You are on page 1of 39

Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника

Предмет Фундирање

ЛЕНТОВИДЕН ТЕМЕЛ – ЗАДАЧА 1

Лентовидните темели се изведуваат при темелење на објекти кај кои носиви елементи се
ѕидовите. Се изведуваат од неармиран бетон кога ѕидот е од тула или камен и кога се бара
темелот да биде масивен заради стабилност, и од армиран бетон кога ѕидот е
армиранобетонско платно, а потребно е објектот плитко да се фундира. Со тоа се добива
помала висина на темелот и поекономично решение.

Најчесто оптоварувањето по должината на ѕидот е константно и во тој случај димензиите


на лентовидниот темел по целата должина се исти. Во случај да оптоварувањето се менува
по должина на ѕидот тогаш се менува и ширината на лентовидниот темел. Ѕидовите
најчесто пренесуваат само вертикално оптоварување, додека армиранобетонските платна
покрај вертикалното оптоварување можат да пренесуваат и хоризонтален товар и моменти
на совивање. Лентовидниот темел може да се изведе како симетричен и несиметричен
темел (кога е потребно да се изврши центрирање). Во зависност од оптоварувањата што ги
прифаќаат од горната конструкција и ги пренесуваат на подлогата, лентовидните темели
можат да бидат центрично товарени (товарени со вертикални сили и пренесуваат
центричен притисок на подлогата, сл. 1а) и ексцентрично товарени (товарени со
вертикални сили, хоризонтални сили и/или моменти и пренесуваат ексцентричен притисок
на подлогата сл.1б).

а) б)
Слика 1.Попречни пресеци на лентовидни темели

Центрирањето претставува конструирање на несиметричен темел, односно темел кај кој


тежиштето на контактната површина се поклопува со нападната точка на надворешниот
товар.

Плитко фундирање – Лентовиден темел 1


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

1. Пресметување на димензии во основа (GEO анализа)

1.1.Центрично товарен лентовиден темел од неармиран и армиран бетон

Димензиите во основа на темелот се пресметуваат од условот, притисокот на темелот врз


темелната подлога да биде еднаков или приближно еднаков на дозволената носивост на
подлогата на котата на фундирање (pmax=σdoz). Бидејќи сите попречни пресеци се наоѓаат
во исти услови, за одредување на димензиите во основа доволно е само да се издвои една
ламела најчесто со единечна должина и врз неа да се спроведе анализата. Со претпоставка
дека распределбата на реактивниот притисок во контактната површина е праволиниска и
условот за рамнотежа Y=0, се добива:

P + G = F 𝜎𝑑𝑜𝑧
каде се: P - оптоварување од ѕидот [kN]
G - сопствена тежина на темелот и почвата над него [kN]
F - потребна површина на основата на темелот [m2]
σdoz - дозволена носивост на темелната подлога [kPa]

Тежината G не е позната, но може да се изрази како производ од волуменот и волуменската


тежина на материјалот од кој се изведува темелот (армиран или неармиран бетон и почвата над
него):

𝐺 = 𝛽 𝛾𝑏 𝐹 𝐷𝑓

каде се: γb - волуменска тежина на армиран или неарм. бетон [kN/m3]


β - коефициент со кој се зема во предвид разликата помеѓу
волуменските тежини на темелот и почвата над него.
Обично се движи околу 0.85
Df - Длабочина на фундирање [m]

Ако замениме за G во равенката за рамнотежа се добива:

𝑃 + 𝛽 𝛾𝑏 𝐹 𝐷𝑓 = 𝐹 𝜎𝑑𝑜𝑧

а оттука
𝑃
𝐹=𝜎
𝑑𝑜𝑧 −𝛽 𝛾 𝑏 𝐷 𝑓

Бидејќи се разгледува должина на темелот од 1m’(F=Bx1.0):


𝑃
𝐵=
𝜎 𝑑𝑜𝑧 −𝛽 𝛾 𝑏 𝐷𝑓

Плитко фундирање – Лентовиден темел 2


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

1.2.Ексцентрично товарен лентовиден темел од неармиран и армиран бетон

Врската на армиранобетонското платно и лентовидниот темел се изведува преку армирано


бетонска перница. Улогата на оваа перница е да го намали напрегањето помеѓу
неармираниот (темел) дел и армираниот дел (а.б. платно) и во неа да се анкерисува
арматурата од а.б. платно. Димензиите на а.б. перница се определуваат од условот
максималните напрегања што истата ги пренесува врз темелот со својата контактна
површина да бидат во дозволени граници. Во случај кога нема потреба од а.б. перница,
армиранобетонското платно директно се анкерисува во темелот.

Кај армираниот лентовиден темел, за да се обезбеди условот диференцијалните слегања во


подолжен правец да бидат помали од оние во попречен правец, по потреба се изведува
армиранобетонска греда со димензии b0 x d (сл.2).

Слика 2. Армиранобетонска перница и армиранобетонска греда кај лентовиден темел

За определувањето на димензиите во
основа се претпоставува праволиниска
распределба на реактивниот притисок
по контактната површина. Во
зависност од односот помеѓу
ексцентрицитетот и јадрото на
пресекот k, можат да настанат неколку
случаи на различа распределба на
реактивниот притисок (сл.3).

Слика 3.Распределба на реактивен


притисок

Плитко фундирање – Лентовиден темел 3


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Ако e < k, тогаш на рабовите од темелот се појавуваат напрегања на притисок, бидејќи


неутралната оска се наоѓа надвор од пресекот. Општиот израз за определување на рабните
напрегања и функцијата на реактивниот притисок се:

R M
p max  
min
B W

Каде се: R  P  G  P  𝛽 𝛾𝑏 𝐵 𝐷𝑓 𝛽 𝛾𝑏 𝐵 𝐷𝑓 ≈ (𝐺𝑇 + 𝐺𝑃 )


M  R  e  H  ht
1 B 2
FB W
6

Од условот pmax≈σdoz се добива равенката за пресметување на ширина на


симетричен темел со мал ексцентрицитет:

( doz     b  D f )  B 2  P  B  6  M  0

Со решавање на оваа равенка се добива ширината на темелот B. Од добиената вреднсот се


усвојува ширина на 5 cm.

Ако e = k, тогаш двата члена од равенката се еднакви по апсолутна вредност и затоа


pmin=0. Ширината и во овој случај се пресметува по истата равенка.

Кога e > k, тогаш вредноста на pmin е негативна, односно се појавува напрегање на


затегање во еден дел од контактната површина. Бидејќи темелната подлога не може да
прими напрегање на затегнување доаѓа до одвојување на темелот од темелната подлога.
Затоа е потребно да се исклучи тој дел од учество во пренесувањето на товарите.
Растојанието на силата до крајот на притиснатиот раб од пресекот се определува од
условот Y=0. Овој темел се нарекува симетричен лентовиден темел со голем
ексцентрицитет или симетричен лентовиден темел со редуцирана ширина.

2( P   b D f B) 2( P   b D f B)
 doz  или c
3c 3 doz

Ширината на темелот се определува од условот М=0:

B
c e или B  2c  2e
2

Плитко фундирање – Лентовиден темел 4


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Ако се знае дека:

M M
e  тогаш се добива:
P  G P   b D f B

2M
B  2c 
P   b D f B

Активниот дел од ширината преку кој се пренесува притисокот се нарекува редуцирана


ширина и изнесува Br=3c.

2. Определувања на висина на лентовиден темел (STR анализа)

Под дејство на оптоварувањата во самиот темел се јавуваат напрегања на притисок и


затегнување. Напрегањата на затегнување треба да бидат во граници што се дозволени за
соодветниот материјал од кој се изведува темелот. Ако темелот е од камен или тула тогаш:

B  b0
tgα ≈3 , односно ht  3( )  3b
2
каде се: ht - висина на темелот [m]
B - ширина на темелот [m]
b - должина на препустот [m]

Овој однос кај темелите изведени од неармиран


бетон се движи во следните граници:

25° ≤ α ≤ 55°, односно 0.466 ≤ tg α ≤ 1.428

Слика 3. Определување на висината на темелот

Висината на центрично товарен лентовиден темел од неармиран бетон се пресметува


од условот граничните напрегања на затегнување од совивање во неармираниот бетон во
пресекот 1-1 (сл.3) да бидат помали или еднакви на граничните напрегања на затегнување
од совивање на неармираниот бетон. При дејство на реактивниот притисок pn, во пресекот
1-1 се јавува двозначно напрегање кое може да се определи според равенката:

M ht2 1.0
 b     bzs Отпорниот момент на вертикалниот пресек 1-1 е W 
W 6
2
b
Големината на моментот е: M  pn
2

Плитко фундирање – Лентовиден темел 5


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Со средување на равенката за напрегањето на затегнување во бетонот од совивање се


добива равенката за пресметување на висина на центрично товарен лентовиден темел од
неармиран бетон:

3 pn
ht  b
 bzs
каде се: ht - висина на темелот [m]
P
pn  - нето реактивен притисок [kPa]
B
b - препуст кај темелот [m]
 bzs - гранично напрегање во бетонот на затегнување од
совивање

Висината на темелот треба да биде усвоена со големина кој ќе гарантира да максималните


тангенцијални напрегања во карактеристичниот пресек 1-1 бидат помали од граничните:
3 Qu
 max  r
2 F
каде се: Qu=pnb - ултимативна трансверзална силa
τr - гранично тангенцијално напрегање во бетонот
(додаток 2)
F=ht x 1.0- површина на која делува тангенцијалното
напрегање

Со средување на горната равенка се добива условот за контрола на висината на


лентовидниот темел:

3Qu
h
2 r
Висината на ексцентрично товарен лентовиден темел од неармиран бетон се
пресметува исто како кај центрично товарен лентовиден темел со таа разлика што треба да
се контролираат напрегањата на затегнување во бетонскиот пресек кој е поблизу до работ
на темелот каде се добива максималното напрегање. Се тргнува од условот:

M ht2
 b     bzs Отпорниот момент на вертикалниот пресек 1-1 е W
W 6
За определување на моментот во карактеристичниот пресек се тргнува од функцијата на
реактивниот притисок:

Плитко фундирање – Лентовиден темел 6


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

pn,max  pn,min
pn ( x)  pn,max  k 2 x k2 
B
Големината на моментот е:

x2 x3
M ( x)  pn,max  k2
2 6
за x = b,
2
1 2 x 1
M u  pn,max b  k 2b 3
2 2 6

Равенката за пресметување на висина на ексцентрично товарен лентовиден темел од


неармиран бетон:

6M u
ht 
 bzs
каде се: ht - висина на темелот [m]
Mu - нето реактивен притисок [kPa]
 bzs - гранично напрегање во бетонот на затегнување од
совивање (додаток 1)

Висината на темелот треба да го задоволи условот:

3Qu
h
2 r
каде е

x2
Q( x)  pn,max x  k 2
2
b2
Qu  pn,max b  k 2
2

Плитко фундирање – Лентовиден темел 7


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Висината на центрично товарен лентовиден темел од армиран бетон се пресметува со


помош на статичките големини во меродавниот пресек, односно со помош на моментите и
трансверзалните сили:

Mu
hM  hst  a hst  k h
bst

каде се: hМ - висина на темелот [m]


hst - статичка висина на темелот [m]
Mu - ултимативен момент [kNm]
bst - статичка ширина на пресекот bst = 1.0 m
kh - коефициент на висината (додаток 11)
a - заштитен слој на бетонот

Qu
hQ  hst  a hst 
k z r bst

каде се: hQ - висина на темелот [m]


hst - статичка висина на темелот [m]
Qu - ултимативен момент [kNm]
bst - статичка ширина на пресекот bst = 1.0 m
kz - коефициент на кракот на внатрешните сили
(додаток 11)
τr - напрегање на смолкнување (додаток 2)

Ултимативните, односно граничните вредности на моментот и трансферзалните сили во


меродавниот пресек се пресметуваат од дејство на вкупниот или “нето” реактивен
притисок. Ако во анализата се влезе со вкупниот реактивен притисок

R
p max 
B
тогаш треба да се земат во предвид и сопствената тежина на темелот и почвата над него
(сл.4.1). Ако во анализата се влезе со “нето” реактивен притисок

P
pn 
B
тогаш не треба да се земат во предвид сопствената тежина на темелот и почвата над него
(сл.4.2).

Плитко фундирање – Лентовиден темел 8


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Слика 4. Пресметка на вкупен и “нето” реактивен притисок

Се усвојува поголемата вредност на висината (hM или hQ). Не би требало да се усвои


висина на лентовиден армиранобетонски темел од 25-30cm.

Висината на ексцентрично товарен лентовиден темел од армиран бетон се пресметува


исто како кај центрично товарен лентовиден темел со таа разлика што треба да се
контролираат напрегањата на затегнување во бетонскиот пресек кој е поблизу до работ на
темелот каде се добива максималното напрегање.

3. Конструктивни детали

Се исцртуват конструктивните карактеристики на темелот во размер (основа и пресек)


како на следната слика:

Слика 5. Конструктивни детали

Плитко фундирање – Лентовиден темел 9


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

4. Контрола на напрегањата

Се врши контрола да се види дали вкупните напрегања во контактната површина се во


дозволени граници, односно да биде задоволен следниот услов:

 doz  p max
 100  (3  5) %
 doz
Во случај отстапувањето да не е во овие граници потребно е да се изврши корекција на
димензиите во основа на темелот. Контролата се врши според равенките:

 за центрично товарен темел :

PG
p max 
B

каде е: G=GT+GP - тежини на темелот и почвата над него [kN]

 за ексцентрично товарен темел со мал ексцентрицитет:

PG M
p max  
min
B W

 за симетричен лентовиден темел со редуцирана ширина:


2( P  G)
p max 
Br

5. Пресметување на потребна арматура (за


армиран лентовиден темел)

Определувањето на потребната арматура за


армирање на лентовидниот темел се определува
според ултимативните вредности на статичките
големини. Арматурата се пресметува по
вообичаена постапка за димензионирање на
правоаголен пресек.

Mu
Ap 
k z  hst   v

Слика 6. Распоред на арматура

Плитко фундирање – Лентовиден темел 10


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

6. Контрола против пробивање (за армиран лентовиден темел)


6.1.Центрично товарен лентовиден темел

При состојба на лом, кога ѕидот пробива низ


темелот, од темелот се издвојува еден клин -
призма. На бочните страни се јавува
напрегање на затегнување во бетонот σbz. Во
пресметката се усвојува напрегањата на
затегнување да се еднакви на напрегањата на
смолкнување (Сл.7):

 bz  

Слика 7. Состојба на лом кај лентовиден темел

Од условот на рамнотежа на силите (Y=0) се


добива статичката висина на темелот кој е
осигуран од пробивање на ѕидот низ него
(сл.8).

Y=0 Тv - S = 0

Контролата се врши со условот:


P  (b0  2hst ) p n
 pr    doz
2 hs t

Во случај кога
2
 pr   1 a Слика 8. Определување на статичка висина
3

за прием на главните напрегања на затегнување, како последица на дејството на


трансверзалните сили, не е потребна дополнителна арматура. Кога τ pr е:
2
 1 a   pr   2 b
3
Вкупните сили на затегнување мора да се примаат со посебна арматура.

Во претходните равенки се:

τа, τb - дозволени главни напрегања (додаток 3)


Плитко фундирање – Лентовиден темел 11
Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

  1.3 a  - коефициент
1

  0.45 a  - коефициент
2

Ap
 - процент на армирање [m’]
hs t

За усвоена МБ 30, τа=0.8 MPa, за GA 240/360 αa=1.0, за RA 400/500 αa=1.3

Потребната дополнителна
арматура се пресметува
според наредниот израз,
додека нејзиниот распоред
е прикажан на сл.9.

S
Ak 1.35 [cm2] Слика 9. Распоред на дополнителна арматура
v

6.2.Ексцентрично товарен лентовиден темел

Од условот на рамнотежа на силите (Y=0) се добива условот за контрола на висината да


не дојде до пробивање (сл.10).

Tv  Qd Tv   pr hst

Меродавното тангенцијално напрегање изнесува

Qd 2
 pr    1 a
hst 3

p n,max  p n,11
Qd  (b  hst )
2

Слика 10. Контрола против пробивање


(ексцентрично товарен лентовиден
темел)

Плитко фундирање – Лентовиден темел 12


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

ТЕМЕЛ САМЕЦ - ЗАДАЧА 1

Темелите самци се изведуваат при темелење на објекти кај кои носиви елементи се
армирано бетонските столбови. Нивната улога е да го пренесат товарот од столбовите на
почвата. Се изведуваат од неармиран бетон кога се бара темелот да биде масивен заради
стабилност и кога пренесува мали товари од горната конструкција, и од армиран бетон
кога пренесува поголеми товари, а потребно е објектот плитко да се фундира. Со тоа се
добива помала висина на темелот и поекономично решение.

Во зависност од оптоварувањата што ги прифаќаат од горната конструкција и ги


пренесуваат на подлогата, темелите самци можат да бидат центрично товарени (товарени
со вертикални сили и пренесуваат центричен притисок на подлогата, сл. 1а) и
ексцентрично товарени (товарени со вертикални сили, хоризонтални сили и/или моменти
и пренесуваат ексцентричен притисок на подлогата сл.1б).

а) б) в)
Слика 1.Попречни пресеци на темели самци

Во однос на геометријата и товарите што ги пренесуваат, темелите самци што пренесуваат


само вертикални сили се изведуваат симетрично во однос на вертикалата која поминува
низ нападната точка на надворешниот товар (сл. 1а), додека темелите што пренесуваат и
хоризонтална сила и момент, можат да се изведат како несиметрични (сл.1в) со т.н.
“центрирање” како би пренеле центричен притисок на подлогата. Центрирањето
претставува конструирање на несиметричен темел, односно темел кај кој тежиштето на
контактната површина се поклопува со нападната точка на надворешниот товар.

Плитко фундирање – Темел самец 1


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

1. Пресметување на димензии во основа (GEO анализа)


1.1.Центрично товарен темел самец од неармиран и армиран бетон

Димензиите во основа на темелот се пресметуваат од условот, притисокот на темелот врз


темелната подлога да биде еднаков или приближно еднаков на дозволената носивост на
подлогата на котата на фундирање (pmax=σdoz). Со претпоставка дека распределбата на
реактивниот притисок во контактната површина е праволиниска и условот за рамнотежа
Y=0, се добива:

P + G = F 𝜎𝑑𝑜𝑧
каде се: P - оптоварување од столбот [kN]
G - сопствена тежина на темелот и почвата над него [kN]
F - потребна површина на основата на темелот [m2]
σdoz - дозволена носивост на темелната подлога [kPa]

Тежината G не е позната, но може да се изрази како производ од волуменот и волуменската


тежина на материјалот од кој се изведува темелот (армиран или неармиран бетон и почвата над
него):

𝐺 = 𝛽 𝛾𝑏 𝐹 𝐷𝑓

каде се: γb - волуменска тежина на армиран или неарм. бетон [kN/m3]


β - коефициент со кој се зема во предвид разликата помеѓу
волуменските тежини на темелот и почвата над него.
Обично се движи околу 0.85
Df - Длабочина на фундирање [m]

Ако замениме за G во равенката за рамнотежа се добива:

𝑃 + 𝛽 𝛾𝑏 𝐹 𝐷𝑓 = 𝐹 𝜎𝑑𝑜𝑧

а оттука
𝑃
𝐹=𝜎
𝑑𝑜𝑧 −𝛽 𝛾 𝑏 𝐷𝑓

За темел со квадратна основа се добиваат неговите димензии:

𝑃
𝐴=𝐵= 𝜎 𝑑𝑜𝑧 −𝛽 𝛾 𝑏 𝐷𝑓

За темел со правоаголна основа потребно е да се усвои еден однос на ширината и


должината (односот на димензиите на столбот = односот на димензиите на темелот):

Плитко фундирање – Темел самец 2


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

𝐴
𝑘=𝐵 𝐴 = 𝑘𝐵 𝐹 = 𝑘𝐵2

𝑃
𝐵= 𝑘(𝜎 𝑑𝑜𝑧 −𝛽 𝛾 𝑏 𝐷𝑓 )

1.2.Ексцентрично товарен темел самец од неармиран и армиран бетон

А) Случај на ексцентрицитет во еден правец

За определувањето на димензиите во основа се претпоставува праволиниска распределба


на реактивниот притисок по контактната површина. Во зависност од односот помеѓу
ексцентрицитетот и јадрото на пресекот k, можат да настанат неколку случаи на различа
распределба на реактивниот притисок (сл.2).

Слика 2.Распределба на реактивен притисок

Плитко фундирање – Темел самец 3


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Ако e < k, тогаш на рабовите од темелот се појавуваат напрегања на притисок, бидејќи


неутралната оска се наоѓа надвор од пресекот. Општиот израз за определување на рабните
напрегања и функцијата на реактивниот притисок се:

R M
p max  
min
F W

p( x)  pmax  k 2 x

Каде се: R  P  G  P  𝛽 𝛾𝑏 𝐹 𝐷𝑓
M  R  e  H  ht
A a A  B2 k  B3
F  A B k  A kB F  k  B2 W 
B b 6 6
p max  p min
k2 
B

Од условот pmax≈σdoz се добива равенката за пресметување на ширина на


симетричен темел со мал ексцентрицитет:

k  ( doz     b  D f )  B 3  P  B  6  M  0

Со решавање на оваа кубна равенка се добива ширината на темелот B. Од добиената


вреднсот се усвојува ширина на 5 cm. Со таа вредност се пресметува и димензијата А.

Ако e = k, тогаш двата члена од равенката се еднакви по апсолутна вредност и затоа


pmin=0. Неутралната оска се поклопува со едниот раб на темелот. Ширината и во овој
случај се пресметува по истата равенка.

Кога e > k, тогаш вредноста на pmin е негативна, односно се појавува напрегање на


затегање во еден дел од контактната површина. Бидејќи темелната подлога не може да
прими напрегање на затегнување доаѓа до одвојување на темелот од темелната подлога.
Затоа е потребно да се исклучи тој дел од учество во пренесувањето на товарите.
Растојанието на силата до крајот на притиснатиот раб од пресекот се определува од
условот Y=0. Овој темел се нарекува симетричен темел со голем ексцентрицитет или
симетричен темел со редуцирана ширина.

2( P   b D f F ) 2( P   b D f F )
 doz  или c
3 Ac 3 A doz

Плитко фундирање – Темел самец 4


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Ширината на темелот се определува од условот М=0:

B
c e или B  2c  2e
2

Ако се знае дека:

M M
e  тогаш се добива:
P  G P   b D f F

2M
B  2c  редуцираната ширина изнесува Br=3c
P   b D f F

Б) Случај на ексцентрицитет во два правци

Кога постои ексцентрично дејство на надворешниот товар во два правци, тогаш во


зависнсот од тоа дали нападната точка на резултантата е внатре во јадрото на пресекот
или надвор, темелите различно се третираат и нарекуваат. Темелите кај кој нападната
точка на резултантата е внатре или на границата на јадрото на пресекот се нарекува
симетричен темел со мал ексцентрицитет. Темелот кај кој нападната точка на резултантата
е надвор од јадрото на пресекот се нарекува симетричен темел со голем екцентрицитет.

Димензиите во основа и функцијата на напрегањата се определуваат на следниот начин:

R Mx My
p max   
min
F Wx W y

p max  p 2 p max  p 4
p( x)  pmax  k1 y  k 2 x k1  k2 
A B

Од условот pmax≈σdoz се добива равенката за пресметување на ширината B:

k 2  ( doz     b  D f )  B 3  P  k  B  6  M x  6  k  M y  0

Во случај кога е исполнет условот за еднозначни напрегања

1
2 3
(k B P    b D f k 2 B3  6 M x  6 k M y )  0
k B
се решава симетричен темел со мал ексцентрицитет. Во спротивно, кога

Плитко фундирање – Темел самец 5


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

1
2 3
(k B P    b D f k 2 B 3  6 M x  6 k M y )  0
k B
се решава симетричен темел со голем ексцентрицитет. Во овој случај решавањето може да
се изврши на неколку начини со пресметување на различни видиви на темели:

 Темел со редуцирани напрегања;


 Симетричен темел со нови димензии;
 Несиметричен темел.

2. Определувања на висината на темелот (STR анализа)

За пресметување на висината на темелот најпрво треба да се пресметаат статичките


големини. Постојат повеќе методи за нивно пресметување од кои овде ќе се користат
методот на исечоци и методот на плоча.

 Метод на исечоци (подолжен правец)

Основна претпоставка кај методот на исечоци е дека темелот во основа се сече на четири
независни исечоци. Секој од овие исечоци е конзола вклештена во столб за кој се усвојува
дека минува низ темелот до неговиот долен раб (сл.3).

Слика 3. Метод на исечоци кај центрично и ексцентрично товарен темел самец

Плитко фундирање – Темел самец 6


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Според ознаките на слика 3, статичките големини се пресметуваат на следниот начин:

Qu  p n  F
M u  Qu  s
P
каде се: pn  - Реактивен притисок [kPa] (овде FT е површина на темелот)
FT
A  a o B  bo
F - површина на шрафираниот дел [m2]
2 2
( B  bo ) / 2 2 A  a o
s - тежиште на означената површина [m]
3 A  ao
За ексцентрично товарен темел самец pn во пресекот 1-1 се пресметува како:
p n  pn,max  k 2 (b2  b1 ) за ексцентрицитет во еден правец
p n  pn,max  k1  y  k 2  x за ексцентрицитет во два правци
Преку истата постапка се пресметуваат и статичките големини во попречен правец.

 Метод на плоча (подолжен правец)

При определувањето на статичките големини со оваа метода, темелот се разгледува во


целина. Меродавните статички големини се определуваат за целата должина, односно
ширина на темелот (сл.4).

Слика 4. Метод на плоча кај центрично и ексцентрично товарен темел самец

Плитко фундирање – Темел самец 7


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Според ознаките на слика 4, статичките големини се пресметуваат на следниот начин:


Qu  p n  F
M u  Qu  s
P
каде се: pn  - Реактивен притисок [kPa] (овде F е површина на темелот)
F
B  bo
FA - површина на шрафираниот дел [m2]
2
B  bo
s - тежиште на означената површина [m]
4
За ексцентрично товарен темел самец статичките големини се пресметуваат на следниот
начин:
1
Qu  p n,max A b2  k 2 A b22
2

1 1
Mu  pn,max A b22  k 2 A b23 за ексцентрицитет во еден правец
2 6

A2 A
Qu  pn,max A x  k1 x  k2 x 2
2 2

A A2 2 A
M u  pn,max x 2  k1 x  k 2 x 3 за ексцентрицитет во два правци
2 4 6
Преку истата постапка се пресметуваат и статичките големини во попречен правец.

Висината на темелот се определува од условот напрегањата на затегнување на бетонот


од совивање во критичниот пресек 1-1 да бидат помали од граничните напрегања. При
дејство на реактивниот притисок pn, во пресекот 1-1 се јавува двозначно напрегање кое
може да се определи според равенката:

M ht2  bst
 b     bzs Отпорниот момент на вертикалниот пресек 1-1 е W 
W 6
Со средување на равенката за напрегањето на затегнување во бетонот од совивање се
добива равенката за пресметување на висина на темел самец од неармиран бетон:
6M u
ht 
bst   bzs

Плитко фундирање – Темел самец 8


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

каде се: ht - висина на темелот [m]


Mu - ултимативен момент [kNm]
bst - статичка ширина [m]
A  ao
bst  - метод на исечоци (подолжен правец)
2
A
bst  - метод на плоча (подолжен правец)
2
 bzs - гранично напрегање во бетонот на затегнување од совивање
За усвоена МБ 20 и претпоставена висина ht,
 0,40 
 bzs  0,70 1,80  0,60   1,26 MPa
 4
1,0 

Кај ексцентрично товарените темели самци, за пресметување на висината на темелот,


треба да се контролираат напрегањата на затегнување во бетонскиот пресек кој е поблизу
до работ на темелот каде се добива максималното напрегање. Се усвојува најголемата
вредност добиена по двете методи и во двата правци на 5cm.

Висината на темел самец од армиран бетон се пресметува со помош на ултимативните


моменти на совивање или трансверзалните сили.

 Висина на темел според моментите на совивање

Mu
hM  k h
bst

каде се: hМ - висина на темелот [m]


Mu - ултимативен момент [kNm]
bst - статичка ширина на пресекот [m]
kh - коефициент на висината

За усвоено MB 30 и RA 400/500;  a  10‰ и  b  2,4‰ се добива:


kz = 0.925 kh = 1.919

 Висина на темел според трансверзалната сила

Qu
hQ 
k z r bst

Плитко фундирање – Темел самец 9


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

каде се: hQ - висина на темелот [m]


Qu - ултимативна трансверзална сила [kN]
bst - статичка ширина на пресекот [m]
kz - коефициент на кракот на внатрешните сили
τr = 1.1 MPa - напрегање на смолкнување

На крај се усвојува најголемата вредност добиена по двете методи и во двата правци (осум
усвоени вредности) на 5cm, со тоа што треба да се земат дополнителни 5cm како заштитен
слој на арматурата.

3. Конструктивни детали

Се исцртуват конструктивните карактеристики на темелот во размер (основа и пресек)


како на следната слика:

Слика 5. Конструктивни детали

4. Контрола на напрегањата

Се врши контрола да се види дали вкупните напрегања во контактната површина се во


дозволени граници, односно да биде задоволен следниот услов:

 doz  p max
 100  (3  5) %
 doz
Во случај отстапувањето да не е во овие граници потребно е да се изврши корекција на
димензиите во основа на темелот. Контролата се врши според равенките:

Плитко фундирање – Темел самец 10


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

 за центрично товарен темел :

PG
p max 
F

каде е: G=GT+GP - тежини на темелот и почвата над него [kN]

 за ексцентрично товарен темел со мал ексцентрицитет во еден правец:


P  G M
p max  
F W
 за ексцентрично товарен темел со голем ексцентрицитет во еден правец:
2( P  G )
p max 
B P
3 A(  e)
2 PG
 за ексцентрично товарен темел со мал ексцентрицитет во два правци:
PG Mx My
p max   
F Wx W y
 за ексцентрично товарен темел со голем ексцентрицитет во два правци:
P
p max   (види додаток 6)
4uv

5. Пресметување на потребна арматура (за армиран темел самец)

Определувањето на потребната арматура


за армирање на темел самец се определува
според ултимативните вредности на
статичките големини. Арматурата се
пресметува по вообичаена постапка за
димензионирање на правоаголен пресек.
Распоредот се врши во попречен и
подолжен правец.

Mu
Ap 
k z  hst   v

Слика 6. Распоред на арматура

Плитко фундирање – Темел самец 11


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

6. Контрола против пробивање (за армиран темел самец)


6.1.Центрично товарен темел самец

При состојба на лом, кога столбот


пробива низ темелот, од темелот се
издвојува една четириаголна пресечена
пирамида. На бочните страни се јавува
напрегање на затегнување во бетонот
σbz. Во пресметката се усвојува
напрегањата на затегнување да се
еднакви на напрегањата на смолкнување
(Сл.7):

 bz  

Од условот на рамнотежа на силите


(Y=0) се добива статичката висина на
темелот кој е осигуран од пробивање на
столбот низ него.

Y=0 Тv - S = 0

Слика 7. Контрола против пробивање кај

Контролата се врши со условот: центрично товарен темел самец

P  p n ( 2h s t  a o ) ( 2h s t  b o ) 
 pr    doz
2hst (a o  hst )  (b o  hst ) 

Во случај кога

2
 pr   1 a
3
за прием на главните напрегања на затегнување, како последица на дејството на
трансверзалните сили, не е потребна дополнителна арматура. Кога τpr е:

2
 1 a   pr   2 b
3

Плитко фундирање – Темел самец 12


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Вкупните сили на затегнување мора да се примаат со посебна арматура.

Во претходните равенки се:

τа, τb - дозволени главни напрегања (прилог 2.1)

  1.3 a  - коефициент
1

  0.45 a  - коефициент
2

A
 100 процент на армирање [m’]
2 ( a o  b o  2h s t ) h s t

За усвоена МБ 30, τа=0.8 MPa, за GA 240/360 αa=1.0, за RA 400/500 αa=1.3

Потребната дополнителна арматура се пресметува според наредниот израз, додека


нејзиниот распоред е прикажан на сл.8.

S
Ak 1.35 [cm2]
v

Слика 8. Распоред на дополнителна арматура

Плитко фундирање – Темел самец 13


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

6.2.Ексцентрично товарен темел самец

А) Ексцентрицитет во еден правец

S
 pr 
Fn

S1 S1
 pr, max   S 1  p n,T1  F1
Fn ( a o  hst ) hst

S2 S2
 pr, min   S 2  p n,T2  F 2
Fn ( a o  hs t ) hs t

S - трансверзална сила која го предизвикува напрегањето τ


Fn - површина врз која дејствува напрегањето τ

Меродавното тангенцијално напрегање изнесува

 pr, max   pr, min 2


 pr    1 a
2 3

а) б)

Слика 9. Контрола против пробивање (ексцентрично товарен темел самец – а) еден


правец и б) два правци)

Плитко фундирање – Темел самец 14


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Б) Ексцентрицитет во два правци

S
 pr 
Fn

S1 S1
 pr, 1   S 1  p n,T1  F1
Fn.1 (a o  hst ) hst

S2 S2
 pr, 2   S 2  p n,T2  F 2
Fn, 2 (a o  hst ) hst

S3 S3
 pr, 3   S 3  pn,T3  F3
Fn,3 ( a o  hs t ) hs t

S4 S4
 pr, 4   S 3  pn,T4  F3
Fn, 4 (a o  hst ) hst

Меродавното тангенцијално напрегање изнесува

 pr, max   pr, min 2


 pr    1 a
2 3

Плитко фундирање – Темел самец 15


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

ТЕМЕЛНА ГРЕДА – ЗАДАЧА 2

Темелните греди се користат како темели на објекти кај кои главните носачи се рамки кои
носат во подолжен правец и поврзани со поврзни греди во попречен правец. Како решение
за темелење се применуваат и кога се потребни поголеми контактни површини, а
столбовите се на помало меѓусебно растојание. Тогаш темелите самци би биле многу
блиски или би требало да се преклопат. Заедничкиот темел – темелна греда има предност
над темелите самци за случај кога објектот над темелите е чувствителен на
диференцијални слегања. Темелите самци не можат да ги спречат диференцијалните
слегања, додека темелната греда која има подолжна крутост, може истите да ги намали.

Вообичаениот попречен пресек на темелна греда е прикажан на сл.1. Во попречниот


пресек разликуваме два елементи: греда и плоча. Димензиите на гредата b x ht зависат
само од надворешниот товар R=Pi. Димензиите на плочата B x d не зависат само од
надворешниот товар, туку и од носивоста на подлогата, тежината на гредата и тежината на
насипот над неа. Ако носивоста на подлогата е поголема, ширината на плочата B е помала
и обратно. Плочата на темелната греда во суштина е темел на темелната греда. Таа
претставува лентовиден темел од армиран бетон.

Слика 1. Попречен пресек на темелна греда

За пресметување на конструктивните елементи на темелната греда, треба да се определат


реактивниот притисок pn и статичките големини M и Q врз основа на кои ќе се пресмета
непознатата висина ht.

За пресметки според класичната постапка (теорија), се усвојува праволиниска распределба


на реактивниот притисок (за крут темел). Коефициентот на апсолутна крутост за темелни
греди со константна ширина може да се определи според изразот:

Плитко фундирање – Темелна греда 1


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

3
1 Eb  ht 
k  
12 E 0  l 

каде се: k - коефициент на апсолутна крутост


Eb - модул на деформација на бетонот
E0 - модул на деформација на подлогата
ht - висина на темелната греда
L - должина на темелната греда

Ако k  0.4, тогаш темелната греда е крута, ако k < 0.4 темелната греда е флексибилна.
Кога k  0.4 може да се усвои дека распределбата на реактивниот притисок во контактната
површина вдолж темелната греда е со праволиниска форма и може да се пресмета според:

pn 
R 6M
 kN / m'
L L2

Пресметката се започнува со претпоставката дека димензиите ќе бидат такви при што се


добива и можност за усвојување на праволиниска распределба на реактивниот притисок.
Ова подоцна се контролира.

Горната конструкција со својата крутост има значително влијание врз однесувањето на


темалната греда. Влијанието на крутоста на горната конструкција при анализата на
темелната греда по класична теорија може да се земе во предвид само со своите две
крајности и тоа: апсолутно крута и апсолутно флeксибилна. Кога горната конструкција е
апсолутно крута тогаш темелната греда се пресметува како статички неопределен систем,
а кога горната конструкција е апсолутно флексибилна, како статички определен систем.

1. Нецентрирана темелна греда

Должината (L) на темелната греда се добива како збир на меѓусебните растојанија на


столбовите и усвоените препусти на гредата:

L  l1  l 2  ....  l n  a1  a2

каде се: l1,l2…,ln - растојанија помеѓу столбовите [m]


a1, а2 - препусти на гредата [m]

Постоењето на препустите го намалува моментот во полињата, а со усвојување на нивната


должина може да се изврши и “центрирање” на темелната греда. Пожелно е нивната
должина да се усвојува во следните граници:

a  0.25  0.35l max

Плитко фундирање – Темелна греда 2


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

“Нето” реактивниот притисок се определува според равенката:

R 6M
pn  
L L2

каде се: R=Pi - резултанта од вертикални сили [kN]


Pi  xi  M i
xR  - растојание до нападната точка на
Pi
резултантата од надворешни тоаври [m]

L
eR  x R  - ексцентрицитет на резултантата [m]
2

M  R  eR - момент [kNm]

Статичките големини се определуваат според две постапки: постапка А и постапка В.

 Постапка “А”

Пресметувањето на статичките големини по оваа постапка се состои во тоа што


темелната греда се третира како статички определена конструкција (систем) (сл.2).

Слика 2. Пресметка на темелна греда според постапка “А”

Плитко фундирање – Темелна греда 3


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

p n,max  p n,min
p( x)  pn,max  k x p( x)  pn,min  k x k
L

Трансверзалната сила и моментот во одреден пресек се добиваат според


формулите:
x n1
Qx   p( x) dx   Pi
0 1

x n1 n2
M x   p( x) xdx   Pi ( x  ai )   M i
0 1 1

каде се: Pi - надворешна сила како товар [kN]


Mi - надворешен момент како товар [kNm]
n1 - број на надворешни сили лево од пресекот
n1 - број на надворешни моменти лево од пресекот
аi - растојание од надворешната сила до пресекот

 Постапка “B”

Пресметувањето на статичките големини по оваа постапка се состои во тоа што


темелната греда се третира како статички неопределена конструкција (систем) (сл.3).

Слика 3. Пресметка на темелна греда според постапка “В”

Плитко фундирање – Темелна греда 4


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Пресметката се врши со користење на разни методи кои се употребуваат при


решавање на греди на повеќе лежишта како што е на пример тромоментното
правило:

 M A  l1  2M B  (l1  l 2 )  M C  l 2   6Dl  6Dd

Меродавните нападни моменти М се определуваат на тој начин што се интерполира


крива со средни вреднсоти на нападните моменти добиени со помош на двете постапки:

Слика 4. Интерполирана крива за меродавни нападни моменти

Меродавна трансверзална сила Q е најголемата по апсолутна вредност добиена по


постапка “А” или постапка “B”: Q=Qmax

Ширината на темелната греда на горниот раб од темелот b се усвојува во зависност од


ширината на столбот:

b  b0  2  (5  10cm)

Ширината на плочата на темелната греда во контактната рамнина B се определува од


условот максималната вредност на реактивниот притисок да биде еднаква или приближно
еднаква на дозволената носивост на подлогата: pmax≈σdoz

а) за центрично товарена темелна греда:

R
B
L( doz   b Df )

б) за ексцентрично товарена темелна греда:

Плитко фундирање – Темелна греда 5


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

R  L  6M
B
L ( doz    b D f )
2

Висината на темелната греда ht се пресметува за влијание од трансверзална сила hQ и за


влијание од моментите на совивање hM и се усвојува поголемата вредност на 5cm.

Mu Qu
hM  k h hQ  bst  b
bs t k z   r  bst

Обично висината на темелната греда се движи во границите:

1 1
h     l max каде lmax е максималното растојание помеѓу два столба
4 6

Доколку преку трансверзалните сили се добие нешто поголема вредност, може да се усвои
помала висина, а влијанието од
трансверзалната сила да се покрие со
дополнителна арматура. Може да се изврши
редукција на трансверзалната сила и да се
провери условот за дополнителна арматура:

Q
r   1.10MPa
k z  h  bst

Дебелината на долната плоча на темелната


греда која всушност претставува
армиранобетонски лентовиден темел, се пресметува од влијанието на трансверзалната
сила dQ и од влијанието на моментите на совивање dM и се усвојува поголемата вредност
на 5cm. Меродавен пресек за димензионирање е пресекот 1-1.

B b
Q11  p n, sr
2
( B  b) 2
M 11  p n, sr
4
p n,max  p n,min
p n, sr 
2

Се исцртуват конструктивните карактеристики на темелната греда во размер (пресек)


како на следната слика:

Плитко фундирање – Темелна греда 6


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Слика 5. Конструктивни карактеристики

Контролата на напрегањата се врши да се види дали вкупните напрегања во контактната


површина се во дозволени граници, односно да биде задоволен следниот услов:

 doz  p max
 100  (3  5) %
 doz
Во случај отстапувањето Δ да не е во овие граници потребно е да се изврши корекција на
димензиите на темелната греда. Контролата се врши според равенките:

а) за центрично товарена темелна греда:

RG
p max 
min BL

б) за ексцентрично товарена темелна греда:

RG 6M
p max  
min BL B L2

Потребната арматура се пресметува се определува според ултимативните вредности на


статичките големини како арматура во поле и арматура под столб. Арматурата се
пресметува по вообичаена постапка за димензионирање на правоаголен пресек.

Mu
Ap 
k z  h st   v

Контролата на пробивање на гредата низ долната плоча се врши според:

 b0  2h  p n , sr
R
 pr  L   doz
2h

Плитко фундирање – Темелна греда 7


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

2. Центрирани темелни греди

Често пати се бара од проектантот да проектира темел кој ќе пренесе рамномерен


притисок врз подлогата. Ако подлогата, односно почвената средина е хомогена или
услоена во хоризонтални слоеви, а распределбата на реактивниот притисок е симетрична,
темелот рамномерно ќе слегне.

2.1.Темелна греда со правоаголна основа

При проектирањето на овие темели, дадени се најчесто само осовинските растојанија


помеѓу столбовите без некои ограничувања на вкупната должина на темелната греда.
Должината на препустите покрај тоа што ги урамнотежуваат моментите под столбовите и
во полињата, тие овозможуваат проектирање на таква форма на темелната основа така што
нејзиното тежиште се поклопува со нападната точка на резултантата од надворешниот
товар.

Постапката за решавање на започнува со определување на должината на препустите која


би требало да биде:

a  0.25  0.35l max

Следен чекор е т.н. “центрирање” на темелната греда со што се конструира темел кој
пренесува рамномерен притисок на подлогата и го задоволува критериумот за рамномерни
слегања. Тоа се постигнува со поместување на геометриското тежиште (со помош на
препустите) до нападната точка на резултантата од надворешните товари (сл.6).

Слика 6. Центрирање на темелна греда

Плитко фундирање – Темелна греда 8


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

 Темелна греда со слободни краеви

Во случај кога резултантата од надворешните товари е од десната страна од тежиштето на


контактната површина (сл.6а), се определува прво а2:

a2  0.25  0.35l max


Потоа се определува нападната точка на резултантата на надворешните товари:

 Pi  xi  M i
xR 
 Pi
Должината на гредата изнесува:

L
 a 2  x r' L  2(a2  xr' )
2
Должината на вториот препуст а1 изнесува:

a1  L  l  a2
Во случај кога резултантата од надворешните товари е од левата страна од тежиштето на
контактната површина (сл.6б), се определува прво а1:

a1  0.25  0.35l max


Потоа се определува нападната точка на резултантата на надворешните товари:

 Pi  xi  M i
xR 
 Pi
Должината на гредата изнесува:

L
 a1  x r L  2(a1  xr )
2
Должината на вториот препуст а1 изнесува:

a2  L  l  a1
Понатамошната пресметка на темелната греда се спроведува по веќе позната постапка
(точка 1).

Плитко фундирање – Темелна греда 9


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

 Темелна греда со ограничување од една страна

Кога постои ограничување само од едната страна на темелната греда (сл.7), центрирањето
се изведува со определување на должината на едниот препуст како би се обезбедила
рамномерна распределба на реактивниот притисок.

Слика 6. Ограничување на темелна греда само од една страна

Нападната точка на резултантата на надворешните товари е еднаква на:

b b
 Pi  xi P1 2  P2 ( 2  l )
1 1

xR  
 Pi R
Бидејќи должината на темелната греда треба да биде

L  2xR
Должината на препустот изнесува:

b1
a  Ll 
2
Понатамошната пресметка на темелната греда се спроведува по веќе позната постапка
(точка 1). Ваквото центрирање на темелни греди е центрирање по должина.

Плитко фундирање – Темелна греда 10


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

2.2.Темелна греда со скалеста основа

Во случај кога постои


ограничување на изведба на
едниот или другиот препуст
тогаш центрирањето на
темелната греда се изведува
со промена на ширината
на темелната греда, но со
запазување на условот
надворешниот товар да
дејствува во тежиштето на
контактната површина. Ова
може да се постигне со
скалеста форма на
темелната основа.

Слика 7. Скалеста форма на темелна контактна површина

R L L
Се поаѓа од условот F  B1  B2
 doz   b D f 2 2

Од друга страна, тежиштето на контактната површина

L L` L L` L
B1  B2 (  )
xT  2 4 2 4 4  L( B1  3B2 )
L L 4( B1  B2 )
B1  B2
2 2
треба да се изедначи со нападната точка на резултантата од надворешниот товар:

 Pi  xi  M i
xR 
 Pi
На крај се добива систем од две равенки со две непознати B1 и B2:

2R B 1  3B 2 4  Pi  x i   M i
B1  B 2   (1)   (2)
L( doz    b D f ) B1  B 2 L R

L L
За да постапката има решение, потребно е да биде исполнет условот:  xT 
3 2

Плитко фундирање – Темелна греда 11


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

2.3.Темелна греда со трапезна основа

При исти услови како во точка 2.2., центрирањето на темелната греда може да се изведе со
конструирање на темел со трапезна основа (сл.8).

Слика 8. Трапезна форма на темелна контактна површина

Непознатите ширини B1 и B2 се добиваат од условите:

x R  xT ...... (1)

RG
 doz  ...... (2)
F

L B1  2 B2 L M
каде се: xT  xR   er er 
3 B1  B2 2 R

B1  B2
F L
2

L L
За да постапката има решение, потребно е да биде исполнет условот:  xT 
3 2

Понатамошната пресметка на темелната греда се спроведува по веќе позната постапка


(точка 1).

Плитко фундирање – Темелна греда 12

You might also like