You are on page 1of 1

-Со социјално дистанцирање, сега се одделуваме од другите делови на општеството.

Ова
не натера да се чувствуваме многу исклучено од нашите пријатели. Луѓето се создадени да
бидат надвор и да се дружат со останатите на Земјата. Овие немили настани доведоа
многу луѓе да бидат исклучени од општеството. Ова му овозможи на нашиот ум да оди на
темната страна, каде што излегуваат нашите стравови. Најголемиот страв е „Колку долго
ќе биде нашиот живот во пауза?“ Се плашиме колку долго ќе останаме заглавени во
нашите домови?. Дали ќе бидат уште неколку недели или ќе бидат неколку месеци?
-Во теков на пандемијата, Ковид 19 многу влијае на нашето ментално здравје низ целиот
свет.Луѓе страдаат од стрес, депресија,анксиозност и многу други проблеми покрај
вирусот. Ова најмногу може да се појави кај секој човек.Стресот за време на епидемија на
заразна болест понекогаш може да предизвика чуство на страв да не ѓи загубиме нашите
најблиски, промени во начинот на спиење и исхрана,потешкотии при спиење или пак
концентрација, влошување на состојбите во менталното здравје и многу други работи...
-Пандемијата на коронавирус 2019 (COVID-19) може да биде стресна за луѓето. Стравот и
вознемиреноста за нова болест и што може да се случи може да биде огромно и да
предизвика силни емоции кај возрасни и деца. Акциите на јавното здравје, како што се
социјалното дистанцирање, можат да направат луѓето да се чувствуваат изолирано и
осамено и да го зголемат стресот и вознемиреноста. Сепак, овие активности се неопходни
за да се намали ширењето на КОВИД-19. Справување со стресот на здрав начин ќе ве
направи посилни вас, луѓето за кои се грижите и вашата заедница.
Затоа не треба да губиме надеж, туку напротив да бидеме позитивни и да ѓи сакаме
нашите најблиски бидејки не можеме да знаеме што би се случувало понатаму.

You might also like