Document

You might also like

You are on page 1of 1

Соништа, копнежи и надеж во време на пандемија

Животот отсекогаш пред нас поставувал различни предизвици. Ситуацијата со здравствената


криза која започна во 2019 година е од глобален размер и претставува животен предизвик за сите
нас. Секој човек има соништа за самиот себе, нешта по кои копнее и на кои им се надева. Со
промена на начинот на живеење и соочување со тешкотии во истиот се менуваат соништата,
копнежите и надежите.

Без разлика на тоа дали некој човек е успешен или не, сите имаме желба на некој начин да си
го подобриме животот. Во времето пред пандемијата главната преокупација на луѓето им беше
токму оваа, подобрување на работно место, подобрување на начинот на живот, подобрување на
место на живот и др. Луѓето во главно се фокусираа само на финансиско подобрување и позиција
во општеството. Размислувајќи од аспектот дека сме највисоко во таа хиерархија на животни, со
непостоење на тој примарен ризик од предатори, нашиот фокус се има пренасочено кон кариера
и опстанок во човештвото и успех во истото. Таквиот пристап кон животот води кон губење на
основните животни вредности и животни радости.

Тешките ситуации со кои се справува човекот му го менуваат начинот на дејствување и


размислување, но како најглавно од сè му покажуваат кои точно му се приоритетите во животот.
Пандемијата со ограничувањата во движењето, примораноста за носење маски, огромниот пораст
на невработеност и банкротирани бизниси ни покажа поинаква слика за светот. Истите овие
работи јавија надежи и копнежи кај луѓето ситуацијата што побрзо да заврши. Освен тоа оваа
криза нè натера да се сетиме за сите оние работи кои порано ги земавме здраво за готово.
Секојдневните дружби и излегувања станаа нешто по кое копнееме. Соништата за огромна и
успешна кариера се променија во соништа за подобрување на општиот животен стандард.

Последиците од ваква глобална криза се огромни. Ние како човечка раса зависиме од
социјализација, но со оваа криза тоа се уништува предизвикувајќи нарушување на менталното
здравје. Неоспорно е дека што повеќе се одолговлекува пандемијата ја уништува економијата. Со
постојаните карантин и невработеноста на луѓето, многу луѓе немаат за јадење ниту пак кров над
главата. Единствено што ни останува е да ги следиме пропишаните мерки со надеж дека тоа ќе
помогне за пандемијата да заврши.

You might also like