You are on page 1of 7

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

По смртта на Методиј положбата на учениците на браќата


станала мошне тешка. Учениците биле подложени на измачувања
и прогнувања. Поради тоа се поделиле на неколку групи, тргнале
на југ, до местото од кое почнала Моравската мисија. Еден дел
од нив стигнал до Далмација, друг дел тргнал кон бугарската
држава. Таа група ја предводел Климент, кој бил испратен во
областа Кутмичевица.

Животот на св. Климент Охридски

Изворите за проучување на животот на св. Климент се делат на:

 cловенски
 грчки (Климентовото пространо житие на охридскиот
архиепископ Теофилакт, Климентовото кратко житие на
охридскиот архиепископ Хоматијан)
 латински

Како извори за неговиот живот се земаат и службите посветени


на него. Грчката служба сведочи дека неговото канонизирање
(посветување во светец) се случило мошне брзо по неговота
смрт. Проблем за научниците било откривањето на неговото
потекло. Се мислело дека тој е Грк, или Моравец, или Словен со
две можности – Бугарин или Македонец. Приврзаноста на
Климент кон Охрид доведува до помисла дека тој можеби
потекнува од Охрид.

Дејноста на св. Климент Охридски

При својата работа во Кутмичевица Климент има проблеми со


Цариградската патријаршија, со Гркофилската партија. Но тој ќе
ги продолжи кирилометодиевските традиции и ќе развие силна
културно – просветителска дејност. Неговите житија говорат за
неговата неуморна работа врз педагошката практика во
описменувањето и во обучувањето на своите идни заменици.
Преданието го памети св. Климент како вистински народен
учител кој со убав збор и со скапоцен совет умеел да му помогне
на народот полесно и подобро да живее.

Охридската книжевна школа е карактеристична по чувањето на


традициите на браќата Кирил и Методиј. На исток во
Преславската школа ќе се прифати употребата на новато
кирилично писмо. Св. Климент им бил лојален и верен ученик на
своите учители. Тој со радост ги спроведувал карактеристиките
на Охридската школа:
 Почитување на делото на Кирил и Методиј
 Чување и натамошна употреба на писмото создадено од
Кирил (глаголицата)
 Отпор кон еленизацијата

Книжевното дело на св. Климент Охридски е необично богато.


Тој со големиот број дела го збогатил општиот словенски фонд,
но македонската средновековна книжевност. Авторството на
Климент е засведочено кај текстовите со неколку форми во кои е
претставено неговото име:

 Климент, епископ словенски;


 Климент, епископ Велички;
 Свети Климент;
 Епископ Климент;
 Создадено од Климент;
 Климент, папа римски.

Тој пишувал како што диктирале потребите на условите во кои


живеел и творел похвални и поучителни слова. Во неговот
творештво се вбројуваат и ,,Панонските легенди”. Аргумент дека
Климент е автор на ,,Панонските легенди” е и тоа што тој е
засвечоден автор на похвалата посветена на св. Кирил.

Во авторството на св. Климент Охридски со голема сигурност се


поврзуваат поучителните слова сврзани со општохристијанските:
св. Ѓорѓи, св. Тома, св. Антониј, евангелистот Марко, светите
Петар и Павле, а за св. Богородица и за Исус Христос има цели
циклуси текстови. Со својот едноставен стил овие тесктови
докажуваат дека се упатени до верски необразованото население.
Се користат реторски средства кои ни ја откриваат, низ
обраќањето и тонот, потребата од дидактичноста со која св.
Климент му се обраќал на неукиот народ.
Св. Климент Охридски ги
напишал похвалните слова за
Кирил Философ, за Кирил и
Методиј, за пророкот Захриј и
за зачнувањето на Јован
Крстител, за Димитар Солунски,
за Михаил и за Гаврил, за
четириесетте маченици, за
воскресението на Лазар, за
Цветници, за пророкот Илија, за
успението на Богородица.
Похвалните слова се напишани
за читатели со изграден
уметнички вкус, создадени се со
посериозни поетски средства. Неуморниот Климент се до
срмртниот час го преведувал ,, Цветниот триод” . Починал на 27
јули 1916та година и во бил погребан во гробот што самиот си го
ископал – од десната страна на предниот дел од храмот, посветен
на св. Пантелејмон во Охрид. Според народното предание
Климентовите остатоци биле префрлени во црквата Св.
Богородица, поради претворањето на манастирот во џамија за
време на турското ропство.

Похвалата на св. Кирил

Во книжевното творештво на св. Климент се забележуваат


поучителните и похвалните слова што се согласува со
словенската традиција. Похвалните слова содржеле повеќе
можности за изразување на поетскиот, уметничкиот талент на
авторот. Овој жанр бил под влијание на византиската
панегиричка литература, но бил определен и од автентичните
можности на словенскиот јазик.

 Убавината на овој текст ја збогатуваа сложените зборови.


Тоа се: христољупци, светлозрачниот, трисушното,
злословените, благоверниот, трисветли, човекољубието,
златозрачни, богогласна, животворна, многуплодниот,
вечноприсутниот, многугласен, богоразумен,
многубожечката, ангеловидни, боговдахновени, богодвижни
и боготкаен.
 Има именски зборови со суперлативно значење: преблажен,
премудрост, пречесни, пресветло, пречиста, пресветите.
 Компарација: Се истакнува важноста на св. Кирил како
личност што се воспева. Се споредува со сонце, се
согласува со христијанската употреба на метафората
светлина (Исус е светлината). Во компарацијата како
Деница се содржи заедничко значење што ги поврзува
сонцето и Деница – светлината. И во споредбата како орел
авторот ја користи брзината на орелот да ја потенцира
сеопфатноста и брзината со која се проширила богатата
мисионерска работа на Кирил. И во со споредбите како
серафим и како ангел авторот укажува на светоста на Кирил.
 Во похвалата посветена на Кирил, Климент Охридски
употребува реторски прашања, вклопени во композицијата
на текстот.
...Затоа, која уста да ја искаже сладоста на неговото учење, а кој
јазик ќе може да ги каже неговите подвизи и трудот и добрината
на неговиот живот...

Похвалата го покажува топлиот однос на Климент кон


почитуваниот и саканиот учител. Бидејќи почитта се добива и
заслужува од емоционално пооддалечени луѓе. Клиемент со
уметничките вредности, со естетските вредности, се прикажува
себеси како достоен ученик на големиот учител.

Изработиле:

Марија Томова I – 3

Ана Николовска I - 3

You might also like