You are on page 1of 6

 ТЕМПЕРАМЕНТ И

КАРАКТЕР
ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И СПОСОБНОСТИ
• Темперамент
• Темпераментот е психички својство на личноста што се пројавува во динамиката на нејзината дејност.
Динамиката се изразува преку брзина, сила, траење и начин на манифестирање на реакциите кај човекот.
• Грчкиот лекар и филозоф Хипократ го воочил различните видови на темперамент. Во тоа време се
сметало дека врз начинот на човекото реагирање пресудна улога има преовладувањето на определена
течност во организмот : жолчка, крв, црна жолчка, слуз.
• Така според старогрчките и латинските имиња на овие течности се определени и називите на видовите
темпераменти кај човекот: колерик (hole-жолчка), сангвиник (sanguis-крв), меланхолик (melaine hole-црна
жолчка) и флегматик (flegma-слуз).
• Оваа претпоставка на Хипократ не е докажана, но имињата на темпераментите останале. Денеска се
знае дека темпераментот зависи од дејствувањето на вегетативниот нервен систем, жлездите со
внатрешно лачење и некои делови од ЦНС (централен нервен систем).
• Според Хипократ видовите темпераменти се:
*Колерик (hole - жолчка), човек со брзи реакции и силни емоции кои траат долго. Често основна емоција е
лутина, гнев и раздразливост. Брзо пламнува (силно чувство кое трае долго), и е нерасположен. Поради својата
екстравертна природа, чувствата се ориентирани кон надвор и кон другите луѓе.
*Сангвиник (sanguis - крв) е човек кој реагира брзо, но кај него емоциите се слаби и не траат долго. Може брзо да
избувне, но и брзо да се смири. Основна емоција тука е веселост и оптимизам. Претежно своите чувства ги
манифестира видливо и екстравертно, и лесно воспоставува контакти со многу луѓе.
*Меланхолик (melaine hole- црна жолчка) е човек кај кој емоциите се развиваат многу бавно, но кога ќе се појават
тие се силни и долготрајни. Основна емоција кај човекот е тага и песимизам. Емоциите тука не се манифестираат
надвор, и се главно се свртени кон себе (интровертност).
*Флегматик (flegma - слуз) е човек кој реагира бавно, и со слаби реакции. Тука емоциите претежно траат кратко.
Основната емоција е рамнодушност. Човекот не ги манифестира надвор емоциите и главно е интровертен.
• Важноста на темпераментот
• Мошне е важно рано утврдување на особеностите на темпераментот и усогласување на интересите за
професионален развој кај младиот човек. Да се најде работа која ќе одговара на темпераментот на поединецот
• Карактер
Карактерот претставува сложена психичка организација од најразлични психички процеси,состојби и особини, што се одразуваат во
однесувањето на личноста.
Карактерот ги означува најважните карактеристики кај човекот, кои се однесуваат на волјата и моралното однесување. Кога проценуваме
некоја личност во однос на карактерот, велиме дека таа личност е вредна, се однесува убаво, соработува со останатите поединци и слично .
 Карактерните особини на човекот може да се групираа:
1. Според односот кон работата, човекот може да биде активен, одговорен, креативен, мрзелив,иницијативен.
2.Според односот кон другите луѓе, човекот може да биде: отворен, пријателски настроен,себичен,агресивен,мирољубив,љубезен.
3. Според односот кон себе, човекот може да биде: чесен, скромен, достоинствен, самоуверен, сигурен, несигурен во себе.
4.Според односот кон животната и работната средина , човекот може да биде : одговорен, неодговорен, се грижи за чиста животна
средина,дисциплиниран, внимателен, се грижи за општествениот имот и слично.
 Развој и воспитување на карактерот
Развојот на личноста претставува пред се процес на формирање и равој на нејзиниот карактер. Карактерот се формира во процесот на
практичната дејност на човекот, при што општествената средина и правилата на однесување имаат огромна улога.
 Постојат општи и индивидуални црти на карактерот:
- Општите црти се формираат под влијание на општествената средина ( системот, општа култура, условите).Општи карактерни црти се:
морал, свест, патриотизам, колективизам
- - Индивидуални црти на карактерот се јавуваат кај самата личност, и зависат од условите на живеење( образование, воспитување,
активноста на личноста ).
• Карактерот во текот на животот може да се менува и развива. Воспитувањето има огромна улога при формирање на карактерот
• Способности
Способноста е такво својство на личноста, кое овозможува брзо, ефикасно и успешно совладување на некоја
задача, цел или активност.
Способноста е наследна и зависи од генетските фактори (наследството) , меѓутоа развојот на способноста е
под влијание на општествената средина (воспитувањето), и од активноста на самиот човек.
*Критериуми врз основа на кои способностите се разликуваат се:
1.Според општоста-способностите се делат на општи и специфични. Општи се оние што овозможуваат
успешно вршење на голем број разновидни дејности. Специфични се оние што овозможуваат успешно
вршење на некоја специфична или конкретна активност (математика,физика,хемија, музика,јазици).
2.Според тоа на кои психички процеси и особини се базираат, способностите можат да
бидат:моторни,перцептивни и интелектуални.
Моторните се однесуваат на работата на мускулите (спретност на прсти, раце, нозе, ракување со
инструменти, машини). Перцептивните спобности се однесуваат на работата на сетилата.
Интелектуалните способности се однесуваат на сознајните процеси:учење, помнење, мислење.
3. Според степенот на развиеност на способноста се разликуваат надареност, талент и генијалност.
Надареноста претставува поседување способност, врз основа на која поединецот поседува предиспозиција да постигнува исклучително високи резултати
во едно или во повеќе подрачја на човековата дејност. Талентот претставува повисок степен способност во една потесна област (математика, физика,
танц, музика) и всушност е диспозиција, која треба да се развива со упорна работа (на пример страст кон балет).
Генијалноста претставува највисок степен на поседување способност. Подразбира изведување на вешта и оригинална човекова дејност (пронајдоци).

• Интелигенција
Во основата на сите интелектуални способности лежи еден општ интелектуален фактор генерален ,,Г’’-фактор, наречен општа интелигенција, или
интелигенција. Постојат и специфични интелектуални способности, и се однесуваат : вербална, нумеричка, способност за меморија, резонирање,
расудување.
Интелигенцијата се дефинира како способност за снаоѓање во нови ситуации или способност за увидување на битни карактеристики на проблемот, при
што старите знаења не можат многу да помогнат доколку не се искористат на нов начин.
*Мерење на интелигенција
Психологот Бине и лекарот Симон барале начин за селекција на деца кои се подготвени и способни да следат настава, па го составиле првиот научен тест
за мерење интелигенција. Основниот принцип на тест за интелигенција се состои од тоа да испитаникот добива разни задачи , вербални (користат
јазик) и невербални (користат разни други знаци), и од него се бара во определено време да се реши што е можно повеќе.
• Врз основа на бројот на решени задачи се определува умствена возраст ( како размислува детете, дали решава задачи и за постара возраст) и
календарска возраст (возраста на детето). Кога ќе се употребат во формулата за пресметување на интелигенција, ќе се добие количникот на
интелигенција за соодветното дете.

• Вредности и ограничувања
Тестовите на интелигенција имаат голема вредност, треба да се употребуваат внимателно и од страна на обучени лица, бидејќи постојат ограничувања при
интерпретација на резултати. Самата општествена средина и пошироката култура во која човекот живее влијае на постигнатите резултати на тестот.

You might also like