You are on page 1of 5

Гимназија ,,Гоце Делчев” Куманово

МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

УЧЕБНА ГОДИНА: Изработел:Теодор Стефановски II-5


ШТО Е МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
 Менталното здравје е состојба во која
една личност е свесна за своите
способности, може да се справи со
предизвиците од секојдневниот стресен
живот, може да работи продуктивно и
да биде корисен за средината и
општеството како целина. Здравјето на
умот влијае на активностите што ги
правиме, на врските со другите и на
физичкото здравје. Сепак, и обратното
е вистина. Факторите во животот на
една личност, како одредени настани и
физички состојки, влијаат на
менталното здравје.
НАЈЧЕСТИ НАРУШУВАЊА НА
МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
За најчести нарушувања на менталното здравје се
сметаат:
 Анскиозните нарушувања

Анксиозноста претставува најчест вид на ментално


нарушување. Луѓето со овие нарушувања може да
чувствуваат анксиозност кон одредени предмети,
ситуации во животот, личности и слично.
 Нарушувањата на расположението

Најчесто нарушување е депресијата. Оние кои што


страдаат од нарушувања на расположението имаат
големи промени на расположението што им го
отежнуваат функционирањето и животот.
 Шизофренијата и шизотопните нарушувања

Најчесто шизофренијата се појавува од 16-30 годишна


возраст. На луѓето со шизофренија можно е да им е
тешко да ги процесираат информациите, да имаат
делузии, халуцинации, нарушувања во
размислувањето, но може и да се повлечат во себе и да
изгубат мотивација.
РИЗИЧНИ ФАКТОРИ ЗА
МЕНТАЛНИ НАРУШУВАЊА
 Секоја личност може да доживее ментални
нарушувања во текот на својот живот, независно од
пол, раса, возраст или економска состојба. Во
развиените земји, менталните нарушувања често
предизвикуваат нефункционалност и можат да бидат
поврзани со различни фактори како социјални,
финансиски, биолошки, и ризичен животен стил.
 Многу луѓе со ментални нарушувања имаат повеќе од
една дијагноза, а балансот помеѓу различните фактори
и околината влијае на менталното здравје. Социјалната
средина, економската состојба, и други фактори како
вработувањето, професијата, образованието и
семејната средина можат да влијаат на менталното
здравје. Некои фактори, како пол, возраст и етничка
припадност, не можат лесно да се променат, додека
други, како социоекономската состојба, можат да
бидат обелоденети со тек на време. Биолошките
фактори и наследстве носта во семејството исто така
може да влијаат на ризикот за ментални нарушувања.
ТРЕТМАН
 Постојат различни начини на третман за
ментални нарушувања, што зависи од видот
и степенот на нарушувањето. Терапиите се
индивидуални и вклучуваат психотерапија,
како што се когнитивната и гешталт
терапија, кои ги спроведуваат психолози и
психотерапевти. Лековите, како
антидепресиви и анксиолитици, можат да
помогнат во ублажувањето на симптомите,
додека самопомошта вклучува промени во
животниот стил, како откажување од лоши
навици и техники за релаксација.
Поддршката од семејството и пријателите е
важна во справувањето со ментални
нарушувања.

You might also like