You are on page 1of 2

Ликот на ЧАЈЛД ХАРОЛД

Главниот лик во ова дело е Чајлд Харолд, типичен


романтичарски јунак кој претставува целосна слика на Бајрон и
неговиот живот. Токму преку него писателот ги прикажал своите
чувства и доживувања што всушност е и главната идеја на оваа
поема. Незадоволен од својата состојба која ја добил во
општеството, Бајрон бега од својата сегашност и тоа го прикажува
преку овој лик Чајлд Харолд. Своите авантури и патувања тој ги
започува со една цел, да избега од општеството. Во тие моменти се
препознава најважната карактеристика на романтизмот а тоа e
мечтаење по нешто што не е тука и е непознато, копнеж по нешто
далечно, поубаво. На почеток дејството во оваа поема е во трето
лице, со една цел да се искаже објективноста на авторот. Бајрон на
ваков начин ја прикажува состојбата низ Европските земји Бидејќи
ги подржувал народите и националните идеи тој претставува
предводник на револуционерниот романтизам.Со самото тоа
препознаваме уште една одлика која ја поседува овој литературен
правец, култ кон народот и народното творештво. Во преостанатиот
дел од поемата Бајрон се израува во прво лице односно ги
прикажува своите чувства. Тој бил пратеник на таа добро позната
светска тага, која зафатила широка маса на луѓе. Овој човек
претставува плод на фантазијата на Бајрон и на неговиот личен
свет. Од тука произлегува и индивидуалноста како уште еден белег
на овој правец. Во насловот на оваа поема се наоѓа зборот
странствување, кое на некој начин може да се сфати како патување,
но патување кое има кружна траекторија. Но сите тие причини за
патување водат кон враќање во својот дом со нови заклучоци и
одговори, што е сосема спротивно со Бајрон и неговата слика.
Чајлд Харолд немал никаква потреба да се врати назад во својата
татковина, ниту пак имал желба за истото. Ова било проследено
поради тоа што тој немал свое семејство, не верувал во љубовта и
пријателството. Бајрон целосно бил отфрлен и етикетиран од
општеството, она кое го претставил како расипано, сурово,
неморално и експлоатациско. Поради сето ова единствена утеха е
негацијата од тоа општество, а тоа е секако природата. Во неа бега
и целосно се предава на своите чувства, емоции и нагони.

You might also like