Professional Documents
Culture Documents
СКРИПТА
СО МАТЕРИЈАЛИ ОД ПРЕДАВАЊА И
АУДИТОРИСКИ ВЕЖБИ
автори:
Поликсена Тунтева
Маја Mитреска
ментор:
Проф. Д-р Коста Митрески
Скопје, 2020
СОДРЖИНА
2
3
ТИПОВИ МАПИ
● Типови мапи
Постојат повеќе различни типови на мапи кои во продолжение се
подетално објаснети.
⠂ Топографска мапа - Во овој тип на мапи треба да се дефинира
каде се деловите со трева, каде се водите (реки, езера), планини
итн. Притоа секој објект содржи прикажани лабели на самата
мапа.
⠂ Изолин мапа - Се овозможува приказ на нумеричките податоци на
самата мапа. Таа овозможува препознавање на шеми и врски
меѓу географската местоположба и собраните податоци за тоа
место. Еден пример за изолин мапа е онаа мапа каде се
прикажува број на врнежи за одреден дел од територијата која е
од интерес.
⠂ Хороплет мапа - Ова е тип на мапи со рестриктивни граници. За
конкретен регион со различна боја покажуваат различни вредности
за некои атрибути. Се прикажува и легенда за боите, односно која
боја кои вредности ги означува. Најчесто се користи за приказ на
граници на држави, градови и населби.
4
5
● Класификации
Две исти мапи може да се прикажат со различни класификации.
Изборот на класификација е важен бидејќи прво мора да се
класифицираат податоците, па да се визуализираат. Секогаш мора да
постои референтен систем односно податоците со кои се работи мора
да се од ист референтен систем. Тој референтен систем може да биде
просторен, временски или просторно-временски.
● Размер
Мапите може да имаат различни размери. Овие размери
овозможуваат различен приказ на објектите во однос на нивната големина,
па затоа просторните објекти со кои се работи мора да се скалабилни.
6
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРОСТОРНИ ПОДАТОЦИ
За да се разберат ГИС архитектурите, пред сè мора да се знае што
се тематски слоеви на карта. Податоците на картата се собираат според
темата, па затоа и слоевите во ГИС проектите се поделени по тема.
Ваквите ГИС проекти обично користат десетици до стотици слоеви со цел
да се поделат темите соодветно и да има појасен начин за претставување.
Лоша практика за визуализација е да се “вклучат“ сите слоеви во проектот
одеднаш бидејќи на таков начин тешко е да се распознаат објектите и
сликата станува нејасна. Вообично истовремено се користат (вклучуваат)
само оние слоеви со кои треба да се работи моментално.
Кога пристапот до базата на податоци е чист, тоа значи дека во еден
релационен модел се чуваат сите потребни податоци. Со други зборови,
на едно заедничко место се сместени и геометријата и атрибутите.
Ваквиот пристап има помалку предности, а повеќе недостатоци:
7
● ГИС архитектури за податоците
Дуалната архитектура е најзастапената архитектура во ArcGis. Се
состои од два потсистеми: атрибутите се наоѓаат во релационата база на
податоци (RDBMS - Relational Database Management System), додека
геометријата се наоѓа во одделни датотеки поделени според темите.
Ваквата поделба е прикажана на сликата погоре. Врската меѓу базата и
геометријата е направена со единствен идентификатор (ID). Дуалната
архитектура има неколку предности и недостатоци:
8
2. Слоевита архитектура
9
3. Интегрирана архитектура
● Претставување на геометрија
10
● Растерска структура
Растерската структура го дели просторот во мали ќелии со еднаква
големина, слично како слика со пиксели. Колку се помали ќелиите, толку е
подобра резолуцијата на мапата. Сепак, колку повеќе пиксели има, толку
е поголем меморискиот простор за чување и одржување на мапата и
затоа не секогаш е можна висока резолуција. Вредноста на ќелиите се
менува секогаш кога се зумира сликата и темата ги пополнува овие
вредности соодветно. Ако сликата е прикажана од голема височина, не
мора да се претставени сите детални вредности. Ќелиите не треба да
содржат дополнителни информации за локацијата (вишок детали).
Предности и недостатоци на растерските мапи се:
11
● Векторска структура
Кога се работи со вектори, објектите исто така може да се зачувани
како точки, линии и полигони. Точките имаат координати, линиите ги
поврзуваат точките, а полигоните се ограничени со линии. Атрибутите се
сместени заедно со објектите. Векторскиот пристап е поинтуитивен во
споредба со растерскиот. Предности и недостатоци на векторски мапи:
+ прецизни
+ мала потрошувачка на простор за складирање (меморија)
+ елегантна структура (поинтуитивно е град да е претставен со точка,
отколку со квадратче)
+ адаптиви (можно е додавање дополнителни контролни точки)
+ можна е мрежна и кластерска анализа
+ векторските објекти се добиваат по дигитализацијата
- релативно се сложени
- комплексни се за пресметување кога има преклопување на карти
Често во проектите кои работат со географски податоци има
потреба од конверзија на податоците од еден во друг тип. Постојат два вида
на податочна конверзија:
12
ИЗВОРИ НА ПОДАТОЦИ
● Собирање податоци
13
⠂ Ласерска алтиметрија - Се однесува за податоци кои се собираат
од височина (висински податоци) користејќи дронови и авиони.
Нивната прецизност е околу 20см (поновите имаат и подобра
прецизност). Секако дека мора податоците да се разгледаат и
корегираат по потреба од страна на човек. За снимки со ласерска
алтиметрија треба да се постават базни станици. Важно е да се
постават на добро место за да има добар сигнал. Нивната
локација зависи од поставеноста на околните високи објекти и
згради. Собраните податоци, кои не се ништо друго туку слики,
потоа треба да се филтрираат за да се отстранат градовите (куќите
и зградите) сè со цел да се истакне површината на почвата.
Филтрирањето е прикажано на следните фотографии.
14
⠂ Статистички податоци од статистичките бироа - Освен
геометријата, за атрибутните податоци потребни се и статистички
податоци (лабели, имиња на објекти). На ваков начин ќе се поврзат
тематските слоеви на проектот (геометријата со нејзиното
значење). Ваквите податоци најчесто се собираат преку
прашалници и интервјуа од страна на статистички бироа за попис
или маркетинг. Ваквите податоци потоа се мапираат како хороплет
мапа.
● Уреди за мерење
Постојат различни уреди за мерење и снимање на земјиштето кои се
користат во геодезијата: теодолити, мерачи на растојание, пронаоѓачи на
опсези, GPS и слично. Исто така се користат скици од терен кои се важни
за атрибутите и за верификација. GPS-от денес е многу развиен и прецизен
затоа што е базиран на 24 сателити.
● Податоци од апликации
15
ИНТЕГРАЦИЈА НА ПОДАТОЦИ
Сите податоци кои се однесуваат на иста област, без разлика на
начинот на кој се собрани, на крај е важно да се интегрираат. Притоа,
податоците собрани од два или повеќе извори мора да се конвертираат во
соодветни формати со цел да може заедно да се интегрираат, споредат
и да се направи некоја анализа. Пожелно е податоците од сите извори да
се собрани на ист датум за да не се разликуваат временски. Исто така
добро е да бидат на исто ниво на агрегација.
● Грешки при интеграција на податоци
Често се случува да се јават грешки при интеграција на податоците
(на пример, појавување на вишок рабови, празнини и слично). Грешките
мора да се корегираат рачно.
16
Освен атрибутниот и податочниот, важни се и геометрискиот и
тополошкиот квалитет. Извори на тополошки и геометриски грешки се:
дигитализација, интеграција, генерализација, конверзија на растер-вектор
и појавување рабови. Грешки кои најчесто настануваат при дигитализација
се: недовршен раб, дупла дигитализација на раб, остар раб, недостиг на
раб, вишок раб и нелабелирана површина. Примери за вакви грешки се
прикажани на сликата подолу.
17
ДИЗАЈНИРАЊЕ НА ГЕОГРАФСКАТА ПОДАТОЧНА БАЗА
Во овој дел се разгледуваат составните делови од процесот на
креирање географска база на податоци. При изградба на секоја геодата
база се употребуваат метаподатоци. Метаподатоците претставуваат
информации за самите податоци или за процесите на дизајн на
информацискиот систем. Метаподатоците често се користат при
запознавање на нови корисници со ситемот.
Базата на податоци се состои од колекција од табели и односите
меѓу табелите (нивните релации). Базата може да се дизајнира рачно на
хартија во форма на некој документ каде ќе се наведени елементите и
процесите што се случуваат, но новите дигитални форми на податочни
бази се подобри за чување, реискористување, надоградување и
дополнување.
Геодата базата е елемент кој не може да се замени со друг и притоа
е клучен во креирањето на ГИС. Процесот на градење на еден ГИС систем
се состои од повеќе чекори. Некои од нив се подолу набројани.
18
4. Дизајн на атрибутни податоци - Тука спаѓаат најголем процент од
податоците кои се однесуваат на самите географски објекти на
мапата соодветствуваат со карактеристиките на дадениот
географски објект. Ваквите податоци не секогаш се поставени и
прикажани на мапата.
5. Далечински измерени податоци - Се добиваат од уреди за
далечинско собирање (сателитски снимки, авиони со специјални
камери и технологии за снимање на податоци од терен, дронови).
Во прилог стои детален опис за претходно споменатите чекори за
градење на географски информациски систем.
19
⠂ Оценување на географските податоци кои може да се
искористат - Податоците се најважни во овие системи, па затоа се
прави анализа како најдобро да се искористат.
⠂ Проценка за чинењето и добивката од имплементацијата.
⠂ Развивање на стратешки план за софтверска и хардверска
имплементација - Пристапност на системот преку различни уреди,
кои сервиси ќе се користат и автоматизација на податоците.
При дизајнот на базата на податоци најчесто се користи зборот
шема. Тоа е всушност дијаграмот и документите кои ја опишуваат
структурата на базата и релациите меѓу елементите во самата база.
20
⠂ Домени и правила за валидација - Како дел од податочниот
директориум точно е дефиниран опсегот на дозволени вредности
на податоците и со тоа се спречуваат грешки при прибирање на
податоци. Важно е да не дозволи внесување на вредност која е
надвор од определениот ранг. Со овие правила се лимитираат
податоците за приказ. Исто така, треба да се внимава на различно
форматирање на податоците во Европа и во Америка.
● Податочен директориум
● Метаподатоци
21
ДАЛЕЧИНСКИ СОНДИРАНИ ПОДАТОЦИ КАКО ПОЗАДИНСКИ СЛОЕВИ
● Дигитални мапи
22
⠂ Географски информациони системи (ГИС) - Првите две дисциплини
се развиваат и независно од ГИС, но нивните производи се соодветни
за користење во ГИС проектите ако се преземат соодветни чекори во
фазите на планирање и дизајнирање.
Постојат многу технички прашања кои корисниците треба да ги земат
предвид пред да користат воздушни фотографии за позадина во нивните
векторски податоци. Пример, важно е да се знае дали може
фотографијата да се обработи во дигитална ортофотографија.
Ортофотографијата се добива од оригиналните скенирани податоци кои
биле гео-референцирани во координатен систем преку дигитален модел
за надморска височина од областа што содржи информации за височина.
Целта е да се добие ортофотографија - слика во форма на мапа каде се
корегирани дисторзиите предизвикани од леќите на камерата, положбата
на камерата за време на летот и варијациите на теренот. Локациите на
23
повисоки височини се поблиски до фотоапаратот отколку ниските места
(кога се слика од авион), па скалата не е константна. Откако ќе се
обработи ортофотографијата, таа ќе се појави како права линиска
карактеристика. Ортофотографиите се произведуваат со директен
оптички проекционен ортофотоскоп, но мора да се користи и
дополнителен софтвер за дигитална обработка со цел да може да се
вклучи во ГИС. Нивната математичка обработка е прилично сложена и за
неа е потребен дигитален висински модел (DEM) за теренот на таа област.
Ваквите информации со DEM обично се собираат во исто време со
фотографијата, но може да се користат и постојните DEM-ови како извор
на податоци за корекција на теренот. Математичките пресметки вклучуваат
просечни вредности на пикселите т.ш. се губат некои директни
информации, но резултатот е дигитална фотографија во која камерата се
насочува директно низ целата фотографија. Всушност, ова е во основа
воздушна фотографија обработена за да изгледа како мапа. Потоа, врз
неа може да се нацртаат ГИС-векторски информации.
24
● Скала на оригиналната фотографија
Јасен е фактот дека кога се лета со авион, колку е тој поблиску до
Земјата, толку повеќе можат да се идентификуваат помали и поситни
карактеристики. Пример, на 30.000 стапки е тешко да се забележат
индивидуални автомобили на автопат, но на 10.000 стапки може да се
идентификуваат по боја. При воздушна фотографија, скалата на
фотографијата е одредена од фокусната должина на фотоапаратот
(растојание од блендата до фокусната рамнина), висината на камерада
над Земјата и висината на теренот што се фотографира. За дадена
камера со фокусна должина, колку што авионот лета повисоко, скалата
станува помала. Според тоа, равенката е:
S = f/H _ h’
⠂ S = реципрочна скала (на пр., на 1: 24,000, S = 2000)
⠂ f = фокусна должина на фотоапаратот (измерено во метри; за леќи
со фокусна должина од 200mm оваа вредност ќе биде 0.200)
⠂ H = висина над Земјата (метри)
⠂ h’ = надморска височина (метри)
● Резолуција на теренот
25
автомобилите во него, дрвјата околу зградата и патеките што водат кон
него, екранот започнува да наликува на реалниот свет. Далечинските
информации (од сателитите) можат да бидат обработени и користени
како позадина, а неколку компании енергично го следат тој сегмент на
пазарот со панхроматска (црна и бела) и преработена природна боја.
Информациите се користат и за развој на слоеви на информации
корисни за задачи за анализа или управување (на пример, покриеност на
земјиштето или анализа на промени). Аеро-фотографијата носи визуален
контекст, но информациите од далечина даваат аналитичката содржина
во ГИС-от. Технологијата и науката за далечински сензори била производ
главно на владината активност за управување со ресурси, а подоцна се
користела и за воени потреби. Но, денес тие станаа инхерентно поврзани
технологии заради моќта на далечинско сондирање да обезбеди
информации до ГИС што е невозможно да се добијат на друг начин. Само
некои софтверски ГИС системи имаат можност за обработка на
далечински сензорски податоци, но сите можат да прикажат само
податоци кои се веќе обработени. Кога се работи со далечински
сензорски информации, поголемиот дел од времето се прави обработка
за да се направат информациите корисни за одредена примена. Најчесто
аналитичките задачи земат релативно мал процент од времето (пример,
фосфорна концентрација во Охридското Езеро). Работата на терен ја
прават лица од хидробиолошкиот завод во Охрид. Решавањето на
техничките проблеми при земање информации од повеќе сензори во
различни временски периоди бара вешти и обучени лица. Технологијата за
далечинско сондирање е поделена на два вида сензори: пасивни сензори
кои мерат енергија рефлектирана од површината на Земјата и активни
сензори кои испраќаат микробранови или радар пулсови и го мерат
пулсот на таа рефлексија. Оваа потточка ги објаснува пасивните сензори
(податоците од активни сензори се од мала корист во рамките на ГИС, со
еден исклучок - податоци од сателитот LIDAR). Напредокот на технологијата
на далечинското сондирање и сликање довел до постојано зголемување
на просторната резолуција, спектрална резолуција и фреквенцијата на
временска покриеност. Просторната резолуција се однесува на
сензорите од внатрешното видно поле (IFOV) и големината на теренот на
секој пиксел снимен од страна на сензорот. Спектралната резолуција
вклучува делови на електромагнетниот спектар (ЕМС) кој сензорите можат
да го детектираат. Секој band (бранова должина) детектира енергија што
се рефлектира од Земјата во дискретни опсези на спектарот (на пример,
зелената боја има 0.0-0.60 микрометри опсег). Општо земено,
26
далечинските сателитски сензори го покриваат видливиот дел од
светлината преку блиски и средни инфрацрвени сегменти на спектарот
кои понекогаш се движат во топлинскиот инфрацрвен сегмент. Во текот на
изминатите 30 години има значително зголемување на бројот на band-ови и
стеснување на делови кои ќе го детектираат, што дава повеќе
информации за географските карактеристики. Дефиниција за
временската резолуција: колку често сателитот се враќа да земе
информации од истата површина на Земјата. Повисоките фреквенции
овозможуваат поблиско мониторирање (следење), а бидејќи системот
функционира најдобро кога времето не е облачно, повисока фреквенција
ќе ја зголеми веројатноста за добивање на добри слики во времето што е
потребно. Аналитички потреби зависат од внимателното мерење на
рефлексијата во одредени сегменти на електромагнетниот спектар и во
случај на аналитички потреби спектралната резолуција може да е
покорисна од просторната. Ако е потребен редовен, високо фреквентен
мониторинг, временската резолуција е од огромно значење. Избор на
вистинскиот извор или извори на далечински сондирани слики за
вклучување во ГИС проектот е главно компромис помеѓу овие три
проблеми: износот на пари, потребата од информации и колку брзо е
потребен производот.
● Сензори
27
ПРИМЕНА НА ДАЛЕЧИНСКО СОНДИРАЊЕ
Далечинското сондирање нуди ефикасни техники за проценка на
разни особини на вегетацијата врз големи географски области. Со
користење на спектрални вегетациски индекси лесно се врши анализа на
разни особини на растенијата. Пример, може да се проценат следните
карактеристики за вегетацијата:
⠂ Типот на вегетација
⠂ Флуктуации во вегетацијата
⠂ Здравјето на растенијата
⠂ Бербата кај житни и индустриски култури
⠂ Да се детектираат оштетувања
⠂ Сушни области
● Развој денес
28
● Основни поими од анализана вегетација преку далечинско учење
29
● Вегетација
1. Зелени растенија
1.1) Пигмент
Постојат три категории на пигменти во листот од растенијата:
хлорофил (Chlorophyll), каротeн (Carotenoids) и aнтоцианин
(Anthocyanins). Овие пигменти имаат различни функции и улоги, и се
од критично значење за функционалноста и здравјето на
вегетацијата, иако релативната концентрација на овие пигменти
може да варира многу. Вегетација со големи концентрации на
хлорофил генерално се смета за здрава, бидејќи присуството на
хлорофил директно е поврзано со богато користење на светлината
или високо ниво на процесот фотосинтеза. Спротивно на ова,
каротинот и антоцианинот, често се појавуваат во поголеми
концентрации во растенија што се на пониско ниво на здравје,
типично поради некој вид стрес, или кај растенија кои што се кон
крајот на животниот век, односно се остарени, поради хибернација,
или растенија кои што се пред умирање, чии листови покажуваат
изразени бои на црвено, жолто и кафеаво. Како група, пигментите
во листот имаат ефект само врз видливиот дел од спектарот со
кратки бранови должини (400 до 700 нанометри), но ефектите
варираат многу во зависност за кој тип пигмент се работи.
30
1.2) Вода
31
2. Вегетација со крошна
32
3. Вегетација без фотосинтеза
33
ПРАВИЛА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ЛАБЕЛИ НА МАПАТА
34
Градовите најчесто се претставуваат со точкасти лабели. Исто така,
текстуалните лабели се користат за обележување на височини на врвови
(peaks). Често се користат и за обележување на измерени нумерички
вредности за некои мерни точки. Понатаму, точкастите лабели се корисни
за обележување на знаменитости. Кога лабелите се преклопуваат со
некои објекти и граници, често настанува проблем при дигитализирање на
овие мапи затоа што несоодветно се мапираат и се грешат границите.
Точкастите лабели може да имаат и други форми освен точки:
квадратчиња, ѕвезди и други симболи. Во вакви случаи многу е важно да
постои легенда која го објаснува значењето на сите симболи и бои кои се
користат во мапата. Ваквите информации особено е важно да се наоѓаат
во техничката документација на проектот.
35
● Лабели на полигони
36
⠂ Точките кои се во близина на голема површина со вода треба да
ја имаат лабелата во водата за да е добра визуализацијата
⠂ Ако мора, текстуалната лабела може да се подели во два реда
текст
37
● Кандидат-позиции за лабели
⠂ Треба да се избере простор за лабела наречен скелетон кој ја
претставува средната аксиома на регионот) (прикажан на
сликата подолу)
⠂ Треба да се пресмета најдолгиот пат на скелетот како
доминантна форма
38
⠂ Треба да се избере средниот дел на овој скелетон (прикажан со
портокалова боја на сликата подолу)
Во прилог се набројани правилата за избор на кандидат-позиции за
хоризонтални просторни региони. Пример за ова е прикажан на сликата
подолу.
39
● Поставување лабели како проблем на графови
40
АРХИТЕКТУРА НА ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ
Географскиот информационен систем (ГИС) претставува
современа информатичка технологија за управување со просторни
податоци и нивно интегрирање во единствен информационен
интелигентен просторен систем. ГИС ги комбинира географските
податоци (локацијата на природните и вештачките објекти) со разни видови
информации (имиња и лабели). На кратко, претставува единствен систем
за базата на податоци поврзана со просторот кој се анализира. Ваквите
системи може да биде од голема помош во проблеми со географски
податоци и нивни анализи. Со поврзување на метеоролошките податоци во
единствен географски систем многу лесно би се извршувале просторни
анализи и предвидувања на можните настани.
41
Од сликата погоре може да се забележи дека системот треба да
има најмалку два сервери наменети за ГИС со кои управува
администратор. Во прилог се објаснети нивните карактеристики.
42
СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИТИЧНИ РЕГИОНИ
ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ОБИЛНИ ВРНЕЖИ
Поплавите се природна појава која најчесто не може да се спречи,
но понекогаш може да се предвиде. Причини за поплави може да бидат:
прелевање на реките заради обилни врнежи, рушење на земјиштето,
рушење на браните на реките, погрешно ракување со браните,
насобирање дрва на одредени делници и слично. Доколку се предвидат
поплавите, може да се намали штетата и да се ублажат последиците.
Најчесто, за предвидувања на поплави се разгледуваат следните ситуации:
дали обилните врнежи ќе влијаат врз нивото на реката, дали ќе
предизвикаат штета, дали има население во околината и слично.
Целта на проблемот е да се предвиди штетата од обилните врнежи
врз Крива Река и нејзината околина: колкав дел од врнежите ќе завршат во
реката, а колкав дел ќе се впијат во почвата. За решавање на овој проблем
се користат следните податоци:
43
⠂ 5-метарски ДЕМ (дигитален елевациски модел)
⠂ Авионски снимки на Криво-Паланечкиот регион
⠂ Искористеност на земјиштето (сателитски снимки од Google)
⠂ Водостој на водомерната станица кај Крива Река
⠂ Интензитетот на врнежи во Криво-Паланечкиот регион (податоци од
хидро-метеоролошкиот завод во Скопје)
44
Потоа, се користат алатки за теренско претпроцесирање - Flow
Direction (поконретно Flow Direction D8 моделот). Измазнатиот модел на
податоци ќе биде параметар во оваа алатка за да се одреди правецот на
движење. Оваа алатка ја прикажува една од главните карактеристики на
земјиштето, односно правецот на движење на земјиштето за секоја ќелија.
Постојат осум валидни излезни правци. Со овој модел се исцртува
излезниот растер на правецот на податоците.
Принципот на пресметка е многу едноставен и е прикажан на
сликата подолу. Се избира евалуациската вредност на ќелијата и врз
основа на соседните полиња се избира која вредност ќе ја преземе. За
одредување на вредностите се користи матрицата за Direction Coding.
Пример, доколу за ќелијата која ја испитуваме максималната соседна
вредност се наоѓа во левата ќелија од неа, како вредност за правец во таа
ќелија која се испитува ќе се постави бројот 16. Вредностите за останатите
случаи се дадени на сликата.
45
На сликата може да се забележи дека најниските вредности се
токму висините на планините (ридовите) каде водата не може да се
акумулира. За пресметка на вредностите на овие ќелии се користи т.н.
Focal Statistic.
46
⠂ Catchment Polygon Processing - Ваквата алатка го конвертира влезниот
растер во класа од полигони. На тој начин крајниот корисник добива
класа во која секој од дренажните сливови има атрибутни вредности.
Корисникот има можност да додаде дополнителни атрибути. Покрај
стандардните атрибути (Object ID, Shape, Shape length, Shape area и
слично), оваа алатка додава и два нови: Grid ID (вредности поврзани
со растерот на дренажната област) и Hydro ID (единствен број за
идентификување на географската област).
47
⠂ Adjoint Catchment Processing - Ова е класа од збир на сите дренажни
сливови кои се поврзани меѓусебно преку Next Down ID атрибутот.
Сите такви сливови ја пренесуваат водата во дренажните линии и се
групираат во една заедничка joint дренажна област. Оваа класа се
користи за да се забрза процесот на генерирање на излезна точка
од сливот. Влезни параметри се дренажните линиите и дренажната
област.
48
Хирдолошкото процесирање се состои од неколку чекори кои се
набројани и опишани во прилог.
49
Понатамошните чекори на хидролошкото процецирање бараат
анализа на речните карактеристики. По теренското претпроцесирање и
креирање на нов HEC проект, следен процес на обработка е речната
област со нејзините подобласти. Најважните четири карактеристики на
речната област кои треба да се анализираат се: должината на реката,
закривеноста на реката, закривеноста на коритото на реката и центроидот
на коритото.
За анализа на овие области се користат повеќе методи. Во прилог е
даден нивниот опис.
⠂ Centroid Elevation - Ова е алатка од менито поврзана со
карактеристиките на реката. Со нејзина помош се внесуваат
висинските вредности на центроидите во elevation полето на
атрибутната табела на центроидите.
⠂ CN (Curve Number) - Ова променлива служи за пресметување на
истекувањето на дождовите во речните области. Се користи како
параметар за пресметка на количината на ефективниот дожд кој ќе
падне на површината. Вредностите на CN се користат за креирање
на растер со CN вредности. За негово генерирање се користат
алатките набројани подолу.
⠂ Generate CN Grid - Како влезни параметри во оваа алатка ќе се
земат Hydro DEM, слојот на искористеност на земјиштето (од
сателитите) и табелата со вредности за CN.
⠂ CN Lag Method - Овој метод го пресметува времето на сливното
заостанување.
⠂ Background Shape File - Оваа датотека има географски информации
за границите на речните подобласти и текот на реките.
⠂ Basin Model File - Ваквата датотека содржи информации за речните
области, хидролошките елементи и нивната поврзаност, како и
поврзаните текстуални информации собрани во ASCII текстуална
датотека кои може да се импортираат во HEC-HMS проектот.
⠂ Met Model File - Оваа датотека е од метеоролошка природа и
содржи информации за водомерната станица и метеоролошкиот
модел.
⠂ HMS Schematic
50
Краен резултат од претходните методи е нов растер со CN вредности
и промена на овие вредности во слојот за искористеност на земјиштето.
Со користење на различни вредности се добиваат различни криви кои
имаат поинаков тек и раст. Ваквиот приказ е даден на следниот график.
51
Понатаму, хидролошкото процесирање продолжува со уште неколку
методи.
⠂ HEC-HMS процесирање - Резултатите од овој метод се состојба на
речните области и реки. Овој резултат е влезен параметар во
HEC-RАЅ системот.
Откако се креираа теренските податоци базирани на DEM моделот и
се собраа хидролошките податоци (водостој, врнежи), треба да се
генерира модел којшто ќе симулира приказ на полавените области
(предвидувања). Оваа симулација се прави со помош на HEC-HMS и
HEC-RАЅ моделите (софтверски алатки).
52
Во прилог се набројани географските методи од кои се сосоти
хидрауличното процесирање.
⠂ HEC-GeoRAS претпроцесирање - Оваа алатка ги подготвува
податоците за HEC-RAS методот и ги обработува HEC-RAS податоците
за визуализација.
⠂ HEC-RAS процесирање
⠂ HEC-GeoRAS постпроцесирање
Површините од интерес се добиваат преку TIN растерот со Water
Surface TIN алатката. Поплавените површини се прикажуваат со Floodplain
Delineation Using Rasters алатката. Се споредуваат висините на водениот
Grid растер со DEM растерот. Ако висината во првиот е поголема од
висината на вториот, таа висина се додава во новиот растер за поплавени
површини. Вака добиениот растер потоа се конвертира во векторски облик
за одредување на границата на поплавување.
53
Сликата подолу е приказ на визуализацијата на податоците за
брзината на водата од реката во различните региони. Зелените линии се
границите меѓу поплавените површини.
54
55
ВОВЕД
Софтверскиот пакет ArcGis претставува Python скрипта која се
користи за прикажување и анализа на податоци. За секоја алатка се
отвара нов прозорец, во кој може да има задолжителни и опционални
полиња за пополнување.
Главната цел на ваквите софтверски пакети е да се добие знаење за
географската распределба на објектите и нивната зависност во однос на
заедничките атрибути. Бидејќи најважен продукт од целиот проект е
визуализацијата, важно е таа да биде добра и репрезентативна.
56
ОСНОВНИ ПОИМИ ВО ARCGIS
● Слоеви
При вклучување на ArcGis софтверот од левата страна се наоѓаат
слоевите кои се различни претстави на податоците или мапите. За секоја
анализа во ArcGis во позадина мора да има основна мапа.
За отварање на веќепостоечка мапа се вчитува документот со .mxd
екстензија. Слоевите содржат атрибути, но може да содржат и мапи. На
самите мапи овозможено е да се доцртуваат линии, полигони и точки кои
потоа се поврзуваат со податоци и се складираат во базата. При
активација на слоевите важен е нивниот редоследот на поставеност
односно приоритетот на приказ е хиерархиски подреден. Со десен клик на
даден слој во Properties → Fields може да се избере што да се покаже на
активниот слој.
● Каталог
Каталогот се наоѓа на десната страна од работната околина на
ArcGis и во него се вклучени сите конекции на податоците и мапите кои се
поврзани. Екстензијата .gdb се однесува на датотеки со податоци за
географската податочна база. Оваа датотека не е секогаш видлива и во
документацијата може и да не се најде како таква. Всушност, под оваа
екстензија се подразбира колекција на датотеки кои што се преставени во
споменатиот формат.
Во .gdb датотеките може да се содржат и други подиректориуми кои
содржат податоци во формна на точки, полигони или линии (Shape FIles).
Ваквите датотеки може да се копираат и употребат на друга мапа.
Главната улога на каталогот е поврзување со најразлични сервери за
податочни бази и конекции, како и ГИС сервери. Накратко, каталогот е
место каде што започнува работата со податоците.
57
● Геопроцесирање
● Дебагирање
58
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ
59
● Погледи на мапи
⠂ Layout View - Во овој поглед не се дозволени никакви промени,
освен додавање легенда за карактеристики на мапата,
размер, компас и слични дополнителни елементи. Овој поглед
ќе биде детално објаснет во некое од следните поглавја.
⠂ Алатката Go To XY се користи за да се лоцира местото со
соодветно внесените координати за X и Y.
⠂ Алатката Find се користи за пребарување по сите полиња од
геодата базата. Најчесто се пребарува по имињата на објектите.
Откако ќе се пронајде бараниот елемент, со десен клик на него
може да се избере Flash за да светне конкретниот објект. Кога
податочните бази се многу големи, може и да се скрати опсегот
60
на информации за пребарување (кога се знае точно во кој дел од
базата треба да се пребарува).
61
ИНТЕРАКЦИЈА СО ГЕОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ
● Атрибутни табели
Постојат повеќе начини на кои може да се додаваат податочни
датотеки во ArcGis проектите. Тоа може да се изврши директно (со
“влечење“) или со користење на соодветна алатка за таа намена. Лево од
мапата има дел кој е именуван Table of Contents односно тука е прикажан
редоследот на сите користени слоеви.
62
Еден од начините на додавање слоеви во проектот е со влечење на
веќепостоечки датотеки од каталогот со екстензии .shp. Дополнително, во
овој прозорец има повеќе начини за приказ на слоевите. Пример, за
листање на податоците според нивниот извор се избира опцијата List by
Source. Доколку податоците не се со екстензија која е позната за ArcGis
софтверот, потребно е да се преземат дополнителни чекори за да може
да се вклучат во проектот. Откако податоците се поставени во редот со
слоеви, при десен клик → Open се отвара нивната атрибутна табела, но за
да бидат прикажани на самата мапа, треба при десен клик да се избере
Display XY Data. За Х и Y се бираат соодветните вредности за Longitude и
Latitude и треба да се внимава користениот координатен систем да биде
соодветен на оној на кристената мапа. На ваков начин .xls податоците се
прикажуваат како мапирани објекти со соодветна географска должина и
ширина.
Дополнително, софтверот на ArcGis околина нуди автоматизирана
алатка за директно импортирање на податоци од Excel датотеки во ArcGis
проекти. Таа се пристапува преку Geoprocessing → ArcToolbar → Convert
Excel to Table и се користи за директна конверзија на .xls датотека во
географската податочна база. За влез во оваа алатка се задава .xls
датотеката која треба да се конвертира. Исто така, се задава и името на
излезната датотека односно како ќе биде именуван новокреираниот слој.
Со наредбата Insert → Data Frame се креира нова податочна рамка
која се додава во слоевитиот приказ. Важно е дека во даден момент може
да се работи само со еден слој или едно множество на слоеви.
63
КООРДИНАТНИ СИСТЕМИ И ПРОЕКЦИЈА
64
Но, со претходноопишаната постапка за конверзија на координатни
системи само навидум се менуваат координатните системи за да може
да се претстават датотеките во мапата заедно.
Во овој прозорец треба да се внеаст неколку параметри. Како влез,
во полето Input Dataset or Feature Class се внесува датотеката чиј
координатен систем треба да се трансформира, а нејзиниот моментален
координатен систем се внесува во полето Input Coordinate System. Во
полето Output Dataset or Feature Class се избира патеката каде ќе се зачува
датотеката со трансформираниот нов координатен систем и со ново име.
Новиот координатен систем се избира во полето Output Coordinate System.
На ваков начин во Layers се креира нов слој кој претставува
трансформација на датотеката за која се менуваше координатниот
систем.
65
Со десен клик на некој од слоевите Layers → Properties → Coordinate
System може да се избере координатен систем од папката Projected
Coordinate System. На ваков начин координатниот систем се менува во
насока на кривините на Земјината топка, односно се добива радијален
изглед на податоците кој е поприроден со реалниот свет.
● Конверзија на проекции
Во ArcGis проектите не е дозволено да се мапираат податоци кои
немаат иста проекција. Во таков случај се појавува следното
предупредување:
66
Во прозорецот од оваа алатка се внесуваат неколку параметри. Во
првото поле се внесува датотеката за која недостасуваат референтни
податоци. Исто така, се избира соодветниот координатен систем за таа
датотека. Во овој случај, мапите се поставуваат соодветно онаму каде што
треба да се проектираат.
Ваквите трансформации се многу важни кога податоците доаѓаат од
различни извори. Пример, кога се преземаат податоци од GoogleMaps,
типот на координатниот систем е OpenStreet и нема проблеми во
работата. Но, ако податоците од различни извори не соодветствуваат со
географската должина и ширина на мапата, може да има проблем кога
се проектираат слоевите еден врз друг.
67
КРЕИРАЊЕ НА ГЕОГРАФСКА ПОДАТОЧНА БАЗА
Со десен клик на некој од фолдерите во Catalog → New → File
Geodatabase во избраниот фолдер се креира датотека со наставка .gdb
за која може да се зададе име.
68
За полето Input Features се бираат датотеки кои треба да се
преземат и да се вметнат во базата.
По извршувањето на овој чекор, во географската податочна база се
вметнати потребните податоци. При десен клик на некој од нив → Item
Description може да се разгледаат карактеристиките за податоците.
69
Со ваквата постапка се отвара нов прозорец во кој треба да се
внесат неколку параметри (прикажан на следната слика). Треба да се
одредат вредностите за координатите X и Y во зависност од типот на
податоците во моменталната база (во конкретниот пример, тоа е база со
точкасти податоци со координати и затоа X и Y ќе бидат координатни
точки). Ваквите опции се прикажани на следната слика. Треба да се
избере и соодветниот координатен систем кој ќе биде ист како и другите
мапи кои ќе се користат заедно со овие податоци. Се избира и патека за
каде да се зачува вака конвертираната база. Вака креираната мапа треба
да се појави во Catalog и да може да се провери што има во неа со Item
Description.
70
● Креирање на Feature класи
Процесот на креирање на Feature класи (класи на карактеристики) е
прилично едноставен затоа што има голем број алатки за ваквиот процес.
Овие класи на карактеристики се креираат во соодветната географска
податочна база. Со десен клик на некоја .gdb датотека од Catalog → New
→ Feature Class се отвара нов прозорец (прикажан на првата слика
подолу). Во овој прозорец се задава име на класата, како и типовите на
карактеристиките кои ќе се чуваат во оваа класа (точки, полигони и
слично). Мора да се избере и соодветен координатен систем кој ќе
одговара на останатите. Потоа, се внесува вредност за XY Tolerance. По
клик на Next, следениот чекор е отварање на нов прозорец (прикажан на
втората слика подолу).
Табелата од претходната слика има две колони: име на полето и
типот на податоци (ги има задолжителните атрибути OBJECTID и SHAPE). Во
оваа табела се додаваат атрибути со своите соодветни типови. Ако
станува збор за полигонална структура, автоматски ќе бидат додадени и
атрибутите SHAPE_Length и SHAPE_Area. При клик на Finish, завршува
креирањето на класата. Таа треба да се појави како датотека во
соодветната географска податочна база каде и беше креирана.
71
● Креирање домени во географската податочна база
Во колоната Domain Name се пишува името на новиот домен кој ќе
се креира, а во делот Description се дава опис за него (овој чекор е
опционален). Во делот за Domain Properties се средуваат својствата на овој
домен (пример, соодветниот тип на атрибутите, нивната големина и
слично). Во Coded Values може да се задаваат кратенки за одредени
вредности. Се креира листа на елементи како точки на мапата од овој
домен. Со Apply се креира атрибутен домен. Откако ќе се креира
доменот, треба да се поврзе со податоците.
Со десен клик на претходнокреираната класа → Properties се отвара
нов прозорец прикажан на следната слика. За новокреираното поле се
избира соодветниот новокреиран домен (во делот Field Properties):
72
Во овој прозорец дополнително се избира и стандардната вредност
која постои во кодираните вредности. На крај се клика на Apply и на ваков
начин се креира домен во атрибутната класа.
73
СТАНДАРДНИ КЛАСИФИКАЦИОНИ МЕТОДИ
● Алатка Classify
Во делот Method се бираат различните методи на класификација кои
се дадени за избор од паѓачко мени. При класификација, важно е каков
тип се податоците и каква е нивната распределба. Постојат повеќе видови
на класификација:
74
⠂ Quantile - Распределбата на класите е во насока на ист број на
семплови во множествата. Овој метод е генерално добар за
линеарна дистирибуција на примероци. Исто така, добар е и
кога голем број примероци имаат ниски вредности на почетокот.
⠂ Natural Breaks (“природна“ групација) - Ова е најчесто користен
метод за класификација на нерамномерни дистирбуции, како
на пример: број на население, опис на население и слично. Од
тука и доаѓа името за природно групирање.
⠂ Geometrical Interval - Класификациска шема каде класите се
поделени така што примероците имаат геометриска
распределба (нараснување). Најкорисни се за примероци со
логаритамска скала (податоци каде брзо расте нивната
вредност за кратко време).
⠂ Standard Deviation - Ваквата метода е најкорисна кога податоците
имаат нормална дистрибуција (Гаусова крива). Може да се
избере и големината на интервалите: ½ Std Dev, ¼ Std Dev и
слично.
Во продолжение на ова поглавје е даден пример за користење на
еден од методите за класификација врз податоци за густина на
население. Целта на овој пример за класификација е поделба на области
според густината на населението во различни нијанси на бои. Со ваквите
визуализации може да се заклучат корисни информации, како на пример
податоци за кластери на густина на население. Пред сè, се избира бројот
на класи во Classes за да се одреди на колку класи ќе бидат поделени
податоците. Во истиот прозорец за Layer Properties може да се избираат
различни симболи со кои сакаме да претставиме одредени објекти и
нивните бои. Приказот од овој прозорец е на следната слика.
75
76
Соодветните класи со боите се појавуваат како посебен слој во Table
of Content. Со десен клик на класите → Format Labels може да се менува
форматот на класите (пример, може да се намали бројот на децимални
места кои се прикажуваат). Прозорецот каде се вршат вакви манипулации
со класите е прикажан на следната слика.
77
ВИЗУАЛИЗАЦИЈА
● Визуализација на атрибути
За визуализација на атрибутите, најпрво се започнува со отворање на
табелата со атрибути за слој кој е од интерес. Во ова поглавје се работи со
податоци за густина на население чии атрибути примаат нумерички
вредности.
78
Кај ваквите визуализции може да се менува изгледот на симболите,
боите и дебелината на линиите со кои се претставени самите објекти.
Дополнително, во табелата на карактеристики има колона насловена како
Public Access која содржи информации за пристапот до атрибутот (дали е
приватен или јавен). Со десен клик на слојот и избирање на опцијата
Convert Symbology to Representation → Quantities се избираат сите објекти
што имаат јавен пристап и се додаваат во табелата со Add Values. Како
резултат од оваа постапка секоја вредност од дадениот атрибут се
визуализира со различна боја.
79
Доколку цел на анализата е прикажување на областите кои имаат
значајни разлики се отвара претходниот прозорец (по истата патека која е
спомената погоре) и се кликнува на копчето Exclusion (се користи кога е
потребно да се направи некоја зависност). Во овој случај во Exclusion се
земаат вредностите на популацијата помали од 50 илјади и на мапата се
извлекуваат местата кои што имаат вредности кои го задоволуваат
дадениот услов. По оваа измена се добива приказ како на сликата подолу.
80
Затоа може да се искористи истиот трик како и претходно, односно
да се “исклучат“ сите оние регони кои не задоволуваат одреден услов со
помош на Exclusion и потоа преку Labels да се прикаже остатокот од
мапата кој не го исполнил условот. Дополнително, преку менито Size може
да се менува големината на питите. Финалниот изглед на анализата е
прикажан на сликата подолу.
81
ПОСТАВУВАЊЕ ЛАБЕЛИ И НИВНА ХИЕРАРХИЈА
Секој објект на географската мапа може да има своја лабела која
се однесува на неговото име. Во ArcGis постојат посебни правила за
прикажување на лабели на мапите. Лабелите се чуваат како посебни
слоеви во Layers и се прикажуваат со нивно вклучување.
Со десен клик на слоевите со лабели во делот Layer → Properties се
отвара прозорецот Layer Properties. При клик на Placement Propertieѕ се
отвара нов прозорец каде може да се манипулира со изгледот и
позицијата на лабелата. Со Change Location може да се менува
локацијата на лабелата и постојат осум можни опции во однос на самиот
објект. Овие локации се прикажани на матрицата на сликата подолу.
Броевите во ќелиите од матрицата го означуваат приоритетот на распоред
на лабелите. Доколку лабелите на некои објекти не се прикажани, тоа
може да се промени со десен клик на слојот на посакуваните лабели →
Apply за да се прикажат соодветните лабели на мапата.
82
Во делот со Line Settings може да се избере каква да е насоката на
поставување на лабелата во однос на линискиот објект. Насоката може да
биде една од следните: horizontal, vertical, curved, perpendicular, above, on
the line итн (пример, Curved значи дека ќе го следи текот на формата на
објектот). Во делот на Position се бира дали лабелата ќе биде над линијата,
под неа или врз неа.
За да се постави приоритет на лабелите, потребно да се отвори
прозорецот Labeling од менито со алатки Windows (прикажано на сликата
подолу).
Од менито Labeling, потребна е втората алатка наречена Label Priority
Ranking. При клик на оваа алатка, се отвара следниот прозорец:
83
Во текстуалното поле прикажани се сите множества на лабели (едни
за реки, други за градови и слично). Овие множества лабели може да се
разместуваат за да се подредат според приоритет (највисокиот во листата
има најголем приоритет). По размесувањето, се клика Apply. Кога има
повеќе лабели на мапата и тие се преклопуваат, приоритет за приказ
имаат лабелите кои се повисоко во оваа листа. Потоа, останатите лабели
кои се подолу во листата се прикажуваат само доколку има место за да
нив и притоа се разместуваат во однос на поприоритетните лабели за да
не настане никакво преклопување. Ваквите манипулации со приоритетот
за лабелите се особено корисни кога има повеќе мапи со многу лабели.
Друга алатка во менито Labeling е алатката Label Manager. Нејзината
локација во ArcGis е прикажана на следната слика.
Оваа алатка ги обединува сите атрибути прикажани на мапата во
форма на лабели на едно место. При нејзин клик се отвара следниот
прозорец:
84
Воедно, оваа алатка ги содржи сите можни алатки и опции од
Labeling менито во скратена форма. Накратко, претставува сумаризација
на целото мени.
Во истиот прозорец од погоре, при клик на Label Styles се отвара
прозорец каде може да се манипулира со стилот и симболите на
лабелите (прикажан на сликата подолу).
Во прозорецот за Label Manager, при клик на Scale Rang се отвара
нов прозорец (прикажан на сликата подолу). Во него се внесува вредност
за минималниот размер под кој лабелите нема да се прикажуваат, како и
вредност за максималниот размер над кој лабелите нема да се
прикажуваат. Всушност, двете вредности се рангот во кој ќе се
прикажуваат лабелите. Стандардно, во двете вредности стои <None> (нема
ограничувања).
85
За додавање на информации на мапата, се бира алатката Text од
Draw менито. На ваков начин може да се внесе тексуално поле на мапата
каде ќе може да се внесува некаков текст. На следната слика е прикажан
начинот на кој се изведува тоа.
86
Откако ќе се креира текстуалното поле, со десен клик на него →
Properties, се отвара нов прозорец:
Со клик на Change Symbol може да се манипулира со изгледот,
формата и бојата на текстот во ова поле. Се отвара следниот прозорец:
87
Добро е стилот на лабелата да се совпадне со стилот на останатите
лабели кои веќе постојат на мапата и се однесуваат на исти или слични
објекти. При лабелирање на објектите, важно е да се запази стандардот за
лабели. Пример, лабелите на водните површини обично се со светла сина
боја и стил на текст Italic. Во прилог е прикажан пример за Oceans стилот.
→
За ефикасна работа, во ArcGis постојат веќе готови стилови за
различни фамилии на објекти. Во полето за пребарување може да се
избере соодветен стил на лабелата за објектот од интерес. Пример, ако
лабелираме океан, ќе го избереме стилот Oceans (примери од лабели со
овој стил се прикажани на сликите подолу).
Останатиот дел од лабелите кои се дел од географската податочна
база не може вака лесно да се разместуваат низ мапата, како што може
да се разместуваат овие новокреирани лабели.
Слично како и претходно, истата алатка може да се користи и за
креирање на лабели за патишта. Од истото Draw мени, се избира алатката
Label (прикажана на следната слика).
88
Со нејзин клик се отвара прозорец во кој може да се манипулира со
изгледот на лабелата (прозорецот е прикажан на сликата подолу).
Во овој прозорец се бира соответниот стил за лабелата од интерес.
Има стилови за сите видови објекти. Слично како и претходно, изгледот на
лабелата се менува преку десен клик → Properties.
89
90
Процесот на конвертирање на лабелите завршува со клик на полето
Convert од прозорецот прикажан на претходната слика. По извршувањето
на конвертирањето, се креира посебен слој со овие новокреирани лабели
со на кој во името му се додава наставката Annо. На ваков начин,
оригиналните непоместливи лабели сега се променети во анотации и се
дел од самата мапа во форма на тексуални полиња. При десен клик на
новокреираните лабели → Properties може да се менуваат својствата и
стилот на овие лабели, слично како и претходно за графичките лабели
креирани со Draw менито.
91
ВЕКТОРСКИ ПОДАТОЦИ
● Агрегирање карактеристики
92
За генерираните групи т.е одделните области може да се најде и
нивната должина. За таа цел во табелата со атрибути се креира уште едно
поле од тип Double. Со десен клик на новокреираното поле т.е колона
одбираме Calculate Geometry при што се појавува прозорче каде што
може да се одбере својството што ќе се пресметува и во која мерна
единица да се пресмета. Вредностите во оваа колона ќе бидат
пресметани со користење на вредностите од соодветните веќепостоечки
колони.
● Креирање графици
93
РАСТЕРСКИ ПОДАТОЦИ И НИВНА АНАЛИЗА
● Контролни точки
При работа со растерски податоци се започнува со вчитување на
потребните растери и потоа се вклучува алатката за геореференцирање
преку десен клик → Georeferencing. Процесот на геореференцирање
започнува со додавање на контролни точки (алатка која се наоѓа веднаш
до паѓачкото мени) од кои се добиваат Х и Y координатите. Потоа, се
одбираат одреден број на локации на мапата кои ќе претставуваат
контролни точки. Се зумира на местото од интерес за да се постават
контролните точки, се кликнува на Add Control Point и оваа точка се додава
во прозорецот на View Link table. Вообичаена практика е приказот на
локациите на овие контролни точки да има форма на квадрат. Откако ќе
се внесат сите контролни точки, користејќи ја наредбата Savе преку View
Link table може да се зачуваат избраните контролни точки. Со избор на
опцијата Rectify од паѓачкото мени овие податоци се зачувуваат заедно со
контролните точки. При избор на опцијата Save се добива ист координатен
систем како координатниот ситем што е прикажан самата слика (растер).
На ваков начин се дигитализира дадениот растерски податок.
Со клик на Customize → Extension се отвара прозорец каде се бира
какви додатоци ќе се користат на мапата. За конкретниот пример бираме
Spatial Analyst. При тоа, се избира и активирање на Tool-box за просторна
анализа. Во менито за Geoprocessing, се избира опцијата Environments.
94
При клик на Environments се отвара следниот прозорец (прикажан на
сликата подолу) во кој со менито Raster Analysis може да се врши
растерска анализа. Во Cell Size се специфицира големината на ќелиите
(колку ќелии ќе се земат предвид при анализата).
● Креирање tool-box
95
При неготвото креирање се задава и неговото име. Во креираниот
tool-box со десен клик → Add → Tool се креираат нови алатки, при што се
отвара мени за избор на посакуваната алатка.
За конкретниот проблем, потребна е алатка од Spatial Analyst Tools
множеството алатки, наречена Point Density. Креираната алатка потоа се
додава во каталогот, односно во новокреираниот tool-box.
Во ArcGis нов модел може да се креира преку десен клик на
одреден елемент од каталогот → New → Model. Процесот за креирање нов
модел е прикажан на следната слика.
96
На ваков начин се отвара нов прозорец за моделот кој ќе се користи
во процесот на автоматизација. За додавање на алатки во овој модел,
потребно е да се “извлечат“ и да се додадат во него. Истото може да се
постигне и преку опции од менито. По додавањето на алатките, тие се
прикажуваат во моделот како едноставни блок-дијаграми со означени
влезни и излезни карактеристики. Првично, овие дијаграми не се обоени
бидејќи се празни, односно сè уште не се зададени вредности за нивните
параметри.
На следната слика е прикажан пример за додавање алатки во
новокреиран модел.
97
98
Откако ќе се креира алатката, потребно е да се изврши (со клик на
синото триаголниче во менито). Со десен клик на елеметите на алатката →
Add to Display алатка се додава во менито за просторна анализа (кое
претходно беше празно). Примената на оваа алатка се прикажува и во
Table of Contents како посебен слој (конкретно, оваа алатка служи за
приказ на густина на населението во градовите).
Во прозорецот Model во менито View → Auto Layout може да се
избере автоматско подредување на моделите по обратен редослед од
редоследот на градење.
99
Слично како и претходно, со десен клик врз оваа алатка се отвара
прозорец каде треба да се дефинираат нејзините својства. За конкретниот
пример влезни карактеристики се City Bus Stops затоа што целта е да се
пресмета растојанието од произволна локација до најблиската автобуска
постојка. Со десен клик на алатката → Add To Display, таа се додава во
менито за просторна анализа. Потоа треба да се изврши. Резултатот од
овој процес е прикажан на следната слика.
100
Следните алатки кои се додаваат се наоѓаат во множеството алатки
насловено како Fields. Се користат алатките Calculate Field и Add Field. На
ист начин како и претходно се пополнуваат својствата за нив, со тоа што
мора да се додаде и Field вредност (истоимениот атрибут од атрибутната
табела). Во делот за Expression по потреба се додава формула (пример,
делење на една атрибутна колона со друга).
101
Трите последнокреирани алатки се поврзуваат, така што излезот од
едната е влез во другата. Ова е прикажано на следната слика.
102
Како дополнителен пример за рекласификација се користат уште
три Reclassify алатки прикажани на сликата подолу. Притоа, секоја од нив
прима различен атрибут како влезен параметар.
За поголема прегледност, користејќи ја опцијата за Auto Layout се
средува изгледот на сите креирани алатки во моделот. Нивниот приказ е
даден на следната слика.
103
На следната слика е прикажан резултатот од извршувањето на сите
креирани алатки во моделот.
104
Финалната анализа од сите користени алатки и методи (прикажана
на сликата подолу) претставува мапа која ги прикажува деловите -
кластери обележани со црвена боја кои имаат најизразени
карактеристики за дадените аргументи од алатките. Всушност, оваа мапа
претставува спој на повеќе анализи одеднаш.
● Визуализација на растер
Откако ќе се вчитаат растерските податоци, може да се менуваат
нивните имиња. Во прозорецот Layer Properties во табот Symbology за
вредноста на Color Range може да се избере во каков опсег на бои да се
прикажат растерските податоци (пример: пониските делови со потемна
боја, повисоките со посветла или обратно). Дополнително, преку десен
клик → Properties → Display може да се промени транспарентноста на
објектите.
105
БАФЕР АНАЛИЗА
Баферирањето односно Buffer алатката овозможува униформно
исцртување на површини на одредена област во однос на определено
растојание од избран центар околу кој се генерира полигон или линија.
Баферот се креира околу критична зона како што е област со
поплави, сервисни области и секаде каде што ни е потребно да означиме
област која што е од посебен интерес. Секако, може да се
специфицираат области од баферот кои што се најважни или пак да се
искористат вредностите на самата променлива за да се дефинира
релативната големина на самиот бафер.
Во следниот дел ќе се објаснува пример каде што има мапа со
области во кои се прикажани станици за нагледување на области кои се
во заштитено географско подрачје. Потребно е да се даде увид за
изградба на нови станици за покривање на останатите делови од
подрачјето. Дополнително, се зема предвид теренот и можноста за
пристап и изградба.
106
Оваа бафер анализа започнува со алатката Geoprocessing → Buffer
со која се креираат полигони околу влезните карактеристики на одредена
дистанца. За влез се задаваат точки, а на излез се добиваат избоени
кругови кои ги означуваат баферите околу влезните точки. Исто така бафер
може да се креира околу линии и полигони. На следната слика е
прикажан прозорецот на оваа алатка.
За оваа анализа се задаваат вредности за влез, излез, радиус и
мерна единица. Се креира област која е на 1000 чекори од зададената
станица. Околу вулкан станиците се формираат бафери - простори кои
ќе може да се гледаат и набљудуваат од избраните станици. Растојанието
може да биде изразено преку Linear unit каде што се внесува број или Field
каде што може да се избере атрибут од слојот над кој се работи (пример,
ако има атрибут за радиус да ги земе тие вредности и да ги искористи за
визуелна претстава).
107
Откако ќе се направат бафери над податоците се додава
бафер-колона во табелата со атрибути на соодветниот слој. Исто така,
важно е да се напомене можноста за дефинирање на повеќе радиуси. За
таа цел се искористува алатката Multiple Ring Buffer. Оваа алатка креира
повеќе бафери околу влезните карактеристики. Дополнително, овие
бaфери може да се спојат со употреба на бафер вредности за
креирање на непреклопувачки бафери. Мора да се дефинираат
подрастојанија во полето Distances и преку копчето “+” да се додадат
соодветно во листата подолу. Прозорецот на оваа алатка и излезот од
анализата се зададени на следните две слики.
108
Следно, со алатката Geoprocessing → Union може да се пресметува
геометриска унија на зададени влезни карактеристики. Исто така, унија
може да се дефинира и преку SQL изрази. За таа цел потребна е
следната алатка, Properties → Definition Query → Query Builder. Сите
карактеристики и нивните атрибути ќе бидат запишани во излезна класа со
карактеристкики. Станува збор за спојување на заедничките елементи и
области кои се препокриваат. Се започнува со внесување на областите
кои треба да се спојат. Овие области се претставени преку неколку
различни слоеви кои најчесто содржат бафери. За спојување на
атрибутите постојат неколку опции:
Може да се случи некои простори да не бидат опфатени од ниеден
од слоевите кои се спојуваат. Во зависност од проблемите над кои се
работи се избираат соодветни слоеви за да може што попрецизно и
поточно да се реализира самата анализа.
109
ИЗРАБОТКА НА МАПИ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
110
● Работа со текстуални полиња
Доколку е потребно да се внесе информација поврзана со насловот
на мапата, тоа може да се постигне преку наредбата Insert → Title и во
полето се запишува името на изворната мапа. Потоа од менито Toolbar се
одбира алатката Draw со која може да се подеси големината и стилот на
фонтот за насловот на самата мапа. Истото може да се направи и преку
десен клик на текстот → Properties.
Дополнително, текстуално поле на мапата може да се додаде и од
Draw менито преку алатката (обележана на сликата подолу) со избирање
на соодветната опција за внесување текст. Во Properties може да се
прилагоди содржината на текстот, маргините, може да се постави рамка,
големина и позиција. Сите текстуални полиња може да бидат прикажани
во правоаголник кој се внесува преку Draw → Rectangle. Исто така за овој
правоаголник може да се одбере неговата позиција (пример, да се
прикаже зад текстуалните полиња за да не ги препокрива). Позицијата
може да се подеси преку десен клик → Order → Send to Back и да се
порамни со маргините на мапите преку десен клик → Align → Align to
Margines.
● Компас - Добра практика за прикажување на мапите во Layout View
е додавање на визуелен компас. Ваквиот елемент освен што
естетски го збогатува финалниот изглед на анализите, исто така
помага за подобро разбирање и одредување на насоката на
објектите на мапата. Компасот се внесува преку наредбата Insert →
North Arrow и од прозорецот може да се избере стил на симболот. Во
Properties може да се подесуваат дополнителни стилови за оваа
компонента.
111
● Размер - Размер се внесува преку командата Insert → Scale Bar каде
се избира една од понудените опции. Размерот може да има
повеќе подделови (како да е прикажана оската, на колку делови да е
поделена самата оска и слично). Тоа се прилагодува преку десен
клик на размерот → Properties → Scale and Units → Number of Division
или Number of Subdivisions соодветно. прозорец Покрај тоа, може да
се одбере со што да се прилагоди при промена на големината
односно дали да се прилагоди со ширината или со висината на
соодветната мапа. Дополнително може да се прилагоди висината и
на подделовите. Размерот се прикажува за секоја од поединечните
мапи. Прозорецот каде се менуваат ваквите параметри е прикажан
на следната слика.
● Легенда - Додавањето на легенда во Layout View се прави преку
Insert → Legend. Се отвора прозорец за подесување на легендата
каде се избираат множества од слоеви за кои се однесува
легендата и редоследот по кој ќе се прикажани тие. Се подесуваат
границите и позадинската боја на легендата, како и димензиите за
висината и ширината. Дополнително, се избира наслов на легендата
кој може да се стилизира. Може и да се прилагоди растојанието
меѓу групите елементи кои се прикажани. Преку десен клик на
легендата → Properties може да се менувааат претходно подесените
параметри.
112
Во прозорецот Properties, во делот Legend Item Selector може
да се менува стилот на елементите во легендата и нивните
репрезентации (каде да се поставени значењата на симболите, а
каде самите симболи кои се однесуваат на објектите). Овој
прозорец е прикажан на следната слика.
113
КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТИ
Најголем дел од алатките за цртање и конструкција во ArcGis се
наоѓаат во Editor менито. За почеток на секое едитирање, мора да се
изврши Editor → Start Editing. За креирање на карактеристики на мапата се
користи алатката Creatе Features од Editor менито. При нејзин клик се
отвара прозорец со избор на карактеристики кои е потребно да се
креираат.
Во ова поглавје се прикажани неколку примери за креирање на
полигонални структури кои се креираат со помош на менито Editor.
114
Од менито со алатки прикажано на сликата погоре се избира типот
на структурата која ќе се користи за исцртување на објект. Во конкретниот
пример се користи полигонална структура. Со неколку полигони се
исцртува областа од интерес. Ваквиот процес е прикажан на следната
слика.
115
Креираните полигони се валидираат со десен клик врз нив → Table of
Contents → Validate). Може и да се спојат полигоните во еден заеднички
полигон, така што треба да се селектираат и да се избере опцијата Editor
→ Merge. Чекорите од овој процес и излезниот резултат се прикажани на
сликите подолу.
116
Оваа алатка е корисна кога се познати точните вредности за (X,Y)
координатите. Претходно треба да е селектирана алатката за
карактеристиката која е потребно да се креира (во конкретниот случај
полигон), па соодветниот објект автоматски ќе се постави на избраната
локација според соодветно внесените координати. Со движење на глувчето
се одредува до каде ќе се протега таа карактеристика. Кога е избрана
соодветна локација, со десен клик се појавува мени со повеќе опции за
начинот на поставување на таа карактеристика врз мапата. Една од нив е
Parallel опцијата која креира објект паралелен на објектот врз кој е кликнат
десен клик (во конкретниот пример, новиот објект е паралелен со улицата).
117
Третата вежба од ова поглавје е пример за спојување и делење на
полигонални објекти. За таа цел се користи мапа со полигонални
структури прикажана на следната слика.
Од менито Editor се користи алатката Cut Polygons Tool која ги дели
полигоналните структури на повеќе дела (прикажана на следната
слика).Притоа, кога се користи оваа алатка треба да се одреди раб по кој
ќе се делат (сечат) полигоните.
118
119
● Манипулација со линиски објекти
120
Со помош на оваа алатка со движење на глувчето по линијата се
прикажуваат деловите каде има пресек на улиците (објектите) односно
Intersection.На ваков начин со клик од едно до друго место (метро-станица)
може да се додаваат соодветни метро-рути односно линии од Q, Broadway
тип. Ваквиот процес е прикажан на следната слика.
Во втората вежба потребно е да се корегира насоката на патот
(обележан со црната линија) прикажан на следната мапа. Потребно е
црниот линиски објект да го следи текот на патот на мапата.
121
За корекција на патот се користи менито Edit Vertices со чија помош
се поместува црниот линиски објект во соодветната позиција (прикажано
на следните слики). Со ваквата корекција ништо не се менува во
атрибутите на објектот, освен вредностите за нејзината локација.
122