You are on page 1of 3

Лудиот Дон Кихот

Хѕманизмот е период кога човекот се распознава во секое светло, сфаќа дека човекот е
на прво место и разумот на човекот ништо не може да го замени. Овој период преовладува со
запознавање на вистинскиот свет во кој човекот живее и оној спротивниот, фантазијата за која
секој човек мечтае. Идеализмот и реализмот се двете главни спротивставени теми на овој
класичен роман на Сервантес. Во „Дон Кихот“, двата концепта се претставени со неговите главни
ликови, Дон Кихот и неговиот мегдан Санчо Панса.

Во текот на романот на Мигел де Сервантес, „Дон Кихот“, постои тенка линија помеѓу
реалноста и илузијата што се чини дека исчезнува прикажувајќи истакната тема во романот. Дон
Кихот де Ла Манча, педесетгодишен маж, има луда опсесија да чита книги за витештвото, тој е
толку впиен во читањето на овие книги што решава самиот да стане витез кој ќе тргне во авантури
за неговата вечна слава. Се прикажува како витез кој поради сите тие книги тој повеќе не верува во
реалноста. Оптоварен е со сите фантазии во книгите со што повеќе нема место за реалноста и тој
во тоа ужива. Реалноста е претставена помеѓу неговите блиски кои постојано пробуваат да најдат
некој начин за да му помогнат од таа лудост во која е влезена, додека пак идеализмот и целата
илузија на фантастичниот свет е претсавена преку сите подвизи и постапки кој Дон Кихот ги
спорведува во текот на ова дело. Всушност, тука обичните предмети се претставени како многу
позначајни предмети во главата на Дон Кихот кои занас се само обични предмети без никакво
значење. Можеби ова и ни ја претставува илузијата за бегање од реалноста, ескапизмот. Можеби
тој целата фантазија си ја претставува како вистински свет со цел да избега од оваа тажна и
безвредна реалност, тој влегува во светот на илузијата и добива многу интересни, возбудливи и
авантуристични моменти, додека пак во реалноста тие се само обични и досадни моменти. Има
многу примери каде што перципираната реалност на Дон Кихот се неговите идеалистички
фантазии.Повеќето од ликовите во романот кои комуницираат со Кихот би го идентификувале како
луд. Дон Кихот напорно се труди да живее според идеите на минатите витези вклучувајќи ја
лојалноста и честа, иако понекогаш овие работи резултираат со самопонижување Сервантес толку
многу ги изразува овие сложености што почнуваме да ја забележуваме социјалната критика што
Дон Кихот ја добива од луѓето со кои се среќава, секојдневно . Врз основа на Дон Кихот, фикцијата
станува пожелна реалност, а самата вистинска реалност станува непотребна. Но, и покрај лудоста
Дон Кихот е лојален, искрен и добар пријател. Санчо Панса исто така се смета во светот на
фантазијата бидејќи заедно со Кихот војуваат против замислените противници. Двата имаат
замислено цел да помагаат на оние кои му е потребна помош. Тоа ги претставува во свет на
фантазијата исполнета со добрини и добродетели на Кихот и Панча.Сервантесразличностите на
овие двајца протагонисти успеал да ги спои во една личност, да го покаже ликот на новиот човек.
Човек на кој во преден план му се возвишените идеали за еднаквост меѓу луѓето, почитување на
човечкото достоинство, напредокот на цивилизацијата.

Лудоста на Дон Кихот ни претставе еден свет на фантазија во кој ние никогаш не сме го
доживеале, но преку делото ја видовме неговата страна на приказна. Но секогаш е вистинита и
присутна реалноста, па така за време на крајот на книгата Дон Кихот де ла Манча има само-
рефлексија и сфаќа каква личност станал. Во крајот на романот Дон Кихот вели: „Ми се врати умот
и сега ми е јасен и слободен, без оние мрачни сенки на незнаење што ги фрла врз мене моето
бедно, опсесивно читање на тие одвратни книги на витештвото“.

You might also like