You are on page 1of 8

ОСНОВНИ ПОИМИ ВО ГЕОДЕЗИЈАТА

- Во најстаро време се сметало дека Земјата има облик на рамна


површина опколена од сите страни со мориња.Тоа мислење во своите
епски песни прв го изнел Хомер (900-800 год.п.н.е.)Нешто подоцна
Аристотел (384-322 год.п.н.е.)во своето прочуено дело “За небото”
изнел мислење дека Земјата има облик на топка (сфера) со обиколка
на екваторот која изнесува 400 000 стадии (1 стадија = 192м),што е
скоро двапати поголема од вистинската димензија.
- Со проблемот на одредувањето на димензиите на Земјата прв се
занимавал прочуениот александрискиот библиотекар Ератостен (276-
196 год.п.н.е.).Тој вршел мерење на растојанието помеѓу Александрија
и Асуан а истовремено го мерел централниот агол помеѓу тие две
места.Димензиите на Земјата според истиот метод ги одредувале и
арапските астрономи Калид бен Абдула и Али бен Иса.
- Сите први градусни мерења за одредување на димензиите на Земјата
па и мерењето на Фернел имале одредена несигурност,бидејќи не
постоел начин за прецизно мерење на големите должини на
меридијанските лакови.Тој проблем го решил холандискиот научник
Снелиус од 1615 до 1617год.со воведување на триангулацијата,како
начин за индиректно одредување на големите должини помеѓу две
точки на Земјината површина.Затоа самиот Снелиус се смета за
основоположник на триангулацијата.
- Целта на мерните експидиции во Перу и Лапландија е да се потврди
теоријата на Њутн,според која Земјата е сплескана на половите а
должината на меридијанскиот лак од еден степен се зголемува одејќи
од екваторот кон половите.
- Брановидниот облик со кој е дефиниран обликот на Земјата се
нарекува геодит.
- Вртливиот елипсоид е добиен со вртење на меридијанската елипса
околу нејзината мала оска.Вака дефинираниот вртлив елипсоид има
едноставен облик и претставува математички наполно дефинирано
геометриско тело.
- Картографските проекции се многубројни и една нивна општа поделба
е невозможна. За таа цел прво се се врши нивна систематизација
според неколку научни критериуми,врз основа на кои се разликуваат:
1.Поделба според карактерот на деформациите.
(конформни,еквивалентни,еквидистантни)
2.Поделба според меѓусебниот однос на оригиналната и на
проекциската површина.(нормални,напречни,коси проекции)
3.Поделба според обликот на нормалната мрежа.
(азимутални,цилиндрични,конусни,псевдоцилиндрични,псевдоконусн
и,поликонусни,кружни)
- Метарот е дефиниран како десетмилионити дел од четвртината на
Земјиниот меридијан,или поточно како четириесетмилионити дел од
должината на Перискиот меридијан.
- 1Мм = 10 000 000 м
- 100s < 100m
- Еден декар има 1000м²
- α = 36° > β = 42ʳ

ТРИАНГУЛАЦИЈА

- Имајќи предвид дека основна задача на геодезијата е премерувањето


на помали или на поголеми делови од земјината површина,јасно е
дека за таа цел на теренот треба да постои цела мрежа на точки,чиј
меѓусебен однос треба да биде точно дефиниран.Таа основна мрежа
се вика тригонометриска мрежа,а точките како составен дел се викаат
тригонометриски точки.
- Тригонометриската мрежа се дели на соодветни редови и тоа:
- тригонометриска мрежа од 1 ред со должина на страните над 20км.
-тригонометриска мрежа од 2 основен ред со должина од 15-25км.
-тригонометриска мрежа од 2 дополнителен ред со должина од 9-
18км.
-тригонометриска мрежа од 3 основен ред со должина од 5-13км.
-тригонометриска мрежа од 3 дополнителен ред со должина од 3-7км.
-тригонометриска мрежа од 4 ред со должина на страните од 1-4км.
- При одредувањето на должината на една база,а имајќи предвид дека
тоа се обично доста долги тригонометриски страни,се развива т.н
базисна мрежа,која се состои од систем триаголници со чија помош на
индиректен начин се пресметува должината на “оперативната
база”,откако на теренот непосредно ќе се одреди мерената база.
- Тригонометриските точки од 1 , 2 ред и основната мрежа од 3 ред
спаѓаат во редот на точки од повисок ред. Тригонометриските точки во
дополнителната мрежа од 3 ред и во мрежата од 4 ред спаѓаат во
редот на точки од понизок ред.
- Насочниот агол (дирекционен) агол Vᴬ од една точка А кон некоја друга
точка Б се дефинира со аголот кој го зафаќа позитивниот правец на х-
оската со правецот на страните меѓу тие две точки.
- Во зависност од припадноста во оделните квадранти се дефинираат
практични изрази за пресметување на насочните агли:
ТЕОДОЛИТ

- Теодолитот е оптичко-механички инструмент кој во геодезијата се


применува првенствено за мерење на хоризонтални и вертикални
агли.
- Поважни делови на теодолитот се: статив,положбени
винтови,хоризонтален лимб, (агломер),уреди за читање на лимбот
,алхидада,либели,вертикален лимб и дурбин.
- Основни оски на теодолитот се:
-вертикална (алхидадина) оска (V-V)
-хоризонтална (завртна) оска (H-H)
-визурна (колимациска) оска (C-C)
Четвртата оска кај теодолитот е тангентата на мерката на либелата или
тоа е т.н либелина оска (L-L).
- На долниот дел од теодолитот се наоѓаат три положбени винтови со
чие вртење се врши т.н. хоризонтирање на теодолитот.
- Алхидадата е виталниот дел на теодолитот кој е заштитен од горната
страна со оклоп.Покрај заштитата на лимбот таа на горниот дел има
два носачи на дурбинот и алхидадини либели,а на долниот дел
завршува со делот наречен механичка алхидада.Таа има конусен или
целиндричен облик со кои навлегва со долниот дел на теодолитот така
што уредите за очитување на лимбот и поделбата на хоризонталниот
лимб треба да бидат на бескрајно мало растојание но да не се
допираат.
- Либелите имаат мали димензии но според своето значење тие се
важен и незаменлив дел на теодолитот.Нивна основна задача е да
послужат при доведување на одредени правци и рамнини во
хоризонтална ,односно вертикална положба.
- Според обликот и намената либелите можат да бидат центрични и
цевчести.Цевчестите либели се поосетливи од центричните,и затоа тие
се позастапени кај теодолитите.Центричните либели служат само за
приближно дотерување на геодетските инструменти и прибори во
хоризонтална односно вертикална положба.
- Еден парс всушност претставува најмал дел од Парискиот меридијан.
- Парсовата поделба на либелите може да биде нанесена
непрекинато,од едниот кон другиот крај или на двата краја,симетрично
во однос на средината.
- Осетливоста на либелата се дефинира со централниот односно
вертикалниот агол (α) за кој треба либелата да се наведне па нејзиниот
меур да отстапи за еден парс.
- Дурбинот претставува прецизен оптички систем наменет за
зголемување на ликовите на далечните предмети при вршење на
геодетски мерења.Постојат два вида дурбини и тоа:
катоптички(кеплеров и галилеев) и диоптички.
- Условите кои треба да ги задоволи теодолитот се:
1 услов: -Оската на либелата (L-L)да биде нормална на вертикалната
оска (V-V).
2 услов: Вертикалната оска (V-V) да биде навистина вертикална во
просторот.
3 услов: Хоризонталната оска (H-H) да биде нормална на визурната
оска (C-C) и да минува низ пресекот на хоризонталната и на
вертикалната оска.
4 услов: Хоризонталната оска (H-H) да биде нормална на вертикалната
оска (V-V).
- Постојат повеќе методи за мерење на хоризонтални агли од кои
поважни се:
простата,гирусната,репетиционата,Шрајберовата,француската,секторск
ата,методата на затворен хоризонт и др.
- Според простата метода сите правци се визираат и читаат само во прва
положба на дурбинот.Особено треба да се внимава при изборот на
почетниот правец за визирање кој додека трае мерењето треба да
биде најдобро осветлен.Ако со α1 ,α2 , α3 и α4 се обележат мерените
аголвни вредности на одделните правци во однос на почетниот
правец,тогаш потребните агли β1,β2,β3 и β4 се одредуваат од
разликите:β1=α1
β2=α2-α1
β3=α3–α2
β4= α4 – α3
- Гирусната метода е универзална,во геодезијата се се применува како
за мерење со зголемена течност,па дури и за мерења со најголема
течност.Гирусната метода овозможува елиминирање на низа случајни
и систематски грешки кои го следат мерењето и што е уште поважно
врши елиминирање на низа грешки настанати од недоволно испитан и
ректифициран теодолит.
- Во тригонометриската мрежа од 1 ред се мерат 12 гируси,во мрежата
од 2 основен ред – 10 гируси,потоа во мрежата од 2 дополнителен ред
– 8 гируси,во мрежата од 3 основен ред – 6 гируси,во мрежата од 3
дополнителен ред – 4 гируси и најпосле во тригонометриската мрежа
од 4 ред – 3 гируси.
- Мерењето на сврзните и на прекршните агли во полигонските влаци
обично се врши во 2 гируса,додека пак во полигонометриската мрежа
тие агли се мерат во 3 гируса.

ПОЛИГОНСКА МРЕЖА

- Полигонската мрежа претставува мрежа од точки составена од повеќе


меѓусебно поврзани полигонски влаци,а развиена меѓу точки од
тригонометриската мрежа.
- Полигонскат мрежа претставува основа за детално снимање на теренот
и за добивање на геодетски планови за снимениот терен.Додека пак
полигонометриската мрежа која всушност исто така претставува
полигонска мрежа во која прекршните и сврзните агли а особено
должините на полигонометриските страни се мерат со зголемена
течност.
- Со цел за непречно одвивање на геодетското снимање на теренот,меѓу
тригонометриските точки се поставуваат повеќе точки (наречени
полигонски точки),чија меѓусебна поврзаност се остварува со мерење
на хоризонталните агли и должините на полигонските страни.Така
воспоставените полигонски влаци ги имаат следниве елементи:
-Сврзни агли (βр на почетната точка и βᶼ на завршната точка)
-Прекршни агли (β1,β2,...,βn),чиј број зависи од точките во влакот.
-Полигонски страни (s1,s2,…,sn),кои претставуваат линеарна врска
помеѓу точките во влакот.
- Кога полигонскиот влак е развиен меѓу две дадени тригонометриски
точки,а сврзан на други две дадени точки ,тогаш тоа е т.н. вметнат
полигонски влак.Полигонскиот влак кој почнува и завршува на иста
точка,се вика затворен полигонски влак.Кај овие влаци резултатите од
мерењето можат да се контролираат со контроли кои произлегуваат
од геометријата на затворениот полигон.
- Во рамките на една полигонска мрежа има:
-главни полигонски влаци –споредни полигонски влаци
-полигонските влаци развиени меѓу тригонометриските точки,се викаат
гл.пол.влаци.
-споредни полигонски влаци кои се развиваат меѓу тригонометриски и
полигонски точки,односно помеѓу две полигонски точки од повисок
ред.
- Јазолната точка претставува таква полигонска точка во која се сечат три
или повеќе полигонски влаци чии почетни точки се од ист или повисок
ред.
- Во одредени случаи кога на теренот постои некое подрачје кое треба
да се сними,а при тоа на теренот нема никакви геодетски точки,тогаш
се воспоставува т.н. самостојна полигонска мрежа.Таа се состои од
еден главен полигонски влак развин во вид на затворен полигон,и од
повеќе споредни полигонски влаци надоврзени на него.Со така
развиена полигонска мрежа може детално да се сними целото
подрачје.
- Во полигонската мрежа се вршат агловни мерења при одредување на
сврзните и на прекршните агли и линеарни мерења со кои се
дефинираат должините на полигонските страни во полигонските
влаци.Точноста на мерењата зависи од намената на мрежата потоа од
приборот со кој се врши мерењето и од погоденоста на теренот каде
што се вршат мерењата.
- Мерењето на должините е геодетска операција која на прв поглед
изгледа многу идноставно но тоа е мерење кое треба да се изврши
внимателно и свесно исто како што се врши мерењето на
хоризонталните и вертикалните агли односно на висинските
разлики.Должините можат да се измерат директно или да се одредат
на еден од индиректните начини.
- Кога во еден триаглоник се дадени односно измерени двете страни и
зафатениот агол меѓу нив,другите елементи во триаголникот може да
се одредат со примена на конусна теорема: Основниот израз гласи:
а²=b²+c²-2bc*cosα , односно , a=koren:b²+c²-2bc*cosa
- При пресметување на еден полигонски влак се вршат 3 пресметувања
кои чинат една целина,а тие се :
-агловно израмнување со одредување насочни агли на полигонските
страни.
-пресметување координатни разлики и нивно израмнување.
-пресметување на координати на полигонските точки.
- Пресметувањето на насочните агли во полигонскиот влак се
пресметува со изразот: Vn=Vn-1+βn+-180°
- Координатните разлики се пресметуваат според изразите: делта
yi=di*sin

You might also like