You are on page 1of 9

Системи за автоматско управување

2.1 ПОИМ ЗА СИСТЕМ, ГРАДБА И СТРУКТУРА НА СИСТЕМ

Во секојдневниот говор поимот систем се употребува на различни начини


и во разни пригоди. Системот е продукт на природата, општеството или
комбинација, која во дадени околности дејствува самостојно со одредена цел.
Живите суштества и нивните заедници се пример за природни системи,
заедниците на луѓето се општествени системи, како на пример, училиштето.
Техничките системи се различни човекови продукти, на пример, хидроцентрали,
високи печки, автомобили и др. Многубројни се примерите на комбинирани
системи, кои дејствуваат како заедница на луѓето и техничките продукти. Такви
се, на пример, фабриките со вработените, бродовите со посадите, автомобилот со
возачот и др. Повеќе истородни системи творат сложен системи.
За сите системи својствен е сличен внатрешен поредок на целините. За да
може да стане збор во каква и да е смисла за концепт на систем, нужно мора да
постојат барем два составни елементи и определени врски меѓу нив. Некоја
композоција за да претставува систем мора да ги има следниве две основни
својства:
-цел на дејствување
-дејствување

Системот на управување го сочинуваат секогаш два дела: управувачки дел и


управуван дел.
Управувачкиот дел го остварува изборот и реализацијата на саканите
промени во системот (од множеството на сите можни), за да ја оствари целта на
дејствувањето и дејствувањето на системот, а најчесто да ги усоврши.
Управуваниот дел ги трпи саканите промени во системот под дејство на
управувачкиот дел.

На сл 2.1.1 представена е блок-шема за еден систем со неговите главни,


основни делови. На сликата се прикажани и дејствувањата на влезната величина –
влезната информација, која дејствува врз управувачкиот дел и излезниот сигнал
од системот кој се добива од управуваниот дел. Во системите постојат и
внатрешни врски со помош на кои заемно си дејствуваат овие два дела преку
управувачката наредба и повратната информација за состојбите во управуваниот
дел кои настанале под дејство на управувачките наредби. Бесмислено е да се
набљудуваат системите без да се води сметка за соодејство со нивната околина.
Системот секогаш е во некој однос со околината, според потребите од неа добива
Системи за автоматско управување

енергија, материја и информација, а со своето дејствување влијае врз состојбата


на околината или на некој начин и служи. Постојат две групи врски на системот и
околината: околина-систем и систем-околина. Врската околина систем е
прикажана со стрелки насочени кон системот, а врската систем-околина со
стрелки насочени од системот кон околината, сл 2.1.2

Системите може да се класифицираат:

- По сложеност (едноставни и сложени)


- По тип ( природни, технички, организациски, друштвени, правни...)
- По начин на промена (затворени и отворени)
- По можност за предвидување ( детерминистички и стохастички )
Системи за автоматско управување
Системи за автоматско управување
Системи за автоматско управување

Модел е погоден начи на претставување на целокупното човеково


искуство и неговиот начин на размислување за системите кои се предмет на
истражување. Множество на инструкции за генерирање на податоци за
однесувањето на системот. Моделот е резултат на моделирањето.
Многу технички проблеми не може да бидат решени само со набљудување или со
експерименти:
 Процесот се уште не постои, или
 Не може да бидат спроведени без финансиски или технички ризик.

Со цел да заштедат време и пари, без да се преземат било какви непотребени


ризици, пожелно е да се добијат одговори врз основа на модел, наместо да вршат
експерименти.
Моделот има форма на математички опис кој овозможува извршување на
нумеричка симулација на компјутер.
Моделирањето на системите игра важна улога во процесот на развој на
производи.
Општо земено, моделот може да биде наменет за:
 Симулациски цели
 Анализа на системот
 Дизајнирање на управувачки систем
Системи за автоматско управување

Моделирањето и симулацијата на системите претставуваат моќна алатка, која на


инженерите им овозможува :
 да добијат одговори на основните прашања, како и да ги испитаат
граничните области без ризик
 однапред да ги тестираат карактеристиките и да ги променат, ако е
потребно, уште во фазата на дизајнирање, кога системот е само концепт.

Покрај нивните предности, моделирањето и симулацијата има и одредени


недостатоци :
 Премногу едноставен модел не може да ги опише сите аспекти на
реалниот систем (процес)
 Премногу комплексен модел бара премногу време и напор во создавањето
и симулација
 Моделот, исто така, може да биде невалиден
 Избор на соодветен алгоритам на интеграција е многу важен, зашто само
на тој начин се обезбедува правилна симулација.

Постојат два различни модели на одреден динамички физички систем и многу е


важно да се сфати разликата помеѓу нив.
Физички модел - имагинарен физички систем - парче од реалноста, која е
приближување кон вистинскиот систем, опфаќајќи ги суштинските елементи
онолку детално колку што бара моделот. При моделирањето на динамички
физички системи се користи инженерско расудување и претпоставки за
поедноставување со цел да се развие физички модел.
Математички модел - Законите на природата (физика, хемија, биологија)
се применуваат на физичкиот модел (не на физички систем) и се добиваат
математичките равенки кои го опишуваат системот. Тој ни овозможува тестирање
на нови дизајни и технологии без изработка на прототип.
Системи за автоматско управување
Системи за автоматско управување
Системи за автоматско управување

You might also like