You are on page 1of 19

„СТРАНСТВУВАЊЕТО НА

ЧАЈЛД ХАРОЛД“
Џорџ Гордон Бајрон
Претставување на делото

 „Странствувањето на Чајлд Харолд“ претставува поема составена од четири


пеења. (Поемата е лирско-епски вид напишан во стихови, во кој сепак постои
приказна, што значи: ликови и дејства. Романтичарите ја сакаат поемата зашто во
неа постои мешање на лириката и епиката, прозата и поезијата).
 Првите две пеења се објавени во 1812 година, третото 1816, а четвртото 1818
година.
 Во оваа поема е присутен автобиографскиот елемент зашто Бајрон во неа
зборува, всушност, за своите искуства од двегодишното патување по
Средоземјето.
 Иако во првото и второто пеење раскажува во трето лице, навидум дистанцирајќи
се на тој начин од својот јунак, во третото и четвртото пеење, зборувајќи во прво
лице, открива дека зад ликот на Чајлд Харолд, всушност, се крие самиот тој.
 Поемата е напишана во стих, композицијата на оваа поема е строфична зашто
сите строфи се нони (деветстишја).
 Темата во делото е: Патувањата на Чајлд Харолд по Средоземјето и
неговите размислувања и внатрешни доживувања на земјите и
народите кои ги посетува.
 Првите две пеења ги опејуваат патувањата на Чајлд Харолд
најнапред во Португалија и Шпанија, а потоа и во Грција и Албанија.
 Во третата песна, која е напишана по конечното напуштање на
Англија, се зборува за патувањата во Холандија, Германија и
Швајцарија, а во четвртата во Италија.
 Во последните две пеења има жестока, отворена критика на сè што
постои, се враќа назад во јуначката историја на народите. Токму тие
последни пеења го прославуваат како еден од најважните
романтичари во Европа.
 Во делото се присутни двете основни одлики на кои се темели светот
на бајронизмот: појавата на романтичниот јунак, отелотворен во
главниот лик Чајлд Харолд и самата форма на патопис.
 Формата на патопис пред читателот ја распостила визијата на
далечните, егзотични предели на кои читателот им се препушта како
на повик за авантура и во исто време му овозможува на авторот да ги
внесе во делото сите аспекти на романтизмот:
 патување,
 романтичарско чувство на прогонетост од сопствената земја и несогласување со
моралот на родното општество,
 довикување на херојските времиња на минатото,
 чувство на светска тага,
 силно доживување на природата,
 поддршка на народите што се борат против тиранијата.
 Идејата на делото е да се искаже незадоволството од општествените
конвенции кои човекот го фрлаат во разочарување и во пасивен
отпор, да се искаже воодушевување од природата и да се искаже
поддршка на поробените народи во борбата за слобода.
 Поемата „Странствувањето на Чајлд Харолд“ има повеќе вредности:
таа е првокласна поезија напишана во совршен стих, но таа е и
културен, историски, етнографски па и географски запис за земјите и
народите кои поетот ги посетил.
Прво пеење

 Поемата започнува со инвокација, со обраќање до


музата која ја поврзува со Стара Грција. Раскажувањето
започнува сказнолико со една стереотипна конструкција
„Си бил...“. Во оваа строфа главниот лик се’ уште е
неидентификуван, неименуван.
 Во 3. строфа е именуван како Чајлд Харолд, млад
благородник.
 Во 5. строфа е потенцирана превртливоста, непостојаноста на
ликот, заситеност од се’ и сешто, што е мотивот кој го тера да
патува.
 Во 6. строфа ги наоѓаме белезите на типично романтичарско
чувство: безжелбеност, немотивираност, резигнација кои значат
копнеж по други краишта и копнеж по патување.
 Тој е млад човек, а атрибутите кои се посочени за него се
негативни (водел развратен живот, порочен, со оргии, жени,
алкохол...). Тој е скитник без чувство за припадност кон
нацијата, општеството, семејството. Тој е како „волк - самотник“.
 „Отпуштен“ е од општеството кое го
презира поради неговите лажни закони и
лажен морал, но сепак во себе страда што
го напушта родниот крај.
 Харолд тоне во неморал, па се чувствува
излишен, непотребен, заситен од се’ и без
да се збогува со мајка му и сестра му, го
напушта родниот крај и заминува во
непознато.
 Во „Прошталната песна“ главниот јунак се
наоѓа меѓу желбите/копнежот за патување
и природната човечка емоционалност при
разделбата (се збогува преку оваа песна
со мајката и сестрата).
Португалија и Шпанија

 Во следните строфи со занес пее за природните


убавини на краиштата во кои се наоѓа (Португалија и
Шпанија), но тоа потенцирање на убавините на
природата, восхитот од неа се комбинира со опсесијата
на Бајрон за слободата.
 Згрозен е од нечистотијата на Лисабон, а и’ се обраќа
на Шпанија, потсетувајќи ја на нејзиното историско
рицарско време, време на слава, а сега дозволува да
биде поробена (не прави ништо да се заштити од
Наполеон кој само што не ја нападнал).
Второ пеење

 Во ова пеење тој го опишува светот кој со своите услови


за живеење, навики и обичаи е различен од
цивилизираниот европски живот. Тој е на Балканот, во
Албанија и раскажува за своите впечатоци од оваа дива
земја: рамазански пости, вечерните муслимански
молитви, за жената – роб на мажот, покриена со фереџе
и црна облека. Оди во сарајот на Али-паша,
воодушевен од неговиот сарај (дворец), но набргу му
одмилува студенилото кое владее во него, ќе го
напушти со тревожна мисла дека тука човек како да го
демне смртта на секој чекор.
Албанија и Грција

 Но неговиот страв е напразен бидејќи


придружникот му е поверен и од роб .
 Слично како и Прличев, ги опишува
Албанците како жестоки, сурови, но од
очите им чита чест, јунаштво, верност и
гостољубивост.
 Пристигнува во градот Арта на западниот
грчки брег каде се насладува од убавата
природа, особено е импресиониран од
играта на Албанците кои живеат во тој крај.
 Кулминација на слободарските идеи на Бајрон имаме
во последните песни во кои низ споредбите на минатото
и сегашноста на Грција упатува на отпор против
тиранијата.
 Во слободарски дух, тој ја повикува оваа древна земја
во име на своето славно минато да се крене на
револуција и да ја отфрли тиранската османлиска
власт.
Трето и четврто пеење

 Главниот лик Харолд е во Брисел, Ватерло и


Швајцарија, Италија, размислува за природата и луѓето,
за нивната историја и токму тие стихови го прават еден
од најважните романтичари бидејќи веќе не се крие зад
Харолд туку отворено кажува за своите ставови,
критики, мисли во 1.л., во јас–форма.
Анализа на ликот Чајлд Харолд

 претставник е на аристократско семејство (чајлд = млад


благородник);
 разгален, заситен од животот;
 се предава на страстите, прекумерноста, виното, жените;
 неспособен е за вистинска предаденост, љубов и верност;
 свесен за себе, ја одбегнува единствената што ја љуби, предавајќи
се на љубовните ноќи без значење;
 невозвратената и несреќна љубов, како и мотивот на прерано
умрената сакана е чест мотив во романтизмот;
 се чувствува празно;
 исполнет е со презир и циничност кон нештата;
 го презира општеството поради неговите лажни
закони и лажен морал;
 одбива да припадне на каква било општествена
рамка, да се покори на нормите на општественоста;
 чувствува дека општествените конвенции го
задушуваат и решава да замине некаде далеку, во
откривање нови пространства и слобода, во откривање други,
поинакви светови;
 секогаш е скитник во светот;
 осамен, без припадност на општеството, нацијата, семејството;
 сегашноста ја доживува како одбивна, грда, па се навраќа
во минатото на народите и земјите што ги посетува;
 чувствува носталгија по славното минато обележано со
херојски настани и личности на кои тој се потсетува;
 ги поткрепува поробените народи во борбата за
ослободување токму преку повикување на ова херојско
минато;
 наспроти општеството стои природата за која тој чувствува
силна приврзаност (природата, пејзажот се поврзува со
душевната состојба на авторот);
 чувство на светска тага;
 желба за борба, за активен однос кон стварноста, желба за
слобода;
 осамен набљудувач неспособен за дејствување;
 ја усвојува, на крајот песимистичката филозофија (Пораката на
поемата е: и да го поминете целиот свет, нема да го најдете она
што го бараат романтичарите - среќата, правдата и задоволството
што го пружаат минатото, јунаштвото и чувствата на срцето. Нема
среќни поединци, како што нема ни среќни народи.)
 
Романтичарски белези во поемата
*патување во нови, непознати егзотични простори/места
*отуѓеност од светот/осаменост
*чувство на светска тага
*култ кон природата и нејзино обожување
*поетот е како вечен патник, скитник и номад
*култ кон слободата и слободарскиот дух
*чувство на откорнатост и неприпадност
*култ кон старите историски времиња/минатото

You might also like