You are on page 1of 1

Основи на конструктивните системи

-Во градежништвото не може да се замисли изградба на еден архитектонски простор без конструктивен
систем.
-Архитектонскиот објект, неговата намена и идеја без конструктивен систем може да постои само како
неоформена идеја.
-Конструктивниот систем во архитектонскиот објект има прецизно определена статичка функција, носива
конструкција.
-Конструктивниот систем го сочинуваат подсистеми, елементи и пресеци кои се неразделни од системот.
-Секогаш еден архитектонски објект е единство и интеракција на формата и содржината.
-Честопати се мисли дека фасадната обвивка на објектите во високоградбата може да ја прикрие
содржината на единството, а во прв ред конструктивниот системкако содржина.
-Во најубавите архитектонски остварувања секогаш конструктивниот систем е елемент на архитектонската
форма, т.е. содржината се остварува во формата.
-Архитектонската форма се искажува како содржина. Оваа форма ја сочинуваат содржини како:
конструктивен систем, фасадна обвивка, стаклени прегради и др.
-Содржината на формата-систем е да го носи објектот.
Историско архитектонско наследство и современоста
-Историјата на архитектурата, градителската традиција од праисторијата до денес, недвосмислено
зборуваат за единството на содржината и формата, единство помеѓу конструкцијата како содржина и
конструкцијата како форма.
Систем-конструктивен систем
-Современиот проектантски третман на една градежна конструкција во целина тргнува од потребата и
неопходноста таа да се разгледува како конструктивен систем.
*Дефиниција за систем*
-Основни карактеристики на системот се: структурата на системот, елементите, својствата, врските помеѓу
нив и функционирањето на системот.
-Систем е множество на објекти (елементи) со определени релации меѓу тие објекти и нивните атрибути.
Класификација на ситемите:
-Спрема начинот на постанокот: природни и вештачки.
-Спрема обликот на постоење: реални и апстрактни.
-Според активноста на однесувањето: пасивни(статички) и активни (динамички).
-Спрема постојаноста: нестабилни и стабилни.
Околина на системот
-За определен конструктивен систем, „Околина“ претставува множество на елементи кои се надвор од
системот и за неа важат следните својства:
-Менување на својствата на околината влијае на однесувањето на конструктивниот систем,
-Однесувањето на конструктивниот систем влијае врз менувањето на својствата на околината.
Аналогија систем-конструктивен систем
-Било која градежна конструкција треба да се разгледува како конструктивен (вештачки) систем.
-Потребно е да се дефинираат елементите на конструктивниот систем, неговата структура и изложеноста
на надворешни услови- околина.
Елементи
-Точно дефинирање на бројот на елементите, материјалот, попречниот пресек, должина на елементите,
стареење на материјалот и др.
Структура
-Врските помеѓу пооделните елементи (механички врски, врски на континуитет или дисконтинуитет), опис
на врските.
Околина
-За сите конструктивни системи, физичката околина ја разгледуваме како атмосферски влијанија и
влијанија предизвикани од карактеристиките на почвата.
Атмосфера: Влажност, температура, интензитет и брзина на ветерот, врнежи: дожд и снег, агресивност на
атмосферата од присуство на CO2, SO2.
Почва: ниво на подземна вода, геомеханички својства (носивост, способност за деформирање, земјан
притисок), загаденост и агресивност, сеизмичност.

You might also like