You are on page 1of 9

Мислење

Мислењето е когнитивен процес со кој човекот увидува нови односи меѓу предметите и појавите.

Во потесна смисла, психички процес кој овозможува да се увидат нови односи меѓу предметите и
појавите и целосно да се запознае стварноста, а со тоа да се обезбедат услови за успешно
снаоѓање во неа, е мислењето.

Во поширока смисла, во поширока смисла на поимот, при што со мисловниот процес се опфаќаат
следните процеси: перцепција, претстава, помнење, мечтаење, суд и заклучок. Бидејќи овие
психички процеси ја заменуваат ставрноста тие претставуваат знаци" или симболи на ставрноста, а
мислењето е наречено симболичко мислење.

Постојат неколку моменти кои се карактеристични за процесот на мислење, по кои овој процес се
разликува од другите психички процеси:

1. оперирање со знаци (симболи). Мислењето ги користи перцеп-циите, претставите,


зборовите, поимите и други резултати од искуството како знаци или симболи, затоа мислењето
често се означува како ментална активност која оперира со симболи.

2. Насоченост на мислењето. насоченоста при оперирањето со знаците кои ги користиме при


мислењето е негова битна

карактеристика.

3. Увидување на односи и врски. До такви сознанија се Доаѓа со откривање на врски и


односи кои пред тоа не биле согледании, чие увидување претставува решение на задачата или
проблемот со кој сме соочени.

Во текот на мислењето увидувањето на врските и односите се јавува наеднаш и се истакнува како


посебно доживување т.н. axa Доживување”. Односите и врските кои ги утврдуваме со мислењето
можат да бидат општи односи кои претставувааат законитости, или можат да бидат односи кои
важат само за конкретна содржина или пак, можат да бидат и односи кои не одговараат на
стварноста и кои претставуваат погрешни заклучоци.

Улога на асоцијациите
Асоцијациите претставуваат поврзани содржини од нашите претстави и идеи. Имале
асоцијационистите и Аристотел

забележал дека тоа поврзување се остварува според три закони на асоцијација:

1.Закон на сличност, според кој секоја психичка содржина во нашата свест има тенденција да ги
обнови претставите или поранешните психички содржини кои по нешто се слични. Така, на зборот
река се јавува асоцијација езеро, авион-птица, сонце-топло и тн.

2.Закон на контраст, кој укажува на тенденцијата на некоја психичка содржина да предизвика


спротивна претстава. Така, зборот црно создава претства за бело, топло-ладно, блиску далеку тн.

3. Закон на просторен и временски допир, идеите и претставите кои порано биле доживеани во
ист просторен и временски склоп, повторно имаат тенденција да се појават заедно. Така, зборот
татко асоцира на зборот мајка, пладне-ручек, диско-музика и тн.

Улога на претставите

Мислењето се базира на претстави кои се поврзани според законите на социјација. Според


мислењето на асоцијационистите целиот психички живот може да се сведе на осети, перцепции и
нивни репродукции.

Група психолози започнала со систематско проверување на секое сфаќање. Резултатите што ги


добиле ги оправдале нивните сомневања. Имено, тие констатирале дека мислењето не може да
се сведе на перцепции или претстави и дека во процесот на мислење секогаш има нешто повеќе
од простиот збир на претставите. Во текот на мислењето не е исклучена можноста да се појават и
претстави, но тие Не претставуваат битен момент во мислењето.

Претставите во мислењето се носители на содржините што ги комбинираме во процесот на


мислењето, односно имаат улога на знаци. Но, често во процесот на мислење воопшто нема
претстави.

Улога на движењата

Ако мислењето неможе да се сведе на претстави, и понатаму остану-ва отворено прашањето: Што
е тоаа што го овозможува мисловниот процес?
За време на мисловниот процес се одвиваат многу слаби и тешко забележливи движења на
говорните органи или на други делови од телото. Посебни апарати кои ги регистрираат и
најмалите движења, потврдуваат дека за време на мислењето постојат движења на говорните
органи: усните и јазикот. Кај глувонемите деца кои не ги користат мускулите на говорните органи,
за време на мислењето е регистрирано присуство на мускулни движења на рацете и прстите.

Движењата што се јавуваат за време на мислењето ја потврдуваат само поврзаноста на активноста


на мозокот и активноста на мускулите. Мозокот за време на мислењето испраќа импулси во
различни органи, пред се во оние кои се активни при одредени мисловни операции. Бидејќи кога
мислиме користиме зборови, мозокот испраќа импулси во органи и така доага до нивни движења.
За движењата кои го шридружуваат процесот на мислење може да речиме дека се знацу со кои се
служиме при мислењето, но не се негов суштински дел со кој тоа се објаснува.

Улогата на мотивацијата и емоциите

Секоја активност што ја презема човекот е поттикнта од мотивите. Во таа ocerylata смисла и
мисловната активност е поттикната од различни мотиви кои не само што го поттикнуваат туку и го
одржуваат процесот на мислење. Поттик за мислење може да претставува желбата нешто да се
постигне, желбата за истакнување, за подобро извршување на активноста, желбата да се реши
проблемот и нејасното да стане јасно, како и тенденцијата започнатата задачата успешно да се
заврши.

Овој вид на мислење кој е насочуван од нашите желби без да води сметка за реалноста е т.н.
мислење според желбите.(душевно болните кои не водејќи сметка за реалноста ја губат врската
со неа).

МИСЛЕЊЕ И ГОВОР

1. Мислењето е внатрешен безгласен говор.

Постои многу тесна поврзаност на мислењето и говорот. Проблемот за кој размислуваме го


формулираме со зборови.

Постоењето на оваа поврзаност пред се се должи на сознанието дека говорот е форма преку која
мислата се изразува, се прецизира и се развива. Говорот ни овозможува да ги фиксираме
забележаните особини на предметите и прецизно да ги изразиме односите меѓу појавите.
Неспособноста за јасно изразување укажува на нејасност на мислите.
Иако постои поврзаност меѓу мислењето и говорот, тоа не треба да значи Дека мислењето и
говорот се едно исто, односно дека мислењето може да се сведе на говор.
Истата мисла може да се изрази со различни зборови.
Кај малото дете мислењето е развиено до одреден степен и пред да научи да го употребува
јазикот.

Благодарение на комуникативната функција на говорот, човекот го развива својот психички живот.

Релативно недвосмисленото значење на зборовите, како што се зборовите што ги употребува


науката а особено математиката, се нарекува денотативно значење. Но, зборовите со кои се
служиме секојдневно имаат и дополнително или конотативно значење.

Иако и говорот и мислењето се когнитивни процеси тие претставуваат различни психички појави
чии развојни корени се разликуваат. Прво се јавува мислењето, а потоа говорот.

ПОИМИ И ФОРМИРАЊЕ НА ПОИМИ

Најчести знаци со кои се оперира во мисловниот процес се поимите па затоа се вели дека тие се
средства со кои се манипулира, но исто така, тие се и резултат од мисловниот процес.
Благодарение на способноста за говор луѓето можаат да стекнат и усвојат огромен број поими.
Едноставните поими, меѓутоа, можат да се научат и без користење на зборови.

Познато истражување од овој вид е извршено од советскиот похолод Виготски: Тој на


испитаниците им покажал различни геометриски тела различии по бојата, формата, ширината и
висината. Телата што биле истовремено високи И широки ги нарекол "лаг", високи тесни "мур",
ниски широки "бик", ниски на тесни "цер". Испитувачот земал едно по едно геометриско тело
испитаниците им го покажувал називот кој бил напишан на неговата дол страна. Испитаниците
имале задача да ги најдат другите геометриски тапа коса и со ист назив. Кога ги избирале телата
само по еден критериум (форма, или боја или висина или ширина) а не според две
карактеристики заедно, тие правеле грешки. Но, по поголем број обиди испитаниците успеале
сигурност и ведн Да го изберат телото кое има заеднички особини со првобитно покажаното тело
и со ист назив со него. Тие успевале дури откако формирале поими за покажаните тела.

Процесот на формирање поими е сложен мисловен процес кој се состои од различни видови на
мисловни операции: споредување на предметите, нивно разликување, анализа, синтеза,
апстракција и генерализација. Спородувањето е мисловен процес кој се состои во утврдување на
сличностите мегу предметите, разликувањето е процес на откривање ралики меѓу предметите и
појавите, анализата се состои во разложување на предметите и појавите на поедноставни делови;
синтезата се состои во поврзување на разложените делови. Од мисловните операции, при
формирањето на поимите, најголема важност имаат апстракцијата и генерализацијата.

Поимите полесно се формираат ако се користи материјал што може да се регистрира со сетилата
(да го допреме, видиме, слушнеме). Од оваа причина децата полесно ќе научат да бројат,
собираат и вадат кога се користи конкрет материјал. Полесно се формираат поими за конкретни
отколку за апстрактни појави.
И претходното искуство придонесува за побрзо формирање на поими. Ако имаме искуство со
појави за кои треба да формираме поим, или пак имаме прими за слични видови предмети,
формирањето на новиот поим ќе биде побрзо. Но, доколку претходните знаења се погрешни, тие
ќе го спречат формирањето на нови поими.

Истакнатоста на одделни карактеристики кои се заеднички за некоја класа предмети придонесува


за побрзо формирање на поим.

ЗАКЛУЧУВАЊЕ И СУДЕЊЕ

Заклучување

За заклучување во психологијата се зборува кога од дадени податоци и сознанија со кои


располагаме со помош на мислење доаѓаме до нови сознанија.

Видови: индуктивно и дедуктивно заклучување.

Психолошките истражувања укажаа на две посебни причини за погрешно заклужување: ефект на


атмосфера и ало ефект. Ефектот на атомсфера се состои во тенденцијата на заклучокот да му се
дадат оние карактеристики кои ги имале судовите од кои се изведува заклучокот.

Под ало ефект се подразбира склоност врз основа на некој општ суд или опши впечаток за некоја
појава во целост.

Ваков извор за погрешни заклучоци често се сретнува кога ги оценуваме особините на лич-носта.

Судење

Како психолошки процес судот се карактеризира со два моменти:

1. Тој претставува констатирање на некој однос.

2. Судот е следен со доживување на увереност во точноста или неточноста на односот кој се


изнесув со судот.

Одделението за психологија во Белград покажуваа дека можат да се разликуват најмалку пет вида
на судови:
• Судови на перцептивна евидентност, тоа се судови кои се засновани н актуелната
перцепција за надворешниот свет. Степенот на увереност во овој вид на судови е најголем.

• Судови на логичка евидентност, кои се базираат на логичката нужност.

• Судови на навучен авторитет, кои се базираат на различни видови на авторитети.

• Судови што се базирааат на субјективно искуство. Степенот на увереност на овие судови е


помал во споредба со претходните видови.

• Судови кои се засновани на афективниот однос кон содржината за која се донесува суд.
Постојат Две групи вакви судови. Едната ја сочинуваат судови со релативно голема увереност и
нив тешко ги менувааме. А втората група ја сочинуваат судови чија содржина заа нас не е од
големо значење, увереноста во нив е релативно мала и тие релативно лесно се менуваат.

ИМАГИНАТИВНО МИСЛЕЊЕ

Мислењето кое користи пред се перцепции и нивни репродукции, се нарекува конкретно или
перцептивно мислење. Доколку пак доминантно е се користењето на вапстрактни прими како
симболи со кои се оперира, мислењето е апстрактно. Ако со мисловниот процес се доага до нешто
ново за оној што мисли, зборуваме за продуктивно мислење, а ако тој резултат е и општествено
значаен, како што се научните откритија, уметничките дела или техничките пронајдоци, се зборува
за креативно мислење.

Во имагинативното мислење врските се комбинираат послободно, повеќе во зависност од


личните потреби и желби.

За имагинативното мислење може да се зборува како за фантазија или фантазирање.


Под фантазирање се подразбираа слободно комбинирање на претставите.
Претставите на фантазијата се сметаат како резултат од мислењето.

Постојат два вида имагинативно мислење:

а. имагинативно мислење насочено кон создавање производи.

б. Имагинативно мислење кое пред се е израз на желбите и не е поврзано со некоја објективно


дадена ситуација ниту е насочено кон стварноста.

Соновите се јавувааат во состојба на опуштање на организмот во текот на спиењето. Тие со својата


живост, необичност па и бесмисленост го привлекуваат вниманието на луѓето. Живоста на
соновите придонесува визуелните слики да се доживуваат каако реални.

Суд е задвршниот дел од процесот на заклучување.


МИСЛЕЊЕТО КАКО ПРОЦЕС ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ Секогаш кога се наоѓаме пред прашање
на кое треба да дадеме одговор, или во ситуација во која треба да се снајдеме, ние се соочуваме
со проблем. За проблем зборуваме кога целта ни е позната, но не ни е познат начинот со кој може
да се дојде до неа.

Иако, решвањето на проблеми со слепи обиди не е мислење, и при решавањето на проблеми со


мислење правиме обиди. Обидите се составен дел од решавањето на проблеми кај човекот
бидејќи тие помагаат подобро да се запознае ситуацијата.

Проучувајќи го процесот на решавање проблеми Дункер, заклучил дека кога човекот наидува на
проблем најнапред врши воопштени обиди обидувајќи се да се ориентира во кој правец да го
бара решението. Потоа, следуваат поодредени обиди што тој ги нарекува функционални обиди.
Третиот степен во процесот на решавањето на проблемот претставува определување на потполно
определени, специфични обиди што ќе доведат до успех.

При решавањето на проблем мисловниот процес поминува низ следните фази:

1. поставување на задачата или сфаќање на проблемот.

2. анализирање на дадените елементи, реконструкција, реформу-лација, реорганизација на


ситуацијата и стеснување на проблемот со дирекција.

3. јавување на хипотеза за проблемот.

4. проверување на хипотезата.

Дирекција при решавањето на проблемот

Определувањето на правецот се нарекува дирекција или модел на трагање. Дирекцијата ги


насочува сите наши ментални процеси: одредува на што ќе обрнеме внимание, кои знаења и
претстави ќе ги обновиме, како одредени податоци ќе поврземе.

Фактори што влијаат на успехот во решавањето на проблеми

Факторите од кои зависи успехот во решвањето на проблемот кои се поделат во две групи:

1.фактори поврзани со самиот проблем што треба да се реши

2.фактори поврзани со личноста и особините на личноста на тој кој го решава проблемот.


Еден од најчестите фактори од првата група за успешно решавање на проблемот е распоредот и
организацијата на елементите и податоците.

Друг, често присутен фактор од оваа група од кој зависи успехот во решавањето на проблемот е
бројот и видот на податоците со кои располагаме. За да се реши проблемот секогаш е потребно да
се располага со податоци. Но, постојат многу голем број на податоци кои не се релевантни
(важни), и кои можат и да го отежне неговото решавање.

Пред се како значаен фактор ќе го споменеме знаењето од областа на која и припаѓа проблемот.
За решавање на проблемите секогаш помага знаењето со кое се служиме флексибилно
(еластично), односно можеме да го приспособиме на дадената ситуација.

Покрај интелигенцијата, која е значаен фактор за решавањето на проблеми, исто така значајна е
осетливоста на испитаниците за проблеми, која се манифестира низ љубопитнста и желбата да се
сознае и открие она што е непознато и ново во појавата. Во врска со оваа особина е и отвореноста
на духот, која се забележува во наклонетоста да се бараат и примаат нови идеи, и појавите да се
наабљудуваат на нов начин. Уште една важна особина на личноста за успешно решавање на
проблемот, тоа е упорноста во работата, односно и покрај проблемите на кои наидува личноста
покажува издржливост при барањето на решенија.

КРЕАТИВНО МИСЛЕЊЕ

Според потесното значење за креативно мислење зборуваме кога со мисловната активност


доаѓаме до нови оригинални решенија кои имаат општа општествена вредност. Како резултат на
овој вид мислење се уметничките дела, научните откритија и техничките пронајдоци. Како
креативно мислење се означува секој мисловен тек кој води до нови решенија, без оглед на тоа
дали се тие нови само за оној кој ги продуцирал или и за поширокото општество.

Според Гилфорд - креативното мислење се каарактеризира со следните карактеристики:


оригиналност- наоѓање на необични и ретки одговори: флексибилност-способност за промена на
насоката на мислење; флуентност способност да се создадат многу идеи: редефинирање-
способност за откривање на нови употреби на познати предмети; осетливост за проблеми
способност за откривање прашања и проблеми; елаборирање-вештина детално да се развие
оригиналната идеја за решението.

Во процесот на креативно мислење постојат 4 фази:


Првата, фазата на препарација (подготовка) се состои во подготовка за решавање на проблемот,
стекнување на знаења, читање на литература, анализа на слични проблеми што порано се
решавале во светот, запознавање со проблемот и со податоците во врска со него.

Најчесто не постои задоволство од најденото решение бидејќи тоа не води до саканиот успех.
Кога многубројните обиди не доведуваат до успех, настапува период на инкубација во кој
активноста не е примарно насочена кон проблемот, па дури се избегнува и интензивно да се
работи на него.

Кога бараното решение неочекувано се појавува, се нарекува период на ипунинација.

Четвртата фаза е верификација или проверка, бидејќи во неа решението се применува и


проверува.

You might also like