You are on page 1of 4

Психологијата претставува научно проучување на однесувањето и менталните

процеси,каде се клучни три елементи:


• Обезбедување научни знаења со примена на систематските објективни
методи(експеримент и опсервација),
• Проучување на однесувањето (постапки,ставови чувства, перцепции,судови),
• Проучување на разумот-умот (свесен и несвесен)
Во 1879 година официјално се одбележува основањето на психологијата како наука,со
отварањето на првата психолошка лабораторија за проучување на умот, на
универзитетот во Лајпциг (Германија), од страна на психологот Вилхелм Вунт.
Структурализам ги проучува базичните елементи на свеста (америк.психолог-Тичинер),
• Функционализам ја нагласува функцијата на свеста (Вилијам Џејмс),
• Бихејвиоризам го проучува надворешното поведение (Џон Вотсон),
• Гешталтизам психолошките феномени да се посматраат во
целина (гешталт) а, не збир на составни делови (Макс Вертајмер),
• Психоанализа ја проучува несвесната мотивација на човековото
однесување (Зигмунд Фројд)
Теоретски
Ги истражува основните факти за психичкиот живот,
доживувањето и однесувањето, поврзани со принципите и
законитостите на јавување на одделни психички појави
Применети - апликативни
• Ги проучува можностите за примена на психолошките
сознанија во секојдневниот живот со цел подобрување на
квалитетот на животот.
Применети – апликативни дисциплини
• - Спортска психологија Ги проучува психолошките / менталните фактори кои
влијаат на перформансите во спортот
• - Сообраќајна психологија Ја разгледува врската помеѓу психолошките
процеси и сознанија и вистинското однесување на корисниците на патиштата
• - Воена психологија вклучува истражување за класификација, обука и перформанси на
војниците
• - Педагошка психологија Се занимава со проучување на прашањата
поврзани со воспитно-образовниот процес
• - Медиумска психологија Се фокусира на интеракцијата на човекот и влијание со
медиумите и технологијата.
• - Здравствена психологија Проучува како наследството , однесувањето и социјалниот
контекст влијаат врз здравјето и болестите.

Спортската психологија е научна дисциплина која го


проучува психичкиот живот и однесувањето на
спортистот за време на спортска активност.
Психичкиот живот на човекот па отука и на
спортистот, го чинат психичките појави, кои можат да
бидат:
• психички процеси
• психички состојби
• психички особини
Психичките процеси претставуваат на еден начин врска меѓу човекот и непосредната
средина која постојано влијае на човекот.Тој ги прима и одработува сите информации
кои доаѓаат од средината на интелектуален начин, давајќи соодветен одговор на
истите и тогаш имаме процес.
Психичките процеси можат да бидат:
когнитивни или сознајни (учење,помнење,мислење и говор)
мотивациони (во чија основа е мотивацијата)
емоционални (во чија основа се емоциите)
Психичките состојби го одразуваат текот на
психичките процеси. Во психички состојби спаѓаат:
-замор (одмор),
-внимание (расеаност),
-емоционална возбуденост (вознемиреност) итн.
Психичките особини се релативно трајни
карактеристики на личноста.
Во психички особини спаѓаат:
-темперамент,
-карактер,
-способности,
-ставови,
-интереси,
-телесна конституција
Спортската психологија има за задача да го проучува влијанието на психичките
процеси врз спортските активности
Спортската психологија како задача има и проучување на влијанието на спортските
активности врз психичките процеси.
Истражувач (што ги мотивира учениците да учествуваат во училишен спорт
Предавач (едукатор) - организира курсеви и програми како рекреативна и здравствена
психологија,социјална психологија на спортот итн.
Консултант (советување) кое може да биде индивидуално или групно на спортските
екипи, со цел да ги развијат психолошките вештини за зголемување на компетативната
(натпреварувачка) перформанса и тренирањето.

За време на тренинг се обидуваш да научиш нова техника или


вештина (тоа е процес на учење). За да бидеш што повеќе
продуктивен, врз тебе има влијание твојата моментална психолошка
состојба (внимание, расеаност). Исто така и карактеристиките на
личноста (темперамент, карактер,ставови, интереси и сл.) имаат
влијание на процесот учење.

Фактори на психичкиот развој на единката


• Наследството
Носители на наследството се гените и хромозомите во кои имаме одредени наследни
диспозиции, Не се наследуваат готови способности, туку само диспозиции за нивното
јавување. Се наследува: Телесната конституција, нервниот систем, ендокриниот систем
• Средината
• Влијанието на социо-економските и културните аспекти
• Семејството – стилот на воспитување, социо-економскиот статус,
вредносниот систем, културата
• Училиштето и другарите
• Општествената заедница со системот на вредности
• Природната средина, ресурсите и опкружувањето
• Активноста на единката
Развитокот на секоја посложена особина и способност бара интензивна свесна
активност на индивидуата.
• Активноста се карактеризира преку:
• ИГРАТА
• УЧЕЊЕТО
• РАБОТАТА

Под поимот спорт се подразбират најразлични моторички активности од променлив и


динамичен карактер, каде на посебен начин се
изразуват спортските способности, особините и знаењето за време на тренинг и
натпревар.
Се разликуват четири главни видови на спoртска активност:
- развоен спорт физичкото воспитување во
училиштата е главна компонента на
развојниот спорт кој оди во насока на
индивидуален напредок на ученикот
- рекреативен спорт Рекреативниот спорт претставува спорт кој овозможува
континуитет во одржување на психо-физичките способности на поединецот, на едно
оптимално ниво,преку рекреација
- стандарден спорт е и постојана
секундана активност на поединецот,за што тој
одвојува и најголем дел од своето слободно
време.Таквите активности имаат за цел
постигнување и одржување на посакуваното
ниво на психо-физички компетенции, но и
постигнување високи спортски резултати.
- врвен спорт Врвен спорт е оној спорт, каде спортистот се
потикнува и насочува кон постигнување на врвни
резултати.  материјалните мотиви кај некои спортисти
доминираат во однос на фер
натпревар(допинг,наместени резултати)
 натпревари и тренинзи кои претставуваат опасност
по здравјето на спортистот( напорни
тренинзи,посебен режим на исхрана,ограничено
однесување)
 неспортски и груб однос према противникот
 продажба и размена на спортисти без нивна
согласност

You might also like