You are on page 1of 7

Прашања САД

--------------------------------Прашања тестови – преку проект ----------------------------------

1. Во кој метод за анализа на информациски системи, потребно е да имате фрекфенција на случување?

A. Корисничко сценарио
Корисничкото сценарио се иницијализира (тригерира) од одредена активност, има
одреден приоритет, време на одзив, и фрекфенција на случување.
B. USE-CASE
C. DFD
D. ER дијаграм

2. Што означува кардиналност на ентитети во ЕР дијаграмите?

- Кардиналност м:м (многу спрема многу) се одесува на релација во која и двата ентитета можат да
влезат со повеќе појавувања

-Кардиналност 1:м или м:1 (еден спрема многу) или (многу спрема еден) се однесува на релација во
која едниот ентитет може да влезе со точно едно појавување.

-Кардиналност 1:1 (еден спрема еден) се однесува на врска помеѓу ентитетите во која и двата ентитета
влегуваат со едно појавување.

3. Интеракцијата помеѓу системот и корисникот преку дефиниција на процеси се моделира со:


Корисничките сценарија ја евидентираат интеракцијата на системот со одреден корисник наречен ’
примарен актер’.
Корисничкото сценарио може да опфати и други актери кои имаат различни цели(интереси).

4. Effort-driven scheduling се однесува на:


A. Задачите
B. Материјалните ресури
C. Работните ресурси
D. Буџетот на проектот

5. Што претставува Project Baseline?

A. Планираниот распоред кој се споредува со реалниот тек на проектот.


B. Основица колку чини проектот.
C. Финалниот распред на задачите по завршување на проектот.
D. Основен календар за проектот.

6. Која е разликата помеѓу работни(work) и материјални(material) ресурси?

A. Работните ресури се луѓето и опремата, а материјалните се потрошни ресурси


B. Може да има само еден работен ресурс на работна задача додека материјалните ресурси
може да има повеќе.
C. Материјалните ресурси се плаќаат еднаш, додека работните на час.
D. За материјалните ресурси, за разлика од работните ресурси, нема overtime cost rates, календар
на ресурсот и maximum units.
7. Наброј ги техниките за тестирање апликативно решение?
(- не знам на што се однесува прашањето)

Комплетното тестирање содржи:


1. стратегија за тестирање

 Стратегијата “бела кутија“ се користи да се тестира однесувањето на системот или негов дел
(модул, функција, подпрограма), фокусирајќи се на кодот со кој е тој реализиран.
Оваа стратегија може да се применува само доколку кодот е достапен и разбирлив.

 Стратегијата “црна кутија“ го игнорира кодот и се концентрира на влезовите и излезите од


системот (или модулто) што е предмет на тестирање. При тоа не интересира дали за коректни
влезни податоци се добиваат посакуваните излезни податоци.
Во тој контекст, оваа стратегија е идеална за тестирање на функционалноста на даден систем
(модул).

 Стратегијата “сива кутија“ е хибридна стратегија и претставува комбинација од предходните две


стратегии.
Се користи кога функционалностите што се тестираат се подложни на менување.

2. процедури за тестирање

Процедурите за тестирање вообичаено се состојат од:


 генерирање на податоци за тестирање,
 одредување на секвенцата на извршување на тестовите,
 обезбедување на работна околина за извршување на тестовите
 документирање на резултатите од тестирањето.

Нивоа на тестирање:
System testing – Тестирањето на системот се врши на целиот систем (финалното апликативно
решение) со користење на тест и реални податоци.

User acceptance testing – Прифатливоста на системот се одредува од корсниците на системот, со


помош на реалната софтверска и хардверска платформа на која системот ќе функционира и со помош на
реални податоци обезбедени од корисниците. При тоа може да се извршува: алфа, бета или гама тестирање.

 Алфа тестирањето
 Бета тестирањето
 Гама тестирањето

Unit testing – Тестирањето на единици (модули) служи за тестирање на однсеувањето на модулите


без да се води сметка за промената на податоци помеѓу нив.

Integration testing – Тестирањето на интеграцијата се фокусира на размената на податоци помеѓу


соодветните модули.

Function testing – Тестирањето на функции на системот проверува дали одредени кориснички функции
се правлно имплементирани вклучувајќи ги сите можни влезови и ограничувања (од аспект на големина
или форматирање
3. податоци за тестирање
4. распоред на тестовите.

8. Што се DFD дијаграми и кои ознаки се користат?

 Дијаграмите за текови на податоци служат за графичко претставување на текот на податоци што се


случуваат во некој апликативен систем.
 Тие не ја претставуваат контролата на тие процеси.
 Процесите претставени со DFD можат да се одвиваат паралелно но и во сосема различно време.
Моделот е прилично едноставен затоа што постојат само четири симболи: надворешен ентитет
(external entity), процес (process), податочен склад (data store), податочен тек (dataflow).

9. Што претставува ПЕРТ триаголник и кои се завиностите на неговите три компоненти?

PERT (Program Evaluation and Review Technique) – користи тежински просек од три проценки:
 најпесимистичката Р,
 најоптимистичката О,
 најверојатната (most likely) М.

Резултантната проценка тогаш изнесува (O + 4M + P)/6. Резултатот обично е малку поголем од


најверојатната проценка.

10. Наброј 5 техники за проценка на трошоци кои се користат при дефинирање на план на проект.

предходно искуство (историја) – доколку во организацијата веќе се одвивал сличен проект, тогаш искуствата
од остварените времетраења, работни часови и трошоци за тој проект се од огромна важност за
предвидувањата на тековниот проект.

аналогија – доколку постојат сознанија за сличен проект, само, на пример, со два пати помал обем, (или дава
пати повеќе ресурси на располагање) по принципот на сооднос, може да се одреди некакво предвидување за
тековниот проект.

мислење на експерти – се сведува на комбинација од двете предходни техники, со тоа што се бара искуство
од надворешна организација, од личност која била ангажирана на слични проекти во други организации во
минатото

DELPHI техника – оваа техника спојува предвидувања од повеќе експерти

PERT (Program Evaluation and Review Technique)

11. Во документот за форматирање на проектна задача, во кој дел од документот се цитира користената
литература?

на крај од документот (мислам)


12. Во кој мотед за анализа на информациски системи, потребно е да имате информација за брзината на
одговор на дизајнираниот информациски систем кон корисникот?

A. Корисничко сценарио
B. USE-CASE
C. DFD
D. ER дијаграм

13. Дадете едноставен пример(мах 1 реченица) за опис кој е специфичен за USE-CASE дијаграм?

 Use Case дијаграмите се користат за моделирање на функционалностите на системот


 Use Case дијаграмите се користат и за прикажување на интеракцијата на системот со
надворешниот свет

14. Дадете едноставен пример(мах 1 реченица) за опис кој е специфичен за ЕР дијаграм

 Ги опишува побарувањата на системот од аспект на податоците што се користат.

15. Секој текст за кој се црта ЕР дијаграм во себе треба да содржи информација за:
A. Минималниот број на ентитети која ЕР дијаграми треба да содржат
B. Да ги наведе релациите помеѓу атрибутите кај ентитетите
C. Врските помеѓу ентитетите во ЕР дијаграмот и нивната зависност
D. Начинот на форматирање на дадотеките за специфични системи

16. Како се обоени задачите во Network Diagram кој лежат на критичниот пат во Microsoft Project
црвена боја.
---------------------------------------- Прашања општо-----------------------------------------------

1. Што е одлучувачко дрво?

Одлучувачко стебло е дводимензионална графичка репрезентација на одлуките, настаните и


последиците поврзани со одреден проблем.
Одлучувачките стебла можат да се искористат за планирање и документирање на сите можни патишта
кои водат кон донесување на одлуки.

2. Упростен животен циклус на едно апликативно решение?

во согласност со Барања на анализа


корисникот

валидација
Функционален мерања
Спецификација на
систем барања

верификација
системски дизајн

Алтернативни
инсталација и одржување решенија
валидација
тестирање

Техничка детален дизајн


Систем што работи
спецификација

имплементација

3. Нацртај ги фазите на апликативното решение?

4. Кои се фазите во развој на едно апликативно решение?

 Анализа
 Дизајн
 Имплементација
 Одржување
Меѓутоа секоја од фазите може да има други под-фази.

5. Кои се подфазите на анализата на еден информациски систем

Фазата анализа може упростено да се подели на следните под-фази:


 Детерминирање на проблемскиот домен и конкретниот проблем
 Физибилити (feasibility) студија
 Утврдување кориснички сценарија
 Дефинирање на побарувањата на системот
6. Кои се фазите при Анализа на едно апликативно решение?

Така, анализата може да ги опфаќа:


 дефинирање на стратегијата на организацијата
 дефинирање на целите на апликативното решение што се во согласност со стратегијата
 одредување на работните процеси во организацијата
 одредување на врската на тие процеси со апликативното решение
 одредување на слабостите на процесите од аспект на целите што компанијата ги има поставено
 одредување на промена на тие процеси
 одредување на влијанието на промената на процесите врз апликативното решение
 одредување на типови на корисници и начини на пристап до апликативното решение,

7. Кои се типови на одржување на апликативните системи

 Корективно одржување (Corrective maintenance)


Целта на корективното одржување е да ги отстрани грешките во апликативното решение во најкраток можен
рок по нивното манифестирање.

 Адаптивно одржуање (Adaptive maintenance)


Целта на овој тип на одржување е да го подобри (зајакне) системот со додавање на нови атрибути, апдејти, и
функционалности кои се овозможени со воведувањето на новите технологии .

 Предвидливо одржување (Perceptive maintenance)


И со овој тип на одржување се стреми кон зголемување на ефикасноста, доверливоста, функционалноста или
одржливоста на конкретното апликативно решение. Разликата од предходните одржувања е што тоа се прави
како резултат на побарувања на корисниците пред да се случат грешките или јави потребата од инсталирање
на нова технологија.

 Превентивно одржување (Preventive maintenance)


Овој тип на одржување, слично на предходното пробува да го поправи проблемот пред да се случи. Разликата
е во тоа што тоа се прави како резултат на можните грешки што ќе се случат во иднина, а не на иницијатива на
корисниците.

8. Да се напишат специфичности на BSP методологија?

Business Systems Planning Методологија

BSP (развиен од IBM) има:

• top down пристап за анализа


• bottom up пристап за дизајн и имплементација;
• структурирана методологија;
• дефиниран начин на трансформација на бизнис целите во информациони барања

Бизнис процес во рамки на BSP се дефинира како група на логички поврзани активности и одлуки (процеси)
потребни за раководење со ресурсите за бизнисот.
По идентификцијата на процесите се одредуваат ентитети за кои се врзуваат класи на податоци.
Потоа од врските помеѓу процесите и класите на податоци се утврдуваат модулите во системот.
9. Кои се 4-те чекори во процесот на управувањ со проекти?
1. Дефинирање на процесите
2. Дефинирање на техниките за работа
3. Изработка на работен план
4. Проценка

10. Кои се карактеристики на малите проекти, при дефинирање на проекти?

Дефиницијата на мали проекти опфаќа повеќе области на работа. Работата е единствена, има почетен и
краен датум, резултати при испораката и слично. Едноставно работата е мала, па и проектот го
нарекуваме мал проект. Малите проекти го опфаќаат следново:

конкретни, единствени работни задачи кои се завршуваат за кратко време односно вложен труд од малку
часови;

одобрување на постоечките процеси и системи;

можност грешките во процесите да се отклонат подоцна односно решавањето на грешките да има помал
приоритет од другата работа.

Малите проекти можат да бидат документирани и евалуирани преку процесот наречен Побарување на
услуга.

11. Што е цел на анализата?


Да се утврди проблемот и местото на апликативното решение во него, како и да се претстави на
начин разбирлив и за побарувачите на решението и за неговите изведувачи.

12. Што е резултат од процесот на системска анализа?


Збирка на кориснички барања во врска со функционалностите, употребливоста, перформансите,
карактеристиките и тн. на бараното апликативно решение.

13. Што е цел на дизајнот?


Да се одреди пристап кон одредување на решавањето на проблемот и истиот да се реши со
интегрирање на одредено апликативно решение.

14. Што е резултатат на дизајнот?


Одреден пристап, документација, принципи на развој, врски на бараното решение со останати
системи и тн (се освен кодирањето).

You might also like