You are on page 1of 9

Реферат по македонски јазик и литература

Тема:
Странствувањето на Чајлд Харолд

Изработил: Датум: Ментор:


Кирил Бошнакоски 8/11/2022 Грета Пипиле
Содржина

За авторот:..................................................................................................................................................3
Раскажување на делото............................................................................................................................4
Ликови........................................................................................................................................................7
Анализа......................................................................................................................................................8
Есеј за делото.............................................................................................................................................8
Користена Литература...............................................................................................................................9
За авторот:

Џорџ Гордон Бајрон, претставник на англискиот книжевен романтизам, и со


својот живот и со своето дело најдобро илустрира посебната личност на
романтичарскиот бунтовник. Општествените околности, семејните односи и
неговата сложена природа го формирале неговиот карактер, единствен во
светската книжевност. И со однесувањето и со поезијата прерасна во цело
движење наречено бајронизам.

Потекнувал од едно од најугледните англиски лордовски семејства што веќе


влегле во историјата на Англија. Но во времето на детството на Џорџ
семејството Бајрон било осиромашено и поради тоа го загубил своето место во
парламентот. Џорџ бил наречен ,,лорд сиромав" што несомнено влијаело врз
формирањето на неговиот бунтовен дух, кој потоа се градел во делата на
англиските прогресивни филозофи. Од друга страна, Бајрон бил необично убав,
но куц на една нога што можело да ги предизвика кај него горчливите
расположенија од кои ќе резултираат и неговото предизвикувачко однесување
и склоноста на екцеси. Иако грчовито се борел против таа своја вообразена
заблуда, во некои моменти сепак потсвесно му се предавал на злото. Знаел да
биде благороден, човекољубив, желен за љубов и штедар во нејзиното
возвраќање, но имал чести моменти на цинизам и одмаздољубивост.

Во раната младост пред да стане свесен дека е славен како поет, под диктат на
противречностите во себе, предизвикувачки учествувал во скандали. Но од
многу свои мани не се откажал ни кога станал богат и славен.

Бајрон е револуционер и со филозофијата, и со поезијата и со животот. Тој е


еден од најугледните прокламатори на Француската револуција, но некако и
поимот слобода го разбирал различно. Според него, за народот е слободата од
потчинетоста кон други народи; за граѓаните- слободата од тиранијата на
власта; за сиромасите и угнетените-ослободувањето од сиромаштијата.Меѓутоа
за себе лично под слобода ја подразбирал целосната анархија и независноста
од каков било закон. Своето слободарство го изразувал со учеството на
двжење и бунтови чија цел била слободата. Таа љубов го одвела во Италија,
каде што учествувал во револуционерната работа на тамошните патриоти.
Истата голема духовна енергија го одвела меѓу грчките востаници и умрел од
маларија.

Каков што бил во својата природа и во секојдневниот живот, Бајрон е таков и


во својата поезија. Неговата силна природа го налагала оној книжевен облик во
кој ќе се изрази слободно. Ја избрал поемата, дотогаш малку позната и
недоволно негувана книжевна форма. А таа, со хармонијата на лирските и
епските елементи, со просторот и за драмски ситуации, најмногу му одговарала
на неговиот раскошен талент. Токму така настанале неговте најсилни дела кои
речиси уште додека бил жив поетот станале сопственост на сите
народи:,,Странствувањето на Чајлд Харолд", ,,Дон Жуан", ,,Абидонската
свршеница", ,,Ѓаур", ,,Гусар", ,,Лаура", и др.

И тие дела, дури и со релативно ситни детали ја отсликуваат необичната


личност на Бајрон. Јунаците од неговот книжевно дело се претежно негови
современици. Во некои ликови можеле да се препознат постарите генерации
негови современици, а во Чајлд Харолд генерацијата на Бајрон , па и самиот тој.
Затоа некои негови лирски епови долго време биле допишувани. Првите пеења
на ,, Дон Жуан" се напишани во 1818, третото, четвртото и петото во 1821, а
поседните петнаесетото и шеснаесетото, во 1824 година. Така било и со Чајлд
Харолд: првото пеење е испеано во 1809,а четвртото во 1818.

Содржина

Структурата е составена од четири песни. Жанровски се определува како


романтичарско-индивидалистичка поема, која нема класична композиција.
Тема се патувањата и импресиите доживеани при посетата на неколку европски
земји. Нарацијата е од хронолошки тип, а ја реализираат сезнаечки и
персонален наратор. Чајлд Харолд е алтер его на Бајрон. Во експозицијата
доминира патетичниот тон кој соодветствува на директното обраќање на
лирското јас кон музата на поезијата, искажувајќи го разочарувањето од
статусот на поетот во современиот свет.

I песна- Поемата започнува со нараторот каде што го опишува ликот на Чајлд


Харолд: младич од благороднички род кој тргнал по погрешен пат. Наместо да
се посвети на полезна творечка работа, тој се оддал на развратен живот
исполнет со “оргии и пир”. Таквиот живот му здосадил па решил да замине на
далечно патување каде ќе најде спокој и мир. Решеноста да отпатува
предизвикува силна болка и тага кај роднините и пријателите. Сфаќа дека нема
по кого да тагува. Тој зад себе не остава никого, освен празниот дворец и песот.
Не остава никого кој му е важен. Затоа осамен, отуѓен од сите, без навистина
блиски луѓе, тој решително ја напушта татковината . Без поздрав заминува во
потрага по егзотични предели каде ќе размисли за се и ќе ги разреши
субјективните двоумења и парадокси. Најпрвин ги посетил Португалија и
Шпанија каде се уште се забележувале трагите од ропската потчинетост. За него
е непознато дека во земји на древна цивилизација и богата традиција, народот
страда. Земјата на славните витешки времиња и подвизи е разурната но Харолд
сепак живее со надеж дека тие славни времиња пак ќе воскреснат и луѓето ќе
се ослободат од ропската потчинетост. Тој се чуствува осамен тажен и
разочаран, неговота лична тага преминува во светска поради доминацијата на
злото, несреќата и ропството над среќата и слободата. Утехата ја нашол во
природата која била единственото нешто што останало недопрено од човекот.

II песна- Обеземен со чуство на симпатии кон поробените народи, Чајлд Харолд


го продолжил патувањето во Грција и Албанија, каде се соочува со истата
грозоморна слика на ропско страдање и трагичната судбина на грчкиот и
албанскиот народ. Тој не може да сфати дека потомците на Античка Грција
можат да го поднесат теророт што се врши врз нив од страна на османлиската
власт. Сликата на Балканот е мрачна и крвава, не може да се помири со фактот
дека во земјата на богата дрвена цивилизација владее терор и смрт, а
демократијата и хуманоста одамна исчезнале. Тој ги повикува луѓето на Грција
да го земат оружјето в рака и да влезат во непосредна борба со тиранинот и да
ја земат нивната заслужена слободата. Но Албанија му остави поинаков
впечаток тој зборува за гостопримството и љубезноста на Албанците. Тука
завршува првото патување на младиот аристократ. И тој се враќа во
Англија

III и IV песна – Англија повторно му здосадува, веќе немало ни убавина ни


задоволства што можат да ја возбудат неговата душа и сфаќајќи дека ништо
друго не го држи во Англија, младиот тргнува по нова авантура.
Авантуристичкиот дух и желбата да се пронајде себеси, да ги доживее
хармонијата и совршенството го мотивираат Харолд да го продолжи
патувањето во Италија, Швајцарија, Холандија и др. Европски земји. Прво
застанува во Ватерло, познат по воени настани. Инспириран од духот на
поразот и разочарувањето, Чајлд Харолд патува во долината Рајна, каде што го
воодушевува убавината на природата. Потоа Чајлид Харолд оди на Алпите, за
да избега од омразените и глупави луѓе кои не разбираат што прават со светот.
Откако патникот ќе ја помине ноќта покрај езеро,и потоа накратко застанува во
Лозана. Потоа Харолд се насочува кон Италија и Венеција каде како и во
повеќето градови во Европа, тој забележува уништување и пустош, покриен со
светли карневали и неограничена забава. Херојот го продолжува своето
патување, посетувајќи градови и села лоцирани на брегот на Италија. Тој го сака
локалното население, но внатрешно жали за населението од толку славна
земја. Во ваквите рефлексии, херојот стигнува до Рим, што го натера да ја
почувствува величината на античкиот народ. Гледајќи ги локалните
знаменитости, младиот аристократ размислува за перипетиите на љубовта,
колку често младите мажи бркаат неостварливи идеали. Духовен, полн со нови
надежи и светли мисли, Чајлд Харолд повторно се наоѓа на Средоземното
Море, каде наоѓа хармонија со светот. Во овие песни е по присутен мотивот на
осаменоста, но и природата како единствено недопрена од човекот и можност
да се избега во нејзините прегратки. Во последната песна при посетата на
Италија се навраќа на нејзиното славно (античко) минато. Импресиите и
сознанијата се идентични како и во претходните песни. Харолд останува осамен
бунтовник кој останува надвор од општествените збиднувања. Во него
постојано се судираат две спротивставени сили: желбата за уривање на
рекационерните општествени сили и борбта против социјалното и
националното ропство. Неговите визионерско-ревуолуционерни погледи ги
раздвижуваат широките народни маси. Пејзажот е во функција на
романтичарскиот идеал за единствената природа каде ликот ги пронаоѓа мирот
и спокојоството. Природата е единствено место каде Харолд се чувствува
исполнет и среќен. Пантеизмот е дел од неговиот хуманизам и етичност.

Анализа

Странсвувањето на Чајлд Харолд од англискиот романтичарски поет Џорџ


Гордон Бајрон претставува нов оргинален поестки вид- поема, чиј творец е
токму Бјарон. Поемата има епска основа : секогаш е засонава брз фабула или
приказна. Меѓутоа , во начинот на обработка на деталите што ја сочинуваат
содржината на таквото дело, доминираат лирицизмот и субјективноста. Во
поемата и природата и ликовите се обработуваат лирски со многу
емоционалност. Освен тоа, во поемата, по правило, се јавува поетот со своите
лирски расположенија и размислувања за проблемите што ги мачат неговите
јунаци и за однесувањето на јунаците. Со обединувањето на лирските и епските
елементи во една поетска форма во стих , какава што е поемата бил добиен нов
книжевен вид кој повеќе му одговарал на темпераментот на романтичарскиот
поет во општата атмосфера што владеела во европското општество во времето
на романтизмот. Вистина, и пред појавувањето на Бајрон, и на неговите поеми,
светската книжевност, и народната и уметничката, знаела за книжевни видови
во кои се преплетувале епски и лирски елементи. Такви се, меѓу другите
баладата и романсата. Но, Бајрон внел битно нов квалитет во својата лирско-
епска творба, поемата. Освен изобилието на лиризам вткаен во епската основа,
поемата има еден специфичен лик, самиот писател, присутен на повеќе начини.
Поетот можел слободно и директно да ги кажува своите мисли и чувства, но
исто така можел да вгради и дел од својата биографија во биографијата на
главниот јунак. Освен тоа, поемите на Бајрон што настанале под тоа влијание по
правило се занимаваат со актуелните , пред сè опшествени, прашања на
неговот време, па во врска со тоа и со актуелните етнички и социјални
проблеми.
Есеј за делото

Романтизам претсавува стилски правец кој се појавува во втората половина на


18 век и преставува слободно уметнички и интелектуално движење. Своето
полно доживување е реакција на класицизмот. Се појавува во Германија а
потоа се шири и во други Европски земја како : Англија, Франција, Италија др.
Копнежот кон нешто непознато и далечно се најчестите теми во романтичните
литературни дела.

Не малку поетски елементи се среќаваат во долгата наративна поема напишана


во 4 дела „ Странствувањето на Чајлд Харолд“, Чајлд Харолд Презаситен од се и
од животот, а особено од односите во општеството, се обидува да патува и да
избега за да најде мир и други луѓе кои можат да го опуштат и му ја стишат
болката од секојдневието. Опишани се патувањата и мислите на еден млад
човек разочаран од светот и животот. Барајќи утеха во странство како израз на
разочарување. Уморен од војната паѓа во депресија и размислува за природата
и пејзажите околу неа. Барајќи нешто ново го доведува до болест и смрт.

Чајлд Харолд патува поради патување. Впечатоците кои јунакот ги проживува


во разни земји и мислите предизвикани од нив, ја сочинуваат целата содржина
на поемата. Тој е типичен романтичарски јунак, чии карактерни црти се
всушност и одликите на романтизмот како уметничко движење.

Со еден збор, романтизмот, за разлика од класицизмот, има слобода во


пишувањето и создавањето дела кои се субјективни и со индивидуални чувства.
Креативноста во романтизмот станува белег кој ги правите делата читани И
бесмртни.

Користена Литература

https://mk.wikipedia.org/
Учебник по македонски јазик и литература за 3 год.
Странствувањето на Чајлд Харолд - Книга

You might also like