You are on page 1of 8

Величина/димензија/сооднос

Поврзаноста на посебни делови од дизајнот зависи од величината.


Размерот е другиот термин, кој ги поврзува величините на различни делови кои ја чинат
пропорцијата, главната поврзаност меѓу величините. Најголемиот дел од дизајнерите при
проектирањето се раководат од “Модуларот” - комплет од идеални пропорции, изворно
промовирани од францускиот архитект и дизајнер Ле Корбизје (Le Courbusier). Истите
се нарекуваат и “модуларни лекции” и претставуваат збир на димензии и соодноси,
пропорции базирани на човечкото тело и неговите делови.

Елементи на дизајнот
Со нивното користење и мултиплицирање дизајнерот може да креира градби, паркови или
градови базирани на фундаменталните човекови пропорции. “Модуларните лекции”
можат да му помогнат на дизајнерот да го направи столот и отварањето на вратата во
коректна релација со човечката форма. Така, човечката интерпретација на непосредната
околина е клуч за неговата перцепција и сознанијата за сопствената величина.
Користењето на “модуларните лекции” во дизајнот може да резултира со единство меѓу
човекот и неговата непосредна околина.(Нотр Дам д От).
Тие можат да бидат значајни и за обликот, формирајќи повратно, основно единство во
комбинациите при ѕидањето со постваување на блокови. Вакво модуларно единство е
забележливо во саќето на пчели, во некои биолошки ткаенини или геолошки структури
Во оваа смисла, едноставноста не е секогаш најдоброто решение, независно дали
станува збор за облик или величина, бидејќи многу често противречноста на
поставените бои или преувеличените димензии можат да се употребат со цел да се
акцентира некој елемент или да се изрази одреден став кој во исто време остава силен
впечаток (Хајди Вебер).

Големина/димензија/сооднос
Пример за комбинација од овој вид е делото “Црниот крст” на познатата сликарка
Џорџија О'Киф (Georgia O’Keef). Во него таа прави секција на крст со монументални
форми, во исто време сосема намалувајќи ги развиорените песочни дини на нејзината
земја кои ги поставува околу него. За народот на Ново Мексико каде оваа слика е
создадена, тоа претставува симболична драматизација на големите дрвени крстови
поврзани со “Пенитент” – Покајниците, фанатична религиозна група која била многу
силна во Њу Мексико околу 1930 година
Тие се карактеризираат со посебен начин на религиозно живеење поврзан со
бдеење и себе измачување, а ритуалот на “Покајниците” го достигнува својот
климакс на велики Петок, во деновите на Распнувањето на Исус Христос.
Од овде, независно кога и каде да се сретнат црни и сини крстови, во било кој дел
на земјата тие се поврзуваат со покајниците и со нивната “морада” или
“Покајничка црква”. Во нејзината драматизација О'Киф се обидува да долови
чувство на оваа лоша мистерија поврзана со тие луѓе.
Димензијата, величината е секогаш поврзана со почетната област на која
дизајнерот работи.
Покрај користењето на модулите за човечките пропорции и форми, димензиите на
куќата ќе бидат мултиплицирани со цел да се прикаже колку градини или отворени
простори клиентот сака околу куќата. (Вила Савој)
Димензиите на елементите во фабричкиот дизајн зависат од тоа како фабриката сака да
го искористи и колку од тој дизајн може наеднаш да се види. Покрупните елементи дизајн
се користат за драперии, а по ситни елементи за женски фустани.
Слично е и со декорацијата на ѕидовите, која ја разработува сликарот.
Еминентниот финско-американски архитект на дваесеттиот век, Еро Саринен изјавува
дека “секој објект, независно дали е мал или голем е поврзан со своето соседство,,
,,Ако предметот што се дизајнира е пепелник, тогаш дизајнерот е упатен на масата
која директно ќе повлијае на дизајнот”
Ако треба да се дизајнира стол, тогаш овој проблем треба да се реши во релација со
правоаголниот простор на собата.
Ако станува збор за проектирање на зграда тогаш за дизајнерот одлучувачки е
просторниот пејзаж на градот.(Флај Центар,Џон Кенеди)
Дизајнерот може да обезбеди интересна боја и многу возбудлив ритам, но ниту еден од
овие принципи не е поважен и по базичен од принципот на величината.

Облик/форма
Светот е составен од облици во безконечни варијанти, облици кои имаат значење
за човекот, често и во симболична смисла. Давајќи им го ова значење на формите во
своето минато искуство, човекот научил да ги чита формите како што ние го читаме
ракописот. Формата се поврзува со масата или волуменот, кои се определени од обликот
и се содржани во големината, па така стануваат форма на предметот.
Обликот е резулат на затворени линии. Основни облици се кругот, квадратот,
триаголникот, шестоаголникот и сите се појавуваат во природата во било која форма.
Просторот е определен и дефиниран од облиците и формите. Формата се однесува на 3D
на предметот, кој е поделен на светли и темни делови. Светлите и темните делови во
сликата создаваат контраст кој може да сугерира волумен кога светлината, пример
сонцето, паѓа врз предметот од еден правец а дел од предметот е во сенка (Хуго Ван Дер
Гес). Тоа се фактори кои влијаат на нашето чувство кога гледаме во слика, фотографија
во која е вклучен правецот од светлосниот извор, од горе или доле и тоновите- нежни или
нападни.
Кога светлината доаѓа од позади се формира силуета и се добива предмет кој е
сосема темен наспроти посветло обоената позадина. Силуетите се јавуваат како 2D
облици на кои им недостига форма.
Изворот на светлина исто така го менува карактерот на објектот. Така на пример
осветлувањето на фотографиран портрет, може да направи субјектот да изгледа постаро,
помладо, драматично или апстрактно.
Дводимензионалната форма има тежина и висина и може да создаде илузија на 3D
објект.
Формата и обликот можат да бидат органски или геометриски. Органските форми се
често асиметрични (пример, карпа покриена со снег), но не сите објекти кои се создадени
од природата имаат органска форма, снегулките на пример, имаат геометриска
форма.
Геометриските форми се во релација со регуларните облици, како што се квадрат,
правоаголник, круг, конус, цилиндар.
Во овој контекст, архитектурата на Френк Лојд Рајт најчесто е создадена од геометриски
форми, вклопени во органска средина.

Природни форми
Иако директната имитација на природните форми има слаб ефект, природата открива
безкрајни можности за каприци, за формална стилизација.
На овој начин таа ги елиминира туѓите елементи и создава можности за имагинативно
расипување, искривување на формите во оригинален дизајн.
Геометриски форми
За овие форми се вели дека се конструирани или направени.
Но не сите создадени објекти се геометриски, многу дизајнирани форми имаат
нерегуларни контури. Иако јапонското кимоно е геометриско во својата конструкција,
дизајнот на површината е органски во својата форма.
Постојат четири извори од кои човекот може да ги користи формите.

Апстрактни форми.
Формите можат да бидат апстрактни, односно такви форми се добиваат кога слични
објекти се поедноставуваат или се расипуваат до точка на почетна форма, така да иако
радикално изменети тие се сé уште препознатливи. Суштината на оригиналниот објект
потсетува на основата на дизајнот разработена од него.

Необјективни форми.
Разликата меѓу апстрактните и необјективни форми се состои во тоа што необјктивните
форми многу ретко потсетуваат на било кој препознатлив објект. Дури и некои
геометриски форми како триаголникот, кругот или аголот, под одредени услови можат
да станат необјективни. Иако необјективните форми не потсетуваат на конкретен објект,
тие често пати можат да се пронајдат во природата, на пример на површината на водата,
во сенката на дрвото или во пченичната структура. Ваквите форми се нарекуваат
биоморфни, термин од грчко потекло со значење на „форма базирана на животот”.
Така станува евидентно дека категориите се ретко финални.
Формата истовремено може да биде природна и необјективна во најтесното значење,
бидејќи во една необјективна форма многу често може да се препознае изгледот на карпа
или облак. Фактички, на необјективните форми треба да се гледа како на форми кои
имаат блиска релација со природата, така што тие обично претставуваат флуидни
органски форми кои го изразуваат развојот и флексибилноста.

Геометриски форми.
Ако необјективните форми покажуваат афинитет кон природата, геометриските форми
го одразуваат од човекот создадениот амбиент.
Геометриските агли и кривини можеме да ги пронајдеме во зградите, мостовите,
автомобилите и машините. Така во бројни уметнички дела можат да се видат создадени,
чисти геометриски форми. Иако повеќето од формите во едно дело се правоаголни или
квадратни, ниту две не се исти.
Дури и два круга, употребени за варијација и баланс може да имаат различни димензии.
Со комбинирање на слични форми може ефективно многу повеќе да се постигне, отколку
ако се работи со варијации на една форма, бидејќи, ако една од овие две обасти е
идентична, композицијата може да стане монотона.

Маса
Не може да се говори за форма без да се позанимаваме со нејзиниот тродимензионален
антипод, дупликат, масата. Планетата земја е маса и најголемиот дел околу нас е
создаден од маса – тоа е предмет кој поседува тежина и цврстина. Човечкото тело
претставува маса која е отпорна на силата на гравитацијата.
Сознанието за овој факт претставува база за интерпретирање на другите маси, се
разбира врз основа на експериментално искуство.
Кога формата ќе добие трета димензија, таа станува маса која се прифаќа како
нешто што може да се крева, турка или да се движи, да оди. Освен тоа, има исто така
флуидни маси кои постојано ја менуваат формата, како облаците или океанските,
морските бранови. Водопадот има маса која на набљудувачот му се чини дека има
константна форма и покрај тоа што секоја секунда се случуваат промени.

Маса-уметност
Во уметноста изразувањето на масите зависи од медиумите или материјалите на
уметничките дела. Масата е еден од најважните елементи во скулптурата и главна
карактеристика на керамиката, архитектурата, внатрешниот дизајн, како и за многу
објекти од метал и дрво.
Во сликарството таа е индицирана само со симболи, освен кај експерименталните
форми на сликарството кои се приближуваат до скулптурата и допираат физички до
третата димензија.
Дури и во дводимензионалното сликарство многу е важно симболичното претставување
на масата. Гледачот сака да почувствува дека насликаните објекти егзистираат во
просторот и дека би можеле да се видат од спротивната страна ако тие се движат околу.
Дури и кога зборуваме за необјективното сликарство, може да се зборува за интересни
маси и за чувството на цврстина во одредена средина.
Во секој даден момент масата може да има форма, величина, тежина, облик и
волумен.
Покрај тоа што концептот на масата е многу пофлексибилен, од сето ова кажано, таа
може да биде тотална супстанца на која ќе и бидат дадени сите овие атрибути преку
дизајнот на уметникот. Масата во движење може да биде во континиум, како во реката
или водопадот, или тоа може да биде еден експлозивен момент, како некој метеор или
ненадејна ерупција на оган

Маса Футуристи
Италијанските футуристи се нагласено заинтересирани за прикажување на движење
преку мултиплицирани слики, во кои некои форми се прикажуваат во највпечатливи
секвенци на различни позиции за да се создаде впечаток на физички прогрес.
Радијалните и развиорени линии исто така се користени за да се наслика чувството на
движење. Мултиплицираното експонирање на сликата со движењето на масите
фотографирано едно по друго во кратки интервали, креира фасцинантен дизајн,
истовремено дефинирајќи ја оригиналната форма во која масата се движи(Карло Кара и
Умберто Бочиони).

Ова се составните елементи кои на дизајнерот му стојат на располагање.


Како што научникот не го користи сиот материјал кој го има на располагање во
лабораторијата за мешање на секој хемиски раствор, исто така не е неопходно уметникот
да ги користи сите овие елементи на дизајнот. Тој треба да поседува способност за
разбирање на потенцијалните можности на линијата, текстурата, бојата, величината,
формата и масата и да одлучи кој од овие елементи е значаен за неговото дело.

Овие елементи се неговите орудија и тој може да избира меѓу нив следејќи ја својата
посебна цел. Стекнувањето сознание за мудар избор е фундаментален дел во процесот
на формирање на секој дизајнер.
На крајот, накратко уште еднаш да се потсетиме на главните елементи на дизајнот:
Линија. Од човекот создадената алатка, е динамична експресија на човековата промисла
и соништа. Линијата може да го означи суштинското значење на објектот а истото се
однесува и кога зборуваме за „линиите” на сликарството или зградата.
Текстура. Текстурата е оној физички аспект од околината кој е поврзан со чувството за
допир. Може да биде и визуелна текстура која оддава чувство за текстура без да биде
забележлива на површината или тактилна текстура која може да се почувствува на допир.
Боја. Бојата не е суштинска за добриот дизајн, но таа е еден од највозбудливите
елементи кој се поврзува со вкус и емоција.
Величина/Димензија Величината, се однесува на секое уметничко дело и таа е битен
елемент за ограничување на просторот во кој дизајнерот може да функционира. Мерката
е другиот термин кој ја одредува релативната едноставност на величината меѓу
различните видови на уметност.
Облик/форма. Формата ја следи линијата и масата, со линијата го затвора просторот и
масата што се постигнува со внимателно поставени партии на светло и темно. Постојат
четири видови на форми:
(1) природни (2) апстрактни (3) необјективни (4) геометриски.
Маса. Тридимензионалната поставеност на формата или контурата ја прават масата која
е составена од тежина, цврстина и отпорност на гравитација.

Креативен дизајн
Како што претходно укажавме, постојат шест базични составни делови или елементи со
кои се работи при креирањето на дизајнот: линијата, текстурата, бојата, величината,
формата и масата. Тоа не значи дека тие треба да се стават во категоријата на правила
за креирање,бидејќи во уметноста е неопходно да се мисли флексибилно, само врз
основа на нацрт, како водич на концептот.

Постојат уметници кои ја редуцираат својата работа на три елементи – линија, форма и
значење – затоа што за нив сé друго, дополнително може да биде збунувачко и туѓо.
Други имаат листа на повеќе од 13 елементи на дизајн, разбивајќи ја масата во
просторот и волуменот, бојата, во боја, тон, значење и интензитет.
Овде не постои конфликт, туку само менување на изразот. Некои луѓе преферираат да ги
каталогизираат информациите што е можно по прецизно а некои сакаат да мислат на
работата поедноставно и со поголем простор за манипулација

Значајна карактеристика на уметникот е креативната флексибилност, која му дозволува


да работи интуитивно со елементите и принципите како со груб материјал.
Кога ќе разбереме дека целиот свет на дизајнот, архитектурата, сликарството,
скулптурата, модата, индустрискиот и комерцијалниот дизајн и сите негови гранки
се базирани на овие шест елементи, тогаш можеме само да се воодушевуваме на
варијациите кои се достигнати.

Тајната на креативен дизајн


Независно колку различни видови на дизајнерски производи се креирани со употребата
на овие шест или неколку едноставни елементи, може да се извлече само еден заклучок:
Уметникот е само потенцијален дел од своето дело, така да ниту неговиот асистент
или ученик, колку и да е добро обучен не може да ги постигне истите резултати како
тој самиот. Постојат многу видови на уметнички дела, слики работени во работилниците
на старите мајстори во кои дури ни експертите не можат да ги забележат разликите во
делата, односно кои дела се работени од помошниците а кои од раката на самиот
мајстор.
Тоа се случува и тогаш кога мајсторот им давал конкретни и директни инструкции како
треба нешто да се изработи.
За еден уметник е потребна инспирација за работа во студио со други уметници, за да
може да се забележат нивните различни пристапи и различни точки на гледање преку
еден субјект или модел. На пример, претставувањето на некое дело од одреден
уметнички стил и упатувањето на учениците да го насликаат, покажува дека ниту две
завршени слики не се сосема слични.
Дури и така едноставен предмет како што е портокал може да биде насликан во
различни бои и величини зависно од гледиштето на оној кој го набљудува.
Типот на избраната композиција и истакнатите места на поставување на различните
елементи всушност претставуваат клуч за откривање на личноста на уметникот. Ова
остварување го обврзува уметникот да го гради својот вкус и познавање до
максимум, бидејќи неговото дело не само што ја рефлектира социјалната и
духовната клима на неговото време, туку истовремено го открива и него самиот во
недопирливиот квалитет на неговата уметност.
Неговите уметнички вештини откриваат кој е тој самиот: личност која поседува мајсторска
техника чие користење не е цел сама за себе ,туку потреба да му каже нешто на светот.

Ритам
Во дизајнот како и во природата базичниот принцип е ритамот. Слично како бојата
или текстурата, ритамот не може да биде додаден на дизајнот, туку мора да биде дел од
креативниот процес уште од самиот почеток.
Некои уметници ја креираат музиката како споредна појава надевајќи се дека ритмичките
звуци ќе се преобразат во видлива форма во нивното дело.
Други пак, имаат природно чувство за ритам кој го изразуваат визуелно без некој свесен
напор, туку повеќе во духот на играчот кој физички ја изразува играта или во спонтаното
движење, вртење на свирачите во некој џез оркестар.

Сепак, постојат одредени специфични постапки за постигнување на ритам. Природната


загатка на ритамот може да се пронајде во срцебиењето, во неговото повторување и
потенцирање. Едноставен визуелен ритам може да се креира, онака како што
домородните африканци постигнуваат едноставен ритмички звук со повторување на еден
ист мотив во исто времетраење.
Кога ќе се внесат силни елементи во едноставен, визуелен ритам со цел да се акцентира
оригиналниот мотив, тогаш нагло се зголемува интересот за делото а кога силните
елементи се избалансирани со два други полесни, визуелната привлечност дури уште
повеќе се појачува.
На истиот принцип може да се дизајнира и играта, почнувајќи со едноставен ритам,
кој потоа се развива во секвенци на повтору-вање и нагласување сé додека не се
постигне одреден степен на сложеност. Нагласувањето, постепено добива во значење,
достигнувајќи климакс на кој се фокусира целата композиција.
Овој вид на ритам ни го открива една готичка катедрала .
Кога ќе се приближиме до порталот, интересот најнапред ни го привлекува низот на
резбани фигури на нејзините ниши, а погледот се крева кон разработената скулптурирана
декорација во тимпанонот, полукружна ниша над вратата. (Ремс)
Неизвесноста станува поинтензивна со насочување на погледот нагоре кон аркадите и
статуите а точката на најголемо истакнување е достигната од занимливите украси на
розетата од прозорецот.
Следната резба и финалното возвишување на погледот кон камбанариите, со нивните
возвишени бранувања, го насочуваат погледот и умот уште погоре, сé до достигнувањето
на чувството на безконечност, визуелна и духовна трансцедентност од која се раководи
целиот дизајн.(Стразбур)
Естетското и емоционалното искуство на готичката катедрала е слично како она на
драмата. Конечниот заплет во врска со ефектот на украсите на катедралата е во
потрагата на уште поостро набљудување преку кое гледачот открива дека статуите се
светители, дека резбата е полна со симболизам и дека боените стакла се исто така
симболични како што се и убави. Така високата оценка за фасадата е графичкото
транспонирање на значењето на катедралата за цивилизацијата.(Шартр)
Во средновековниот период, катедралата е централната точка во заедницата која била
видлива на километри оддалеченост околу неа, диктирајќи го хоризонтот како
засолнувачки споменик околу кој биле градени помалку значајни градби на градскиот
плоштад. Таа исто така служела како фокус на сите уметници и околу неа се одвива еден
цел живот - драмата се одвива во патувачки театри, музиката е компонирана за
народот, занаетчии од најоддалечени места доаѓаат за да земат дел од работата во
декорацијата на градбата употребувајќи ја својата вештина во обработката на
каменот и витражите.
Катедралата исто така претставува пренесувач на единството на христијанското учење -
христијанското наследство се пренесувало од уста на уста, а средновековните
монаси го запишувале во своите парохии. Така катедралата служи и како
доминантна органска компонента на епохата – културно и визуелно.
Ритамот, како што претходно укажавме се состои од повторување и потенцирање, водејќи
до целосен климакс. (Сент Омер)

За многумина ритамот е повеќе брановит квалитет, слично како моделираниот ритам на


развиорената драперија на некоја фигура на играч. Додека повторувањето и
акцентирањето потсетува на дел од овој ритам, неговиот брановит квалитет е
постигнат со повеќе флуидни мотиви и на нивно поцврсто поставување.
Од сето погоре искажано можеме да резимираме дека постојат три пристапи кон ритамот
во дизајнот: едноставен ритам на повторување и истакнување, ритам во кој
повторувањето и потенцирањето достигнуваат климакс и брановит ритам во кој
помалку нагласените повторувања и истакнувања се втопени во флуидна форма.
(Кентербери)

You might also like