You are on page 1of 8

Прв колоквиум „Информациски системи“, 30-03-2021, група 1

Име и презиме, индекс: ___________________________________________

1. Дигитална компанија е онаа компанија во која речиси сите значајни деловни врски на
организацијата со клиентите, добавувачите и вработените се воспоставуваат и одржуваат
дигитално.
а) Точно б) Неточно

2. Организациските средства се оние средства кои се потребни за да се извлече вредност од


основната технологија.
а) Точно б) Неточно

3. Системите за управување со синџир на снабдување им помагаат на компаниите да


управуваат со нивните односи со добавувачите.
а) Точно б) Неточно

4. Една од варијациите на Законот на Мур гласи: моќноста на микропроцесорите се удвојува


секои 8 месеци.
а) Точно б) Неточно

5. Портеровиот модел има 4 конкурентски сили


а) Точно б) Неточно

6. Електронската трговија се занимава со:


а) купување и продавање стоки и услуги преку интернет
б) испорачување на владини услуги
в) извршување на главните бизнис процеси во компанијата преку интернет
г) вклучува безбедност, испорака и плаќање на производи

7. Заокружете ги типовите на информациски системи?


а) Системи за обработка на трансакции
б) Менаџмент информациски системи
в) Системи кои не ја поддржуваат извршната власт
г) Системи за поддршка на транспорт
д) Системи за поддршка на одлучување
8. Дефинирајте што претставува информациски систем и кои се неговите основни активности
(функции) - да се претстави и со цртеж.

9. Како информациските системи го трансформираат бизнисот и како тие се поврзани со


глобализацијата?

10. Која е разликата помеѓу електронски бизнис, електронска трговија и електронско


владеење?

11. Кои карактеристики на организациите треба да ги знаат менаџерите за успешно да


креираат и да користат информациски системи? Какво е влијанието на информациските
системи на организациите?

12. Кои се актуелните трендови на платформите за компјутерски хардвер?

13. Како информациските системи им помагаат на компаниите да ги користат сингериите,


суштинските компетенции и стратегиите базирани на мрежи за да постигнат конкурентска
предност?

14. Да се претстави со помош на дијаграм бизнис процес за земјоделска аптека во кој


главните актери се купувач, аптекар и каса. Купувачот сака да купи препарат, аптекарот му
понудува, ако го купи одлучува да плаќа во готово или со картичка. Ако купувачот не го
купи препарат процесот завршува, или пак аптекарот му нуди замена која исто може, но и
не мора да ја купи (најмалку 10 активности).
Прв колоквиум „Информациски системи“, 30-03-2021, група 2
Име и презиме, индекс: ___________________________________________

1. Под информација подразбираме податоци кои се обликувани во форма која има значење
и е корисна за луѓето.
а) Точно б) Неточно

2. SAAS претставуваат сервиси за испорачување и обезбедување пристап до софтвери на


далечина како веб – базирани сервиси
а) Точно б) Неточно

3. Една од варијациите на Законот на Мур гласи: цената на компјутерите се удвојува секои


18 месеци.
а) Точно б) Неточно

4. Секоја компанија може да се разгледува како збир од бизнис процеси. Некои процеси се
дел од поголеми процеси во окружувањето. Многу бизнис процеси се поврзани со
одредена функционална област.
а) Точно б) Неточно

5. Системите за управување на односите со клиентите им помагаат на компаниите да ги


управуваат односите со нивните добавувачи.
а) Точно б) Неточно

6. Која е улогата на системите за компании?


а) собирање податоци од различни бизнис -процеси во производство
б) складирање на податоци во повеќе магацини
в) собирање податоци од финансии и сметководство
г) не собира податоци за продажба и маркетинг

7. Инфраструктурата на ИТ се состои од (заокружи):


а) збир на физички уреди
б) збир на организации
в) софтверски апликации
г) збир на сервиси
д) хардвер
8. Зошто информациските системи се толку важни за водење и управување бизнис денес?

9. Објаснете го социо-техничкото гледиште за информациските системи и претставете го со


цртеж?

10. Како системите ги опслужуваат различните нивоа на менаџмент во компанијата?

11. Како моделите за синџир на вредност и за мрежа на вредност им помагаат на компаниите


да ги идентификуваат можностите за стратешки апликации на информациските системи?

12. Кои се периодите и технолошките двигатели на еволуцијата на инфраструктурата на ИТ?

13. Што се бизнис процеси? Како тие се поврзани со информациските системи?

14. Да се претстави со помош на дијаграм бизнис процес за online нарачка на производ во кој
главните актери се купувач, продавач и каса. Купувачот сака да купи производот,
продавачот му понудува, ако го купи одлучува да плаќа во готово или со картичка. Ако
купувачот не го купи препарат процесот завршува, или пак продавачот му нуди замена која
исто може, но и не мора да ја купи (најмалку 10 активности).
Прв колоквиум „Информациски системи“, 30-03-2021, група 3
Име и презиме, индекс: ___________________________________________

1. Целосно дигитална фирма произведува само дигитални стоки или услуги.

а) Точно б) Неточно

2. Организациските средства се оние средства кои се потребни за да се извлече вредност од


основната технологија.

а) Точно б) Неточно

3. Проучувањето на информациските системи се занимава со прашања и гледишта


обезбедени од техничките и бихевиористичките дисциплини. Кои дисциплини
придонесуваат за техничкиот приод (3 дисциплини)?

а) наука за компјутери
б) наука за менаџмент
в) социологија
г) економија
д) психологија
ѓ) наука за маркетинг

4. Компјутерскиот _______софтвер_______ се состои од детално програмирани инструкции


кои ги координираат и контролираат компјутерските хардверски компоненти во еден
информационен систем.

5. Информатичката технологија (ИТ) го содржи целиот хардвер што фирмата треба да го


користи за да ги постигне своите бизнис цели, додека информациските системи се состојат
од потребниот софтвер и бизнис процесот.

а) Точно б) Неточно

6. Една од варијациите на Законот на Мур гласи: моќноста на микропроцесорите се удвојува


секои 8 месеци.

а) Точно б) Неточно
7. Секоја деловна организација претставува хиерархија која се состои од три главни нивоа:

8. Што е информациски систем? Како функционира? Кои се неговите менаџмент,


организациски и технолошки димензии?

9. Која е улогата на функцијата на информациските системи во компанијата?

10. Како Портеровиот модел на конкурентски сили им помага на компаниите да развијат


конкурентски стратегии користејќи информациски системи?

11. Кои се предизвиците на управувањето на инфраструктурата на ИТ и менаџмент -


решенијата?

12. Кои се актуелните трендови на платформите за софтвер?

13. Објасни го Портеровиот модел на конкурентски сили (да се претстави и со цртеж).

14. Да се претстави со помош на дијаграм бизнис процес за производство на бели печива во


пекара во кој главните актери се купувач, продавач и каса. Купувачот сака да купи бели
печива, продавачот му понудува, ако го купи одлучува да плаќа во готово или со картичка.
Ако купувачот не го купи производот процесот завршува, или пак продавачот му нуди
замена која исто може, но и не мора да ја купи (најмалку 10 активности).
Прв колоквиум „Информациски системи“, 30-03-2021, група 4
Име и презиме, индекс: ___________________________________________

1. Системите за управување со синџир на снабдување им помагаат на компаниите да


управуваат со нивните односи со добавувачите.

а) Точно б) Неточно

2. Постојат четири главни деловни функции: Продажба и маркетинг, производство и


производи, финансии и сметководство и информатичка технологија.

а) Точно б) Неточно

3. Електронската трговија се занимава со:

а) купување и продавање стоки и услуги преку интернет


б) испорачување на владини услуги
в) извршување на главните бизнис процеси во компанијата преку интернет
г) вклучува безбедност, испорака и плаќање на производи

4. Проучувањето на информациските системи се занимава со прашања и гледишта


обезбедени од техничките и бихевиористичките дисциплини. Кои дисциплини
придонесуваат за бихевиористичкиот приод (3 дисциплини)?

а) операциски истражувања
б) наука за менаџмент
в) социологија
г) економија
д) психологија
ѓ) наука за маркетинг

5. Бизнис процесите се логичко поврзани задачи за остварувањето на задачите кои се


формално кодирани од страна на една организација.

а) Точно б) Неточно
6. Трите активности во еден информационен систем кој произведува информации кои ги
користи организацијата за контролирање на работењето се:

а) Пронаоѓање на информации, истражување и анализа;


б) Влезни, излезни и повратни информации;
в) Влезни податоци, обработка, излез;
г) Анализа на податоци, обработка и повратни информации;

7. Инфраструктурата на ИТ се состои од седум главни компоненти. Дел од нив се ?

а) интернет платформи
б) платформи за компјутерски хардвер
в) финансии и сметководство
г) поврзување во мрежа /телекомуникации
д) платформа за ресурси

8. Што претставуваат комплементарни средства? Зошто комплементарните средства се


важни за осигурување дека информациските системи обезбедуваат вистинска вредност за
организацијата?

9. Како апликациите за компании, системите за соработка и комуникација и внатрешните


мрежи ги подобруваат перформансите на организацијата?

10. Кои се предизвиците поставени од стратешките информациски системи и како треба да им


се пристапи?

11. Што е инфраструктура на ИТ и кои се нејзините компоненти?

12. Кои академски дисциплини се користат за изучување на информациските системи? Како


секоја од нив придонесува за разбирање на информациските системи? Какво е социо –
техничкото гледиште за системите?
13. Инфраструктурата на ИТ се состои од седум главни компоненти. Кои се се? Претстави со
цртеж.

14. Да се претстави со помош на дијаграм бизнис процес за работа во бензинска пумпа во кој
главните актери се купувач, продавач и каса. Купувачот сака да купи или наточи одреден
производ гориво или продукт, продавачот му понудува, ако го купи одлучува да плаќа во
готово или со картичка. Ако купувачот не го купи производот процесот завршува, или пак
продавачот му нуди замена која исто може, но и не мора да ја купи (најмалку 10
активности).

You might also like