You are on page 1of 5

Информативни системи во туризмот

Прва група

А: Прашања на заокружување ( за 0,5 поени ) :


1. Електронската пошта е претставена...
● 1965 година.
2. HTTP е...
● протокол.
3. X – windows e...
● системски сервис.
4. Реинжинеринг претставува...
● темелно анализирање.
5. Според „Fortune 500“ најскап систем е...
● развој во куќа.
6. Според Светскиот туристички совет туризмот придонесува...
● 10%.
7. Web 2.0 се однесува на...
● учесници( луѓето).
8. Врската помеѓу интернет провајдери (посредници) се вика...
● Интернет ‘рбет.
9. Hewlett Packard (HP) го смалува времето на циклусот од една недела на..
● 48 часа.
10. Семантички веб е?
● медиум за размена на податоци, информации и знаење

Б: Прашања на надополнување ( за 1 поен ) :


1. Hardware подразбира физичка опрема како што се механички, магнетски,
електронски или оптички уреди.
2. Домен дефинира кои вредности може да ги има еден атрибут.
3. Група на атрибути која единствено го идентификува објектот се вика...сложен
клуч
4. Лицето кое патува најмалку 80 километри и се задржува 24 часа се вика турист.
5. Електронскиот туризам ги обединува управувањето со работење,
информациони технологии и туризам, со што се создава синергиски ефект.

В: Прашања на прераскажување ( за 2 поени ):


1. Сопственици на системот 10 страна

Сопствениците на системот
● (System Owners) го финансираат развојот и одржувањето на информацискиот
систем. Тие поседуваат систем, поставуваат визија, домен и приоритети во
системот.

● 2. Управување со спремноста на тимот


Управување со спремноста на тимот (Readiness Management) – подразбира
начин на подигање на спремноста на целата екипа (мотивација, едукација,
заинтересираност, искуство и др.). Управување со спремноста вклучува и
процеси кои помагаат да се развијат знаењето, вештините и способностите
неопходни за креирање и управување со проектите и решенијата. Се пратат
следните четири чекори
● Дефинирање (Define) Оценка (Assess) Промени (Change) Проценка
(Evaluate)

3. Дигитална економија
● е современ начин на работење каде изразито се користи информациската
технологија, а посебно интернетот. Во неа дигиталното вмрежување и
комуникациските структури даваат глобална платформа врз основа на која луѓето
и организациите соработуваат, пребаруваат и доаѓаат до информации и
разменуваат дигитални производи и услуги. Дигиталната економија доведе до
премин од индустриска економија кон економија која ја карактеризираат
информациите, нематеријалните добра, невидливите вредности, услуги и нов вид
на организирање на институционалните форми. Популарна е употребата на
терминот кој почнува со буквата е (electronic – електронско), а кои подразбираат
различни техники и технологии на работење на интернет. Синоними за
дигиталната економија се: „Интернет економија“, „Нова економија“ или „Web
економија“.

4. Streaming media
● Streaming е термин кој означува емитување посебно подготвен (енкодиран)
дигитална live програма или снимка преку интернет кон крајниот корисник.
Материјалите кои се подготвени за streaming се стартуваат автоматски и не се
задржуваат на компјутерот на корисникот. Наместо вчитување на целата
содржина, streaming media праќа запис во мали пакети и го репродуцира дел по
дел. Снимката не е потребно да се учитува пред емитувањето, затоа што
вчитувањето се врши во реално време за време на траење на снимката.
Квалитетот на Streamingot најмногу зависи од квалитетот на врската со Интернетот
на крајниот корисник.
Сигналот со streaming технологијата може да се емитува на два начини: live
(директен пренос преку интернет – втор назив Webcast) и on-demand (емитување
на однапред подготвената снимка на барање на корисникот). До појава на
streaming media технологијата, мултимедијалните содржини морале да бидат
вчитувани со Web страница, а on-line прегледување на големите аудио и видео
записи бил повеќе од макотрпна работа. Првиот Real Audio Player се појавил 1995
година овозможувајќи следење на мултимедијалните записи во готово реалното
време. Очекувањата се дека streaming ќе ја преземе водечката позиција во
емитување на програмите медија, зошто емитувањето преку интернет нема
просторни ниту временски граници.

5. Наброј ги допирливите и недопирливите елементи на е – туризмот


● Во допирливи елементи спаѓаат транспортните системи (воздушни,
железнички, копнени, водни, вселенски), угостителските услуги (сместување, храна
и пијалок, прошетки, сувенири) и сродни сервиси (банкарство, осигурување,
безбедност и сигурност).
● Недопирливи елементи ги сочинуваат одмор и релаксација, култура,
авантура и други искуства

Втора група

А: Прашања на заокружување ( за 0,5 поени ) :


1. Што се стеикхолдери?
● Заинтересирани страни.
2. Кандидати за клуч се кандидати за?
● примарен клуч.
3. Интернет е?
● глобална мрежа.
4. IP адреса е?
● компјутерска адреса.
5. Симболот @ се појавува во?
● 1969 година.
6. Програмскиот јазик Јава го добил името по...
● врста на кафе.
7. Web 3.0 користи интернет за?
● да се поврзе со информации.
8. Интранет претставува?
● локална мрежа.
9. Дифолтна вредност е?
● основна вредност
10.

Б: Прашања на надополнување ( за 1 поен ) :


1. Системот најопшто се дефинира како множество на објекти (етитети) и нивните
меѓусебни врски насочени кон остварување на заедничката цел.
2. Објектите во системот се опишуваат преку нивните карактеристики кои се
нарекуваат атрибути.
3. Информацискиот систем (IS) може да се дефинира како систем со кој врските
помеѓу објектите и врските на системот со околината се остваруваат со размена на
информации.
4. Humanware подразбира интелектуални капацитети неопходни за развој,
програмирање, одржување и управување со технологијата.
5. Лицето кое патува најмалку 80 километри од местото на постојано живеење и
се задржува минимум 24 часа, а максимум до една непрекината година, поради
одмор, работа или во други цели кои не се поврзани со платени активности на
посетеното место, се нарекува турист.

В: Прашања на прераскажување ( за 2 поени ) :

1. Пирамида на знаењето
● Податок (Data) е кодирана претстава за некој факт од реалниот свет. Тој е
носител на информацијата
Информација е пречистен, организиран и обработен податок во смислен
контекст. Информацијата е ресурс кој е креиран од податокот, да би бил корисен
за менаџментот при донесување на деловни одлуки.
Знаење (Knowledge) го сочинуваат организирани и анализирани информации кои
можат да се користат за настанување на нови значења и податоци. Различни луѓе
можат различно да ги интерпретираат информациите во зависност од нивното
знаење.
Мудрост (Wisdom) подразбира искуство, знаење, разбирање, како и способност
на нивна примена со јаснотија, практичност, дискретност и со здрав разум.
Мудроста е способност на донесување на исправни одлуки.

2. Корисници на системот
● Корисниците на системот (System Users) се луѓе кои за извршување на
своите секојдневни работни активности, користат информациски системи. Покрај
интерните корисници на системот, кои работат внатре во една организација, тука
спаѓаат и екстерните корисници како што се клиентите, вендори, партнери и тие
вработени кои работат од подалечни локации, на пример од терен или од дома.
Денес корисниците на системот се рамo до рамo со проектантите на системот.

3. Управување со ризици
Управување со ризици (Risk Management) – го подржува проактивното управување
со ризиците, континуирана оценка на ризик и одлучување во текот на животниот
циклус на проектот. Проектниот тим континуирано проценува, надгледува и
активно управува со ризиците. Управување со ризиците, според MSF, се
дефинираат шест чекори со кои тимот управува со дадените ризици, планира и
извршува стратегии за управување со ризиците

4. Објасни ги трите типа на деловни притисоци со кои се соочува организацијата


● Пазарниот притисок ја вклучува глобалната економија и јака конкуренција,
промена на природата на работната сила, моќни клиенти.
Технолошкиот притисок ги вклучува технолошките иновации и застареност и
натрупување на информации.
Притисокот на општеството ги вклучува владините регулативи (статути, закони,
прописи), вклучување во социјални програми, заштита од напад, етнички прашања
и др.

5. Како ги групираме сервисите на интернет?


● Основни сервиси (e-mail, FTP, Telnet и др.)
● Јавни сервиси (IM,WWW и др.)
● Сервиси за пребарување (Google, Yahoo и др.)
● Сигурносни сервиси (PGP, SSH и др.)
● Системски сервиси (Ping, X-windows и др.)

You might also like