You are on page 1of 15

[Type the company name]

„Интелигенцијата и склоноста кон криминал“

[Type the document subtitle]

User
[Pick the date]

[Type the abstract of the document here. The abstract is typically a short summary of the contents of
the document. Type the abstract of the document here. The abstract is typically a short summary of
the contents of the document.]
ВОВЕД

Интелигенцијата претставува ментална карактеристика која ја сочинуваат неколку


различни способности, а тоа се пред се: учење од искуство, прилагодување на новите
ситуации и нивно разбирање, како и способност во новите околности да се применат
предходно стекнатите знаења, а истовремено снаоѓањето во нив да биде брзо и
делотворно. Накратко, интелигенцијата се дефинира како способност за брзо разбирање,
умствена надареност, бистрина и разум. Интелигенцијата е способност за прилагодување
на промени, а германскиот писател Бертолд Брехт истакнал дека „интелигенцијата не е
во тоа да не правиме грешки, туку што поскоро да увидиме како да ги претвориме во
нешто добро“.
Дали интелигенцијата сама по себе е доволна за успех и остварување на животните
цели? Одговорот на ова прашање најреално го одговорил сликарот Салвадор Дали кој ја
напишал мислата: „Интелигенцијата без амбиции е како птица без крилја“. Тоа би
значело дека ако интелигентниот човек не вложува труд со својата интелигенција да
постигне нешто, не може да биде задолжително успешен во животот. Сепак, ако
интелигенцијата може да биде темел и/или помошно средство за успех, таа не е магично
стапче со помош на кое би се постигнал успехот, туку потребни се волја и мотивација,
учење и напредок, упорност и истрајност во сето тоа.
Криминал е поим со кој се опишуваат дејствија со кои се кршат законски норми и
правила. Овој поим во модерното казнено право нема едностацна и универзално
прифатена дефиниција, а најпопуларното гледиште е дека криминалот е категорија
формирана со закон. Една од предложените дефиниции е дека криминалот е чин кој е
штетен не само за лицето кое го врши, туку и за заедницата, општеството или државата.
Науката која се занимава со проучување на криминалот се нарекува криминологија,
додека науката која ги проучува методите против криминалот, се нарелува
криминалистика. Целокупната криминална работа на некое подрачје се нарекува
криминалитет. Казнените или кривичните дела се пропишани во кривичен закон.
Обележја на казненото дело се: извршувањето или однесувањето на поединецот и
последиците предизвикани со неговото однесување; содржината на казненото дело или

1
предвидени санкции за извршеното кривично дело; противправност; кривица; посебни
претпоставки за казнивост.
Како што може да се забележи во овој воведен дел, во оваа семинарска работа ќе
стане збор за интелигенцијата и криминалот, односно ќе се обидеме на еден експлицитен
начин да ја објасниме интелигенцијата и склоноста кон криминалот, при што ќе дадеме
објаснување за видовите на криминал, на кој начин интелигенцијата има поврзаност со
вршењето на кривични дела, за на крај да дадеме преглед на најозлогласените
криминалци во историјата, кои извршиле тешки кривични дела и да дадеме заклучок со
свое видување поврзано со насловот или темата на овој семинарски труд.

2
1. ВИДОВИ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И КРИМИНАЛ

Во денешното современо опкружување и наука, интелигенцијата е карактеристија


која преку соодветни тестови може да се измери, а резултатот од тестовите е означен
како IQ количник или коефициент на интелигенција. За да бидат резултатите од тестот
релевантни, неопходно е тие да бидат прилагодени на возраста и популацијата, и пред се
да бидат стандардизирани. Генерално, коефициентот на интелигенција се пресметува
според формулата: IQ = MV (ментална возраст) / KV (календарска возраст) X 100. Уште во
1946 година во Англија е основано здружение каде членуваат натпросечно интелигентни
луѓе – МЕНСА1, кое здружение денес е меѓународна организација со над 50 национални
МЕНСА здруженија насекаде во светот и околу 100 000 високо интелигентни членови во
повеќе од 100 земји од светот.
Постојат повеќе видови на интелигенција, а поделбата прв ја направил
американскиот психолог Хауард Гарднер, според кого секој поединец поседува сопствени
слабости и силни страни, врз основа на кои се формираат димензиите на повеќестраната
интелигенција. Така, тој во својата книга „Рамка на размислување“, тој ги истакнува
следните 9 вида на ментални способности кај човекот, односно видови на интелигенција:
 Вербално – лингвистичка или јазична интелигенција – подразбира способност
за добро усмено и писмено изразување, но и добро помнење. Лицата кои
имаат изразена ваква интелигенција често покажуваат склоност и љубов
спрема книжевноста, било како писатели, читатели, новинари, адвокати или
предавачи. Благодарејќи на овој вид интелигенција, овие лица умеат даден
проблем детално и јасно да го објаснат;
 Логичко – математичка интелигенција – подразбира изразена способност за
апстрактно и логичко размислување, а посебно е развиена кај математичарите,
сметководителите, програмери, економисти, инжинери, лекари и сл.;

1
МЕНСА е најстаро и најголемо меѓународно здружение на високоинтелигентни луѓе. Основен и единствен
услов за приклучување е поединецот да има коефициент на интелигенција повисок од 133 според
Бинеовата скала, односно 148 според Кателовата скала.

3
 Визуелно – просторна интелигенција – подразбира развиена способност за
размислување и учење со помош на слики, при што луѓето лесно набљудуваат,
гледаат, ги забележуваат и помнат сликите, и тие полесно објаснуваат нешто
каде се наоѓа цртајќи мапа, отколку тоа да го кажат со збор (тука се вбројуваат
сликарите, фотографите, дизајнерите, архитектите, интерес кон филм,
сложување сложувалки и сл.);
 Телесно – кинестетска интелигенција – овие лица лесно помнат движења,
уживаат во различни видови игри, спортски активност, имаат вешти раце и
нозе, така што лесно манипулираат со своето тело (тука се истакнуваат
спортистите, правење накит, плетење, сликарство, вајарство, изработка на
макети, поправка на апарати за домаќинство и сл.);
 Музичка интелигенција – овие лица имаат способност за лесно препознавањее
и помнење на музички обрасци, ритам, тон, мелодии, а не им е тешко и да
препознаат звук од различни инструменти;
 Интерперсонална ителигенција – подразбира способност за воспоставување
добар однос спрема други луѓе и спрема себе си, што всушност значи дека овие
лица лесно го увидуваат и разбираат туѓото однесување, имаат способност да
ги гледаат постапките на другите од различна перспектива и обично не грешат
во проценката на нечии желби, намери и склоности (лесно остваруваат
контакти со други лица, комуникативни се, лесно решаваат конфликти, ја
инспирираат околината на различни активности, умешни се во организација,
имаат развиена емпатија);
 Интраперсонална интелигенција – таа е спротивна на интерперсоналната
интелигенција, а карактеристика на овие личности е што тие имаат јасна и
целосна слика за себе, свесни се какви е и кои се, кои се нивните доблести и
недостатоци, желби и можности. Овие луѓе често длабоко и темелно
размислуваат во тишина и смаотија, а стануваат добри филозофи, писатели,
теоретичари и сл.;

4
 Натуралистичка или природна интелигенција – тоа ментална карактеристика на
луѓе кои имаат силна врска со природата и тежнееат кон живот со согласност со
неа и кај нив има силно развиена свест за потребата од зачувување на
животната средина и имаат развиена еколошка свест (еколози, биолози,
градинари, земјоделци, но и сите љубители на природата);
 Егзистенцијална или духовна интелигенција – овие личности имаат склоност
кон размислување на комплексни проблеми, прашања кои се комплексни за
разрешување и слично.
Сакајќи да ја најдеме поврзаноста помеѓу интелигенцијата и склоноста кон
криминал, во продолжение ќе ги наведеме видовите на истиот, за потоа да продолжиме
кон подетално објаснување на конекцијата и корелацијата помеѓу овие два поима, кои кај
поединецот се јавуваат како состојба и како однесување. Оттаму, како видови на
криминал ќе ги наведеме следните: сајбер криминал, убиства, киднапирање, заробување,
рекетирање, подмитување, кражба, проневера на финансиски средства, разбојништво,
подметнување пожар, прикривање данок, уцена, сексуално злоставување – силување,
фалсификување предмети и пари, измама, кражба на идентитет, воени злосторства итн.

2. ПОВРЗАНОСТ ПОМЕЃУ ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА И КРИМИНАЛОТ –


МИНАТИ И НОВИ ИСТРАЖУВАЊА
Во текот на повеќе од еден век се правени истражувања и се истакнати докази кои
упатуваат на тоа дека интелигенцијата е поврзана со криминалитетот. Многу истражувачи
ја нагласуваат важноста помеѓу интелектуалното функционирање и деликвенцијата.
Раните истражувања на оваа тематика ги започнал Годард во 1920 година, кој го
применил Бине – Симоновиот тест на интелигенција на поголем број деликвентни деца и
малолетници во САД, резултатите од остражувањето покажале дека 66% од испитаниците
се со просечна и подпросечна интелигенција. Се верувало дека интелектуална
попреченост (ментална ретардација) кај најголем број поединци е причина за вршење на
некој вид кривично дело.

5
Манхејм во 50-тите години на минатиот век дошол до заклучок дека предходно
спроведените истражувања погрешно ги доведувале во поврзаност менталната
ретардација и криминалитетот, сметајќи дека таа е причина за криминалот. Во истиот
период Ист на примерок од малолетни деликвенти пронашол учество од 3,5% од
малолетниците дека се под просечна интелигенција. Тој на примерок од 283 ментално
ретардирани лица дошол до податок дека 22,6% од нив извршиле сексуални деликти,
така што заклучил дека овој вид на криминал е 10 пати почест во однос на насилничките
деликти.

Студиите на подрачјето на криминологијата кои се однесуваат на поврзаноста


помеѓу криминалот и интелигенцијата се насочени и кон истражување на криминалната
генеза на семејството и ниската интелигенција. Таквите студии се наречени „дегенерички
семејни стебла“, а како пример може да се наведе студијата која ја спровел Дагдејл, кој
во 1877 година ја објавил студијата за семејното стебло на семејството Џукс. При описот
на семејното стебло 200 години наназад пронашол дека членовите на ова семејство биле
склони кон антисоцијално однесување. Ова негово истражување имало влијание врз
јавното мислење во САД, пришто се барало издвојување и елиминација на ваквите
семејства.
Уште една ваква студија направил Годард во 1912 година за семејството Каликакс.
Тој собрал податоци за шест генерации од ова семејство, па дошол до сознание дека во
семејството менталната ретардација е наследна, а исто така спровел истражувања и
тестирање на интелигенцијата меѓу затворениците, при што дошол до податок дека околу
70% од нив се слабоумни.

6
Аргументите во однос на поврзаноста помеѓу ниската интелигенција и криминалот
се наведуваат во насока на тоа дека тоа се доживува како награда, што од друга страна се
однесува на импулсивното вршење на кривични дела, без премногу планирања, односно
кривичното дело е извршено поради моментално задоволување на некоја потреба.
Вообичаено се работи за имотни деликти, кражби во продавници и сексуални деликти.
Ниската интелигенција според овие аргументи ја вклучува и слабата способност за
апстрактно мислење, а тоа пред се се однесува на изборот помеѓу тоа што е исправно или
погрешно однесување.
Понови истражувања се вршени од страна на Милиќ (2005) и Ковачевич со
соработниците (2008). Податоците кои се добиле на 34 испитаници со дијагноза ментална
ретардација се следни:
- 41,18% извршиле кривични дела портив имотот (кражба и тешка кражба),
- 29,41% извршиле кривични дела против животот и телото (убиства и
нанесување на тешки телесни повреди),
- 20,59% извршиле сексуални кривични дела (силувања, егзибиционизам),
- Двајца извршиле кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот,
- Еден подметнување на пожар и
- Еден сериозна закана како кривично дело.
Овие и други истражувања вршени последниве 20 години од новиот век покажале
дека лицата со интелектуална попреченост најчесто вршеле кривични дела против
имотот, против животот и сексуални деликти. Но ако ја погледнеме поновата статистика,
се воочува дека процентот е значајно намален во однос на извршителите на кривични
дела со ниска или подпросечна интелигенција, односно врската помеѓу интелигенцијата и
криминалот не е така недвосмислена како порано. Утврдено е дека во криминалот се
вклучени лица од сите нивоа на интелигенција, а правовременото откривање на податоци
за стореното кривично дело го отежнува откривањето на сторителите, со оглед дека
станува збор за високоинтелигентни лица.

7
2.1 ОДНОСОТ ПОМЕЃУ КРИМИНАЛОТ И ЛИЧНОСТА НА ПОЕДИНЕЦОТ
Неколку автори имаат направено поврзаност помеѓу личноста и криминалот, а
еден од нив е криминлогот Хајнс Ајзенк2, според кого криминалното однесување е
последица на неуспехот во стекнување на морална совест. Според него, постојат следните
типови на криминални ликови:
 Екстраверзија – тоа екстровертни личности кои имаат ниско ниво на кортикална
активација, што ги доведува до постојано барање на стимулација;
 Неуротицизам – станува збор за емоционално нестабилни личности кои имаат
потешкотии во кондиционирањето, бидејќи интензивно и трајно реагираат на
стресни тригери;
 Психотизам – тука станува збир од непријателски и агресивни однесувања на
ниво на меѓучовечка комуникација, што не треба да не чуди дека лицата со
високи оценки во оваа темпераментна димензија најчесто почнуваат казнено
однесување, кое повеќе е насилно и повторувачко. Слично како и
екстраверзијата, психотицизмот е поврзан со потребата за континуирана
стимулација, односно изразување на импулсивност и потрага по сензација;
 Импулсивност и ниска самоконтрола –тоа се луѓе кои имаат проблем со
одложување на задоволството;
 Ниска емпатија – знаеме дека емпатијата е способност за разбирање и
поистоветување со емоциите и когнитивната содржина на другите, но колку е
пониско нивото на емпатија, толку е помала емоционалната грижа за жртвата.
Многу истражувања покажале дека постои поврзаност помеѓу психолошките и
биолошките карактеристики на личноста како дел од самата интелигенција и криминалот.
Меѓу нив, посебно се истакнуваат следните: полот на личноста, нискиот вербален
коефициент на интелигенција, хиперактивноста и импулсивноста, агресивноста,
изложеноста на насилство и виктимизација, злоупотреба на дрога и сл.
Со цел да се пронајде специфична поврзаност помеѓу интелектуалните
способности и извршителите на кривични дела, истражувачите користеле де различни

2
Ханс Ајзенк (германски: Hans Eysenck; (4 март 1916 - 4 септември 1997) — германско-англиски психолог,
приврзаник на бихевиоризмот и истражувач на личноста.

8
мерки за IQ: првата била невербалната, а втората вербалната интелигенција. Моф (1988)
невербалната интелигенција ја мерел со невербален тест на внимание, рачно изработен
со конструкции и со сложување на сложувалка. Вербалната интелигенција ја мерел со
тестови за генерално фактичко знаење, апстрактно резонирање, арутметички способности
и речник. Резултатите покажале дека извршителите на кривични дела имаат невербален
резултат ист или сличен како општата популација, додека вербалниот резултат бил нешто
понизок. Според овие податоци, поголема важност постои во поврзаноста на
криминалното однесување и вербалните интелектуални способности, отколку поврзаност
со останатите видови на интелигенција.
Досегашните толкувања појасно објаснување даваат при толкување на значењето
на интелигенцијата, посебно на вербалната, во насока на текот на социјализација во
детството на самиот поединец. Тоа е така бидејќи социјализацијата на децата вклучува
континуирана вербална комуникација и усвојување на апстрактни симболи. Од тие
причини, децата со сиромашни вербални и когнитивни вештини, имаат големи
потешкотии во комплетирањето на социјализаторскиот процес, што ги доведува во ризик
при својата самоконтрола, антисоцијално однесување и непостоење на стимулативна
средина за развој на интелигенцијата. Емпириските истражувања ја поддржале оваа
развојна хипотеза, особено во силната корелација помеѓу вербалната IQ и криминалот.
Истражувањата фокусирани на социјално – когнитивниот дефицит имаат
идентификувано разлики во тоа како агресивните деца ги препознаваат и просецираат
информациите, вклучувајќи и атрибуција на непријателските намери и недостаток за
решавање на социјалните проблеми (Хуесман и соработници, 1984; Лохман и Додге,
1994). Децата кои се често изложени на насилство покажуваат тенденција да станат
хипервигилни и реагораат агресивно на претпоставено непријателство од всниците или од
некој авторитет, а овие деца не можат да имаат контрола врз сопствените реакции во
ситуации кога се чувствуваат заплашени или злоупотребувани.
На крај, објаснувањето за поврзаноста помеѓу личноста и нејзиниот IQ со
криминалот во однос на образовниот процес како хипотеза има големо значење, при што
емпириски е најчесто прифатена. Резултатите на Моф и неговите соработници (1981)

9
зборуваат за значењето на негативната корелација помеѓу децата со низок IQ и нивното
деликвентно однесување, со нивните слаби вербални способности, што за нив
претставува ограничување во добивањето признание во училишното опкружување. Се
нагласува дека децата со послаб училишен успех, со слаба насоченост кон училишните
постигнувања и ниско ниво на едукација, се наоѓаат во поголем ризик да се приклонат кон
деликвентно однесување и вршење на кривични дела.
Според Американската психолошка асоцијација (American Psuchological Association
- APA), корелацијата помеѓу криминалот и IQ е значајна, но сепак е ниска денес, а тоа
покажува дека, во просек, луѓето кои вршат кривично дело се нешто помалку
интелигентни од оние кои тоа не го прават, а исто така се повеќе сторители на кривични
дела тешко се откриваат за стореното кривично дело или истото се потешко може да се
докаже во судска постапка.

10
НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК – 10 НАЈИНТЕЛИГЕНТНИ СЕРИСКИ УБИЈЦИ
Основното прашање кое во криминолошките студии се поставува а е поврзано со
нивото на интелектуално функционирање е: дали лицата со пониско IQ повеќе вршат
кривични дела, односно дали IQ и криминалот се во негативен асоцијативен однос. Многу
истражување покажале позитивен одговор на ова прашање, но сепак не е секогаш така.
Тоа го има потврдено истражувањето на Шутер и Ланд во 1931 година кои за
истражување земале два репрезентативни примерока на сторители на кривични дела и
оние кои не извршиле никаков криминал. На тестовите за мерење на IQ се покажале
приближно исти резултати кај двете групи, со што се заклучило дека интелигенцијата не е
воопшто важна причина за деликвенција и криминал.
Просечниот IQ на сериските убијци е 94,7, што спаѓа во просечен резултат, но многу
од нив имаат далеку повисок IQ. Ова низ историјата се потврдило преку т.н. зли гении,
односно 10-те најинтелигентни сериски убијци во минатото. Во продолжение следува
нивно прикажување:
 Џон Кристи = роден во Јокшир, Англија на 08.04.1899 година. Тој убил 8 жени.
Лешевите ги чувал во својот дом, а едно од телата дури и го криел под подот.
Бил добар студент, со IQ 128, што е над просек. Од британската војска дури
добил и стипендија за школување;
 Едмунд Кемпер = роден во Бурбанк, Калифорнија на 18.12.1948 година. Кога
имал 15 години бил уапсен бидејќи со пиштол си ги убил бабата и дедото, но на
21 година бил ослободен. Имал убиено и масакрирано 6 девојки на колеџ, а во
1973 година ја убил и својата мајка и го задавил нејзиниот најдобар пријател.
Покрај менталното пореметување, тој е речиси гениј со IQ од 138.
Интелигенцијата ја искористил за излегување од менталната установа, така што
го прелажал лекарот на тестот за отпуст, помнејќи ги сите одговори;
 Тед Банди = роден на 24.11.1949 во Барлингтон, Вермонт, кој на прв поглед
изгледал шармантно и симпатично. Позади таквиот физички изглед се криел
ладнокрвен убиец. Точниот број на жртви не е потврден, а се смета дека убил
36 жени, а најмладата имала само 12 години. При тестирањето неговиот IQ бил

11
136. По образование бил психолог, а користејќи ја менталната способност,
жртвите ги намамувал лажејќи ги дека е полицаец;
 Кристен Гилбер = родена на 13.11.1967 година во Фол Ривер, Масачусетс. Кога
се вработила во медицинскиот центар за ветерани, биле пријавени многу
смртни случаи во нејзината смена. Утврдено е дека била виновна за 4 од нив,
предизвикувајќи им срцев удар со инјектирање на епинефрин. Во училиште
била одличен ученик и дипломирала речиси две години пред другите, со IQ
137;
 Џорџ Расе Јуниор = роден во април 1958 година. Уште како тинејџер покажувал
насилно однесување и социопатија, и иако го напуштил училиштето бил многу
интелигентен и го сметале за надарен ученик, дури некое време работел и во
полиција. Развил омраза кон жени и 3 убил брутално;
 Ендрју Канана = роден 31.08.1969 година во Калифорнија. Убил пет луѓе, меѓу
кои и познатиот дизајнер Џани Версаче. Имал IQ 147 и го сметале за гениј, а во
училиште бил одличен ученик, имал фотографско помнење и зборувал 7
јазици;
 Керол Едвард Кол = роден на 09.05.1938 година во Ајова. Живеел со
проблематична и агресивна мајка, па поради омразата кон неа, задавил 13
жени и убил 35 кои го потсетувале на неа. Имал IQ 152 на 14 години;
 Шарлин Вилијамс = родена на 10.10.1956 година во Калифорнија. Иако
нејзиниот сопруг убивал таа учествувала во киднапирање и силување на 9 жени
и еден маж, а некои од нив биле 13-годишни девојчиња. била неверојатно
интелигентна жена со IQ 160, имала фотографско помнење и била маестро на
виолина;
 Родни Алкала = роден на 23.08.1943 година во Тексас. Убил 8 жени, но се
верува дека неговите жртви се над 100. Познат е како убиец на игра со
спојување на парови, кој прекар го добил со учесто на истоимено ТВ шоу каде
што победил. Имал IQ 160, бил гениј, најдобар ученик во генерацијата, свирел

12
клавир, имал многу пријатели и одел на академијата за ликовни уметности во
Њујорк;
 Тед Кацински = роден на 22.05.1942 година во Чикаго. На своите жртви им
испраќал бомби, а жртвите воглавно му биле професори. За период од 20
години повредил 23 лица, а убил 3. Во петто одделение на тестот за
интелигенција неговиот IQ бил 167, односно бил гениј, прескокнал неколку
одделенија, бил во разни училишни секции, како шах, биологија, германски
јазик и математика. На 16 години добил стипендија за на Харвард, а после
дипломирањето станал доктор по математика на Универзитетот во Мичиген и
работел како професор на Универзитетот во Веркли, Калифорнија.

13
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. Bradley, R. E. (2002). Intelligence and Crime. Encyclopedia of Crime and Justice.


2. Erickson, M. H. (1928). A Study of the Relationship Between Intelligence and Crime. 19.
Am. Inst. Crim. L. & Criminology 592.
3. Moff t, T. E., Gabrielli, W. F., Mednick, S. A., Schulsinger, F. (1981). Socioeconomic
status, IQ, and delinquency. Journal of Abnormal Psychology, vol. 90 (2), 152-156.
4. Murchison, C. (1926). Criminal intelligence. Oxford, England, Clark University.
5. Prentice, N. M., Kelly, F. J. (1963). Intelligence and delinquency: A reconsideration. The
Journal of Social Psychology, Vol. 60 (2), 327-337.
6. Farmer, Lindsay (2000). „Reconstructing the English Codification Debate: The Criminal
Law Commissioners, 1833-45”. Law and History Review 18 (2).
7. Cohen, Stanley (1985). Visions of Social Control: Crime, Punishment, and Classification.
Polity Press. ISBN 0-7456-0021-2
8. http://www.psiholjub.com/nauka/u-kakvom-su-odnosu-inteligencija-i-kriminalitet/
9. https://hr.sainte-anastasie.org/articles/psicologa-forense-y-criminalstica/delincuencia
personalidad-e-inteligencia-cmo-se-relacionan.html
10. https://samoobrazovanje.rs/sta-je-inteligencija/

14

You might also like