You are on page 1of 19

Историски развој на психијатријата, видови на

превентивни активности и легални аспекти.


Дефиниција на ментално здравје.

Проф. Д-р Лилјана Игњатова


Катедра по психијатрија и
медицинка психологија
Историски развој
• Анимистичко-магиска фаза
• Емпириска фаза
• Научна фаза
Анимистичко-магиска фаза

• Примитивно сваќање за настанување и


лекување на психијатриските болни
доминирало во праисторијата.
• Етиопатогенеза: Добри и лоши духови
( демони) кои може да влегуваат и
излегуваат од живите суштества.
Лекување:ритуални магиски постапки –
повикување на добри духови и истерување
на лоши.
Во време на стварање на античките
држави ( Антички Египет)
• Причина за болеста е божја казна за
гревови но може да е предизвикана и од
природни причини.
• Лекување- со магија но и со лекови( опијум,
канабис и др.)
Емпириска фаза
( 5 век п.н.е)

• Учење на Платон, Демокрит, Аристотел


• Хипократ- (хуморална теорија)заболува цел
организам не еден орган. Инсистирал на што
помалку лекови.
Го прифатил учењето на Демокрит дека душата е од
матерјална природа како и телото.
Во неговата школа опишан е мозокот со 2 хемисфери,
мозочна обвивка, опишани се воспаление, тумори
на мозок, тврдел дека Епи е болест на мозокот, а не
света болест.Поврзал Епи со психички растројства.
• Причини за психичка болест: наследни фактори,
замор, труење, повреди, старост, породување.
• Тврдел дека психичка болест е излечива во многу
случаи.
• Опишал состојби( денес- неурози) кои ги поврзал со
незадоволен сексуален нагон.
• Лекување: со медикаменти, одмор, работа,
гимнастика, диета.
• Прва класификација на психички болести:
манија,меланхолија,деменција.
Среден век
• Период на мрак.
• Враќање на демономанија- болните биле затварани,
држени во кафези надвор од град,оковувани, спалувани.
• Светла точкабиле Арапите ,,Маври,,- Авицена кој го
прифатил уењето на Аристотел и Хипократ и
напишал ,,Медицинска Енциклопедија,,( се користела од
10-15 век).
• Први азили во 8 век.
• Прва психијатриска болница во 15 век, во која била
применета работна терапија.
Христијанска демонологија во среден век

• Психичка болест е опседнатост со зли


духови.
• Лутер бил поостар од католичката црква
иако бил противник на католичката црква.
Тој барал клада за психичките болни но и за
лекарите кои се спротиставуваат на таа
догма.
Научна фаза
• 18-19 век Пинел- лекар
• Хумани реформи, трганти се окови од
душевните болни во некои болници во
Франција.
• ,,Душевните болести се излечиви,,- како
Хипократ.
• Наставата ја префрлил од училници во
болница. Пинел основал прва катедра по
Психијатрија во Франција.
19 век
(најголем допринос дале учениците на Пинел)
• Хуманизација на постапките према душевните болни.
• Опишани се многу клинички слики.
• Објаснета е етиопатогенезата и третманот на
хистерија(Шарко)
• Психијатриски часописи.( Бајарже)
• Реорганизација на психијатриски болници во Франција.
• Укажано е на голема улога на генетските фактори.
• Крепелин ја сврстил психијатријата како медицинска
дисципли а не како дисцилина помеѓу медицина,
филозофија и религија.
• Опишани се посебни мозочни центри.
20 век
• Павлов- условни рефлекси кои се основа за бихевиорална терапија.
• Фројд- психоанализа, учење за структура на личност( ит, его,
суперего), механизми на одбрана, карактерни црти,
сексуалност,анализа на сонови.
• Блојлер- Сцх: расцеп на личност, дисоцијација на мисли, губење на
волеви динамизми.
• Лекување со барбитурати, инсулин, електро шок, леукотомија,
социотерапија, невролептици 1952 г.
• Допаминска теорија за сцх,
• Многостртука етиологија и патогенеза на психичките болести=
мултидимензионален пристап на лекување.
• Психосоматски став- психички фактор има улога во за сите болести .
• Генетски фактор како причинител.
Република Северна Македонија
• 1947 Невропсихијатриска клиника при
Медицински факултет Скопје и
Невропсихијатриски одделенија во
медицинските центри во државата( пр.
Битола)
• 1952- Психијатриска болница Демир Хисар
• 1956- Психијатриска болница Бардовци
( денес Психијатриска болница Скопје)
Легални аспекти
• Присилно сместување и лекување на
пациент против нивна воља- се известува
судот, 2 психијатри од друга психијатриска
институција вршат преглед и го известуваат
судот за хоспитализираниот пациент.
Принудно чување и лекување во
психијатриска установа
• Со одлука на суд на лицата се сметсуваат на
судски одделенија при Психијатриските
болници
• Лица кои направиле кривично дело но не
можат да го сватат делото или не можат да
управуваат со своите постапки заради
трајно иили времено психичко растројство
или заради ментална ретардација.
Алтернативни мерки- лекување наместо
казна
• ЗАКОН ЗА ПРОБАЦИЈА од 2015 (имплементација од неодамна )
• Со овој закон се уредуваат пробациските работи и постапката за
извршување на алтернативните мерки- условна осуда со заштитен
надзор, општо корисна работа и куќен затвор, обврски изречени во
кривична постапка согласно со закон , како и извршувањето на условниот
отпуст изречен по одлука на суд.
• Ова е врз основа на претходна согласност на лицето спрема кое се
извршуваат пробациските работи.
• Извршувањето на алтернативните мерки и обврски изречени во
кривична постапка е со цел заштита на заедницата од криминал и
ресоцијализација и реинтеграција на лицата спрема кои се извршуваат
пробациските работи.
• Пример лекување во одделение за третман на зависности наместо казна
затвор. Лекарот редовно известува до пробациската канцеларија во УИС.
Ментално здравје
(дефиниција)
• Менталното здравје е дефинирано како
благосостојба, каде што секоја индивидуа
го реализира сопствениот потенцијал, може
да се справи со секојдневните животни
стресови, во можност е да работи
продуктивно и успешно и може да даде
придонес за заедница на која ѝ припаѓа.
Позитивната димензија на менталното здравје е
истакната во дефиницијата за здравје дадена од страна
на Светска здравствена организација (СЗО) и гласи:
Здравјето е состојба на целосна физичка, ментална и
социјална благосостојба, а не само отсуство на болест
или слабост.(1)

1. http://www.who.int/features/factfiles/mental_health/en/
• Менталното здравје зависи од од социо-економски фактори и
влијанијата од животната средина.
• Нарушувањата на менталното здравје и менталното здравје
зависат од повеќе фактори и нивна интеракција, како што се:
социјални, психолошки, биолошки и општо здравје /болести.
(ниско ниво на образование ,слабо решени станбени проблеми и
ниски плати лошо влијаат на менталното здравје,чувство на
несигурност и безнадежност, брзи и ненадејни промени во
општеството и ризик од можно насилство и телесно заболување).
• Социјалната клима што ги почитува и штити основните човекови,
политички, социо-економски и културни права е фундаментална
за промовирање на менталното здравје.
Превентивни активности
Интервенции за унапредување на менталното здравје

• Интервенции во раното детство (Домашни посети на бремени


жени, психосоцијални интервенции во предучилишна возраст и
кај загрозената популација).
• Поддршка за деца (Програма за развој на вештини)
• Социо-економско зајакнување на жените (образование, вештини
за работа).
• Социјална поддршка за постарата популација.
• Програми насочени кон ранливите групи, ( малцинства, мигранти
и луѓе погодени од конфликти и катастрофи).
• Активности за унапредување на менталното здравје во
училиштата.
• Интервенции на ментално здравје при работа (спречување стрес)
• Политики за домување (Подобрување на домувањето)
• Програми за спречување насилство.

You might also like