You are on page 1of 1

“Хамлет” е литературно дело на Вилијам Шекспир кое по својот вид е трагедија.

Главниот лик
во оваа трагедија е Хамлет. Денес со зборот трагичен означуваме непосакуван крај. Но, не и во
литературните дела.Ликот на Хамлет е граден според одредени критериуми за трагичен лик
поставени од антиката. Главниот лик и настаните кои го опкружуваат се трагични.

Хамлет е трагичен лик. Ова може да се аргументира според прашањето за одмазда. Во животот
на Хамлет се појавуваат два вида судир. Судирот со чичко му кој што се јавува како надворешен
судир. Овој судир се појавува со тоа што Хамлет ќе се потчини на императивот на општеството кој
налага дека тој треба да се одмазди за смртта на својот татко. Но, не можеме да кажеме дека тој
целосно се потчинувва на тоа размислување. Тука се јавува внатрешниот судир оној кај самиот
Хамлет. Тој се двоуми помеѓу императивот поставен од општеството и оној кој самиот себеси си го
поставува. Се двоуми дали да го направи тоа што “треба” или тоа што тој го смета за исправно.
Нема волја да го смени светот и да го направи онаков каков што тој смета дека треба да е.
Дејствува случајно според моментите кои ми се прирака и нема однапред испланирана одмазда.

Трагичноста на овој комплексен лик може да се аргументира и според прашањето за смртта. Тој
во повеќе монолози, а посебно оној по смртта на неговата љубена Офелија ќе размислува за
самоубиство “..Да се биде, или да не се биде..”, но нема да го стори тоа. Потоа кога не го убива
Клавдиј додека се моли. Иако Хамлет е лик граден според ренесансните морали во овие настани
можеме да препознаеме средновековен морал. На некој начин тој се плаши од смртта и несака да
има грев, или пак со сторениот грев да го прати оној кој најмалку заслужува во рајот. Тој освен тоа
што е исплашен од смртта на некој начин е и разочаран од животот. Гледа кон животот како
безначаен. Таа мисла кај него се јавува откако ќе види дека без оглед на тоа кои биле луѓето во
текот на својот живот тие исто завршуваат и на исто место каде се исто третирани. Хамлет смета
дека ние се создаваме од пепел и потоа се враќаме во пепел повторно. Која е целта на нашето
постоење, ако се вратиме повторно во тоа што сме биле?

Можеме да се поистоветиме со Хамлет. Тој целиот живот бил изолиран од вистинскиот свет,
кога се судира со него тој почнува да размислува за прашања кои ги засегаат сите. Дури и ден
денес трагичноста кај човекот е што не размислува за некои општи прашања, се додека не му се
случи на него.

You might also like