You are on page 1of 6

Влијанија и товари на конструктивните системи и градежните објекти

1. Товари на конструктивните системи


Што е товар? Видови на товари:
Природни товари,Корисни товари,Инцидентни товари иКомбинации на товари.
Поделба на товарите според ЕUROCODE EN1990
Движење на товарите во конструктивниот систем,Пресечни статички големини
-Аксијални сили
-Трансверзални сили
-Нападни моменти
-Моменти на торзија
Товари на конструктивните елементи
-Главната функција на конструкцијата е да ги пренесе сите видови на товари.
Што е товар?
По природата на нивното настанување товарите може да се поделат на:
-природни,корисни и инцидентни товари.
*Природни товари*
Сопствена тежина
Сите конструкции кои се наоѓаат на површината на планетата Земја се спротивставуваат на силите на гравитацијата.Овие
товари на локално ниво се вертикални.Затоа секогаш како прв товар на конструкцијата се смета гравитациониот товар,
тоа значи дека конструкцијата треба да ја пренесе својата тежина, сопствената тежина, на местата на
ослонување.Сопственататежина на конструкцијата зависи само од физичките својства на материјалот од која што е
направена односно од неговата запреминска маса

Товар од ветер
Поради постојани промени на атмосферскиот притисок, на различни места, на површината на Земјата се јавува движење
на воздухот кое се нарекува ветер.
Секоја конструкција изградена на површината на Земјата се спротивставува на дејството на ветерот.

Товар од врнежи-снег
Влијанијата од надворешната средина, поради промената на атмосферскиот притисок и испарувањето на водата, се
појавуваат во вид на дожд, снег, град, промена на влажност на воздухот и промени во загаденоста на воздухот особено со
јагленороден диоксид CO2.Сите наведени товари имаат влијание пред се на трајноста на објектот бидејќи предизвикуваат
оштетувања на површината на конструкцијата.Но само товарот од снег може подолго време, во текот на зимата, одреден
број на денови да се задржи подолго на една конструкција
.
Интензитетот на товарот од снег зависи од надморската височина на која се наоѓа објектот и аголот-наклонот на
покривната конструкција.
Земјан притисок
Поради локалната форма на Земјината површина, која може да биде препрека за една конструкција, или делови од
конструкцијата се наоѓаат под земјата во тој случај се изложени на дејство на земјан притисок.
Како и кај ветерот значи заради промена во геолошкиот профил доаѓа до појава на сили.

Подземни води
Под површината на Земјата, во зависност од локалната геологија и климатски услови, секогаш ќе постои одреден ако личи
на на вода на одредена длабочина.Подземните води предизвикуваат хидростатички притисок на вертикалните елементи
на конструкцијата.

Но истo така може да предизвика и сили на узгон односно сили во вертикален правец особено на подовите.
Температурни промени
Температурните промени предизвикуваат диференцијални промени во димензиите на елементите на конструктивниот
систем.Сите конструктивни материјали се шират кога се загреваат, а се собираат кога се ладат.
Бидејќи конструкцијата е изложена на надворешната средина, температурата варира значително во лето и во зима и на
тој начин предизвикува товари на конструкцијата.

Движење на почвата
Поради нееднаквиот квалитет на почвата наместото каде е изградена конструкцијата може да дојде до појава на
нерамномерно слегнување на почвата.

Движење на почвата
Друга форма на движење на почвата кое може да предизвика товар на конструкцијата е земјотресот.
Земјотресите се предизвикани од ненадејни движења на почвата во земјината кора. Овие движења предизвикуваат
хоризонтални и вертикални осцилации на површината на земјата и се пренесуваат на конструкцијата.

Се уште точно не се знае како се пренесуваат силите од земјотресот на објектот, но ефектите од земјотресот се слични
како објектот-конструкцијата да се бутка во хоризонтален правец додека темелната конструкција е вклештена.
Најнеповолно влијание на конструкцијата од дејство на земјотрес е доколку иститот делува под агол од 90о, односно
нормално на оските на објектот, во двата ортогонални правци.

Корисни товари
Бидејќи конструкцијата е проектирана за одредена намена, корисните товари се оние товари за кои се врши проектрање
на еден објект.Овие товари се всушност добродојдени, за разлика од природните товари кои се неизбежни и кои не може
да се занемарат во животот на една конструкција.
Најчесто овие товари се предизвикани од луѓето кои се и најчест корисен товар на една конструкција.Интензитетот на
корисните товари истотака зависи од намената на објектот, односно од големината на товарот за кој се врши проектирање
на конструкијата.И овој товар настанува под дејство на гравитацијата. Во литературата може да се сретне и како подвижен
товар.

Инцидентни товари
Појавата на инцидентни товари е поврзана со концептот на сигурност на конструкцијата.
Овие товари најчесто се поврзуваат со ненадејни удари од возила на конструкцијата, експлозии, удари од природни
феномени.

Комбинации на товари
Веќе рековме дека главна функција на конструкцијата е да ги пренесе различните видови на товари кои ги
идентификувавме.Но сега се поставува прашањето кои товари или која група на товари е потребно да се разгледува
независно еден од друг или во комбинација со различни видови на товари.
Бидејќи конструкцијата мора да пренесува различни товари потребно е да се разгледуваат поголем број на комбинации на
товарите кои се нарекуваат случаји на товарење или комбинации на товари.
Она што секогаш е сигурно е дека ќе имаме дејство на природниот гравитационен товар односно дејство на сопствената
тежина на конструкцијата.
Сите други товари делуваат во определено време и не се постојано присутни на конструкцијата, затоа постојат голем број
на комбинации на товарите.
Примери:
Комбинација1: Сопственатежина+ Корисен товар од луѓе
Комбинација2: Сопственатежина+ Товар од ветер во определен правец
Од интерес е да ја определиме најнеповолната комбинација на товари која има најголемо влијание на конструкцијата. Но
постојат определени потешкотии:
1.Еден случај на товарење може да предизвика најголемо влијание на еден дел од конструкцијата, а друг случај на
товарење може да има поголемо влијание на друг дел од конструкцијата, затоаморадапостојат повеќе неповолни
комбинации.
2.Како може да се определат нејнеповолните комбинации на товарење без да се разгледуваат сите можни комбинации на
товарење?
-Но за жал непостои дециден одговор на ова прашање. Затоа за секој објект или конструкција, во зависност од нивната
намена, се даваат определени упатства во прописите или стандардите.
Поделба на товарите според Европските норми EUROCODE 1, EN1991
Постојани товари (G)
Дејство за кое е веројатно дека ќе делува во целиот референтен период и за кое варијацијата на интензитетот во тек на
време е занемарлива или варијациитесесекогашвоистправец (монотоно товарење) се додека не се достигне граничната
вредност.
Тука спаѓаат:
-Сопствена тежина
-Останати постојани товари (товари од подови, ѕидовииопрема)
-Сила на претходно напрегање
Променливи товари (Q)
Дејство за кое варијацијата на интензитетот во тек на време не е занемарлива и не е монотона.
Тука спаѓаат:
-Корисни товари-оптоварувања од луѓе, товари од возила кај мостови, товари од кранови и машини
-Дејство на пожар
-Товар од снег
-Товар од ветер
-Температурни влијанија
Инцидентни товари (А)
Дејство, обично кое кратко трае, но со значителен интензитет, за кое не е веројатно дека ќе делува на дадена конструкција
во текот на пресметковниот век на експлоатација.
Сеизмички товари (АЕ)
Дејство, кое настанува поради движење на почвата за време на земјотрес.
-Се поставува прашањето како конструкцијата ги пренесува силите и што се случува при пренесување на силите?
Конструкцијата ги пренесува товарите преку внатрешни сили, силикоисево конструкцијата и предизвикуваат напрегања во
градежниот материјал.
Аксијални сили
За да се илустрира идејата што се случува со внатрешните сили ќе разгледаме едноставен пример на столб кој е
вклештен во основата

.
Аксијални напрегања

Столбот го пренесува влијанието од товарот со систем на притискање, односно столбот е изложен на сили на притисок.
Освен што столбот е изложен на притисок, под дејство на силата се деформира, се скратува.
Ако столбот го пренесува влијанието од товарот со систем на издолжување, односно столбот е изложен на затегнување.
Кога столбот е изложен на затегнување, под дејство на силата се деформира, се издолжува.
Нападни моменти (моменти на виткање) и трансверзални сили
Хоризонталните елементи на конструкцијата гредите товарите ги пренесуваат на потпорите во комбинација од моменти на
виткање и трансверзални сили.

You might also like