You are on page 1of 4

Есеј “„Значењето на Климент Охридски за ширењето на словенската писменост на територијата на

Македонија“

Св. Климент Охридски е еден од највредните ученици на светите Браќа Кирил и Методиј, кој
доследно го продолжува Кирило-Методиевото дело.Тој е основоположник на словенската
писменост и култура воМакедонија. Со неговото име е поврзана појавата на првиот универзитет
наБалканот на преминот од IX век во X век, познат како Охридска книжевна школа.Климент
Охридски е првиот оригинален словенски писател, а истовремено е и првиот македонски
оригинален писател од периодот на средновековната литература.Од зачуваното Климентово
книжевно творештво, нема двојба дека завршил некоја угледна и висока византиска школа,
бидејќи неговиот талент е развиван во некоја висока школа. Се претпоставува дека по
завршувањето на школата потпаднал во средината на браќата Кирил и Методиј и дека можел да
се дообразува од учителите.За животот и дејноста на Климент Охридски постојат две житија кои го
опишуваат животот на Климент од неговото одење во Моравија до крајот на неговиот живот.
Климент е придружник на својот учител уште од мали нозе. Во Моравската мисија учествува рамо
до рамо со Св. Кирил и Методиј,споделувајќи ги сите маки и напори со своите учители, а по смртта
на Методиј заедно со другите ученици доследно ја продолжува работата на ширењето на
словенската писменост. Неуморно работи во Моравија, во организирањето на словенската
служба, црква, просвета и култура. Заедно со Кирил и Методиј пред папата Адријан II ја брани
словенската азбука и словенскиот јазик од тријазичниците.Климент Охридски по враќањето од
Моравија, развива плодна просветителска и писателска дејност. Триесет години неуморно работи
во Охридската книжевна школа, подготвувајќи бројни ученици, кои продолжуваатда ја шират
писменоста меѓу Јужните Словени. Охридската книжевна школа овозможила Охрид да прерасне
во културен центар и жариште на словенската култура во текот на повеќе векови.Со својата
учителска, проповедничка, педагошка, културна и практичнадејност, Климент Охридски
придонесува за напредокот во секое место каде стапнала неговата нога.Климент Охридски во тек
на својата плодна литературна дејностна пишал околу 40 поучни и пофални слова за потребите на
богослужбата воцрквите. Тој е првиот писател што во старословенската литература ги вовел
поучните и пофалните слова. Освен што пишувал поучни и пофални слова на стил близок до
народните маси, се занимавал и со преведувачка дејност.

Колку била силно влијанието на неговите учители Кирил и Методиј врз него и колку е силна
врската меѓу учителите и Климент согледуваме од Климентовото книжевно дело. Најубавата
похвала испеана со искрени чувства,во која доаѓаат до израз коренитите врски меѓу ученикот и
учителот св. Кирилноси наслов ,,Похвала на нашиот блажен отец и учител словенски
КирилФилозоф″ . Ова пофално слово се смета за најпоетична творба во старословенската
литература, кое е чисто литературно дело со вистинскиуметнички квалитети. Во него Климент
јаизразува огромната почит и љубовкон својот учител, кого го нарекува ,,нов апостол и учител на
сите земји″ , Со хиперболизирањето на заслугата на св. Кирил, велејќи дека им направил добрина
на сите земји, а не само на Словените, Климент Охридски ги искажал своите лични чувства на
благодарност, восхит и љубов кон делото на св. Кирил.Климент го воздигнува Кирила до ниво на
светец, величајќи ги неговите морални квалитети. За целосната предаденост на Кирил на Бога и
христијанската религија сведочи симболичниот израз во пофалното слово:,, Божјата премудрост
си соsида храм во неговото срце″ . Прикажувајќи го како спасител на Словените, затоа што им го
дал писмото, Климент ги нагласува благородните особини на св. Кирил, кои на целиот словенски
народ му донеле среќа. Климент Охридски го претставува св. Кирил како исклучителна,необична,
силна личност со особини и способности кои му даваат натчовечка моќ. На крајот на пофалното
слово, кое завршува со идеализација на Кириловата личност, израмнувајќи го св. Кирил со
апостолите, ангел меѓу ангелите и пророците.Не помала уметничка и содржинска вредност има и
Похвалата од Климента посветена на двајцата словенски учители Св. Кирил и Методиј, како и
бројните поучни слова во кои св. Климент Охридски се спушта на рамништето на обичниот човек,
со цел по усмен или писмен пат да биде разбран од сите.Стилот со кој Климент ги пишува
пофалните слова е возвишен, со употреба на многу стилски фигури (двојни епитети, симболи,
метафори,анафора, хиперболични компарации, контрасти), создавајќи многу поетични
текстови.Постојат претпоставки од бројни слависти дека Климент Охридски е автор на најстарото
оригинално дело од словенската средновековна литература познато под името ,,Панонски
легенди″, во кое е опишан животот на Св. Кирил и Методиј.Ваквото мислење произлегува од
фактот дека Климент Охридски е најпознатиот следбеник на Браќата и дека е нивен придружник
од своите најмлади години, дека бил со нив и во Моравија и во Панонија и по нивната смрт го
бранел делото на словенските просветители во Моравија. Според повеќе слависти постојат
многубројни совпаѓања меѓу делата на Климент Охридски и ,,Панонскителегенди″, што оди во
полза на мислењето дека Климент Охридски е автор на ,,Панонски легенди″.Климент Охридски е
основоположник на словенската писменост во Македонија, а со името на св. Климент почнува и
историјата на македонската литература.Народот за него создавал легенди, во кои го слави и
величи неговото име,како и името на неговиот соработник св. Наум, се најчести имиња на луѓето
од охридскиот крај, што е своевидно сведоштво за почита и љубовта, што со векови им ја укажува
народот.Црноризец Храбар е анонимен писател, повран со раниот развиток на словенската
средновековна литература, чие име повеќе слависти го сметаат за псевдонимот и значи-калуѓер
храбар. Најверојатно се криел зад псевдонимот заради засилената борба на грчкото свештенство
против Словените и нивнатажелба за елинизација. Според податокот во делото, со кој се
кажува: ,,Уште се живи што ги виделе нив″ (се мисли на солунските браќа св. Кирил и
Методиј),може да се претпостави дека живел во X век. Некои слависти сметаат дека зад
псевдонимот се крие Наум Охридски, со оглед на силината и пламената заштитана словенската
писменост и величањето на св. Кирил и Методиј, искажана во неговото дело,,О писменех″, што
укажува дека авторот потекнува од Охридската книжевна школа, која е доследен продолжувач на
Кирилометодиевската традиција.Неговото дело ,,О писменех″,(,,За буквите″ ),претставува
трактатили расправа за буквите, пронајена во X век во Света Гора, со тема:појавата и постоењето
на словенската писменост, а идеја – нејзината одбрана од нападите на тријазичниците, кои ја
негирале и сакале да ја уништат. Бранејќи ја словенската писменост, Црноризец Храбар, ја
докажува оправданоста на нејзината појава и постоење.Во првиот дел од трактатот се проследени
трите развојни фази преку кои се дошло до првата словенска писменост. Образованиот автор,
објаснува дека во почетокот Словените биле многубошци, кога немале своја азбука, туку
пишувале со некакви ,,цртички и решки″ . Според него, втората фаза во развитокот на словенската
писменост се совпаѓа со времето кога Словените почнале да се покрстуваат и да го примаат
христијанството, по што според Храбар, им била наметната туѓа писменост, бидејќи немале свое
писмо и биле принудени да се служат со римското и грчкото писмо. Но, и двете азбуки не биле
погодни за словенскиот јазик, зашто немале букви за некои словенски гласови.Третата фаза во
развитокот на словенската писменост според Храбар се совпаѓа со мисионерската дејност на
солунските браќа св. Кирил и Методиј. За да можат да го шират христијанството во Моравија било
неопходно да ги преведат црковните книги на словенски јазик, за што основен услов било
создавањето на оригиналната словенска азбука. Тоа го сторил, како што велиХрабар″ Константин
Филозоф, наречен Кирил, за кого Храбар вели дека е,,праведен и вистинољубив маж″ , испратен
од Бога, кој приготвил азбука со 38 букви.Азбуката што ја создал Кирил била глаголицата и во неа
24 букви биле по образец на грчката азбука, а 14 измислил Кирил според гласовниот систем на
словенскиот јазик.Во вториот дел на трактатот ,,О писменех″, Црноризец Храбар полемизира со
непријателите на словенската писменост со тријазичниците слично како Кирил Филозоф во
Венеција,само што овде главните противници се грците.Полемиката ја води во вид на прашања и
одговори,теза и антитеза.На аргументите на тријазичниците кои го негираат словенското писмо,тој
им се спротиставува со противаргументи.Прашањата и одговорите се околу бројот на буквите кај
грците и словените и околу правото на секој народ да пишува и да се изразува на својот јазик
против што особено се изјаснувале грците.Црноризец Храбар најпрво полемизирал со
тријазичниците , пред се со грците во врска со нивниот приговор дека словенската азбука има
премногу букви дури 38.Тој дава аргументирани податоц според кои и грците имаат 38 знаци ако
се земат предвид 11 знаци што гии имаат за двогласките и 30 знаци за броевите 6.90 и
900.Најжестоко полемизирал против вториот приговор на тријазичниците искажам во нивното
прашање “Зошто е словенската азбука која не е дадена од Бога како што се дадени
еврејската,римската и грчката азбука?“.Тој успева со силна аргументи да го побие нивното
тврдење дека словенските букви не се најпрвин создадени од Бога како што се тоа
еврејските,римските,грчките изнесувајќи податоци според кои пред Евреите.Грците и Римјаните
писменост имале Египчаните,Персијците и Асирците.Тој го истакнал фактот дека грците во
почетокот немале букви на свој јазик туку своите зборови ги пишувале со феникиски
букви.Истовремено тој ја искажувал својата голема љубов кон словенскиот народ и омразата кон
непријателот нарекувајќи ги безумни.Тој ја разобличил лагата дека писменоста постои само на
трите од Бога дадени јазици.Црноризец Храбар верувал во надареноста и способноста на
Словените потенцирајќи дека словенската азбука и преводот на Светото писмо кај Словените ја
создале само двајца мажи и за многу кратко време,додека кај Грците азбуката ја создале многу
мажи врз основа на еврејските букви и дури 70 души го преведувале Светото писмо од еврејски на
грчки јазик.На тој начин тој одговарал на своето прашање упатено кон непријателите “Кој ви ги
создал буквите?“,на тој начин омаложуавјќи ги грците во завршнот дел на трактат Црноризец
Храбар ја истакнал огромната љубов на словенските писатели кон творците на словенската
писменост,нагласувајќи дека не постои некој што не го знае нивното име и дека тие се подготвени
доследно да го заштитуваат,чуваат и продолжат нивното дело.Со делото “О писменех “ кое било
напишано со јасен стил авторот ја остварил својата замисла а тоа е да ги побие тезите на
негаторите на словенската писменост.Црноризец Храбар нам ни се преставува како многу
образуван Словен со големо значење и ораторски способности.Истовремено искажувајќи ја
својата голема љубов кон словенскиот народ и омразата кон непријателот.Културно-историското
значење на ова дело се гледа во фактот дека претставува прва научно-историска творба на
словенската литература во кое е проследен развитокот на словенската писменост.Општественото
значење на делото “О писменех“ е во неговата идеја дека секој народ има право на своја
писменост и култура.

Драгана Богоевска I10

You might also like