You are on page 1of 3

Вовед во ГИС технологија

Едно од најзначаните достигнувања што го обележија крајот на


20-от век несомнено е развојот на компјутерските технологии.
Квалитативните чекори кои се направени во разни области на
човековото живеење предизвикуваат восхит дека светот можел толку
многу да се промени за релативно кратко време. Меѓутоа, освен што
поимот време стана многу релативен, компјутерската индустрија изби
во самиот врв на технолошкиот развој, а предност добива оној кој знае
да управува со најважниот производ од крајот на овој век -
информациите.
Еден од најважните технолошки трендови на денешнината е
глобалното поврзување на луѓето од целиот свет заради брза размена
на информации, знаења, достигнувања и координација на работата.
Поврзувања од ваков тип се одвиваат во сите видови на човечките
активности: во науката, техниката, уметноста, економијата, одбраната,
бизнис активностите и во многу други. Можноста за брз пристап до
информациите, како и нивната брза размена денес е толку
стандардна работа што оние кои еднаш ќе започнат да ги користат тие
услуги, тешко можат да ја замислат натамошната работа без нив.
Пред околу 30 години, поголем број научници од различни научни
дисциплини, започнаа да развиваат систем за чување и организирање
на просторни и атрибутни податоци на компјутер. Во последната
декада оваа технологија многу бргу се развиваше и стана позната како
ГИС технологија (Geographic Information System). Паралелниот прогрес
во технологијата на компјутерски системи значеше и развој на
апликации од областа на географски/просторни информациски
системи. Високо квалитетни апликативни решенија во областа на
планирање на просторот/земјиштето, планирање и оданочување во
дадено окружување, контрола и регулирање на сообраќајот,
многубројни бизнис апликации, во маркетингот, здравството,
финансиите, демографските истражувања и други, на ГИС му
ветуваат да биде една од најголемите компјутерски апликации што
досега се појавиле.
Географскиот информациски систем е компјутерска технологија со
која се собираат, меморираат, ажурираат, обработуваат и
прикажуваат просторни, атрибутни и други податоци. Го сочинуваат
организирани и обучени стручни лица, техничка опрема, софтверска
подршка и податоци.
Од ваква студена, прецизна дефиниција, во која ако само се
испушти зборот простор, останува класична дефиниција за
информациски системи, не е лесно да се разбере дека ГИС
претставува една од најатрактивните информатички дисциплини на
денешнината. Денешните современи просторни информациски
системи се со висок степен на интеграција и со можност за автоматска
размена на дигитални информации, и таа информатичка
мултидисциплинарност е основна причина што ГИС е информатички
хит на последните две декади. Дека ГИС е и кориснички хит на
денешнината, јасно е ако се погледаат извонредните апликативни
решенија во сите сфери на човековото живеење.

Предности на ГИС во однос на други слични технологии

Потенцијалните предности на ГИС се многубројни и можат да се


поделат во три основни групи:

1. Визуелизација на податоците и информациите.


2. Поврзување на просторните и атрибутните обележја.
3. Можност за интердисциплинарно мултикритериумско
одлучување.

Визуелизацијата на податоците е прва, многу забележлива


импресија на оваа технологија. Можноста, голема количина на
атрибутни (описни) податоци кои се зачувани во меморијата на
компјутерот, да се прикажат во визуелна, едноставна и сликовита
форма која му е блиска на човекот, е нешто што го немаат другите
технологии.
Внесувањето на просторни обележја и нивно поврзување со
атрибутни податоци, раѓа несогледливи можности за анализа,
донесување заклучоци и логичко интерпретирање.
Интердисциплинарното поврзување на различни подрачја на
набљудување е потенцијал кој е ограничен само од човековата
фантазија. Во решавањето на некој проблем, ГИС може да ги поврзе
погледите на практично сите дисциплини кои се релевантни за тој
проблем.
Основното значење на ГИС е интегрирање на големо количество
на разновидни податоци, кои заради подобра прегледност се
организирани во соодветни информациски слоеви - тематски
содржини (Coverages). Тие се состојат од тополошки поврзани
просторни објекти и нивни здружени описни податоци (атрибути).
Поврзувањето меѓу различни тематски содржини го овозможуваат
локациските податоци. На тој начин се креира квалитетна слика на
настаните во просторот која претставува квалитетна основа за
одлучување.
ГИС датотеките опишуваат различни просторни содржини и не
вклучуваат само текстуални и нумерички информации (атрибути), туку
исто

така вклучуваат просторни податоци кои му овозможуваат на


компјутерот да црта точно одредени содржини од просторот. Исто
така, за ГИС може да се мисли како на просторна база на податоци,
т.е. база на податоци што ја меморира локацијата и обликот на
просторната информација.

Најголемата доблест на ГИС технологијата е нејзината


аналитичка моќност. ГИС располага со многу алати за пребарување:
логички оператори, математички функции, просторни пребарувања,..
Можноста за просторно прикажување на резултатите од
пребарувањата, е само една од предностите, но ГИС нуди нешто што
е многу позначајно - единствена можност за правење просторни
анализи.
Сите ГИС анализи започнуваат на ист начин: треба да се знае
она што треба да се знае. Процесот на одговарање на ова неизбежно
прашање води кон донесување решение во врска со информациите
што се релевантни за дадена задача. Заради оваа причина, може да
се каже дека податоците се душата на секој ГИС проект. Во зависност
од видот и структурата на податоците кои треба да се одржуваат (во
бази на податоци, табели или други датотеки), некои од податоците
можат да се на располагање, додека други е потребно да се добијат
од надворешни извори.

You might also like