You are on page 1of 1

Основна нега на пациенти/клиенти со хронични незаразни и

заразни заболувања во домашни услови


Хронични болести можат да се развијат во високоразвиените земји, но и во
посиромашните исто така ги засегаат сите односно младите,средновечните луѓе како и
постарата популација. Хронична болест се дефинира врз основа на здравствената
состојба на човекот која е нарушена поради болести и која трае најмалку шест месеци
или повеќе.

Економските проблеми кои произлегуваат од овие болести се исто така сериозни.


Хронични болести ги намалуваат платите, работната сила и продуктивноста на трудот
како и зголемување на предвремено пензионирање и инвалидитет.Терминот хронични
болести традиционално ги вклучуваат следните болести : кардиоваскуларни болести,
дијабетес и астма или хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Во овој тип на
заболување сега исто така се вклучени многу видови на рак, ментални нарушувања (како
што се депресија, шизофренија и деменција), очните оштетување и артрози.Постојт и
хронични заразни заболувања како што се Ковид-19,ХИВ/СИДА,Хепатит Ц,Б,Маларија и
други. Многу хронични заболувања и состојби се поврзани со стареењето на
општеството, но и се поврзуваат со избор на животен стил, како што се пушењето,
сексуално однесување, исхрана и вежбање, како и генетските предиспозиции.

Негувателите на ваква група на пациенти се оспособени со вештини и компетенции за


давање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови на лица кои
поради возраст, хронични болести и др. причини се во состојба на изнемоштеност и
неможност да се грижат за себе. Услугите се од различна природа и форма и ја
заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа.Односно
им помагаат во:

1.Помагање во одржување на домот 2.Поддршка во извршување на секојдневните


активности ( прошетка, социјализација, одржување на лична хигиена кај
корисникот)3.Промена на ергономски и медицински принципи во секојдневните
активности (лесна масажа и вежби, комуникација со матичен лекар, придружба при
рутински контроли и матичен лекар, мерење притисок, набавка на лекови)4.Помагаат да
се врати балансот и квалитетот на животот на возрасните лица преку обезбедување на
поддршка во секојдневниот живот5.Помагаат во непречено извршување на домашните
активности .6.Се грижат за заштита или враќање на самостојноста на корисниците на
услугата и ги поддржуваат во нивниот социјален живот.

Пациентите кои што имаат хронични заразни заболувања најчесто се хоспитализирани,


меѓутоа во некои ситуации може краток период да престојуваат извесен период во
домашни услови.Во такви ситуации потребно е да се води строга хигиена во домот,
особено во просторијата каде што престојува пациентот.Односно да се ограничи неговото
движење,контактот со луѓе,да се води поголема грижа околу хигиената на неговата
постелнина,облека,исхраната,мирувањето и др.При контакт со вакви пациенти заштитата
треба да биде на високо ниво за да се спречи ширење на заболувањето.

You might also like