You are on page 1of 2

„Гуливеровите патувања“

Џонатан Свифт

I-дел Патувањето во Лилипут


Овој роман на Свифт започнува со запознавањето на Гуливер кој како лекар е на брод кој
плови за Источна Индија. Но, поради голема бура која ги зафатило бродот протонал во водата
а од сите луѓе кои се наоѓале на бродот преживеал само Гуливер. Кога ќе се освести од оваа
несреќа тој се наоѓа во земјата на џуџињата-Лилипут. Тој останува некое време таму, а за тоа
време тој се запознава со нивните обичаи, со културата, власта и друго. Во ова земја се
водела борба помеѓу џуџињата, и тие се поделени на две групи: едните биле за тоа јајцето да
се крши од врвот а другите од газерот, за Гуливер им помага на џуџињата кои биле за јајцето
да се крши од врвот. Но, на Гуливер му била зададена наредба од царот да ја уништи целата
флота на џуџињата, на што Гуливер не се согласил.

II-дел Патувањето во Бробдингнаг


Во ова патување Гуливер наидува на џинови. Тој пловејќи низ океанот се загубил и после
некое време пловење пристигнал во непозната земја. Но, тој не е пречекан најдобро,
продаден е од фармер на кралицата. Но, таму му е кажано дека ке биде направена дрвена
куќичка во која ќе биде заштитен од мачките и глувците кои се многу поголеми од него.
Во оваа земја тој поминал 3 години. При една прошетка, Гуливер ќе се оттргне од џиновите
велејќи им дека му треба свеж воздух и дека ќе отиде до океанот.Но, таму ќе го крене орел
кој одма потоа е нападнат од две птици. Гуливер паднал во морето и по некое време е најден
од морнарите. Тие ќе го спасат и ќе го вратат во својата татковина.
Во овој дел Свифт ја критикува Англиската власт бидејќи била многу сурова кон другите
народи.

III-дел Патувањето во Лапут


Во ова патување каде Гуливер по многу несреќи се наоѓа на летечки остров кој е наречен
Лапут. Овој остров се движи со магнет и се движи во насока во која се движи и кралот.Во
оваа земја останува подолго време, и се запознава со многу работи. Го запознава гувернерот
кој имал добро познавање за некроманијата и можел да оживее мртовец за 24 часа. Таму,
Гуливер се запознал и со Сократ, Аристотел, Помпеј, Александар Македонски и многу други
познати личности од историјата.

IV-дел Патувањето во земјата на Хуинхм


Ова патување е последно за Гуливер од неговата голема авантура. Тој како капетан на еден
брод е измамен од морнарите и однесен во непозната земја. Тој најпрво се запознава со еден
фармер кој се вика Хуинхм и го поканува во својот дом. Гуливер ако сакал да разговара морал
да го научи нивниот јазик. Таму бил тема на испрашување, а на едно прашање зошто
државите војуваат меѓу себе тој одговорил дека најчесто е заради лакомоста за освојување на
поголема територија. И во ова патување Свифт го критикува Англиското општество и дека
сите тие министри и високи државници биле само платеници и ништо друго. На едно
собрание Гуливер е приморан да ја напушти оваа земја бидејќи е многу сличен со Јахуите-
луѓето со низок процент на развиток. По сите тие патувања Гуливер успешно се враќа во
својата татковина.

Ликови:
Гуливер- доктор, главен лик
Хуинхм-фармер
Јаху-луѓе со низок степен на развиток

You might also like