You are on page 1of 2

Идеализација на ликот на св.

Кирил од страна на
Климент Охридски во времето на борбата на
Словените за нивната духовна борба.
Овој текст од Климент Охридски е една од најпоетичните творби од
старословенската литература. Словото претставува химна во која се искажува
топлата љубов и благодарност кон учителот.
Климент го започнува текстот со обраќање кон народот за славната победа на св.
Кирил го опишува како преблажен татко, нов апостол и учител на сите земји.
Според описите на Климент, Кирил ги оставил убавините на животот како што се
неговиот дом и богатсво, неговите родители и неговиот брат и сестри. Чист како
ангел ги избегнувал житејските сладости и секогаш бил со псалми и пеења. Во
земјите кој ги посетил ги упатувал народите кон правата вера, исполнувајќи го
заветот на Павле. Тријазичните еретици се опишани како волци чии усни биле
затнати од страна на мудриот св. Кирил. Опишан е како ѕвездата Деница која иако
покрај тоа што огрева најдоцна, нејзината светлина зрачи повеќе од другите. Од
неговата божествена уста, Кирил зборуваше слатки и животворни зборови и на
многумина им го покажуваше патот кон вечниот живот. Тој го проповедаше светото
Тројство и го преставуваше како едно суштество и еднакво ги прославуваше Отецот,
Синот и светиот Дух. Во следниот дел на текстот, Климент изразува пофалба за
Кирил во вид на химна која го слави Кириловото дело. Искористени се голем број
епитети со цел да се прикаже Кирил најдобро што може. Блажени да се твоите
златнозрачни очи, блажен го нарекуваме твојот многугласен јазик, блажени да се
твоите пречесни раце, блажени да се твоите свети нозе. Ова е дел од описите на
Кирил од Климент. Стилот во словото е разбирлив, искористени се голем број
стилски фигури што го прави текстот поетичен.
Убавината на овој текст произлегува од сложените епитети искористени од страна
на Климент. Тој со уметнички и естетски вредности се приложува себеси како
достоен ученик на големиот славен учител, Кирил.

You might also like