You are on page 1of 13

Григор Прличев

-Сердарот-
Маја Стојменова
Анастасија Даниловиќ
III-7
Содржини

01 02
Биографија Творештво

03 04
Цитати за Сердарот
Прличев
01
Биографија
Кој бил Григор?
Григор Ставрев Прличев бил истакнат македонски писател од времето на
романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX
век. Покрај мајчиниот македонски, творел и на грчки и бугарски, и ги
обединувал во себе нивните специфични карактеристики, како и
современите текови на класицизмот и романтизмот. Прличев бил ученик
на Димитрија Миладинов, кој во тоа време учителствува во Охрид.
Извесно време се вработува како терзија, а подоцна станува учител во
Тирана, Албанија. Во 1849 г. се запишува како студент по медицина на
Атинскиот универзитет. Во 1859 година повторно доаѓа во Атина, како
студент на втора година по медицина. Во овој период ја пишува поемата
„Сердарот“. Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за
најдобра поема на грчки јазик, паричен дел и лаворов венец. Истата
година делото излегува од печат.
Поетската творба Сердарот се смета за апсолутен врв на
сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал.
За книжевната наука оваа поема треба да се разгледува
во контекстот на европската теорија на романтизмот. За
неа авторот во Атина го добива од критиката
прозвиштето Втор Хомер. Други позабележителни
негови творби се Автобиографијата и словото-есеј „Чувај
се себеси’’. Тоа се комплементарни книжевни дела и ја
доречуваат на директен начин основната порака на
Сердарот.

18 јануари 1830 - 6 февруари 1893


02
Творештво
Романтизам

Периодот во кој Прличев книжевно се формирал и период кои на тоа формирање му


претходело во пошироки рамки се означува со термините класицизам, предромантизам,
патријархален романтизам, сентиментализам, неразвиен романтизам, проторомантизам,
класичен романтизам и др. Во македонската наука за овој период се користи терминот
преродба. Според некои научници овој термин не е сосема соодветен за модерната
периодизација во книжевноста бидејќи терминот „преродба“ се врзува само за националното
движење. Од друга страна се смета дека терминот романтизам може поточно да ја одреди
стилската формација. Во книжевниот опус на Прличев се гледа дека тој извонредно ги
познавал: античкото, средновековното, македонското и грчкото усно народно творештво како и
современата грчка книжевност. Постојат извесни разлики во творечките периоди но факт е
дека главни естетски влијанија, особено во стилот и јазикот се Хомеровите „Илијада“ и
„Одисеја“, како и македонското народно творештво. Романтичарските идеи ги добил
првенствено од својот учител Димитрија Миладинов меѓутоа тие идеи лесно можел да го
дознае и од својот врсник Константин Миладинов или од основачот на модерната грчка поезија
Дионисиј Соломос околу кој бргу се собрале грчките поети како што се: Спиридон Трикупис,
Александар Ризос Рангавис, Демостен Валаванис, Аристотел Валаоритис и др.
Дела

Во текот на својот живот Прличев создал голем број на дела и неколку пати имал
обиди за преведувања и препејувања на Хомеровата Илијада. Во зависност од
периодот и културното влијание, творештвата биле создавани на различни јазици,
дополнително на тоа создал и бројни статии за весниците и списанијата со кои
соработувал. Голем дел од творештвата на Прличев во текот на неговиот живот не
биле објавени, а со текот на годините се откриваат нови поеми и песни кои
останале заборавени и непознати за јавноста, таков пример е забранетата и
неодамна објавена песна Охридски џган. Поемата Сердарот - создадена на грчки
јазик, а подоцна препеана на бугарски јазик и на општословенскиот јазик кој
Прличев го создавал бил јазик чија основа бил македонскиот народен јазик,
поточно охридското наречје.
03
Цитати за Прличев
Григор бил со отворена природа, бунтовен и нескротлив, според многумина
имал независно мислење и се стремел да го искаже. Ако направиме една
паралела меѓу него и првите македонски книжевници, тогаш тој, секако е
поблизок до Кирил Пејчиновиќ отколку Јоаким Крчовски, близок по желбата
зад себе да се остави трага со која делото и писателот ќе го сочуваат од
заборав

Прличев, како трагична личност, како човек што е непрестајно во конфликти


со средината, со своето време, со големците и моќниците на политичката и
црковната власт, како човек нервчик, избувлив, како болмик, како човек со
тешка судбина - непрестајно не наведува да го согледаме како осаменик, како
исклучок, како човек со силно изразена индивидуалност. Во голема мера тоа е
точно и тоа е така кога се говори за поетот. Но кога се говори за делото на тој
поет, за неговите творечки и интелектуални творби, согледуваме, ни се чини,
дека тој припаѓа кон една поширока поетска заедница, дека неговата судбина
има свои сопатници и сопаталци низ целиот балкански простор. Тој не е
осамен, тој не е исклучен, тој е во магистралниот тек
04
Сердарот
Во основа, во „Сердарот“ се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги
заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината
на XIX век, во Западна Македонија, односот регионот помеѓу Галичник, Река (област), и селото
Стан. Поемата е составена од стихови во јамбови петнаесетерци што се заменуваат со
осмерци. Поради тоа заменување по ред на бројот на слоговите и на местото на метричкиот
акцент, кој во непарните стихови паѓа на претпоследниот слог, додека пак на парните паѓа на
последниот слог и со тоа Прличев успеал да ја избегне монотонијата во ритмот. Други два
елемента што внесуваат варијации се трохејските стопи со кои започнуваат многу стихови како
и пречекорувањата што ја менуваат строгата звучна шема на стиховите. Структурата на оваа
Прличев успеал на еден драматичен начин да ги кондензира сите детали од поемата во еден
чувствителен момент, потчинувајќи го вистинското време, на барањето на уметничката
инспирација. Сета поема се движи во рамките на едно попладне, но Прличев успева во тие
рамки да вклучи сè што му претходело, достигнувајќи до предците на херојот, и уште сè што
претстои да се случи, благодарение на заклетвата што мајката на херојот им ја наложува на
албанските напаѓачи, а исто така и благодарение на овековечувањето на неговиот спомен што
го прикажува како личен план, така и на општествен план од Река, кои се собираат околу
гробот за да ги воспеваат и прославуваат неговите подвизи, и уште на духовен план, со
народниот пејач, кој е слеп и ја пее епиката, одејќи низ разни краишта.
Од естетска гледна точка е значајна распределбата на делото на спротивни полови, кои
заемно се урамнотежуваат и претставуваат зрачење од неговото централно јадро. Значајни
мотиви на спротивност се:

• Тиранија - борба за слобода


• Неправда - борба за справедливост

Соодветствуваат нивните персонификации:

• многубројни напаѓачи, непријатели - малубројната група на Кузман


• потчинети орачи - непокорната и бестрашна мајка на Кузман
• веста во почетокот на делото - епилог на неговиот крај
• бессолзната Цвета - големиот плач на мајката
• молчењето на свршеницата пред таткото - нејзиното огорчено плачење кога останува сама,
итн.

You might also like