You are on page 1of 2

КОВИД 19

Сите ние сме погодени од сегашниот вирус COVID-19.


Многу влијае на светот,тоа е нешто кое луѓето претходно го немат
доживеано.Драстично брзо се рашири,а најлошо е што сеуште трае.
Се се промени,начинот на кој живееме,работиме...

За многу кратко време светот се обрна наопаку.Не дека


животот пред вирусот беше совршен.За разлика од сегашната
состојба тоа е нешто за кое само се надеваме дека ќе се врати.
Откако беше објавен карантинот, беше очигледно дека училиштата,
аеродромите, кафулињата..Освен службите за итни случаи, не
можат да работат.Вирусот создаде грозна слика низ светот.Секој
ден нови жртви,нови починати лица,нови мерки...Болниците се
преплавија,а здравствените работници си го жртвуваат животот за
д да ни помогнат.На почетокот сеуште немаше пронајдено начин за
изведување на училишните и работните обврски.Во тој период
мислам дека се свестивме и сфативме колку многу ни значат
нештата кои пред ова ги имавме,а не им обрнувавме внимание.За
време на карантинот поминувавме многу повеќе време со
семејството.Слободното време го користевме за нашите хобија и
интереси.Но,бидејќи тоа неможеше така да продолжи мораше да
се пронајде начин за работење и учење од дома.Со тоа цел свет се
префрли онлајн. Очигледно е дека системот околу нас многу се
промени, но сигурно оваа промена е за наше подобрување.
Интернетот и технологијата играат голема улога во изведувањето.
Што е најважно, образованието исто така најде начин да стигне до
учениците преку ефикасен и докажан начин.Со овој метод се
служиме и ден денес.Она што е потребно од нас е само да ги
почитуваме рестрикитивните мерки. Сите се надеваме дека оваа
пандемија ќе престане наскоро и ќе можеме да се вратиме во
нашите вообичаени животи.

Животот пред КОВИД-19 беше навистина многу поинаков.


Како резултат на коронавирусот, бевме принудени да промениме
могу нешта во животот. Тоа е факт.Единствено добро што беше е
тоа што во текот на изолацијата ја воочивме вистинската вредност
на семејството и блиските, да ги почитуваме и да се грижиме за
нив.Да ја почитуваме слободата која ја имавме пред ова,која се
надеваме ќе се врати.

You might also like