You are on page 1of 37

Масивен конструктивен систем

7.Масивен конструктивен систем


Масивниот конструктивен систем е систем
во кој вертикалните елементи на носивата
конструкција ја сочинуваат масивни
ѕидови од полна тула, камен, бетонски
блокови или армиран бетон.
Под масивни конструктивни системи ги
подразбираме конструктивните системи
на „традиционалните“ објекти градени
низ еден голем временски период од
Месопотамија, средниот век, ренесансата
и новиот век, но и објектите кои заземаат
значајно место во современата
архитектура на Европа.
37
Масивен конструктивен систем
Масивен конструктивен систем од
полна тула

Масивните конструктивни системи од тула


се конструктивен систем на релативно
мали и не толку значајни објекти
(станбени згради, станбени индивидуални
објекти, мали деловни објекти и сл.)
Висината на овие објекти е ограничена на
катност од П+3 или П+4 со висина 12 до
15m, а ѕиданата носива конструкција ја
ограничува слободата на архит.простор.

38
Масивен конструктивен систем
Масивен конструктивен систем од
полна тула

Меѓукатните конструкции на
традиционалните масивни системи
се од дрво, челична конструкција од
топло валани профили, а денес
најчесто се користат армирано-
бетонските меѓукатни конструкции.

Се користат лентовидни темели за


темелната конструкција.
39
Масивен конструктивен систем
Масивен конструктивен систем од
полна тула

Ѕидањето на ѕидовите се изработува


во продолжен малтер 1:2:6 или 1:3:9
или во подрумите со цементен
малтер 1:3.
Во зависност од состојбата на
напрегањата во ѕидот се употребува
полна тула со димензии 25х12х6.5cm
со различен квалитет т.е марка на
ѕидот (минимум МЅ 1.5).
40
Масивен конструктивен систем

Нормирани делови на тулата


41
Масивен конструктивен систем

Означување на нормираните делови во цртежите


42
Масивен конструктивен систем
Масивен конструктивен систем од
полна тула
Дебелината на носивите ѕидови
изнесува d=25, 38, 51 во некои
случаи 64cm.
Во современи услови најчесто се
користат носиви ѕидови со дебелина
d=38cm на долните катови, а на
горните катови d=25cm или d=25cm
со непроменета дебелина по целата
висина на објектот во случај на
врамена ѕидарија.
43
Масивен конструктивен систем

Положба на тулата во ѕидот


44
Масивен конструктивен систем

Различно редење на слој од тули


45
Масивен конструктивен систем

Определување на дебелина на ѕидот


46
Масивен конструктивен систем

Определување на дебелина на ѕидот


47
Масивен конструктивен систем

Определување на висина на ѕид од тула


48
Масивен конструктивен систем

Врска на надолжници за ѕид од 6.5cm


49
Масивен конструктивен систем

Врска на надолжници за ѕид од 12cm


50
Масивен конструктивен систем

Врска на врзници
51
Масивен конструктивен систем

Блок врска за ѕид од 25cm со рамен почеток


52
Масивен конструктивен систем

Блок врска за ѕид од 38cm со рамен почеток


53
Масивен конструктивен систем

Блок врска за ѕид од 51cm со рамен почеток


54
Масивен конструктивен систем
Вообичаено конструктивниот модул се
движи во границите од 3-6m, а кај
станбените згради може да се сретне 2,7;
3.6; 4.5; 5.4m.
Во литературата, поделбата на овие
конструктивни системи е врз основа на
конструктивниот концепт:
-Масивен систем со подолжни носиви
ѕидови
-Масивен систем со попречни носиви
ѕидови
-Масивен систем со подолжни и попречни
ѕидови
55
Масивен конструктивен систем

Масивен конструктивен систем со носиви ѕидови во


подолжен правец
56
Масивен конструктивен систем

Масивен конструктивен систем со носиви ѕидови во


попречен правец
57
Масивен конструктивен систем

Масивен конструктивен систем со носиви ѕидови во


двата ортогонални правци
58
Масивен конструктивен систем
Во сообразност со универзалните принципи за
проектирањето на конструктивните системи за
масивниот конструктивен систем од тула со
носиви ѕидови во двата ортогонални правци
може да се постават следните барања:

-Ѕидови во двата ортогонални правци


-Симетрија на носивите ѕидови во однос на двата
ортогонални правци на основата на објектот,
-Меѓукатна конструкција од армиран бетон
носива во двата правци (крстасто армирана
бетонска меѓукатна констр.),
-Носивите ѕидови да примаат сили на
смолкнување и напрегања на затегнување.

59
Масивен конструктивен систем

Носивост на ѕидови од тула


60
Масивен конструктивен систем

Носивост на ѕидови од тула


61
Масивен конструктивен систем

Носивост на ѕидови од полна тула


62
Масивен конструктивен систем
Со прописите за проектирање на објекти од
високоградбата во сеизмички активни подрачја
дефинирани се посебни правила при проектирање на
масивен конструктивен систем:
a)Под ѕидани конструкции се подразбираат конструкции
изработени од полна тула, керамички блокови и други
материјали поврзани со продолжен малтер со јакост
најмалку М2.
б)Ѕиданите конструкции се проектираат со носиви ѕидови
во двата ортогонални правци, со дебелина поголема од
19cm.
в)За определена дебелина на ѕидовите, најголемото
растојание помеѓу ѕидовите во еден правец може да
изнесува најмногу:
-5m за ѕидови со дебелина 19cm
-6m за ѕидови со дебелина 25cm
-6.5m за ѕидови со дебелина 30cm и
-7.5m за ѕидови со дебелина 38cm.
63
Масивен конструктивен систем
г)Хоризонталните серклажи се изведуваат на сите ѕидови
со дебелина поголема од 19cm.
д)Дозволен број на катови

Степен на сеизмичност IX VIII VII


Вид на ѕидани конструкции степен степен степен
Обични / П+1 П+2
Со вертикални серклажи П+2 П+3 П+4

Армирани П+7 П+7 П+7

Ако зградите не се пресметуваат на дејство на земјотрес,


дозволениот број на катови, независно од видот на
конструкцијата се ограничува на:
П+1 за VIII степен на сеизмичност
П+2 за VII степен на сеизмичност 64
Масивен конструктивен систем

За ѕидање во сеизмички активни подрачја


дозволена е употреба само на продолжен
малтер.

Во подрачјата со VII и VIII степен на


сеизмичност се употребува малтер со најмала
јакост М2, а во IX степен малтер со јакост М5.

Не е дозволена употреба на чист цементен


малтер.

65
Масивен конструктивен систем
Масивни системи со врамена ѕидарија

Системот го сочинуваат вертикални ѕидови од


тула во двата ортогонални правци во основата
кои се врамени во вертикални и хоризонтални
серклажи.

Ѕидовите се пресметани како носиви ѕидови за


вертикални товари, кои се главно центрични
товари. Вертикалните серклажи само навидум
наликуваат на столбови, но не пренесуваат
никакви товари. Хоризонталните серклажи
обезбедуваат рамномерно пренесување на
вертикалните товари од меѓукатните
конструкции на ѕидовите и се поврзуваат со
вертикалните серклажи.

66
Масивен конструктивен систем

Ѕидови од тула врамени во вертикални и


хоризонтални серклажи
67
Масивен конструктивен систем

Масивни системи од армиран бетон


Масивниот систем од армиран бетон се состои од
вертикални елементи армирано бетонски носиви
ѕидови во двата ортогонални правци во основата
на објектот и хоризонтални елементи меѓукатна
конструкција од армиран бетон.

Површината на попречниот пресек за секој


ортогонален правец не смее да биде помала од
1.5% од бруто површината на објектот од
високоградбата во основа. Кај масивниот систем
од полна тула овој процент изнесува min20%.

68
Масивен конструктивен систем

Масивни системи од армиран бетон


Дебелината на ѕидовите не смее да биде
помала од 15cm.

Односот на висината на ѕидот и


должината на ѕидот не смее да биде
помала од 2.

Овој конструктивен систем на објекти од


високоградбата се применува за катност
од П+7.

69
Масивен конструктивен систем

Масивен конструктивен систем од армиран бетон


70
Масивен конструктивен систем

Масивни системи од армиран бетон


Во масивните системи од армиран бетон можеме
да ги вброиме и крупно-панелните и монтажниот
армирано бетонски конструктивен систем.
Посебна современа модификација на
армиранобетонскиот монолитен систем е тн.
„бокс“ систем.
Во зависност од технологијата на изведбата
може да се сретнат во три облици:
-Монолитен бокс систем,
-Монтажен бокс систем-крупнопанелен систем и
-Монолитен бокс систем изведен со монтажно-
демонтажна оплата (тунелска или лизгачка
оплата).
71
Масивен конструктивен систем

Масивни системи од армиран бетон


Во монолитна изведба катноста на овој
конструктивен систем изнесува и до П+35.

Поради проблемите со врските на монтажа и


нивната монолитизација кај крупно-панелниот
систем катноста е ограничена до П+7.

72
Масивен конструктивен систем

Масивен конструктивен армбет.систем:


систем со ѕидови на смолкнување и бокс систем
73

You might also like