You are on page 1of 1

Тартиф- олицетворение на лицемерието и лакомоста на свештениците

На прагот на една поетска имагинација зачинета со доза на величествен стил се разгорува


искра, чиј жар тлее во стилските нишки на 17 век и вродува пламен преку кој Молиер создава
фасцинанта панорама на едно буржоаско семејство. Панорама која претставува отсјај, пред се,
на карактерот на еден општествен тип кој во тоа време имал големо политичко значење. Дали
да се биде верен слуга на нормите и правилата што општеството ни ги поставува или да си
креираме свои, макар тоа би значело јавно понижување и развратност?

Лицемерието,како една од најголемите етички маскаради на човекот е добро позната и


,,плодна тема” од која се црпи инспирација и се надополнува естетската страна на човековата
слабост. Еден од најеклатантните примери на ваквата драматургија која остава неизбришлив
траг во историјата на сценската уметност е бездруго Молиеровиот ,,Тартиф. Лик чија
занимливост лежи врз плеќите на фактот дека постоел, постои и ќе постои се додека
човековата несовршена природа е присутна во светот.Имено, комплексноста на Тартиф
фигурура во карактерот издеформиран со лицемерие, но од друга страна, и во тој момент кога
самиот говори во името на оние кои го гледаат. Несомнено, во тој јазол е склопчен сканадалот
на драмата, кој преку призмата на сатирата и нејзината срж-потсмевот горко ја разобличува
перфидната срцевина на општесвената хипокризија. Како неми опсерватори на еден потресен
призор од многубројни слики на човековата беда и трагика, во расцутот на нивниот
апсолутизам проникнува лакомоста,себељубието влечејки го со себе лицемерието. Слегувајќи
во пределите на клерот и и останатите-робовите на нивната гнасна потвест, Молиер преку
цртитите на ликовите на своите страдалници, злосторници, богољупци впловил во бурите и
виорите на неморални побуди и морални инстикти и ни ја пренесе нивната јасна содржина. Во
сенката на животот, го гледаме нашиот лик како тоне во жуборот на општествената
хипокризија, во бездната оптоварена со бесмислено страдење.Секој кој ја ставил својата
маска, на лесен начин може да го најде тоа што ќе му овозможи да ја постигне својата
цел.Претензијата на Молиер се изразува преку насочување на својот прст кон општествената
рана што се јавувала во тој период.

Професијата ,,лицемер” што денеска јава извонредни предности, уметност чија лага секогаш
е зачинета со екстракт на почит, дури и да се открие никој не се осмелува да каже нешто
против неа. Лицемерството е привилегиран пророк кој со сопствената рака ја затвора устата на
сите и спокојно уживо во својата неограничена наказнетост. Таа е еден од оние вечни
карактери што се наоѓаат во маргините на секое време и на секое општествено рамниште.
Човековата природа се уште ја има таа подмолна дамка кај која зборовите и делата смело
первертираат во илегален расчекор.

Наталија Точкова II-1

You might also like