You are on page 1of 6

1.

Шематски нацртај како се врши електронското мерење на должините со


елек. Далечинометар.

2. Како се делат електронските далечинометри според модулацијата на


електромагнетните бранови?
* Според видот на електромагнетните осилации постојат две групи :
радиодалечинометри и светлински далечинометри;* Според видот на
употребените електромагнетни осцилации има светлински далечинометар,
кои користат обична светлина, светлински далечини кои користат
инфрацрвена светлина, св.дале. кои користатласерски зраци.
3. Какви геодетски инструменти се тоталните станици?
-Со брзиот развој и примената на современата електроснка мерна техника
во геодезијата, се појавија голем број компјутеризирани геодетски
инструменти, наречени тотлани станици.
4. Кои елементи ја сочинуваат интегралната целина на една тотална станица?
-Мерниот дел, преносната мемориска картичка, софтверот и внатрешната
батерија претставуваат една интегрална целина така што додатните
елементи не се неопходни за функционирање на инструментот.
5. Кои се основните напомени кои треба да се знаат за да не се случат
несакани последици при користењето на тотални станици?
-При лоши времеснки услови се препорачува да не се вршат мерења,
бидејќи постои опасност од удар на гром.Полначот на батеријата да не се
држи во влажни простории бидејќи постои можност од струен удар.При
транспорт на поголеми растојанија особено по нерамен коловоз батериите
треба да бидат испразнети бидејќи од големи потреси може да дојде до
пожар.
6. Кои се трите основни елементи на еден GPS систем?
-Трите основни елементи на ГПС системот се : космички, контролен и
кориснички дел.
Космичкиот дел има 24 сателити во шест скоро кружни орбити.
Контролниот дел се состои од 5 станици на земјата од кои се набљудуваат
сателитите, се одредуваат нивните орбити, се вршат одредени корекции на
атомските часовници и др.
Корисничкиот дел на ГПС системот се состои од главна антена, подвижна
антена и приемник и процесор.
7. Кои се основните делови на корисничкиот дел на еден GPS систем?
-Основни делови на корисничкиот дел се : главна антена, подвижна антена,
приемник (наречен Pouer) и процесор.
8. Кои се основните принципи на поларната (тахиметарска) метода за
геодетско снимање на теренот?
* Тоа е всушност поларна метода за снимање каде што во некој ориентиран
систем за секоја детална точка е потребно да се одредат хоризонтален агол
и должина d. Во геодетска пракса системот во кој се врши снимањето е
дефиниран со точки од основните геодетски мрежи а најчесто тоа се точки
од полигонската мрежа.
9. Какви мерења се вршат во линиската мрежа?
Во линиската мрежа се мерат само должините меѓу точките на една линија.
10. Кои се основните принципи за ортогонално снимање и каква точност може
да се обезбеди при снимањето?
* Ортогоналната метода е класична метода за снимање на теренот на
населени места. За нормално одвивање на снимањето потребно е
претходно да има развиена линиска мрежа, односно да бидат пресметани
координатите на линиските точки.Снимањето се врши со директно мерење
на апсцисите и на ординатите за оделени детални точки во однос на
линијата за снимање, која локално се усвојува за апцисна оска .
11. Како се дефинира фотограметриското снимање?
- Фотограметриската метода е класична, графичко аналитичка или
современа информатичко нумеричка метода со помош на која врз основа на
фотогравска снимка може да се изврши снимање на поголеми делови од
Земјината површина.
12. Што е тоа терестичка фотограметријата и каде се применува?
Терестичката фотограметрија се применува за снимање на помали, тешко
пристапни делови од теренот, потребни за разни инжинерски прокетирања,
потоа за изработка за крупно рамерни планови за одредени културно-
историски споменици при нивното редовно одржување или за нивна
реставрација, потоа за одредување кубатура на земјените маси во
рудниците со надземни копови за многу други слични работи.
13. Што е тоа фототеодолит и која е неговата примена?
- Фототеодолит се состои од фотогравска камера која служи за снимање на
теренот и од теодолит кој служи за мерење на одредени геодетски
елементи потребни за надворешна ориентација на снимките.
14. Како се дефинира GPS снимањето и кои се неговите основни принципи?
- GPS –мерењата користат сателитска технологија за прецизно одредување
на положбата на точките врз Земјината површина. ?
15. Кои се двете основни методи за позиционирање и каква точност се
постигнува со секоја од нив?
16. - GPS мерењата се вршат според две основни методи за позиционирање и
тоа:*со статичка метода, кога приемниците се во мирување.*со кинематичка
метода, кога приемниците се во движење.
17. Какви надморски висини постојат?
-Разликуваме апсолутни и релативни надморски висини.
18. Според кои основни начини се врши мерењето на висинските разлики и која
точност се постигнува?
Според: тригономтериски (cm), геометриски (mm) и барометриски (m).
Точноста при одредување висински разлики по пат на геометрискиот
нивелман е mm со тригонометриската е см а барометарската м.
19. Што се тоа репери? Како се обележуваат на терен?
Основните нивелмански точки стручно се нарекуваат репер.?
20. Што е тоа нивелир и кои се неговите основни составни делови?
- Нивелманските инструменти (наречени уште нивелири) се оптичко-
механички или електронски геодетски инструменти кои овозможуваат
одредување висински разлики меѓу оделени точки на теренот. Основни
составни делови на нивелирите се: либела, дурбин, положбени виоци и
хоризонтален круг.
21. Кои услов треба да ги задоволи еден нивелир?
- 1.услов: Главната оска (V-V) да биде нормална на либелината оска (L-L) а
главната оска истовремено да биде навистина вертикална во
просторот.2.услов: Визурната оска (C-C) да биде паралелна со либелината
оска (L-L).3.услов: Хоризонталниот конец во конченицата да биде навистина
хоризонтален во просторот.
22. Што е детален нивелман и како се дели тој?
23. -Детален нивелман е геодетска операција со помош на која се врши
вистинскио снимање на теренот. Во зависност од тоа како се положбено
дефинирани точките на теренот разликуваме:*површински нивелман
*нивелман на профили.
24. Со скица покажи како се одредуваат надморските висини на деталните
точки?

25. Математички покажи како се врши пресметувањето на висинските разлики и


на надморските висини во генералниот нивелман!
26. Во кои размери се изработуваат геодетските планови?
- Во сл. Размери: 1:500, 1:1000, 1:2000, 1:2500, 1:5000. Основен размер е
1:2500.
27. Кое е главно обележје на еден геодетски план?
Едно од главните обележја на секој геодетски план е координатната
(дециметриска ) мрежа, која во зависност од димензиите на корисниот
простор е нанесена на планот.
28. Објасни како се нанесуваат основните геодетски точки на план!
Нанесувањето на основните геодетски точки се врши на обичен начин
(размерник) или со голем координатограф.При нанесувањето на обичен
начин, ориентриајки се најнапред според координатите на дециметарската
мрежа, се утврдува квадратниот дециметар на кој со своите координати му
припаѓа точката која треба да се нанесе. Со помош на голем
координатограф најпрво се врши усогласување на координатните
вредности на апцисната (x) и ординатата y линејка со вредностите на
координатите на темињата од координатната мрежа на листот.

29. Што се тоа изохипси?


- Вистинската претстава на геодетските планови се прикажува со затворени
криви линии, наречени изохипси. Криви линии кои спојуваат точки со иста
надморска висина, се дефенираат како изохипси.
30. Објасни го нумеричкиот начин за интерполација на изохопси?
- Нумеричкиот начин се состои во преместувањето на хоризонталната
должина кои одговараат на соодветни висински разлики. Тие хоризонтлни
должини се нанесуваат помегу оддлени детални точки со познати
надморски висини.

31. Како обично се врши дитектното пресметување на површините?


- При директно пресметување на површините најчест е случајот кога
површината се дели на низа тријаголници во кои се мерат сите три страни.
Површините се одредува како збир на површините на оделените
тријаголници. P= P1 + P2 + P3
32. Како графички индиректно се пресметуваат површините на геодетските
планови?
- Графичко индиректно пресметување на површините најчесто се врши со
читање на сите потребни мерки од плaнот за двојно независно
пресметување на површините на парцелите.

33. Што ја чини структурата на еден GIS?


- Структурата на GIS се состои од: хардвер и софтвер, податоци и
корисници. Изборот на хардверот и софтверот зависи од намената на
соодветниот GIS, податоците претставуваат негов најзначаен дел а
корисниците се многубројни и разновидни.

32.Колкав е процентот на вкупните трошоци за собирање и организација на


податоците за изработка на еден GIS?-80% од вкупните трошоци за организација
на еден GIS претставуваат податоците , додека хардверот, софтверот и обуката
на стручниот кадар ѓи сочинуваат преостанатите 20% од трошоците.
33.Кои се компонентите, карактеристични за податоците на еден GIS ? Што
определуваат тие?-Компонентите карактеристични за податоците на еден GIS се
просторна и непросторна.Просторните податоци ја определуваат положбата на
објектот, неговата геометриска форма и неговите просторни врски со другите
објекти. Непросторните податоци се наречени уште како атрибутни податоци кои
вклучуваат : опис на објектот, врски со други објекти и временски преиод за
постоење или менување на објектот.

34.Како можат да бидат претставени просторните податоци во компјутерските


системи? -Просторните податоци во компијутерските системи можат да бидат
претставени во растерски и во векторски модел.Растерските модели ги
претставувата објектите составени од повеке точки(пиксели), најчесто квадратни
со иста големина, но со различни бои.Векторските модели ги претставуваат
објектите со точки, линии и полигони со помош на кои се определуваат нивните
граници и положба.

35.Што е тоа семантика? Што е тоа индетификатор? - Семантика претставува


атрибутна информација за објектите.Од особена важност за ГИС е начинот на кој
се воспоставува врска помеѓу просторните објекти и нивните соодветни атрибутни
податоци.Тоа се остварува со усвојување на единствена вредност која обично е
наречен идентификатор или геокод.

36.Кои се петте основни операции со податоци во еден GIS ?Еден универзален


ГИС исполнува пет основни операции со податоците, а тие се:Воведување,
преобразбра, управување, барање/анализи и визуелизација.

37.Кои се предностите и недостатоците на растерските и на векторските модели?

Растерните модели имаат едноставна структура на податоците. Тие се добри за


преставување на просторни појави кои брзо се менуваат, како и за рељефни
објекти. Меѓутоа тие зафакаат многу голема меморија заради што задолжително
треба да бидат компресирани со помош на специјални алгоритми.Векторските
модели се покомпактни, завземаат помала меморија и тие се знашително
поточни, бидејќи геометријата на објектите има и нумеричка претстава, додека пак
нивната точност се дефинира со моќноста на компјутерскиот систем. Меѓутоа
структурата на податоците е покомпликувана со што е отежната обработката на
нумеричките податоци.

You might also like