You are on page 1of 21

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА

Предмет:ПСИХОЛОГИЈА
ТЕМА:ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА

Изработил: Ментор:
Студент-Кристина Трајкова 102597 Проф. д-р Љупчо Кеверески
Дефинирање на интелигенцијата
 Зборот интелигенција потекнува од латинскиот
збор интелигере и значи размислување, сфаќање
 интелегенцијата е способност за решавање на
нови проблеми и снаоѓање на но новонастанати
ситуации, додека пак други сметаат дека
интелигенцијата ги опфаќа способностите на
апстракното размислување, размислувањето за
последиците од некој проблем, способност за
разликување на битното од небитното,
способност за учење и прилагодување на некоја
зададена цел.
Ако интелегенцијата ја сфатиме од различни сфаќања,
тогаш може да се разгледаат и нејзините неколку аспекти,
кои ги опфаќаат особините на личноста:
 моќ за брза адаптација на постоечките и
новонастанатите услови,
 моќ за брзо и бавно учење,
 моќ за апстракно мислење,
 моќ на брзина на осетливост за зададен проблем
 пресметување на операции и сфаќање на
математичките проблеми,
 способност за користење на зборови во говорот и
писмено, разбирање на идеја
 моќ на глобални способности на личноста
уклучувајќи ги и сите претходно наведени
способности.
Осврнувајќи се директно на прашањето за
дефиниција на интелегенцијата, Ајзенк
разликува три поими
 Биолошка интелегенција - Таа се однесува на структурата на мозокот кај човекот, и
новата физиологија, биохемија и генетика кој се одговорни човековата способност за
интелектуално делување. Таа го разликува човекот од животните и таа е одговорна за
индивидуалните разлики меѓу луѓето. Според некои психолози, интелигенцијата не
постои без биолошка основа.

 Психометриска интелигенција - Или IQ е во голем дел детерминирана од


биолошката или генетската интелегенција. Секако дека тука има примеси и од други
фактори како на пример: културните, семејните, воспитно-образовните и
социјаноекономските

 Социјална интелегенција – Овој вид на интелигенција означува примена на


интелегенцијата во секојдневниот живот во решавањето на проблеми со кои
поединецот се сретнува во својата животна средина. Според првата дефиниција, овој
поим (социјална интелегенција) претставува способност за адекватно однесување во
меѓучовечките релации. Таа во голема мера е детерминирана од IQ, но не
исклучително од него. Очигледно е дека IQ игра значајна улога во одредувањето на
способноста на поеднинецот да ги решава овие проблеми, успешно да ги користи
своите способности и да ги задоволува сопствените интереси. Меѓутоа постои и
голема група некогнитивни фактори кои исто така учествуваат во тоа.
Кател за структурата на интелигенцијата заклучил дека е неопходно на секоја систематска
дискусија за можните класификации на способностите да му претходи логичка дефиниција, врз
осонова на која треба да се определат класите на способностите. И тој самиот се обидел да создаде
своја теорија на способностите и своето учење го образложил во повеќе трудови. Карактеристично
е тоа што поаѓа од сфаќањето дека базичните способности можат да се групираат во два фактори
со поширок обем кои претставуваат два вида интелигенција: флуидна и кристализирана. Тие се
разликуваат во повеќе аспекти

 Флуидната се развива под влијание на наследсвото и е релативно независна од воспитанието и


искуството. Се манифестира во тестовите “ослободени од културата” кои оперираат со фигурална
содржина или знаење присутно во сите фигури. Таа ја чини основата на голем број интелектуални
активности. Содржината на оваа интелигенција ја сочинуваат: индукција, обем на помнење,
асоцијативно помнење, способност за класификација на фигури, семантички релации и
семантички класификации.
 Кристализираната интелигенција е определена со процесите и другите систематски културни
фактори, таа се истакнува во тестовите за мерење на различни способности. Содржината на оваа
интелигенција ја сочинуваат: вербалната способност, способноста зарезонирање, нумеричката
способност и искуствената евалуација.
Развој на интелигенцијата

 Според Пијаже првите знаци на интелигенцијата се јавуваат кај децата кон крајот
на првата година, тогаш кога кај детето ќе се појави намера да изврши некоја
активност и кога е во состојба да го разликува средството од целта. Тој разликува
три стадиуми во развојот: период на сензомоторна интелигенција, период на
подготовка и организација на конкретните операции и период на формални
операции.

 Развитокот на интелегенцијата претежно е одреден со наследните диспозиции,


кои се во тесна врска со структурата на нервниот систем, првенствено кората на
големиот мозок. Значајна улога имаат и влијанијата на срединските фактори
(материјални, социјални, културни) посебно од 3-7 година на животот.
 Како доказ дека срединските фактори влијаат врз развојот на интелегенцијата
можат да се прикажат примери на деца кои растеле изолирани од луѓе; тие не
научиле да одат ниту да зборуваат и размислуваат. Значи, интелектуалните
способности кои некој ги поседува се резултат на наследство и средински услови,
при што одредена улога има и самоактивноста на поеинецот.
Периоди на интелектуалниот развој
 Според Пијаже, првите знаци на интелегенцијата се појавуваат кај
децата кон крајот на првата година, тогаш кога кај детето ќе се
појави намерата да заврши некоја активност и кога е во состојба
да го разликува средството од целта. Се до тој период кај децата се
присутни сензо-моторните активности. На дразбата реагираат со
одговор, а при тоа не се следи внатрешната обработка на
дразбата. Кон крајот на првата година детето е способно да ја
отстрани пречката за да го земе саканиот предмет, што всушност
е и прв знак на интелектуално однесување. Развој на
интелегенцијата во текот на животот е постапен .Пијаже
разликува три стадиуми во нејзиниот развој:
 1.период на сензо-моторна интелегенција,
 2. период на подготовка и организација на конкретни операции
и
 3. периоди на формални логички операции.
1. Период на сензо-моторна
интелегенција(од 0-2 година)
 Во овој период можат да се разликуваат шест стадиуми, чија битна карактеристика е детето да се развива од
рефлексни и вродени движења, до намерни или интенциони движења кои му помагаат особени координатните
перцепции и движења што веќе Ј.М. Болвин ги нарекол сензомоторни дејности, денес најчесто тоа се прифаќа
како најрана фаза во развојот на детската интелегенција. Што е најважно во овој период со оглед на стекнување
или појавување детски способности за мислење. Пред сè тоа е стекнување на првите навики кои помагаат за
поврзување на движењата
 Тие напрво се вршат несвесно и спонтано на перцептивна основа која во почетокот е исто така сеуште
синкретична и неразлична, и која започнува да се дефинира поточно од почетоците на движењата. Најпрво се
воспоставува постојана врска или координација помеѓу погледите и фаќањето на некој предмет (со поставеното
тело, раце или нозе). Големата фаза во оваа координација е кога детето почнува да користи некои предмети, да
собере други (8-12 месеци). Детето во тоа време почнува да бара некој предмет кој е исчезнат, што значи дека се
јавува и некоја преродба во неговата константност и трајност. После тоа детето открива и различни средства и
начин на однесување и би достигнало или ракувало со некој предмет (постапка за заобиколување и повратна
акција). Тоа го покажале класичните експерименти кои после Њ. Кохлер ги продлабочил И. Мегерсон и П.
Гуиламуе и кои после тоа се применети на испитување на детската интелегенција
 Додека е во осмиот месец, реакциите на детето се автоцентрични-насочени кон сопственото тело, после оваа доба
настануваат алоцентрични т.е. преовладуваат манипулирањата со предметите со оглед на неговите пространи и
временски особини и откривање на постојани односи во неговата перцептивна конфигурација. Како се раѓа во
тој период намерното или интелектуално однесување? Детето најпрво со случајно движење открива некоја
работа, па кога покасно ќе ја види, отвара и затвара прсти кога тој предмет што ќе го забележи не му е на дофат
на раката. Тоа е еден начин на “моторно препознавање” на работите. Исто така детето “муца” со устата кога ќе го
види шишето со млеко. Но детето врши исти движења и тогаш кога ќе види исти или сличен предмет што сака да
го фати, што е некој вид на генерализација со која детето го асимилира предметот. Тоа е уште генерализација без
диференцијација, но по 12- тиот месец, тоа почнува се повеќе да ги диференцира своите движења. Тоа се врши во
експлоративната дејност, кога детето сè повеќе станува свесно за потребите за менување на вообичаената шема на
движење. Предметот кој сме го скриле детето оди да го бара, што е поврзано со намерата. Кога има околу 2
години стекнува способност да го воочи апстрактното, доволно ќе биде да има предодредена цел да му одговара
на неговото однесување. Детето почнува да се присеќава на некои предмети, што значи дека однесувањето
станало релативно независно од непосредните предмети, а тоа е пред сè интенцијално однесување кое особено се
развива после втората година, во фазата наречена “конкретна операција”.
2.Период на припрема и организација на
конкретните операции (од 2-11 година)
 Овој период се дели на две фази: преоперативна (од 2-6 години) и оперативна (7-11 години). За
периодот кој трае од 2-4 години имаме малку известување, затоа што детето не е способно да зборува
или да ги изразува своите мисли на поврзан начин. Значењата е првата појава на симболично мислење
во своите различни облици: говор, симболичка игра и др. за разлика од сензо-моторичките вежби,
имитацијата и веројатната појава на метални слики како вид на интериозирани имитации. Иако детето
почнало да се ослободува од својата заробеност од перцепција, тоа сеуште е под влијание на нејзината
конкретност, така да мислењето е конкретно, феноменално, ирверзибилно, егоцентрично,
анимистичко. Другата фаза која трае од 6-11 година многу е важна и во неа се јавува битната функција
на мислењето т.н. реверзибилна операција.
 Поимот реверзибилност е исто така важен во теоријата на Пијаже за интелегенцијата како и поимот
рамнотежа. Може да се опише како способност да се премине еден спознаен пат, најпрво во една насока
и да се врати во обратната насока, така што во мислите би се нашле во почетната позиција.
Наједноставна реверзибилност на мислење, се согледува во групирање на многу слободни елементи
3. Период на формални операции (од 11-
15 години)
 Најважно операционо својство на формално-операционото мислење, се
однесува реалното наспроти можното. За разлика од детето во периодот на
конкретни операции, младата индивидуа во овој период започнува со свое
анализирање на поставениот проблем, така што се обидува да ги согледа сите
можни односи кои во дадените факти можат да ги доведат до вистината. И
тогаш со помош на една комбинација на експерименти и логичка анализа се
обидува да ја пронајде онаа вистинска можност која ќе ги одведе до вистинско
решение. Реалната, значи е сфатена како посебна подлога во тоталитетот на
работите, кои нам податоците ни ги пружат во облик на хипотеза
 Способностите се поврзани со голем број на психички процеси и особини.
Тие не се знаења, навики и вештини, но се тесно поврзани со нив. Тие зависат
исто така и од интересирањата, ставовите, темпераментот, волјата и
карактерот на личноста. Личноста што поседува интересирање за спортот, ќе
ги развие спортските способности.
 Интересирањето покажува што сака лицето, а способностите покажуваат што
тоа може да постигне.
Мерење на интелигенцијата
 постојат индивидуални разлики помеѓу луѓето според нивните интелектуални
способности и дека во голема мерка успехот во извршување на одредени интелектуални
и други активности зависи од развиеноста на нивните спсобности

Количник на интелегенција

 Во зависност од вредноста на IQ, висината на интелигенцијата може да се подели на неколку групи:


Многу висока интелигенција или генијалци (IQ е повисок од 120),
Висока интелигенција (IQ е помеѓу 111-120),
Просечна интелигенција (IQ е помеѓу 90-110) и
Ниска интелигенција (IQ е помеѓу 70-89).
 Присуството на пореметување на интелигенцијата со вредности на
IQ помали од 70 од раѓањето или ако тие пореметувања настанале во
текот на развојот на интелигенцијата, тогаш станува збор за
ментална недоволна развиеност (олигофренија, душевнаментална
заостанатост, слабоумност), која понатаму се дели на: 
Лесна душевна заостанатост (IQ е помеѓу 50-69),
 Умерена душевна заостанатост (IQ е помеѓу 35-49),
 Тешка душевна заостанатост (IQ е помеѓу 20-34) и  Длабока
душевна заостанатост (IQ е под 20).
Ако оштетувањето на интелигенцијата настанало покасно, кога веќе
интелигенцијата била развиена, тогаш се работи за работа со
деменција. Денес освен наведената се применуваат и следниве скали
за мерење на интелигенцијата:
 Векслерова скала за деца и возрасни
 Гудинав – тест на цртање човекова фигура
 Прогресивни Равенови матрици за деца и возрасни
 Тестовите за мерење на интелегенцијата можат да бидат: вербални
и невербални, индивидуални и групни.
висината на интелигенцијата
Современи погледи на интелигенција
 професорот Хауард Гарднер (Howard Gardner) од Хардвард Универзитетот
развил теорија на повеќеструки интелигенции која ја поделил на сeдум
типови:

1) Вербална: сака да чита и пишува, често размислува на зборовите од текстови, а најдобро учи и
се изразува вербално. Покажува чувствителност кон значењето на зборовите, а нив ги користи во
различни функции, како на пример за убедување, интерпретирање итн

2) Музичка: сака да пее и често потпевнува слушајќи музика, многу ја сака музиката, памти
мелодии, свири на некој музички инструмент. Воедно компонира и создава музика според
сопственото расположение, а во некои случаи варира или импровизира на одредена тема од
позната мелодија. Неретко прави различни движења во ритамот на мелодијата која кај него
предизвикала емоции

3) Логичко-математичка: способен е апстракно да мисли и логично да размислува и резонира. Се


искажува при решавање на апстрактни математички проблеми, во дедуктивно и индуктивно
размислување, а исто така и во научни истражувања. Сака логички сложувалки и стратешки
игри.

4) Просторна: размислува врз основа на формирање на визуелна претстава и разбирање


преку боја, форма, изглед. Сака да црта и да користи бои, да дизајнира, проектира.
5) Телесно-кинестетичка: поседува способност за вешто искористување на
мускулатурата за контрола и координација на движењата на телото, а се користи за
координирано движење (спорт, танц), или во други активности кои бараат
префинета и прецизна моторика
6) Интерперсонална: покажува разбирање за луѓето, поседува вештина при контакти и
комуницирање со други луѓе, искажува способности за да биде водач, успешно
интервенира кај луѓе што се во конфликт и разрешува спорови.
7) Интраперсонална: покажува длабока свесност за своите чувства, искуства и
однесување, користејќи ги сопствените искуства. Имаат добро развиена
самоконтрола и свесни се за своите предности и слабости
Стренбергова тријархиска теорија на
надареноста
 Тријархиската теорија на интелектуелната надареност претставува „посебен случај на
човечката интелигенција“. Во рамките на Стренберговата теорија надареноста е
концепирана како исклучителна интелектуална способност. Во анализата на
интелектуалното функционирање Стренберг Sternberg (1981), заклучува дека треба да се
разликуваат три типови на интелигенција. При тоа тој разликува:

 Компоненцијални тип и интелигенција


 Искуствени тип на интелигенција
 Ситуациски тип на интелигенција
Емоционална интелигенција нова
психолошка парадигма
 Емоционална интелигенција е способност кај поединецот да ги доживува и
разбира своите емоции. Таа е способност да се воочуваат емоциите, да се
поттикнуваат и да се користат во когнитивните функции (мислење,
креативност, способноста за анализирање на проблемот, донесување
успешни одлуки), да се развива разбирањето на емоциите и да се развива
размислувањето за сопствените емоции,а со цел да се поттикне личниот
емоционален и интелектуаленразвој
Саловеј, Гарднеровите персонални интелигенции ги
подредува во поширока категорија, проширувајќи ги
овие способности во пет основни подрачја:
1)Спознавање на човековите емоции. Самосвест – препознавање на чувствата во мигот кога се
манифестираат – претставува темел на емоционалната интелигенција. Способноста да се контролираат
чувствата во секој миг е од особена важност за психолошкото самоспознавање и саморазбирање.
Неможноста да ги препознаеме нашите вистински чувства нѐ доведува до тоа да сме зависни од нив.
Луѓето кои се посигурни во своите чувства повешто го водат сопствениот живот и со поголема сигурност
донесуваат одлуки, како на пример, со кого ќе стапат во брак, каква професија ќе изберат и др.
2) Управување со емоциите. Совладувањето и управувањето со емоциите, со цел да бидат точно
избрани е способност која се темели на самосвеста. Луѓето кои ја немаат способноста за постигнување
мир, ослободување од анксиозноста, потиштеност или раздразливост, како и последиците од
неспособноста за основните емоционални вештини, постојано се борат со чувствата на огорченост и
мачнина, додека пак оние кои ја усовршиле многу побрзо оздравуваат од животните немири и неуспеси
3) Самомотивација. Управувањето со емоциите што води кон одредена цел е подлога за претпазливост,
самомотивација, совладување на одредена вештина, како и за креативност. Емоционалната
самоконтрола и смирување на афектите се основа на секој успех. Постигнувањето на состојбата
„смиреност“ овозможува исклучителни остварувања на секое поле
4) Препознавање на емоциите кај другите. Емпатијата е уште една од способностите која е базирана на
човековата самосвест и основна „човечка вештина“. Емпатичните луѓе се повешти во приспособувањето
на речиси невидливите општествени сигнали со кои се навестува што им е потребно на другите или
што сакаат. Емпатијата им овозможува успех во занимањата како што се грижа за другите, подучување,
трговија и менаџмент
5) Умеење во одржување на меѓусебните односи. Ова умеење претставува во поголемиот дел вештина за
разбирање на туѓите емоции. Тие способности се подготовка за јавни занимања, раководење и
меѓусебни односи. Луѓето кои ги усовршуваат овие вештини имаат успех во сè што подразбира успешна
соработка со другите; тие се „ѕвезди“ во општеството.
Ментална заостанатост
 Менталната заостанатост преставува намалено функционирање на менталните
капацитети на поединецот кое се забележува во изведување на секојдневните животни и
професионални активности. Истражувањата покажуваат дека во секоја земја има околу
2- 3 % од населението кои имаат количник на интелигенција под 70 кој претставува
индикатор за ментална заостанатост. Обично се забележуваа три степени на ментална
заостанатост: тешка ментална недовола развиеност или умерена ментална недовола
развиеност, лесна ментална недовола развиеност
 Интелигенцијата на лесна ментална недовола развиеност изнесува помеѓу 50 и 70, а
нивната ментална возраст е еднаква на деца од 8 и 12 години. Со посебен напор и обука
таквите поединци можат да научат можат да научат да читаат и пишуваат и ако
покажуваат евидентно помала интелигенција од просечните. Кај умерена ментална
недовола развиеност количникот на интелигенција изнесува помеѓу 20 и 50 и тие се
наоѓаат на степен на интелигенција на просечните деца кои имаат помеѓу 3 и 7 години.
Оваа категорија на поединци можат да научат да зборуваат, но не и да читаат и
пишуваат. Најголем степен на ментална заостанатост имаат тешка ментална недовола
развиеност. Нивниот количник е под 20, а степенот на менталниот развој е како кај
нормалните деца под 3 години.Тие не успеваат да научат да зборуваат, не можат да се
оспособат за никакви активности и работи, а често не се во состојба да ги изведуваат
своите основни хигиенски и физиолошки потреби. Поради нивните изразито намалени
спсобности претстававуваат сериозен општествен проблем за секоја држава.
Надареност и талентираност
 креативноста е составен дел на надареноста, што значи дека надарените поединци
се помалку или повеќе креативни. Притоа, поединецот може да биде надарен, но
не и високо креативен, односно да постигнува високи резултати на репродуктивно
ниво (на пример, репродуктивен сликар, музичар и слично). Во тој контекст
талентиран е оној поединец кој постигнува натпросечни резултати во определена
дејност. Според тоа надарениот поединец не мора да биде талентиран, но
талентираниот секако дека е надарен, односно поединецот може да биде надарен,
но не мора да е и високо креативен, т.е може да се случи само да постигнува високи
резултати на репродуктивно ниво. Токму затоа, сметам дека сите ќе се согласиме за
тоа дека надареноста и талентираноста се појавуваат во сите сфери на човековото
живеење.
 Но како што за секоја тема од општествениот живот постојат позитивни мислења,
така постојат и негативни ставови. Во таа смисла има повеќе стереотипи за
надареноста, креативноста и талентираноста. Попознати се: да се биде надарен
значи да се биде чуден, креативноста резултира со социјално несоодветна личност,
талентираниот/талентираната лошо се адаптираат во општеството и сл. Токму
затоа јас сметам дека важна улога во надминување на ваквите стереотипи има
семејството односно родителите, посебно во растот, развојот и одгледувањето на
своите деца.
 Користена литература
 Наслов на трудот: Психологија - Автор: проф. д-р
Љупчо Кеверески
 Интернет
 Изработил
Кристина Трајкова 102597
– Студент на факултетот за информатика при
Универзитет “Гоце Делчев” -Штип

You might also like