You are on page 1of 4

Интелигенција (теории, видови, распеделба на населението)

Теориите кои ја објаснуваат интелигенцијата се делат на двофакторски (Спирман разликува Г

општ и C специфичен фактор) и мултифакторски. Според Чарлс Спирман (Spearman) првиот


фактор е нарекол Г фактор или општа интелигенција која се употребува во решавање на секој
вид задачи. Вториот фактор го нарекол C фактор или специфична интелигенција, која се користи
за извршување на некоја специфична задача.

Луис Медисон Терстон (американски психилог) покрај овие два фактора разликува седум (7)
различни фактори: S-Спацијален фактор-кој се опишува како способност за замислување на
односите во просторот; P-Перцептивен фактор-се состои во решавање на проблеми со помош на
задачите кои се наоѓаат во делокруг на видното поле; N-Нумерички фактор кој се однесува на
прости и сложени математички задачи; V-Вербален фактор кој се однесува на способноста за
разбирање на зборови; М-фактор на помнење-непосредно помнење на зборови, букви и бројки,
W-фактор флуентност кој се однесува на брзо оперирање со одвоени зборови, течност и обилност
на зборови; R-Фактор на резонирање кој се однесува на способноста да се изнајдат општите
принципи во решавањето на проблемот.

Кател (Cattell, 1971) ја поставил теоријата на два G фактори. Заедно со соработникот Хорн ја
разработиле својата концепција за двата фактори : Флуидна интелигенција и Кристализирана
интелигенција.
 Флуидната интелигенција е независна од другите специфични способности. Таа се
развива во младоста, а потоа опаѓа. Таа претставува општа способност за
перцепирање на односи, моќта за расудување, меморијата и обработка на
информаците.. Но, со учењето таа е под влијание на мотивацијата, факторите на
средината, активноста на личноста и сл.
 Кристализирана интелигенција која претставува новосоздадена способност за
извршување на сложени интелектуални задачи. Се однесува на способности и
стратегии што ги користат луѓето за да научат од искуството и да го спроведат тоа во
ситуации ,кога треба да се решат одредени проблеми.
 Флуидната интелигенција покажува опаѓање во постарата возраст, а кристалната
интелигенција останува константна, се развива со возраста, дури може и да се
зголеми во зрелота доба со процесот на учење.

*Современата теорија за видовите на интелигенција според Хауард Гарднер:

Хауард Гарднер го проширил сфаќањето на интелигенцијата, тврдејќи дека таа во себе содржи
повеќе различни способности. Поради ова тврдење неговата теорија се нарекува теорија на
мултипла интелигенција.
Тој сметал дека наместо интелигенцијата да се разбира како единствена, генерална способност, таа
треба да се сфати како комплексен систем составен од најмалку седум видови способности :

• Вербална интелигенција – се однесува на говорното изразување и вербалната флуентност


и се изразува во говорот, читањето и пишувањето ;
• Музичка интелигенција – луѓето со развиена музичка интелигенција имаат добар слух за
музика, осетливи се на аудитивни дразби од околината, човечки гласови и звуци на
инструменти ;

• Логичко-Математичка интелигенција – поврзана е со логиката и наученото мислење и


вклучува способност да се работи со апстрактни симболи, да се откриваат скриени врски и
односи меѓу појавите и односите меѓу дадените податоци и информациите ;

• Визуелно-Просторна интелигенција – способност за претставување на фигури и облици


од физичката околина, замислување на објекти и слики но и способност за претставување
на формите на други луѓе;

• Телесно-Кинестетичка интелигенција – способност за складно движење на телото,


свесност за положбата на телото и движењата и др ;

• Интраперсонална интелигенција – способност за себе-разбирање, свесност и разбирање


за сопствените емоции. Способност за саморефлексија и интроспекција и др. ;

• Интерперсонална интелигенција – способност за разбирање на другите луѓе, свесност за


туѓите емоции, ставови, потреби и др

Развојот на интелигенцијата- Многу студии докажуваат дека интелигенцијата се развива низ


целиот живот на единката, во периодот кога човекот е активен и ја користи интелигенцијата во
средината. Порано се сметало дека највисокото ниво на развој на интелигенцијата се постигнува
на возраст од 16 до 25 години. По оваа возраст, во почетокот побавно, но потоа побрзо се
забележува нејзино опаѓање. Но, фактот дека интелигенцијата по 20-тата година не се зголемува,
не треба да значи дека луѓето на постара возраст не можат да ги вршат работите успешно како
младите лица.

Најновите студии за водат кон заклучоци и ја демантираат намалената интелектуална ефикасност


кај старите лица. На пример: ако група постари лица се подложат на тест на интелигенција, ќе
видиме дека нивните просечните бодови од тестот, се малку помали од групата на млади лица.
Тоа укажува на опаѓање на интелигенцијата, но многу тестови на IQ oпфаќаат задачи кои бараат
брза реакција. Во ваквите случаи послабите перформанси на текстот на IQ, можат да бидат
предизвикани од бавноста на ,,реакцијата” (карактеристична за постарата возраст), па се чини дека
ова има многу малку или нема никаква врска со интелектуалните капацитети на постарите лица.

Настанатите промени во когнитивните способности на постара возраст, всушност ги отсликуваат


разликите меѓу флуидната и кристалната интелигенција. Односно флуидната интелигенција
покажува опаѓање во постарата возраст, а кристалната интелигенција останува константна, а во
некои случи дури и напредува.

*Емоционална интелигенција (поимот актуелизиран од Даниел Големан 1995г. од САД) -


способност за постигнување успех во животот, во професијата, во семејството и други области.
Емоционалната интелигенција претставува способност за разбирање и прифаќање на проблемите
на другите луѓе, разбирање на сопствените чувства како и чувствата на другите личности.

Карактеристики на тест на IQ: -Валидност (Ако еден тест ги мери менталните способности,
речникот или помнењето на личноста, велиме дека е валиден-го означува степенот на мерење на
еден тест); -Релијабилност (Се поврзува со способноста на субјектот да ги обезбеди истите поени и
следниот пат); -Објективност ( Тестот ќе биде објективен кога ќе се евидентираат исти поени, иако
тестот го контролира друг тестарот); -Практичност (Тестот треба да биде приспособен да се
решава лесно, а времетраењето на тестирањето да биде пократко)
*Распределба на населението според степен на интелигенција

Луис Медисон Терман (американски психолог) ги класифицирал резултатите добиени од


мерењата на интелигенцијата според Бине-Симоновата скала кај популацијата и ја дава следната
класификација:

Распон на КИ: Ниво на интелигенција

140 и над Многу висока,врвна,генијалци

120-140 Многу висока

110-120 Висока

90-110 Просечна,нормална

80-90 Потпросечна, ниска гранични

70-80 Потпросечна, ниска тапи

0-70 Слабоумност, изразена заостанатост

Најголемиот број луѓе поседуваат КИ од 90-110 односно просечна интелигенција. Врвна


интелиденција поседуваат 1-2% од населението , а бројот на интелектуално попречени лица со
коефициент под 70 КИ е околу 2-3%.

Категоризација на лица со попреченост во психичкиот развој


Според Светската здравствена организација интелектуалната попреченост во вкупната човечка
популација се среќава 1-3% кај населението (докажано со бројни мерења на КИ и други
испитувања во оваа област).

*Етиолошките фактори можат да бидат: биолошки, психо-социјални или комбинација помеѓу нив.
*Предиспонирачките фактори можат да се класифицираат на: 1.Наследство (грешки во
метаболизмот); 2.Засегање во ембрионалниот развој (хромозомски промени) 3.Бременост и
перинатални потешкотии (фетални малформации, недоносеност, инфекции на плодот и сл.);
4.Општа здравствена состојба (стекната во период на доенче и дете); 5.Влијание на средината и
други психички растројства (слаба исхрана,социјални стимулации сл.)

*Според новата класификација приложени се следните категории на понизок количник на


интелигенција :

-количник меѓу 70-85 се гранични случаи и припаѓаат на редовно школување;

-количник меѓу 51-70 се лица со лесна попреченост во психички развој ;

-количник меѓу 36-50 се лица со умерена попреченост (стекнуваат навики и се грижат за основни
потреби);
-количник меѓу 21-35 се лица со тешка попреченост на психички развој ( не се во состојба да
извршуваат елементарни навики); -количник под 20 се лица си најтешка попреченост во психички
развој (зависни од околината).

You might also like