање на ножот во страна, на лево или десно во однос на
правецот на движење.

Освен нож на грејдерот можат да се монтираат и други приклучни орудија како што
се: запци за раскопување на тврдо земјиште, дозерски нож и сл. (сл.4-33). Речиси
сите типови грејдери се на пневматици. При работа се движат со брзина од околу
40 км/ч, а при преместување околу 60 км/ч.

24
Сл.4-32: Грејдер во основа и изглед

Сл.4-33: Грејдер со други приклучни орудија

Најчеста примена на грејдерите е во нискоградбата.

Се применуваат за фини работи, како што се:

 отстранување на хумус и снег,


 изработка на профили,
 планирање на терен,
 распостилање на материјал во слоеви со определена дебелина и др.

Учинокот од грејдерот зависи од: потребниот број на поминувања за кои


одредената работа може да се заврши, од брзината на движење и др.

25
4.5. УТОВАРУВАЧИ ( механичка утоварна лопата )

Утоварувачите служат за утовар на материјал во транспортни средства, а


по потреба кога материјалот е растресит може да се врши и ископ со утовар
(сл.4-34).

Утоварувачите се состојат од трактор со гасеници или со гуми, на кој е


монтирана лажица.
Утоварувачите се применуваат за лесно, средно тврдо и компактно земјиште.

Сл.4-34: Утоварувач

По својата конструкција и начин на работа ги има повеќе видови утоварувачи и


тоа:

 утоваривачи од чело,
 утоварувачи преку глава,
 утоварувачи со отворање на лажицата од долната страна,
 телескопски утоварувачи (сл.4-35),
 утоварувачи со кофици и др.

Сл. 4-35: Телескопски утоварувач

26
Утоварувач од чело

Машината при движење напред зафаќа материјал со лажицата и го издига


до висина на транспортното средство (сл.4-36 и 4-37). Потоа машината или се
завртува за да се истовари материјалот или се движи на назад за да
транспортното средство дојде пред утоварувачот. Постојат и конструкции на
утоварувачи кај кои лажицата со носачот на лажицата можат да се завртуваат без
да се врти целата машина.

Сл.4-36: Утоварувач при работа

При мал обем на работа утоварувачот може да го транспортира материјалот на


многу кратко растојание, да го истовара и распостила.

Кај одредени типиви лажици, лажицата може да се расклопува така да


утоварувачот може да работи и како дозер. Освен лажица можат да се монтираат
и специјални запци и работни вилушки, па утоварувачот може да работи и како
вилушкар (за транспорт на материјали). Можат да се монтираат и различни видови
на специјални лажици (сл.4-38).

Сл.4-37: Утоварувач од чело

27
Сл.4-38: Утоварувач со ротационо сито
(за сеење на материјал)

Утоварувачи со утовар преку глава

За разлика од утоварните лопати за утовар од чело овие утоварувачи ја


префрлуваат утоварната лопата преку главата од возачот за да би се
истоварила (сл.4-39) .

Сл.4-39: Мини утоварувач со


утовар преку глава

Со тоа утоварувачите добиваат во брзина, бидејќи после одот напред за да


би се утоварил матријалот, возилото не треба да се завртува. Најчесто се
применуваат при изградба на тунели.
Постојат и специјални утоварни лопати преку глава кои можат лажиците
да ги завртуваат на страна и да ги утоварат возилата кои се поставени
странично на утоварувачот (утоварувачи со утовар од страна).

28
Пресметување учинок на утоварувачи

Up = Ut × Kv × Kp × Kr (м3/ч)

 Kv - коефициент на искористеност на работното време


 Kp - коефициент на полнење на лажицата
 Kr - коефициент на растреситост на почва
 Ut - теоретски учиник

4.6. ОСТАНАТИ МАШИНИ ЗА ИСКОП

Останати машини за ископ (сл.4-40 и сл.4-41) се машини кои не се


претставници на ниту еден претходно обработуван вид машини. Повеќето од
останатите машини за ископ се разликуваат од останатите видови на машини за
земјани работи по тоа што имаат вградено повеќе различни работни органи. Така,
тие можат да заменат повеќе машини.

Сл..4-40: Останата машина за ископ - комбинација на багер и утоварувач

Сл.4-41: Останата машина за ископ -


комбинација на мини багер и дозер

29
4.7. МАШИНИ ЗА НАБИВАЊЕ НА ПОЧВА

Целта за набивањето на почвата е да се скрати времето на слегнување на


насипаните слоеви и да се зголеми носивоста на насипаната или природна
почва.

Бидејќи почвата е составена од цврсти материјали, вода и воздух, со набивањето


се смалува волуменот на почвата што се набива, за сметка на истиснувањето на
воздухот и водата од почвата.

Современите видови набивачи имаат вградени електронски уреди кои ја


регистрираат збиеноста на почвата при секој премин и предупредуваат кога
предвидената збиеност на почвата е постигната.

Освен за набивање на почва одредени видови од овие машини можат да се


користат и при изведба на коловози.

Според подвижноста машините за набивање на почвата се делат на:

 влечени (4-42 а) и
 самоодни (сл.4-42 б).

а) б)

Сл.4-42: Ваљаци - а) Влечен ваљак, б) Самооден ваљак

Според начинот на дејство машините за набивање можат да се поделат во


две основни групи и тоа:

 машини за набивање со статичко дејство и


 машини за набивање со динамичко дејство.

30
Машините за набивање со статичко дејство дејствуваат со помош на
сопствената тежина. Тука спаѓаат различни типови на мазни ваљаци, ваљаци –
ежеви, ваљаци на пневматици и сл.

Машините за набивање со динамичко дејство дејствуваат динамички со помош


на вибрации, со што нивното статичко дејство значително се зголемува. Во
оваа група спаѓаат различни видови механички и експлозивни набивачи.

Нивната примена првенствено е за набивање неврзани материјали, но даваат


добар учинок и за ваљање на лесно кохерентни материјали. Вибрациите
можат да се исклучат со цел машината да работи како машина со статичко
дејство. Кај современите типови набивачи вибрациите можат да се насочуваат
под аголот на дејство во согласнот со потребите.

Според работниот орган се разликуваат:

 Мазни ваљаци (сл.4-45),


 Ваљаци со ежеви (сл.4-46),
 Ваљаци со гуми (сл.4-47),
 Комбинирани ваљаци (сл.4-43 и сл.4-44) и др.

Сл.4-43: Разни видови комбинирани ваљаци

31
Сл.4-44: Комбинирани ваљаци

Мазни ваљаци

Работниот орган на мазните ваљаци е мазен цилиндар (сл.4-45). Се применуваат


во случаите кога е потребно т.н. пеглање на почвениот растресит материјал.

Сл.4-45: Мазни ваљаци

Ваљаци со ежеви

Ваљаците со ежеви се составени од мазен ваљак, кој по обемот има боцки (сл.4-
46). Боцките при ваљање навлегуваат во почвениот материјал, и на тој начин се
врши набивање, пред сè, на подлабоките делови од слојот.

Висината на боцките најчесто изнесува околу 18 - 23 см, а дебелината на слојот


кој се набива треба да е максимум за 20% поголема од висината на боцките.

32
На еден м² најчесто има 10 – 12 боцки. Постојат боцки со различен облик, но
секогаш обликот е таков да при извлекување од почвениот материјал не ја корнат
веќе набиената почва.

Се применуваат за кохерентни почви (глина и сл.). Најчесто се применуваат при


изградба на глинени јадра кај насипни брани.

Сл.4-46. Ваљак со еж

Ваљаци со гуми (пневматици)

Ваљакот на пневматици (компактор) се состои од челичен сандак, кој лежи на


поголем број надувани гуми (сл.4-47 и сл. 4-48). Можат да бидат влечени и
самоодни.

Сл.4-47: Ваљаци на пневматици

33
Сл.4-48: Ваљак со гуми

Бројот на гумите кај различните типови е различен. Доколку гумите се поставени


во два реда, тогаш во едниот ред распоредот на гумите е таков да секоја гума го
покрива просторот помеѓу две соседни гуми од другиот ред. Гумите, доколку се
оштетат можат да се заменат.
Дејствуваат на површината на теренот и на мала длабочина, но сепак подлабоко
од мазните ваљаци.
.

Останати машини за набивање на почвата

Освен претходно спомнатите машини за набивање на почвата се применуваат и


останати машини, од кои најчесто применувани се вибрационите набивачи -
вибро-плочи (сл.4-49). Работен орган им е плочата која вибрира. Постојат плочи
со различни димензии во зависност од нивната намена. Има конструкции кои
освен за почва можат да се применуваат и за бетон и асфалт (сл.4-50).

Сл. 4-49: Вибро-плочи при работа

34
Сл.4-50: Виброплочи

Посебен тип на машини за набивање на почвата се т.н. вибро - жаби кои се


конструирани така да при работа сами се движат напред (со потскокнување) (сл.4-
51). Притоа е потребно само одржување на насоката при движење од страна
на работникот кој управува со вибро-жабата.

Сл.4-51: Вибро-жаба

Освен вибро плочи и вибро – жаби постојат и други типови останати машини за
набивање на почва.

35
World’s biggest excavator

(Built by KRUPP of Germany, 45.500 tons, 95 meters high, 215 meters long)

36
МАШИНИ ЗА ТРАНСПОРТ

37
5. МАШИНИ ЗА ТРАНСПОРТ НА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ

Се разликуваат два вида транспорт на материјали:


 Надворешен транспорт и
 Внатрешен транспорт.
________________________________________________________________________________________________________

Под надворешен транспорт на материјали се подразбира транспортот на


материјали од производител или од централен магацин (склад или депонија) до
магацин (склад или депонија) на градилиште.
Под внатрешен транспорт на материјали се подразбира транспортот на
материјали од магацин (склад или депонија) на градилиште до местото на
вградување при изградбата на објектот.
_________________________________________________________________________________________________________

5.1. МАШИНИ ЗА НАДВОРЕШЕН ТРАНСПОРТ НА МАТЕРИЈАЛИ

Машини за надворешен транспорт на материјали се:


 Машини за транспорт вон јавни патишта и
 Машини за транспорт по јавни патишта.

Машините за транспорт на материјали вон јавни патишта се тешки возила


погодни за транспорт на материјали со голем обем. Се применуваат, пред сè, при
изградба на објекти од областа на нискоградбата и хидроградбата. Огромна
примена имаат и во рударството. Можат да транспортираат најразлични видови
материјали речиси во секакви климатски услови и по најразличен терен.
Во оваа група возила спаѓаат: дампери и кипери (сл.5-1 и сл. 5-2) и истоватувачи
низ дно (сл.5-3).

Сл.5-1: Зглобен дампер

38
Сл.5-2: Машини за транспорт вон јавни
патишта

39
Волуменот на кошот достигнува и повеќе од 35 m3. Заради безбедно утоварање
на материјали, често пати возачката кабина е заштитена со штит.
Најчесто истоварот на материјалот се врши наназад, т.е. со т.н. кипање на
материјалот (со подигање на предната страна од кошот). Постојат и посебни
конструкции на машини за транспорт на материјали кои се конструирани така да
можат да се применуваат за транспорт на материјали по јавни патишта.
Постојат и посебен вид машини кај кои истоварот на материјалот е со отворање на
дното на кошот, по средината, по целата должина. Тоа се т.н. истоварувачи низ
дно (сл.5-3). Кај нив истоварот на материјалот се врши при движење на машината
со мала брзина. Погодни се за транспорт на растресити материјали.

Во одредени случаи се применуваат и трактори со приколки и со разни видови на


приклучни орудија (сл.5-4), но тие се главно наменети за градилишен транспорт на
материјали.

Сл.5-3: Истоварувач низ дно

а) б)

Сл.5-4. Трактори а) трактор, б) трактор со приклучни орудија

40
Машините за транспорт на материјали по јавни патишта се: камиони, шлепери
(Сл.5-5 до сл.5-8), комби возила и т.н. специјални возила.
Тоа се посебен тип машини кои се со понежна конструкција во однос на машините
за транспорт на материјали вон јавни патишта. Наменети се за транспорт на
секаков вид на материјали по јавни патишта. Кај одредени видови постои можност
истоварот на материјалот да се врши со кипање на материјалот на назад или на
страна, а има и видови кај кои позади кабината на машинистот е монтирана
телескопска рака (сл.5-7). Постои и можност на машината да се приклучат една
или две приколки (сл.5-8).
Комби возилата во градежништвото се применуваат за транспорт на помали
количини на материјали, како мобилни сервисни работилници и сл.

Камион ЦАТ 730 ЕЈЕЦТОР

Сл.5-5: Машини за транспорт на


материјали по јавни патишта

41
Сл.5-6: Камион наменет за транспорт на
материјал по јавни патишта

Сл.5-7: Камион наменет за транспорт на


материјал по јавни патишта со телескопска
рака

Сл.5-8: Машина за транспорт на материјал по јавни патишта со приколка

42
Во специјални возила (сл.5-9) спаѓаат:
 цистерни,
 возила со силоси,
 автомешалки (миксери кои се разработени како машини за транспорт на
бетон) и
 други машини.
Со цистерните се транспортира гориво за потребите на машините кои работат на
оддалечени градилишта, а може да се транспортира и вода (за потребите на
градилиштето).
Со возилата со силоси се транспортира цемент и ситен агрегат.
Со автомешалките (миксерите) се транспортира бетон или малтер за потребите
на градилиштето.

Сл.5-9. Специјални возила

43
Сл.5-10: Камион со силоси

Машини за внатрешен транспорт на материјали

Машини за внатрешен транспорт на материјали се:

 Кранови,
 Дигалки,
 Мали дампери и мини дампери,
 Вилушкари,
 Трактори со приколка,
 Колички, јапанери,
 Транспортни ленти и др.

Кранови

Кранови се тешки машини за пренос и дигање на товар. Ги има повеќе видови кои
по својата конструкција многу се разликуваат.
Се разликуваат:
 портални кранови,
 мосни кранови,
 дерик кранови,
 кабел кранови и др.

44
Порталните кранови се составени
од рамка која може да биде
неподвижна или да се движи на
колосек (сл.5-11). Рамката е составена
од столбови и греда која, кај одредени
видови на портални кранови може да
има конзоли.
По гредата се движи моторно витло
(мачка) со помош на која се зафаќаат
и транспортираат товарите.

Сл. 5-11. Портален кран

Растојанието помеѓу столбовите од рамката кај различните типови е


различно. Кај одредени видови растојанието изнесува и повеќе од 40 м, а
истото се однесува и за нивната висина. Најчесто се применува за
монтажни цели, потоа во работилници, во бетоњерки, кај машински згради
на хидроелектрани и др.

Мосните кранови по својата


конструкција се слични на
порталните кранови, но немаат
столбови. Овие кранови се движат
по шини кои лежат на т.н. крански
носачи (греди) (сл.5-12 и сл.5-13).
Најчесто се применуваат во
работилници, во машински згради на
хидроелектрани и во бетоњерки.

Сл.5-12 Мосен кран

Управувањето на порталните и
мосните кранови е од страна на
кранист кој управува со помош на
електричен кабел кој виси надоле
од кранот (сл.5-12), или од кабина
која е поставена испод, изнад или
до гредата на кранот (сл.5-13), или
управува со помош на далечински
управувач.
Сл.5-13: Мосен кран

45
Дерик крановите (сл.5-14 и сл.5-15) се применуваат кај: бетонски брани,
монтажа на мостови, монтажа на челични хали, односно кај монтажни
градења со префабрикувани елементи и др.

Сл.5-14: Дерик кран

Сл.5-15: Дерик кранови

Составени се од јарбол кој со помош на затеги или со крута врска се држи во


вертикална положба. На долниот крај јарболот е поврзан со стрелата на кранот со
помош на зглоб кој овозможува вртење на стрелата на кранот за агол кој зависи од
видот на кранот. Има кранови кај кои стрелата може да се врти и за 360º.

46
Со помош на сајли стрелата на кранот на горниот крај (врвот) е поврзана со врвот
на јарболот. Со сајлите се овозможува движење на стрелата на кранот. На
стрелата на кранот има кука.
Одредени видови дерик кранови можат да се движат по колосек, да бидат
поставени на пловна платформа и сл.

Кабел кран

Составени се од две кули кои се поставуваат на различни страни од препреката


(најчесто речно корито) (сл.5-16). Кулите можат да бидат подвижни (по колосек)
или неподвижни. Помеѓу кулите се распнати јажиња на кои е поставена кука.
Куката со помош на сајли може да се подига и спушта.
Бараат голем обем на работи и долг временски период за нивно поставување
(монтажа) и пробен погон, па целиот тој временски период може да биде и подолг
од шест месеци.
Кабел крановите можат да вршат пренос на големи тежини на материјали на
големи далечини. Се применуваат за транспорт на ископана земја, арматура,
бетон и други материјали, па дури и за транспорт на градежни машини.
Управувањето е од страна на кранист кој работи во кабина опремена со команден
уред со екран. Заради поголема сигурност и безбедност при работа кабел
крановите се опремени со повеќе камери и рефлектори за ноќна работа. За
меѓусебна комуникација на кранистот со другите работници и техничкиот персонал
најчесто се користи токи-воки.

Сл.5-16: Кабел-кран

Кабел крановите се применуваат при изградба на бетонски брани, мостови и други


објекти каде ќе се изведуваат голем обем на работи за долг временски период.
Нивен недостаток е што се многу скапи машини.

47
Дигалки

Најчесто применувани дигалки во градежништвото се:


 кула дигалки (кула-кран),
 автодигалки,
 конзолни дигалки,
 лифт дигалки и платформи и
 макари.

Кула дигалките (кои се нарекуваат и кула кранови) многу често се групираат во


групата на кранови (сл.5-17 до сл.5-20).

Кај конструкцијата на кулите дигалки (сл.5-17) постојат најразлични решенија


како во однос на основните карактеристики на дигалката, така и во однос на
нивната подвижност.
- Во однос на конструкцијата на кракот од дигалката: има дигалки со
подвижен крак (т.н. стрела или игла) во вертикална насока, како и со
хоризонтален крак по кој се движи кука и кој крак не се движи во
вертикална насока.
- Во однос на вртењето на дигалката: кај малите дигалки се завртува
целата кула со кракот, додека кај тешките дигалки најчесто се завртува
само горниот дел од кулата со кракот.
- Во однос на командувањето: може да биде со командната кабина која
најчесто се наоѓа на врвот од кулата, непосредно испод стрелата.
Кабината се завртува заедно со кракот (кај конструкциите кај кои се врти
кракот) па така се постигнува најдобра прегледност при работа на
дигалката. Меѓутоа има и решенија со далечинско командување, што е
погодно во случаите кога кранистот не може да го види местото на
истовар.
- Во однос на подвижноста: можат да се движат по колосек, на пневматици и
на гасеници. Постојат и неподвижни (стационарни) кула дигалки.

Освен споменатите има и други поделби на кула дигалките.

48
1

Сл. 5-17: Кула дигалка: 1. крак (стрела), 2. кула, 3. кабина

Сл. 5-18: Кула дигалка со хоризонтален крак

Дометот на кулата дигалките кај лесните конструкции е до 25 m, а кај тешките


изнесува и до 65 m.
Се применуваат при градење на објекти од областа на високоградбата,
нискоградбата и хидроградбата.

49
Сл.5-19: Кула дигалки

Сл.5-20:
Подвижна (мобилна) кула
дигалка

Автидигалки
Со цел да се постигне што поголема подвижност на дигалките, како и да се
овозможи моментално пуштање во погон развиени се специјални конструкции на
дигалки т.н. автодигалки (сл.5-21).

50
Сл. 5-21: Телескопска автодигалка
Се поставуваат на возило. Брзината на движење им е до 80 кmч.
Има конструкции со крак во вид на решетка и со телескопски крак (сл.5-21 и сл.5-
22), т.е. крак кој може да се извлекува. Заради стабилност при работа
автодигалките имаат стабилизатори кои се извлекуваат од страна на машината
(сл.5-21).
При работа кај слабоносиви почви или во случаите кога треба да се работи при
движење на машината (што е најчесто при монтажа на префабрикувани елементи)
автодигалките се движат со помош на гасеници.
За потребите на железницата можат да се движат по колосек.

Сл. 5-22: Автодигалки

51
Освен споменатите дигалки, при изградба на објектите, особено од областа на
високоградбата за вертикален градилишен транспорт се применуваат и:

 конзолни дигалки (сл.5-23),


 лифт дигалки и платформи (сл.5-24 и сл.5-25),
 макари и др.

Сл. 5-23: Конзолна дигалка

Сл.5-24: Лифт дигалка

Сл.5-25: Платформа

Напомена: При работа на сите видови на кранови и дигалки особено внимание


треба да се посвети на интензитетот и правецот на ветарот.

52
За внатрешен градилишен хоризонтален транспорт на материјали се
применуваат:

 Мали и мини дампери (сл.5-26),


 Вилушкари (сл.5-27),
 Трактори (сл.5-28),
 Колички и јапанери и др.

Сл. 5-26: Мали и мини дампери

Малите и мини дампери (сл.5-26), вилушкарите и тракторите (сл.5-28)


имаат мал радиус на вртење, а со цел максимално да се смали радиусот

53
за вртење има и конструкција со три тркала. Брзините се мали и изнесуваат
од 12 до околу 15 кm/h што одговара на условите на градилиште.

Сл.5-27: Вилушкар

Сл.5-28: Трактор со и
без приколка

Количките (сл.5-29) и јапанерите (сл. 5-30) се применуваат за градилишен


транспорт на мала количина на материјали.

Сл.5-29: Количка Сл.5-30: Јапанер

54
http://www.werkmaster.com/index.php/concrete/machines.html

МАШИНИ ЗА БЕТОНСКИ РАБОТИ

55
6. МАШИНИ ЗА БЕТОНСКИ РАБОТИ

6.1. МАШИНИ ЗА ИЗРАБОТКА НА БЕТОН

Машини за изработка на бетон се:


 Бетономешалки (мешалки за бетон) и
 Фабрики за бетон.

Мешалки за бетон (бетономешалки)

Мешањето на компонентите од бетонот се врши во работниот орган на


бетономешалката кој се нарекува казан. Во внатрешноста на казанот има лопатки
за мешање на бетонот.

Има различни видови мешалки за бетон (сл.6-1 до сл.6-3). Мешалките за бетон


можат да бидат:

 Според подвижноста: стабилни, преносни или мобилни (сл.6-1 и сл.6-2);


 Според начинот на работа: со циклично или со континуирано дејство;
 Според начинот на мешање: со слободно паѓање, противструјни и со
принудно мешање;
 Според големината на казанот: oд 75 дo 2 500 литри. За специјални
потреби се изработуваат и поголеми мешалки за бетон;
 Според конструкцијата: со хоризонтална оска, со вертикална оска,
претурни бетономешалки и други (сл.6-3).

Постојат и специјални видови на бетономешалки (сл.6-4).

Изборот на видот на бетономешалката зависи од големината, видот и карактерот


на работата, т.е. од потребната количина и квалитет на бетонот.

а) б)

Сл. 6-1: Мешалки за бетон а) стабилна; б) преносна

56
Сл.6-2: Мобилна бетономешалка

а) б)

Сл. 6-3: Мешалки за бетон а) со хоризонтална оска; б) претурна


Пресметување практичен учинок

Практичниот учинок на бетономешалките се пресметува по формулата:

Up = Ut × Kv × Kr (м3/ч)

57
 Ut – теоретски учинок
 Kv - коефициент на искористеност на работното време

 Kp - коефициент на полнење

 Kr - коефициент на растреситост на сувата мешавина

Сл.6-4: Самоодна бетономешалка со утоварна лопата

Фабрики за бетон

Фабриките за бетон се применуваат за спремање на квалитетен бетон (сл.6-5 до


сл.6-10 ). Можат да бидат:

 стабилни,
 монтажно-демонтажни,
 преносни и
 мобилни (сл.6-10)
Основни составни делови на секоја фабрика за бетон се (сл.6-5):

 машински дел (во чија внатрешност се наоѓаат бетономешалки,


команден уред, дозатори, т.е. уреди за дозирање на агрегат, цемент,
адитиви и вода),

58
 силоси или депонија за агрегат (треба да има резерви за 15-тина дена),
 силоси за цемент и адитиви,
 бегер со повлечна лажица (кај фабриките со отворена депонија за
агрегат) и други составни делови.
При спремањето на бетонот дозирањето на составните компоненти на бетонот е
секогаш автоматски.

Фабриките за бетон се применуваат при изградба на објекти од областа на


високоградбата, нискоградбата и хидроградбата.

Сл. 6-5: Фабрика за бетон: 1. машински дел, 2. агрегат, 3. силоси за цемент и 4. багер
2 со
повлечна лажица

Сл. 6-6: Фабрика за бетон со затворени силоси за агрегат

59
Сл.6-7: Фабрика за бетон со отворена депонија за агрегат

Сл.6-8: Различни видови фабрики за бетон

60
Сл.6-8.б: Пловна фабрика за бетон

61
Сл.6-9: Преносна фабрика за бетон

Сл.6-10: Комбинација на мобилна фабрика за бетон со бетонска пумпа

62
6.2. МАШИНИ ЗА ТРАНСПОРТ И ВГРАДУВАЊЕ НА БЕТОН

Автомешалки

Автомешалките (миксери) се машини со кои може да се спремаат мали


количини на бетон, негов транспорт и, во зависност од видот на автомешалката
можат да вршат и вградување на бетонот (сл.6-11 и сл.6-12).

Сл. 6-11: Автомешалки (миксери)

Работниот орган на автомешалките е казан во чија внатрешност има спирали за


мешање на бетонот. Одредени типови автомешалки имаат и резервар за вода и
уред за дозирање на водата.
Доколку во казанот се става готов бетон од фабрика за бетон тогаш казанот за
време на транспортот на бетонот се врти со мал број вртежи во минута со цел да

63
се спречи сегрегацијата на бетонот. Доколку во казанот се става сува мешавина,
тогаш вода се додава при транспортот или по пристигнувањето на автомешалката
на градилиште, при што истовремено се врши и мешање на смесата.
Должината на надворешниот транспорт до градилиште може да биде и до 30 км,
кога бетонот е спремен во фабриката за бетон или поголеми должини на
транспорт кога бетонот се меша при самиот транспорт или на градилиште.
Најчесто автомешалките имат капацитет од 4 м3 до 12 м3.
Освен стандардните автомешалки има и комбинација на автомешалка со пумпа за
бетон (сл.6-12) или со транспортна лента за вградување на бетонот.

Сл.6-12: Автомешалка со пумпа за бетон

Пумпи за бетон

Пумпите за бетон се машини кои служат за градилишен транспорт и


вградување на бетон (сл.6-13 И сл.6-14). Можат да бидат:

 стабилни,
 преносни (сл. 6-13) и
 мобилни (6-14).

Можат да транспортираат бетон во длабочина и во височина. Остварен е домет во


должина и висина преку 100 м (сл.6-15).

Транспортот на бетонот е низ систем од црева. Дијаметарот на цевниот вод е од


80 до 200 mm, но најчесто применуван пресек е од 125 mm. На крајот од системот
црева секогаш има гумена цевка (долга околу 6 м). Брзината на движење им е
преку 80 кm/ч.

64
Сл. 6-13: Преносна пумпа за бетон

Сл.6-14: Мобилни пумпи за бетон

Сл.6-15: Пумпа за бетон при работа (http://www.reedpumps.com/boompumpjobsites.htm)

65
Пред почетокот на работата цевниот вод треба да се подмачка со пропуштање на
мешавина од цемент и вода, а по завршувањето на работата цевниот вод треба
да се исчисти. Чистењето на цевниот вод најчесто е со поминување на водена
сунѓераста топка низ системот од црева и со миење со вода под притисок.

Со бетонските пумпи, со додавање на адитиви можат да се вградуваат речиси


сите видови на бетон.

Во тесна врска со работата на бетонските пумпи се т.н. кранови за распределба


на бетонот (сл.6-16 и сл. 6-17). Се приклучваат на крајот од цревото на бетонската
пумпа со што се овозможува транспорт на бетонот на поголема далечина од
далечината со која би се транспортирале со бетонската пумпа.

Сл.6-16: Примена на кранови за распределба на бетон

http://www.pmw.co.in/pm_india/data/BP_4095_GB.pdf

66
Сл.6-17: Кранови за распределба на бетон

67
Машини за обработка на бетон

По вградувањето на бетонот во позицијата што се бетонира бетонот треба да се


обработи.

_____________________________________________________________________

Целта на обработката на вградениот бетон е да се исполнат сите делови од


оплатата од позицијата што се бетонира и да се истисне вишокот на воздух.
Машините за обработка на бетон се нарекуваат вибратори.

_____________________________________________________________________

Вибраторите се делат на:

 Надворешни вибратори и
 Внатрешни вибратори.

Надворешните вибратори ја обработуваат свежата бетонска маса без да


навлегуваат во бетонот, т.е. од надворешна страна (сл.6-18).

Сл.6-18: Надворешен вибратор

Во групата на надворешни вибратори спаѓаат: оплатни вибратори (сл.6-19 и сл.6-


20), вибро плочи (сл.6-21), вибро летви (сл.6-22) и др.

Оплатните вибратори имаат уред за лесно и брзо прицврстување на делови


од оплатата (сл.6-19 и сл.6-20).

68
При работа на моторот настануваат вибрации. Со тоа се овозможува вибрирање
на оплатата и обработка на свежиот бетон. Нивни недостаток е што недоволно го
обработуваат бетонот кој се наоѓа на поголема далечина од вибраторот.
Најчесто се применуваат при производство на бетонски монтажни елементи (при
префабрикација), во нискоградбата, во хидроградбата, а поретко и во
високоградбата.

Сл.6-19: Оплатен вибратор


Сл.6-20: Оплатен вибратор прицврстен на
оплата

Вибро плочите се состојат од челична плоча (плочи) на која се наоѓа


електромотор кој предизвикува вибрации. Тие се во непосреден контакт со
бетонската маса. Ги има со различни конструкции. Служат за обработка на бетон
кај бетонски плочи, тротоари и сл. (сл.6-21)

Сл.6-21: Вибро плоча

Вибро летвите се слични на вибро плочите, но тие наместо плоча имаат летва
која вибрира (сл.6-22)

69
Сл.6-22: Вибро летва

Внатрешните вибратори навлегуваат во свежата бетонска маса и ја


вибрираат.

Внатрешните вибратори се нарекуваат и


первибратори

Начинот на работа на первибраторите е


таков да иглата на первибраторот се
заронува во свежата бетонска маса и
после обработката на бетонот се
преместува на следно место. Има
различни типови кои меѓусебно се
Сл.6-23 Первибратор разликуваат по: дијаметарот на иглата,
погонот и сл. (сл.6-23 и сл.6-24). Постојат
и т.н. рачни вибратори (сл.6-25).

Сл.6-24: Первибратор
Сл.6-25: Рачен вибратор

Кај големите бетонски работи се применуваат пакети первибратори кои се


монтираат на некоја машина (булдозер, багер и сл.) (сл.6-26).

70
Учинокот на первибраторите зависи од дебелината на бетонскиот слој што се
вибрира, од дијаметарот на иглата и сл.

Сл.6-26: Пакет од первибратори поставени како приклучно орудие на минибагер


(на градилиштето на браната Св. Петка)

71
7. Машини за асфалтерски работи

7.1. Машини за изработка на асфалт

Машините за изработка на асфалт се нарекуваат асфалтни бази.


Асфалтната база е склоп на техничка опрема за подготовка на суров материјал
и за производство на жешки асфалтбетонски мешавини (сл.7-1 и 7-2).

Сл.7-1. Асфалтни бази

Асфалтната база се состои од следниве потцелини:


- Силос за ситен камен;
- Котел за битумен и природен асфалт (танкери за битумен);
- Силоси за каменa прашина;
- Котел за нафта;
- Тапан за загревање и сушење;
- Сито за жешко сеење;
- Мешалка на сите компоненти;
- Силос со различен облик за прифаќање на готова врела асфалтна
мешавина;
- Внатрешнa транспортнa опремa;
- Опрема за мерење;
- Опрема за мерење на технолошка температура;
- Опрема за дозирање на состојките;
- Опрема за пренос на енергија;
- Команден пулт.

72
Според начинот на работа
асфалтните бази се делат на:
 Асфалтни бази со цикличен
режим и
 Асфалтни бази со
континуиран режим на
работа.

Сл.7-2. Асфалтна база

5.3.2. Машини за вградување на асфалт

Машините за вградување на асфалт се нарекуваат финишери. Тоа се сложени


машини на сопствен погон на постоље со гасеници или на гумени тркала (сл.7-3).
Се применуваат за изработка на слоеви од асфалтна или асфалтбетонска
мешавина кај патишта, кај авио писти, облоги на канали итн. Во текот на работата
се движат непрекинато со мала брзина. Работат без прекин на асфалтирање на
делници од објектот. Камиони со жежок асфалт доаѓаат, ја туриваат масата во
кошот на финишерот и се враќаат назад, а финишерот го распростира
материјалот.

Сл.7-3. Финишери

73
Постојат многу различни видови на финишери во однос на нивната големина,
практичниот учинок, конструкцијата на движење, како и зафаќање и вградување на
материјалот.
Некои сложени финишери, како што се на пример финишерите за изведување на
облоги на канали (сл.7-4), можат да изведуваат плитки ископи, потоа грубо
израмнување и фино планирање на постелата на ископот и одредено набивање
пред изведување на слојот од асфалт или асфалтбетон.

Сл.7-4. Сложен финишер

5.3.3. Машини за отстранување на асфалт

Глодалка, т.н. "фреза" е градежна машина за отстранување на слоевите на


стариот асфалт од патиштата. Глодалките се делат на:
- Глодалка со шасија на гасеници (сл.7-5)
- Глодалка со шасија на гумени тркала (сл.7-6).
Во шасијата е поставено отворено корито, во кое се наоѓа ротирачки цилиндар со
специјално обликувани шилци. Со помош на шилците цилиндарот на глодалката
ги отстранува асфалтните слоеви. Иструганиот материјал се става во коритото или
со транспортна лента директно во камион. Стругањето на асфалтот може да биде
ладно или топло, што значи глодалката може по потреба да го загрее асфалтот.

74
Сл.7-5. Глодалка со гасеници

Сл.7-6. Глодалка со гумени тркала

5.3.4. Останати машини за асфалтерски работи


Ремиксер е една од најсложените градежни машини (сл.7-7). Тоа е група на
опреми во една машина. Со неа се отстранува асфалтниот слој, се рециклира, по
потреба се збогатува со нов асфалт и се вградува во трасата. Цел процес во една
машина.

75
Сл.7-7. Ремиксер

76
8. ТРОШОЦИ ЗА МЕХАНИЗИРАНА РАБОТА – ЧИНЕЊЕ НА МАШИНСКИ ЧАС

Трошоците за механизирана работа се пресметуваат во денари / час (евра/час и


сл.).
Трошоците можат да се поделат во две основни групи и тоа:
1. Трошоци на основно средство и
2. Експлоатациони трошоци.

Трошоци на основно средство

Со трошоците за основно средства се опфаќаат сите оние трошоци кои се јавуваат


без разлика дали машината работи или не. Тука спаѓаат:

 Трошоци за амортизација,
 Трошоци на инвестиционо одржување,
 Трошоци за камата на основни средства и
 Еднократни трошоци.

Трошоците за амортизација на машините овозможуваат да со работата на


машините се реализираат финансиски средства за набавка на нови машини.
Машините во текот на своето работење се абат, се трошат. Нивниот век е
ограничен и зависи од интензитетот на абењето. Интензитетот на абењето на
секоја поединечна машина зависи од конструктивните карактеристики на
машината, квалитетот на матријалот, како и од останати услови. Меѓутоа абењето
ќе биде поголемо доколку интензитетот на работење е поголем. Со работа во
повеќе смени ќе има и поголемо абење од она кое настанува кога има работа само
во една смена. Меѓутоа ако машината постојано работи под тешки услови, и ако и
лошо се одржува и навреме не се поправа, абењето може да биде многу
интензивно.
Трошоците на инвестиционо одржување офаќаат средни и големи (генерални)
поправки. Вообичаено е пресметувањето да се врши годишно и тоа во процент од
набавната вредност на машината.
Трошоци за камата на основните средства зависат од набавната вредност на
машината и од векот на траење на машината во години.

Еднократните трошоци се однесуваат на работата на машината на некое


конкретно градилиште. Со нив се опфаќаат:

77
 трошоците за транспорт на машина до градилиште, т.е. до местото на работа,
 трошоците за поставување на машината на работното место,
 трошоци за пуштање во работа и т.н.пробен погон,
 трошоците за преместување,
 трошоци за враќање на машината во базата (демонтажа, манипулација и
транспорт) и
 други трошоци.
Кај објектите со мал обем на механизирана работа еднократните трошоци можат
да се пресметаат преку режиските трошоци.

Експлоатациони трошоци

Експлоатационите трошоци ги опфаќаат сите оние трошоци кои се појавуваат при


непосредната работа на машината. Тоа се трошоците:
 Трошоци за одржување (мали и средни поправки),
 Трошоци за делови што се абат,
 Трошоци за енергија (гориво) и мазиво и
 Трошоци за работна рака.

Трошоците за одржување (мали и средни поправки) се утврдуваат врз основа на


податоци од искуство за извршување на исти или слични работи. Претпријатијата
можат да ги утврдат врз основа на сопствени статистички податоци со кои
располагаат. Можат да се користат и упатства од произведувачи на опрема.

Трошоците за делови што се абат се трошоците за:


 Замена и одржување на гуми (пневматици) и
 Замена на метални делови што се абат, како што се заби и ножеви на
ископните и утоварните органи на машините за земјани работи,
челични јажиња, лопатки на бетономешалки и сл.
Трошоците за замена и одржување на гуми различно се пресметуваат кај
машините на пневматици и возилата вон јавните патишта во однос на патните
возила, т.е. машините за транспорт по јавни патишта. Вообичаено е кај патните
возила пресметувањето да се врши по еден превозен тон - километар, а кај
градежните машини на пневматици и возилата за транспорт вон јавни патишта
пресметувањето се врши по работен час.

Трошоците за енергија (гориво) и мазиво се пресметуваат со земање во


предвид на цената на електричната енергија (горивото), специфичната

78
потрошувачка на енергија (гориво) што зависи од видот на моторот на машината и
други фактори.
Вообичаено е трошоците за мазиво за работа и подмачкување на машините да се
земат да изнесуваат 10% од вредноста на потрошеното гориво.

Трошоците за работна рака зависат од потребната квалификациона структура на


машинистот кој ја управува машината како и од тоа дали се потребни и други
работници при работа на машината и која е нивната потребна квалификациона
структура (пр. работна рака за утовар и истовар на материјал кај транспортни
возила).

Напомена: За да се добие продажната цена на работниот час на машината


треба збирот од сите трошоци (трошоците за основни средства и
експлоатационите трошоци) да се помножи со фактор кој ги опфаќа
трошоците на режија и добит.

79
9. МЕХАНИЗАЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКИОТ ПРОЦЕС

При изборот на градежните машини треба да се земат во предвид сите фактори


кои можат да влијаат на тој избор:
 Внимание треба да се посвети на старата опрема, т.е. онаа со која
претпријатието веќе располага. Значи, треба да се има во предвид дека
претпријатието кое ќе ги изведува работите веќе располага со одредени
машини, па во таков случај може да се работи за дополнување на
машините - да се набават или изнајмат машини.
 Кај специјалните работи и работите од поголем обем исправно е да се
набават машини со висока продуктивност и тоа посебно тогаш кога
постојат услови да таквата механизација во потполност се амортизира на
таквата работа. Треба да се биде внимателен, бидејќи вклучувањето на
новите машини во ист технолошки процес со старите може да доведе до
создавање на тесни грла. Старите машини се помалку продуктивни од
новите и нивната употреба бара ангажирање на поголем број резервни
машини.
 За работи од помал обем набавката на нова машина може да биде
проблематична, бидејќи машината нема да може да се амортизира,
односно да се отплати. Во таков случај треба да се проучи можноста за
изнајмување на машини од други претпријатија.
 Некогаш може да биде исправно решението специјалните работи да се
отстапат на специјално претпријатие за тој вид на работи, доколку
поседува доволно искуство и обучени искусни кадри.

Решавањето на проблемот со механизација на технолошкиот процес, т.е. со


изборот на машините се врши во две фази:
 широк избор на машини,
 тесен избор на машини.

При широкиот избор на машини треба да се настојуба да се изберат машини кои


можат да покриваат повеќе операции.
При решавањето на тесниот избор на машини важно е усогласувањето на
учинокот на сите машини кои учествуваат во еден технолошки процес. При тоа се
тргнува од можностите на т.н. клучна машина која ја покрива т.н. клучна операција,
т.е. онаа која е водечка во тој процес. Обично тоа е најскапата машина (багер,
фабрика за бетон, кран...). Секогаш треба да се познава потребниот просечен
учинок и врз база на коефициентот на нерамномерност и потребниот максимален

80
учинок. Така утврдениот максимален учинок на клучната машина треба да биде
покриен т.е. ист или надминат за околу 20 % со учиноците на останатите машини
за сите операции кои или ја снабдуваат клучната машина, или таа ги снабдува нив.

10. МАШИНИ ЗА ИСКОП ВО КАРПИ

Чекани за дупчење
За ископ во карпа се применуваат различни видови чекани:

 длабински чекани за дупчење


 надворешни чекани за дупчење

Начини на дупчење:

 ударно дупчење
 кружно дупчење со дробење
 кружно дупчење со сечење.

Дупчалки
Во поширока смисла ги опфаќа сите видови на самоодни дупчалки при
изведување на геотехнички истражни и останати работи, потоа дупчалки за
добивање на вода итн.

Самоодни дупчалки за потребите при минирање

Придвижувањето на самоодните дупчалки може да биде на гумени тркала или


најчесто на гасеници. Кај големите дупчалки на подвожјето се наоѓаат погонски
мотори и опрема за автоматско спремање или продолжување на шипките кај
приборот за дупчење односно кабина за управување (сл.10-1)
Посебен вид се тунелските дупчалки (“jumbo“). Сите видови дупчалки можат да
бидат на различен, а најчесто на хидраулички погон.

81
Сл.10-1

Ровокопачи – тренчери
Багери кои се наменети за непрекинат ископ на длабоки ровови во земја и карпи
се викаат тренчери (сл.10-2).
Постојат различни облици и конструкции на ровокопачи односно тренчери во
однос на нивната големина и моќ, потоа во однос на производството на посебните
синџири или тркала за ископ на ровот и сл.

Сл.10-2

82
Машини со крак за откопување

Машините со крак за откопување се машини кои опфаќаат:


(1) багери со удирачки чекан на кракот
(2) машини главно на гасеници со откопна ротирачка глава на врвот на
кракот (сл.10-3)

Сл.10-3

Ротирачката глава има шилци од тврд метал, кои ја копаат карпата со стругање.
Главата може да се врти во насока на ископот или обратно од насоката на
ископот. Во главно се употребуваат во тунело-градбата за механички ископ на
помалку цврстите и помалку абразивните карпи.
Постојат многу различни видови од овие машини според големината, моќноста,
учинокот и конструкцијата на прифаќање и транспортирање на ископаниот
материјал од машината до транспортно средство. Овие машини во рударството
често пати се викаат комбањи.

ТВМ

TBM (анг. tunnel boring machine) - за механички ископ на тунели во сите видови
карпи во полн кружен попречен пресек.
ТМВ работи на тој начин да со притисок се врти главата на дупчалката на челото
на ископот, а по неа се распоредени одредени алати-режачи (сл.10-4).

83
Сл.10-4

Тие се движат и патуваат како концентрирани кругови по целиот ископ. ТВМ


извршува истовремено низа различни операции, како што е ископ на карпата,
зафаќање на ископаниот материјал или негово преместување низ ТВМ и полнење
на транспортните средства зад себе. ТМВ како технички состав во себе содржи
неколку подсостави: за дупчење, за внатрешен тренспорт на ископаниот
материјал, за одпрашување, за одводнување, за погон, за енергетика, за
управување итн.

84
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1.Zdravko Linarić- Predavanja-Građevinski strojevi


LEKSIKON OSNOVNE GRAĐEVINSKE MEHANIZACIJE
http://www.krupp-foerdertechnik.com/ ;
http://www.mbu.at/
http://www.robit.fi

http://www.akkerman.com/ ;

http://www.herrenknecht.de/ ;

http://www.robbinstbm.com/ ,

http://www.wirtheurope.com/

85
86
НАЈГОЛЕМИ МАШИНИ ВО СВЕТОТ

The Largest Construction Vehicles In The


World

1. The Largest Excavator - Terex RH 400


The Terex RH400 - the worlds largest hydraulic shovel - weighs 1078 Tons with a shovel
capacity of 94 tons in a single scoop. The RH400 has the working ability to scoop up around
9900 tons of material every hour which is a world record for a vehicle of this type.

The Terex RH400 price tag is 11 Million Dollars.

87
88
2. The Largest Haul Truck - The Liebherr T282
The Liebherr T 282B is an off-highway, ultra class, rigid frame, two-axle, diesel/electric, AC
powertrain haul truck designed and manufactured in USA .. It's offering one of the largest haul
truck payload capacities in the world, up to 400 short tons (363 t).

89
90
91
3. Biggest Earth Mover - LeTourneau L-2350
Designed to center-load haul trucks with capacities of up to 400 tons, the L-2350 provides an
operating payload of 160,000 pounds, a 24-foot lift height, and an 11.5-foot reach.

 Operational weight 258 tons


 2300 Horsepower
 16 Cylinder 65.0 Liters Detroit Diesel Turbocharged Aftercooler Engine
 Hydraulic lifting payload 72 tons
 Standart Bucket 40,52 m³
 FuelTank 3974.68 Liters
 Hydraulic Oil 1230 Liters
 Tyres 70/70-57 SRG DT ( diameter 4 m and width 1.78 m)

92
93
94
The Largest Bulldozer - Komatsu D575A-3SD
The biggest dozer in the series is the "Superdozer" called the D-575A-3. The Komatsu
superdozer is powered by a turbo-loaded, drawer-air-cooled 12 cylinder diesel with the code
name SA12V170E. This motor which develops a performance range of 1150 HP has the capacity
equal to the tank-content of a medium-range car with 1800 r.p.m. The awesome performance of
this mighty engine and tremendous motor-torque allow this superdozer enormous feats of
pushing strength of over 485,000 lb. The colossal blade, which is carried majestically by the D-
575A-3, has a capacity of unbeatable 90 yd^3 which allows it to push 348,000 lb of overburden
effortlessly.

95
96
97
4. The Largest Mobile Crane - Liebherr LTM 11200-9.1
The LTM 11200-9.1 is the strongest telescopic crane on the market and has the longest telescopic
boom in the world. The eight-part boom is fully automatically extended to and fixed at the
desired length. In addition, various lattice extensions are available. The Y-shaped telescopic-
boom guying system offers remarkable increases in load capacity.

98
99
100
The Largest Demolition Shear - Rusch Triple 34-25 with
Genesis 2500 Demolition Shear
Genesis 2500 is a destruction machine with King Kong force.

101
102
5. The Largest Bucket - Wheel Excavator - Bagger 288
The Bagger 288 was built for the job of removing overburden prior to coal mining in Tagebau
Hambach , Germany . It can excavate 240,000 tons of coal or 240,000 cubic metres of
overburden daily – the equivalent of a soccer field dug to 98 ft deep. The coal produced in one
day fills 2400 coal wagons. The excavator is up to 721 ft long and approximately 315 ft high. The
Bagger's operation requires 16.56 megawatts of externally supplied electricity. It can travel 6.6 to
33 ft per minute (0.1 to 0.6 km/h).

103
104
105
106
107
108

You might also like